Филипс . Сум ги имала и двете , поскапа варијанта од Ровента е катастрофа споредбена со најевтината Филипс
Од Филипс најскапата ја имав, не само што не исправуваше брзо и косата ми ја исуши метла ми стана ( што не беше случај со преса од др.бренд).
Одамна нр е пишанп во темава. Имав ремингтон преса купена пред 7 години, маста и ја извадив. Преодлична беше. Сега скоро си земав исто ремингтон ама крш ми е некако, за 20 евра од лидл е супер, но сакам да ми ја измазни убаво косата. Гледам некој хајп околу ремингтон кератин протект, ја има некој?
Одамна е мислењево, ама ако ја имаш се уште дали може да споделиш (ако пишува некаде на неа) број или серија? Дали можеби е иста со оваа Ѕ 6500, само друга боја? https://www.neptun.mk/categories/pegli-za-kosa/REMINGTON-S-6500
Не е таа, не чувам кутија за да видам кој е сер. број, не можам ни на интернет да ја најдам. Ќе ја сликнам после ако ти врши тоа работа. Еве ја пресата, успеав да ја најдам
Фала ти. Ја нарачав од Амазон. Се надевам дека конечно оваа ќе ми се погоди, Ремингтон е "the final boss" меѓу добрите преси. Немам среќа со пегли, во рок од два месеци две пегли ми цркнаа, една Филипс и една Грундиг, некој ќе си помисли го глодам кабелот, а буквално ко очиве ги пазам.
Препорака за пегла за погуста коса. Земав Грундинг, ама не ми ја пегла убаво и не стои пегланото? Филипс ми ја фати око дали е добра?
Јас исто имам многу густа и долга коса и ја користам оваа пегла веќе неколку години. Искрено, презадоволна сум. Најмногу ми се допаѓа тоа што можеш сама да ја наместиш температурата, па не мора секогаш да ја користиш на најсилно и така помалку се оштетува косата. Секако, јас секогаш препорачувам да користиш и спреј за заштита од топлина пред пеглање, за дополнително да ја заштитиш косата. Инаку, навистина е многу добра пегла и јас сум многу задоволна од неа. Ако те интересира уште нешто, слободно прашај.