Ја има четката сега и на групер, има ли некој нарачано да сподели искуство? https://grouper.mk/deal/maktop-straight-artefakt-nov-dec
Гледав неколку видеа и не е баш уау како што изгледа. Можеби доколку некоја има многу виткана коса, па сака за кратко време да добие брановидна, инаку не. Еве тука има еден пример, од 9:00
Девојкииии help!! Дали ја има некој оваа преса од Philips ??? Цената е 3 850 ден. Е сега јас си имам голем проблем со мојава коса. Какви ти не масла користев за да на крај излезе ако сакам да имам убава и права коса како од фризер ми треба добра преса... Спремна сум да дадам толку пари само за да ми ја направи косата даска права....Ваше мислење????
Мене не ми се пoгoди, пецкaше струјa, кубеше дo бескрaј. А вo дуќaнoт нит струјa ништo a дoмa зa никaде -_-
Хммммм сега ме збуни.....а дали ти ја исправуваше косата ко што треба???? Мислам дали вреди за париве или да бараам некоја друга :/
Земи ровента.. Ја имам 4 години и сум презадоволна Го имам овој модел А сега сигурно има поубави модели види
Омггг никако ровента...користам веке 7 години и никакоооо...филипс се најдобри мислам....само не знам која да земам :/
И ја ја имам таа преса како на сликата ама ич не ми ја исправува...треба по 2 саати да се пеглам за да делува...верувам дека со посочената филипс побрзо ќе оди..
Ова се карактеристики на PHILIPS BHS675 Philips BHS675/00 • Преса за коса • Боја Црна • Максимална температура 230С • Јонизатор • Керамички плочки 25х105mm • SplitStop Технологија која спречува расцепување на врвот на влакното • Плочките се збогатени со Кератин кој се грижи за вашата коса • Време на загревање 30 секунди • 11 нивоа на температура • автоматско исклучување по 60 мин
Јас имам обратно искуство. Од Филипс не сум задоволна, а од Ровентата да. Премногу и тоа. Имам природна коса и со пресата на Ровента го добивам ефектот кој го посакувам. Загрева на максимум на 230степени . Си го подесуваш сам на колку степени сакаш. Си има дисплеј. Моделот е СФ 4412.
Не. Одамна е. Само што излегоа ќерамичките пегли. Знам само дека беше скапа, а не ја бидуваше. Пегла од која сум целосно задоволна моментално е оваа. Од Филипс ништо ми се нема погодено.Затоа им ставив решка.
Јас си собирам пари на страна така да сакам да земам нешто што вреди ама сега ме замисли ти малку хаха
Јас ја пробав кај другарка па ја земав. Околу 3000 беше. Досега од преси сум задоволна од Бејбилис и Ровента. Бејбилис има само во Сетек. Види ги и нив. Бејбилисот уште работи, а има околу 10год како ја имам.
Јас сум многу задоволна од четките за исправување на косата. Ја имам Дафни, мислам дека спомнав во друга тема претходно. Нормално дека не исправа исто како преса затоа што косата jа фаќа само од една страна, меѓутоа ефектот е многу многу подобар, барем според мене. Косата изгледа како фенирана на фризер, сјајна е, мека и лелеава. Не е сплескана и прамените не изгледаат како пластови доколку имате тенка коса. Дава многу убав изглед, за многу кратко време и навистина има месеци откако престанав да користам обична преса за коса. Оштетувањето на влакното е значително помало, ако порано морав да шишам врвови на три недели, сега два месеци секако сум раат. Не знам какви се овие кои ги нарачувате преку фб, можеби имаат послаб капацитет, но од срце ја препорачувам оваа:
Дали има некој купено електрична четка од они што ги рекламираат на фб?Сакам да порачам ама не знам дали вредат ☺