Гледав дека има прашања за пресата во форма на чешел, мајка ми ја има оваа. Пресата си е океј, се добива некој природен изглед, ама е далеку полоша од ефектот што се добива со вистинска преса. Мајка ми има брановидна коса па и доаѓа како фенирана, без разлетување. Јас искрено за мене не би си ја купила, секако ја горам косата барем да ми биде како што сакам јас. Мајка ми па ја обожава, зависи до вкусот.
Читав, читав и заклучив дека Ровента треба да купам. Нон стоп ја пеглате? Јас борба водам за секое влакно плус на главата па ми е страв да не останам без коса скроз.
https://www.google.com/search?tbm=i...1.35.3...189.yFWBYEK16cE#imgrc=TIs-wnCrFtQVNM: Женски сакам да си купам ваква преса па ако може да ми пишете како сте задоволни и по колку се?
Имам ваква, Филипс е мислам. Ја купив баш кога беа ин овие брановидни фризури. Ја купив од локален дуќан за бела техника околу 1000-1200. Користена е неколку пати додека траеше меракот, сега е забаталена некаде.
Здраво Сакам да ја нарачам четкава за пеглање од максторе, али сакам да прочитам и други искуства. Имам природно права, но сепак ја пеглам, така да не ми треба некое јако исправување. Али читам мислења дека не била нешто нај нај
Ја купив оваа преса за коса, бидејќи одамна не ја пеглам косата и не сакам да ја штетам. Оваа наводно за 95% помалку ја горела. Ја платив поскапо, има две верзии, едната е околу 4000, другата околу 5000 ден., зависно продавницата (Ги има во Сетек и Нептун со попуст, мислам во Сетек е поефтина за околу 200 ден.). Моја кратка рецензија: се што е наведено за пеглата е точно, сите карактеристики се такви. Ја пегла косата како во салон, значи со претходните пегли порано, никогаш не сум се испеглала така професионално. Брзо пегла, значи не треба да се пегла повеќе пати, со што автоматски се крати на време и општо горење на косата. Долго останува права, дури и ако ја направам во репче и пуштам. Единствена мала критика, не е точно дека до 95% не ја оштетува косата. Ја оштетува премногу помалку во однос на други пегли, ама сепак тој процент е помал, би рекла 60%-70%. - Мал коментар за чешел - пегла - нема врска со пегла, само ја прави косата како уредно исчешлана.
http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10124_10145_10147&product_id=69153 http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10124_10145_10147&product_id=69826 Не знам која преса да ја земам. Првата е со јон функција, втората е со јонизатор... др.карактеристики им се слични како и цената. Дали некој знае во што е разликата?
ja prodavam, mi donesoa od Amerika podobra, i zatoa ja prodavam ovaa. ja imam koristeno samo nekolku pati, zadovolna sum
Женски ај мислење..се мислам помеѓу обична пегла за коса и пегла со која може да се витка косата...ако ја земам таа што пегла и витка ми е страв да не е послаба во пеглањето од обичната. Ај ако некој користел нека сподели искуство.
Здраво. Јас ја имам Rowenta SF1512 и ич не сум задоволна, мора по 100 пати да се поминам за да ја исправам убаво. Може да ми препорачате некоја до 2000-3000денари?
remington, nema utka najdobra pegla okolu 2500 den.jas od hubo market ja kupiv pred 3 godini, uste super si raboti i mn sum zadovolna
Каде можам да купам пегла за коса (да не биде некоја шкљ марка) освен Нептун, Сетек, Амц и Техномаркет? Пс. Сакам да ја видам на лице место, не онлајн
Па на сите места што ги напиша можеш лично да ја видиш. Зошто бараш друго место? Јас освен на тие што ги пиша и онлајн друго место не знам