Девојки, прашав и во друга тема, ми треба препорака за фигаро за коса. Најдов 3 кои ми се видоа фини, но за жал не се разбирам што поконкретно треба да има добро фигаро/пегла, па ќе ги ставам спецификациите на трите, ако може да ме посоветувате. Благодарам BaByliss Krultang iPro C525E Спојлер Remington CI6525 Pro Soft Curler Спојлер Remington CI5519 Pro Spiral Curls Спојлер
Јас ја користам и презадоволна сум. Имам многу густа, виткана коса и со пеглава ми држи права до наредното миење.
Девојки планирам да ја земам оваа . Ако ја има некој да сподели Мислење . Со јонизатор е и е намалена
Devojki imam edno prasanje. Peglata na ednata plocka mnogu mi se izgreba. Dali mozam da ja upotrebuvam seuste ili da ja zamenam?
https://www.neptun.mk/categories/PEGLI_ZA_KOSA/ROWENTA-SF-6220-D0- Девојки, мислење за пеглава? Ја користела некоја? Вака по спецификации супер изгледа, но ако ја има некоја да сподели искуство
Здраво девојки, дали некоја од вас ја користела Keratin линијата на Remington да сподели искуство? Посебно ме интересира пеглата и фенот. Фала
Јас имам пегла на Remington, но не е од оваа линија. Има опција до 230 степени и супер е, веќе 4 год ја користам.
Разгледував по продавнициве за бела техника фигаро, и има и за 500/600 денари. Дали некој купил и како е задоволен?
Јас пред 4г купив конусно фигаро од Нептун околу 600-700 ден. и сеуште го користам. Да напоменам, конусното фигаро многу поубаво мота отколку обичното.
https://www.neptun.mk/categories/PEGLI_ZA_KOSA/REMINGTON-S-1450 https://www.neptun.mk/categories/PEGLI_ZA_KOSA/PRESA-ZA-KOSA-PHILIPS-BHS-375-00 Дали некој користи некоја од овие пегли и која е подобра?
Може веќе си имаш купено, но јас ќе си кажам мислење бидејќи ја користам пеглава 2 години веќе. За тие пари, па и помалку може да се најде многу подобра. Демек има кератински третман, како не. Таа линијата што стои на едната плочка се отпечатува на косата и тешко се исправа и не се витка убаво косата затоа што плочките се малку подебели и локната останува прекршена. Убаво изгледа, да, но на рака воопшто не е згодна и е прилично тешка.