Ти благодарам на советот. Сеуште немам купено, многу се двоумам. Нема голем избор на марки, вака Ремингтон како најквалитет ми делуваше. Прочитав слични искуства со твоите и сепак уште време ќе ми треба за да размислам што би купила.
Sakam da prasam dali ja ima nekoj koristeno I kako e zadovolen..me interesira kakvi se tie keramicki plocki so keratin. Kakva funkcija imaat. Fala
Jas ja koristam recisi 1 godina i sum prezadovolna. Imam dosta vitkana kosa i stvarno so peglava sekogas mi izlaga prava bas kako od frizer. Inaku poentata na keratinskite plocki e da ovozmozat pomazno i pobrzo peglanje i navodno da ja zastitat kosata od pregolemo ostetuvanje. Vo sekoj slucaj ti ja preporacuvam
Јас ја имам првата, веќе скоро две години ја користам нема мрднато, предобра е. Рамо до рамо со професионалните пегли што ги користат по фризерниците, а и евтина е за таа функција што ја врши, јас ја земав околу 2.000. Исправа со едно поминување, косата сјае и држи права со денови, до наредното миење.
сакам да ве прашам вие што имате rowenta ili philips пегли за коса, дали ги имате пробано за виткање? во потрага сум по пегла ама повеќе за виткање отколку за пеглање.
Се пеглам веќе 14 години на секое миење на коса поради што барам поквалитетни преси за да не останам без влакна на главава. До сега имам сменето три преси на Remington. Последната е сѐ уште функционална, од други причини си ја купив Philips BH 675 и имам најпофални зборови. Со еден потег ја исправува косата, ја остава свиленкаста и сјајна, брзо загрева и има екран за регулирање на степени. Дефинитивно ја препорачувам.
Јас имам Ровента, на Р некако беше серијата имам пишано мислам некаде поназад во темава и најчесто ја користам за виткање, ретко се пеглам. Одлична ми е за виткање. И за полабави локни ко за брановит изглед и за покрупни локни. За пеглање да не зборам, за помалку од пет минути си ја средував косата, до следно миење немав мака, никаква потреба од корекции или нешто слично.
Да ми препорачате пегла за коса до кај 2000 денари со јонизатор функција? Би ја користела и за виткање па според тоа да е лесна и за таа намена. Веќе некое време ја загледувам оваа на Rowenta SF3122D0, да не ја има некоја девојка да сподели искуство? https://www.neptun.mk/categories/PE...6a5xeeAnpb63wz7QlTMMNnMuOGnAdaDTW80BGa8ipc67I
Речиси никогаш не ја пеглам косата зашто ми е права и имам тенко влакно. Сакам да земам некоја преса, па се двоумам помеѓу овие две. Ако некој ги има да сподели мислење
Јас ја имам првата Philips, си ја врши работата задоволна сум со оглед на тоа што не ја користам често, а со често користење мислам дека косата ќе се оштети многу.