Јас ја имам другата од rowenta и ја користам четири години без престан и сум презадоволна. Околу 1700-1800ден е и таа, така да нема да згрешиш со изборот.
Пред некое време на нептун, амц.. ги гледав и само две имаше од rowenta затоа пишав другата хаха, иначе не знам дали има јонизатор искрено.. https://www.neptun.mk/categories/PEGLI_ZA_KOSA/ROWENTA-SF-1012-F0 еве оваа
де одлучив за некоја поскапа пегла да земам па ги разгледував овие на пареа со јонизатори не знсм ти какви..некој да не има искуство дали е подобро пегла на пареа? многу ми е битно да ми ИЗДРЖУВА долго време права косата и да се пегла од едно поминување затоа и ке ја платам повеќе..
Само на преа и нема да згрешип, јас имав презадоволна бев, за жал ми ја скршија на аеродром со фрлање на куфери. На поклон ја добив remington keratin protection нема врска пеглава, ич не сум задоволна.
Не знам во МК дали го има.. Јас неодамна го купив и сум презадоволна. Инаку имам ужасно дива коса,оваа како свила ја прави.
Девојки препорачајте ми некоја добра пегла до кај 2000-2500. Битно ми е да има јонизатор и плочките да се тенки за да можам да ја користам и за правење локни
Девојки ја земав ровента 3122 зошо ептен беше на 35% попуст и ајт ама некако што знам не ми прави многу кејф , малечки се плочките и не сум навикната башка многу ми е некако пластична, лесна не знам како дс објаснам..да пробам да ја засакам и да ја покористам уште малце или ке ми предложите некоја подобра со јонизатор кератини мератини за сјај ( слободно нека има повисока цена)? инску имам прилично права коса не многу долга ама сакам брзински да се испеглам и да ми трае пегланото
Rowenta 3122 ја имам две години и сум презадоволна, имам густа коса, ако сум скоро стрижена, косата стои испеглана и три дена да не ја измијам. Ако ми е оштетена врвовите не траат долго, ми се виткаат истиот ден. Нема генератор на јони, ама турмалин плочките се добра замена за постигнување на истиот ефект. Дава сјаен и мазен изглед. Најдобар избор моментално до 2000 денари, за тие пари е одлична. Дизајнот ни мене не ми се свиѓа, ама горе долу сите пегли се пластика, само некои се црни, а некои металик глос, па и поскапо изгледаат, па со LED дисплеј на температура, па дугме на тач, па автоматско исклучување, ептен "sci-fi" ги прават, и дизајнот е фактор за продажба. Е сега кога ќе размислиш, битен е материјалот на плочките а не на остатокот од пеглата, исто и немаш потреба од приказ на температурата зошто и онака ти ја подесуваш, така да занемари изглед. Генерално,подобри се пресите со јонизирачка функција, побрзо се пегла, нема потреба еден прамен повеќе пати да го поминуваш и со тоа косата ти е пократко изложена на топлина. 1 пеглање со обична ти е како 3 пати да си ја пеглала со јонизирачка пегла. Мислам апсолутна заштита секако не постои, ама барем пролонгираш одење на фризер. Филипс split free е добра. 3000 и нешто е во Нептун.
фала ти најмногу за деталниот одговор баш ке ја ѕирнам оваа филипсот, решена сум уште една да земам со јони, на пареа , со кератин или некоја таква подобра
Јас ја купив Rowenta3122 сега кога беше на попуст во Нептун и можам да кажам дека сум многу задоволна. Ја испеглав неколку пати косава и навистина е многу мазна и стои права, а јас имам тенко влакно и најчесто ми се виткаат краевите, но со оваа немам таков проблем. Ја испеглав и сестра ми која инаку има многу густа коса и навистина супер испадна. Само единствено чудно ми беше што плочките се тесни, и треба да се фаќаат помали прамени, но се навикнав и не ми смета.
Јас сум ептен задоволна од оваа на филипс, една година ја користам и супер е, воопшто не ја оштетува косата, напротивизгледа супер здраво и не мрда до следно миење. Вреди за парите.