ROWENTA SF 3122 D0 Топло ја препорачувам оваа пегла за коса. Имам кадрава коса и со едно поминување ми ја исправи косата на темпаратура од 180. Кога станав од спиење косата пак беше права, речиси ич не беше прекршена. Има јонизирачка функција и косата ми беше мека како свила, што не е случај со други пегли кои ми ги прават врвовите распукани и суви. Јас ја купив од Нептун, 1999 денари. Спојлер https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=31_138_140&product_id=211489
Фала ти многу за препораката Стварно е преубава ,ја зедов и јас.Претходно имав Гама ама оваа 100 пати поубава од Гама
Ти благодарам и јас за препораката, се двоумев која да ја земам, а имам бујна и тешка коса па тешко дека ќе погодам пегла. Но, ќе ја земам ова.
Ако успеете некаде воопшто да ја најдете пеглава. Ја купив и јас дури траеше попустот во Нептун, ама од друго место во земјава, оти во цело Скопје немаше ниту една останата Ровента Елит.
И јас ја зедов оваа ама сега гледам дека има керамички плочки нигде не пишува дека има јони функција се думам дали да ја сменам за Ровента елит 3122 DO ?
Мене ми се свиѓа многу и ја препорачувам... не сум ја пробала другата и не можам да ти кажам ништо за таа. Како и да е за оваа што си ја земала нема да згрешиш, ете пробај ја еднаш
Јас ја имам ROWENTA SF 4522D0 и сум презадоволна. Ми ја прави косата мека и сјајна. Турмалин, кератин и јонизација. Ја зедов од БГ 2000 ден. Максимум од 230 степени загрева за 1 минута.
Rowenta Исто имам и фен четка која не е ротирачка од remington. Oд вторава некако сум повеќе задоволна додека дува јас ја обликувам. Од oriflame ја земав пред 2 години.
Јас ја имам втората, одлична е. Косата ми ја прави со едно поминување и седи така права до следното капење, што не било случај со други пегли. Добри се сите на Ровента, која и да ја земеш нема да погрешиш .
Колку пари ја зема? во нептун и сетек ја нема, само во техно маркет е достапна 3700 денари, а другиве се на акција во нептун 2800
pa godina i nesto ja koristam veke i toa vo nedelata po 3 pati ja peglam.... za cena neznam odamna ee inaku mnogu e dobraa peglataa
Јас ја користам Гама со години и сум супер задоволна. Од неодамна во комбинација со крем за исправување. Одличен ефект на права коса.