Најде ли? И јас барам, ми испаѓаа на една страна на фб ама не ја сликнав која е. Тостерки се викаат тие преси.
Јас најдов цели 550 ден , врши работа , во Разнопромет Струмица ја има за 450 ден. Јас ја користам во корените да ја подигнам, пробав на цела дека ми е природна искршена, треба прво со обична преса па со оваа. Ако ти е за цела коса јас би зела поасална.
Купив јас баш од Philips по препорака од @FridaodaMk само јас ја земав оваа https://www.neptun.mk/categories/PEGLI_ZA_KOSA/PRESA-ZA-KOSA-PHILIPS-BHS-375-00 Денес ја пробав ептен е добра.
Која од овие две е добра , т.е дали и воопшто се добри , имам густа и долга коса , сакам да земам една се мислам помеѓу овие
Мислење ве молам, се двоумам меѓу овие две пегли и не знам која да ја купам. Едната е на rowenta, другата philips. Се си мислам ровентава е подобра ама ај кажете вие што мислите доколку некоја имате ваква.
Rowenta користам повеќе од 10 години и е супер. Philips, исто така добра е ама мене многу ми ја оштетуваше косата.
Јас веќе 12год. ја користам пресава и да не ја подречам добра е сеуште. Ја купив околу 1800ден. не се сеќавам оддамна беше na Grundig е, незнам дали сеуште ја има во продажба
И јас барам од тие автоматик сами што ја збират косата како правосмукалка? Нешто како Дајсон ама нормално како копија Дајсон е многу скапо?