И јас вакво барам. Братучеда ми има од Ровента и е преубо, преубо прај ама е скапичко, овие поевтините ми е шубе да порачам.
@Emotional123 мислам ти си купи ваква, само поскапа беше твојата, ја гледав во Нептун вчера ама некако 4 300 не ми се даваа секако ќе ја искористам 2,3 пати само, и овие дома што ги имам ни толку ги немам користено ама мерак ме фати за ваква. Што е разликата на прв поглед со твојата, секако е појака со оглед на цената, се мислам да си ја нарачам живо џабе е Дали твојата често ја користиш, за да ми споделиш искуство, дали косата ја суши, гори како и другите преси, ако е одлична во тој поглед да прежалам парите па да си земам како твојата
Па да ти кажам задоволна сум. Мене ми здосадува така обична и безлична да ми е, па фаќам ја средувам. Се научив за брзо време да се средувам и ете за кратко супер ми е косата. За горење, до сега не сум приметила оштетување повеќе од нормалното, а ја користам прилично често. Е сега ако не ја користиш баш често, не знам штовда ти кажам, да не ти стои џабе.
За колку време се средуваш и колку ти е долга косата, мојата е прилично долга па да сметам временски дали син ми ќе ме остави да се средам И мене ми здосадува па сакам да сменам, баш овие месеци не оти имам време ама можеби ќе се излажам и јас таа да ја земам. Оваа за 700 ден немој и без коса и без глава да останам на крај
Уште ова и не те замарам веќе Пред некој ден на фризер барав да ми ја направат пробно да видам како ми стои со ваква преса, за дали да ја купам, фризерката ме одби дека на долга коса ни до дома нема да ми издржи, ти имаш долга коса ти држат локните повеќе од еден ден?
Да, ми држи. Не изгледаат баш свежо и убаво како првиот ден али Боже мој, очекувано е. И тоа не прскам со лак, прво заборавав да купам, сега го заборавам.
Колку време користите една преса за коса? Јас мојата ја купив летото 2019 и почнува да ми ја куби косата и не прави убаво, не ка зедов скапа, околу 2000 (rowenta)….Може да ми препорачате преса од која сте задоволни?
Philips 15 godini ja imam, da ne ja podrecam uste pegla kako luda. Na vremeto poskapa ja zemav okolu 5-6000denari, so keramicki plocki neso i sonicni vibracii. Ja otvoriv temava da vidam dali nekoj novive philips gi kupil, posto kockasta, t e pravoagolen profil ima mojava i tapa lokni mi pravi. So figaro ne mi drzat (prirodno sredno vitkana kosa imam), a so presa poubavi mi se. Pa ako nekoj kupil od onie so zaoblen profil da se pofali. A inaku vo pravo si, moze i povekje da kubat tolku stari, mada ne sum primetila so znam. Mojava od 2008ma e
Има ли некој користено нешто вакво? Шишана сум како на поголеми степени ама не знам да се фенирам, па се мислев вакво нешто да земам.
Јас со вакво си ја заплеткав косата страшно многу, едвај ме отплеткаа. Единствено се добри тие големите на Ровента и Филипс, по 4000 што се отприлика.
Препорачајте ми убава пегла за коса? Време е да ја обновам мојата, почна да ми ја кине и кубе косата. На што да внимавам во спецификација, што да има за да ми ја прави сјајна косата и да не ја оштетува толку? Што мислите за овие две , ги користела ли некоја да сподели искуство?
Јас ја имам оваа, Ровента. Ѕирни ја на линкот. https://setec.mk/index.php?route=pr...10147&product_id=71325&mfp=manufacturers[204] Фантастична е, косата е свиленкаста како да ме фенирале на фризер. Повеќе ја користам за виткање, одлична е и за таа намена. Само не знам дали ќе успееш да ја најдеш некаде баш истата зашто од пред некоја година е моделот. Сепак мислам дека од истата линија има веќе и понови, разгледај, ќе ги препознаеш по дизајнот зашто кај сите е сличен со бело-розе. И фигаро купив исто ко пеглата, само ретко го користам. Топ е и тоа, не ми треба повеќе фризер ни за фенирање ни за виткање.
Женски, ве молам да ми каже некој како да си ја навиткам косава со фигаро? На колку степени се става фигарото и колку време се држи?
Моето нема степени, само копче за пуштање. Не држам долго за да не ја изгорам/оштетам косата, отприлика ќе видиш самата пробувајќи колку време ќе ти треба, ќе фатиш рутина, за неколку секунди мене ми се витка одма праменчето.
Дали некој го има користено ова и дали функционира или да си земам посебно преса посебно фигаро? https://www.neptun.mk/categories/FIGARO/REMINGTON-S8670