Здраво девојки . Ми треба пегла за коса која е добра . Дали некоја од вас може да ми препораче каква да си земам ?
Да видиш некоја од Rowenta Elite изданијата. Мислам дека има некои од по 1600-1800 со јонизатор. Јас до неодамна имав таква, пресата беше одлична. Сега ја имам таа од сликата погоре (во претходниот коментар ја постирав), Rowenta Respectissm 7/7. Околу 3600 денари е, јас ја земав на некој попуст (2800 мкд) и подобра преса не сум имала во животот, косата е како штотуку да сум излегла од салон кога се пеглам или ја виткам. Видов дека има и фигаро, па во план ми е да го земам и него. Меѓутоа, за таа цена од околу 2000 денари, супер се и тие од Elite верзијата, повеќето имаат јонизатор.
Ја листав темава, наидов само на едно мислење за пеглата која ме интересира. Некој друг да има искуство со ROWENTA SF4522D0? Дали испегланото трае, дали кубе при пеглање или било какво ваше мислење?
Јас ја имам веќе две години и пеглата е одлична. Никогаш не сум имала проблеми, брзо загрева и ја прави косата мазна и сјајна заради кератиновите плочи и јоните. Инаку мене никогаш не ме искубала, така да ти ја препорачувам
Ја има некој ровента сф3122? Јас денес ја купив (последна од нептун-сити мол) и одлично пегла, но има нешто што ме мачи. Долната плочка е некако "лабава", како да излегува малце. Не знам дали е намерно така подвижна за да биде флексибилна т.е. да се прилагодува на позицијата на другата плочка (нели често проблем е кај пресите кога плочите се разделени) или е дефектна??? Инаку двете плочки загреваат.
Едит: Floating plates биле. Сега прогуглав. Џабе се потресувам. Инаку пресата е одлична. За 15 минути се испеглав, а имам многу густа и бујна коса. Сега сум:
Најдобра преса која е достапна во Нептун, Сетек и сличните? Густа коса имам ни права ни брановита, сакам мазна коса со сјаен финиш, да не морам да ја пеглам 3 часа како со старата преса.
Јас оваа ја имам купено во Нептут, не баш скоро. Многу ми се погоди, години ја користам. Добри им се пресиве, јас многу сум задоволна.
До која цена? Таа што ја има вага95 спомнато погоре е добра, ако ја имаат уште техномаркет на попуст, редовна цена и е околу 3000 мислам. Јас истава ја барав во нептун, ја немаше. Купив друга ровента за 2000 од нептун, ја споменав погоре во темава марката која беше. Турмалин плочки, има јонизирички ефект. И дава сјај на косата, а воопшто не изгледа мрсна, туку мека ми е. А исто како тебе, маки сум мачела со секакви пегли.
@MarigoldA @makedonkamak Фала ви девојки, ми дадовте повеќе опции. Ќе видам дали ќе има некоја од овие.