Јас имам вакво слично ама не е на Ремингтон. Кај мене не функционира, слабо грее и делот за исправање и делот за виткање. Мислам дека можеш да најдеш многу подобри и пегла и фигаро а поевтино да те фати.
Баш тоа и ме интерсираше, фала ти многу!!! @Dream-Girl видов неколку страни пред дека имаш нешто слично на Филипс, после една година дали си задоволна или не би го купила повторно?
Девојки ми треба препорака за солидна преса за коса, сакам да се подновам конечно. Немам некоја проблематична коса за исправување, скоро и да ми е права али со минатата преса имав проблем што испегланото воопшто не ми траеше, нерви искинав. Плус сакам и да е практична за виткање, џабе си земав фигаро никако не се научив да се виткам со него. Максимум цена до 2000/2500.
Ја има ли некој и како сте задоволни? Гледам кај нас 700 денари, а баш денес ја гледав овде у Германија за блек фрајдеј од 90 евра на 70, истава..
Здраво девојки,би сакала да ве замолам да споделите искуство и да ми помогните да одлучам која од овие две пегли е подобра. https://www.neptun.mk/categories/PEGLI_ZA_KOSA/PRESA-ZA-KOSA-PHILIPS-BHS-375-00 https://www.neptun.mk/categories/PEGLI_ZA_KOSA/GRUNDIG-HS-7034
Јас секогаш гледам пеглата и фенота да имаат јонизација затоа што го намалува електрицитетот и дава сјај. Би ја одбрала втората
Здраво, може ли да ми препорачате некоја пегла за коса за виткана коса која што се тешко пегла и тешко ја одржува формата на косата ( односно веднаш почнува да се витка, не стои права )? Имам една на Phillips, ќе оставам слика, кога се пеглам треба праменот да го поминам едно 150 пати, мојатс другарка има една многу убава пегла која што само 1-2 пати се помине праменот и стои цело време, но не знаеме ниту која марка е ниту од каде е затоа што е стара и буквите на брендот се избришани. Еве оваа ја имам но не дава ниту Glossy ниту Sleek ниту Shine ефект Па затоа ве молам да ми препорачате некоја, не можам како човек да си ја испеглам косата кога треба.
Знаеш ли каде можам да ја купам? Се надевам дека ќе се испеглам како што треба со оваа пегла затоа што ми е стварно веќе преку глава од мојава и страшно се нервирам каква утка направив при купувањето.
Која и да одбереш од ровента со солидна цена е добра зашто не ја плескаат косата премногу, туку ти изгледа нормално право испеглана за разлика од филипс.
Да прашам мислење за Steampod 3 на Loreal?? Се мислам тоа пеглање со пареа дека ја гори косата ?? Или пеглите на Philips ??
Здраво, Која би ми ја препорачале? Има некој искство со овие две пегли? https://tehnomarket.com.mk/product/5665721/philips-bhs-67700-presa-za-kosa или, https://www.neptun.mk/categories/PE...Kjxvqot5K5eel7GmuL9J5bSggXt4Yxo3uGCXa95d_IgbA
Имам слична како таа на Ровента. Малку постара верзија е мојата, од пред неколку години но од истата серија. Презадоволна сум, кога ја пеглам косата изгледа како фенирана во салон, како свилена е на допир. Топла препорака од мене, воопшто не би се мислела за неа.
Ти благодарам, сестра ми има ровента ја користи може 10 години.... Јас земав исто ровента ама не бев нешто задоволна, ме кубеше, а и не ми држеше косата како кога ке се испеглав со на сестра ми, е сега не знам која серија беше мојава што ја изгубив. Еве на сестра ми нема мрднато 10 години, за тоа не ми се откажува љубов од ровентата...
Имаше една уште постара серија, Ровента елит мислам беше, така некако. Таа ја имав и јас и не само што кубеше, туку и многу брзо ми се расипа, по неполна година откако ја купив. Оваа што ја имам сега е навистина одлична. Јас би ти рекла да одиш во Сетек/Нептун/Техномаркет и да ги ѕирнеш двете, па така можеби полесно ќе се одлучиш.