1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преселба кај вереникот после веридба-да или не???

Дискусија во 'Брак' започната од Iceberg, 17 ноември 2011.

  1. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Здраво девојки.
    Одамна не сум пишувала,ама денес ми треба совет од вас,и се надевам ќе го добијам.Помогнете ми сите кои се нашле во ваква ситуација.
    После долго време запознав прекрасен дечко ,и за кратко време се веривме.Јас сум од Штип исто вереникот.Имам само мајка,која ја сакам навистина,но откако умре татко ми многу проблеми не втасаа -финансиски,фамилијарни итн....Не сакав да ја гледам расплакана,натажена...и потсвесно барав начини да не сум дома....Не знам колку ме сфаќате,но денес сфаќам дека болката сум ја потиснувала на некој начин за да сега ми се врати дупло поголема.Не сум била до тој степен себична,секогаш сум си доаѓала дома на викенди-работев во Ск.и,сум и праќала пари,сме се слушале телефонски,но таа многу се смени нон стоп коментираше како и е тешко,кога ќе видеше маж и жена на нејзини години ќе воздивнеше од што и е тешко така да гледа.....Едноставно полесно ми беше да не ја гледам во болка.....
    Ете сега се верив.На веридбата ми беше се нормално,се качивме во кола,ја бакнав мајка ми,и дури едвај чекав да се преселам кај него.Но кога стапнав кај него во станот,во мене се смени се.Се затворив во вецето и цела вечер плачев и липав на глас.Плачев за мајка ми.Оттогаш поминаа 3 недели а јас нонстоп и се јавувам и плачам секој ден.Дури ми се оди да се вратам кај нејзе до свадбата пошто ја планираме на лето.Ич не ми е гајле што ќе кажат мајка му и татко му,му кажав на вереникот му објаснив и он сфаќа,вели дека знае дека сака да сум со мајка ми ама барем еден ден кај нејзе еден кај него.....
    Не знаете колку ми е тешко,од ведра девојка станав депресивна се мислам дали да појдам на психијатар :worried: мАЈКА ми е пресреќна за мене,а јас се нервирам што мажот сака да се преселиме во СК.под кирија да бараме работа таму,т.е. имало шанси да го префрлат од работа таму па и јас да најдам нешто....
    Јас не сакам ,си велам дека и мајка ми ќе ја земам со мене,иако си работи она тука.Станала поведра друго гледа на животот,си вели ќе си имам внуци се радувам на децата,така ми било пишано,не треба да се разочарувам,си имам работа,се борам во животот,од лошо има полошо.......
    Воедно сакам да чујам што мислите за таа традиција-после веридба женското што оди кај мажот? И дали сега да се вратам кај мајка ми,очајно сакам :worried:
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Морам да те блондирам и цитирам, тоа што секој ден и се јавуваш и и плачеш по телефон знаеш каков филм и правиш на мајка ти - дека не си среќна и верувај срцето и го кинеш. Престани со тие детски недораснати болести.
    Ако си отишла кај вереникот после веридбата не значи дека нема дома да одиш кај мајка ти. Ти се мажиш и градиш иднина со мажот ти -вереникот или што???
    Нормална е таа нервоза, таа преселба не е лесна, се навикнуваш на нов живот ама стисни заби и не цмиздри на мајка ти (извини ама морав така).
    Да, после веридба кај вереникот дома до свадба, од каде сега тоа закрепостено правило од праисторија. Секој си прави како му одговара. Обично тој период се користи за средување на домот каде што ќе живеат младите и прилагодување кон нова средина (свекрва, свекор, золва...). Јас така правев умно го искористив тој период :D ја средував куќата и повеќе бев кај него отколку дома.
    Секој родител е среќен кога ги гледа децата среќни. Колку и да ги нападне самотијата се обрнуваат кон внуците. Епа тоа е живот...
     
    На Angel4eeee и Iceberg им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Ете и јас ќе се јавам,како нов цмиздрач :lol:
    Тешко е навистина,ама се навикнува човек.Барем јас така мислам.Олеснително е тоа што сте во ист град,а што да кажат оние кои се во различни држави и еднаш годишно се гледаат?
    Јас како прво ќе те искарам зошто не си била со мајка ти во најтешките моменти.И затоа сега ти е тешко и плачеш-зошто мајка си е мајка ;)
    И да во право е Славица-од каде тоа правило?Од прадедовци и баби? Ете и мене ме начекаја во саботат на веридбата кога свекорот рече-ајде сега пакувај се да одиме.Јас бев ваква :o Каде да одам бе човек :fubar: :lol:
    Ајде и мама ми даде знак да отидам за оваа вечер,немој случајно да се побунам јас-оти си ги имам тие :lol: ,и отидов.Како прво,не ни ја спремиле спалната туку собата на дечко ми.Тој има еден мал кревет само за него,и сабајлето свеки ми вели-тесно ви беше?Не жено ептен не.Ама ајде да не тупам до толку,јасно ми е дека сега треба да си средиме наше место,полека полека,ама дотогаш не се преселувам кај него.Живееме во Ск,па еднаш-два пати месечно си одиме дома,на викенд,и ја сега треба да земам куфери да се селам? Ноу,ноу.Плус тие се во стан,а и не сме нешто особено блиски,така да ќе ги посетувам на ручек,чисто ради почит.
    Мене ме изненадија -пошто и двајцата се факултетски образовани особи |( ,кога ми рекоа- Ајде да си одиме дома! До вчера ги немаше никаде,иако одевме долго време со вереникот,они беа поблиски со ќерка им и дечко и,ние бевме маргинализирани во се-дали семејни прослави ,ма било што! Плус,жената се занимаваше со ниски работи,кои срам ми е да ги спомнам! Е сега биле на ќеф-имале снаа :) .И ми звонат секој ден,како сте што сте,ова она....Но тенкс.Не сум злопамтило,до толку,ама имате почит од мене ,близина не барајте,кога сами си направивте ;)
    Јас раскажав на долго и на широко,само да кажам на девојката да не се замара,нека си оди и дома и таму,и повеќе да се грижи за мајка си...
     
    На SexyGirl2, emekreme и Iceberg им се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Јас не правев веридба, збор дадовме и тоа 4 месеци пред свадба, си поседоа, си отидоа, нит имав намера да тргнам со нив, нит тргнав. Си останав домче до последниот ден пред свадба.
    Што зборувале, и што мислеле за тоа, не ме занимаше, јас не можев и не сакав поинаку, а и мизерно ми е 100 пати да си заминувам од дома, да ме испраќаат, исто сценарио кога прават и на збор, и на веридба, и ај после на свадба. Глупости во боја.
    Тоа колку плачев, колку ми беше тешко пред да заминам, не можам и не сакам да пишувам.
    Буквално ме болеше.
    Што? Не знам.
    Се`.
    Душата, телото, секое сабајле се будев и еден саат си ја гледав собата и плачев и плачев.
    Бев на раб да се мрднам од болка, моето беше претеризам, и секогаш се прашував како другите се чувствувале во тие моменти.
    И уште, секое заминување од таму ме боли.
     
    На ivon.93, Jagoda123, Lady-PinkHeart и 5 други им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    ?????????
    Се чудам на тоа `правило` за селење кај мажот, после веридбата. :tmi:
    Не, тоа повеќе не важи мила!
    И никој не го практикува.
    Некои до свадбата си седат дома. Сепак, сите различно.
    Иначе, да, тој период е даден за да се прилагодиш таму, да се средите, и впрочем тогаш почнуваат да излегуваат роговите. :devil:
    Немој во никој случај да се обазируваш на свекорот и свекрвата!!!
    Почитувај ги, но само толку! Немој да те нервираат и да ти се мешаат.
    Гледај со мажот имај си го муабетот. :)

    За мајка ти, нормално е дека ти е жал, и нејзе претпоставувам не и` е лесно, но се `држи`, сепак се радува за тебе и сака да те гледа среќна. Таа засекогаш ќе остани твоја мајка, било каде да си, и со кого да си. Гледај секогаш кога можеш да ја посетуваш, слушаш телефонски, да и` помогнуваш.....зашто една е мајка и само таа може да ти се најди најискрено во најтешкото, а при најсреќните работи, неа прва ќе ја посакуваш да е до тебе. :!:

    Сепак, кратко време кај си свршена, и секој почеток е тежок, секоја промена, прилагодување се тешки, но ќе се навикнеш. ;)
    Интересно е што пред веридбата сите се возбудени и среќни, а потоа изгубени, збунети и тажни. :|

    Друга битна работа - не кажа дали имаш браќа/сестри. Ако имаш, и ако мајка ти не живее сама, тогаш и немора до толку да се грижиш за неа (во смисла да тажиш). :)
     
    На maculencence и Iceberg им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Да се надоврзам дека го практикуваат и тоа како! Во мојот град барем.Моите другарки сите се преселија кај верениците после давањето збор,и беа дури горди на тоа :puke: и на тоа како веднаш почнале со мамо и тато!!!!! Сега ми превртуваат очи зошто јас одбрав да си бидам дома.Ај донт кер! Нормално ,сега сигурно почнале муабетите дека сме скарани,дека не ме сакаат итн...нели Д Балкан! :lol:
    Искрено не се замарам,и полесно ми е на душата вака,а кога мене ми е убаво -што треба повеќе ;)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Значи сите случаи, ама баш сите за кои сум слушала досега околу веридби девојката останува дома. За во Скопје зборам, во другите градови верувам поинаку е, спротивното зафаќа поголем процент од вереното женско население. Што е до мене не е ни потребна темава, ама гледам има девојки кои знаат или се самите тие случај на селење од дома по веридба, па еве ќе дискутираме...
    Веридба е, давање збор дека ќе се венчаат, не е венчавка. А ти можеш да дадеш збор и да не го одржиш, и што тогаш? Затоа наместо девојките да ги спремаат куферите уште пред веридбата, пред да полетаат нека размислат подобро околу фрката за селењето. Сешто може да се случи, ехее има случаи што раскинуваат веридби од Х причини (нормално поретки се тие случаи, ама пак веројатноста си постои), а викате имало и места кај што излагале муабети дека демек ако по веридба девојката не отиде кај него, нешто има, а? Леле глупости, уште сме во турско бре! Па и во Турција девојката верена не се сели кај вереникот дома бре, барем не во поголемите, поразвиени градови! Си гледа да си завршат двајцата факултет, да се вработат, да заработуваат за живот и тек тогаш да бидат заедно, инаку од воздух да не ќе живеат? Така било тоа, оди вери се и ич гајле немај си!
    Против сум и дечко и девојка заедно да живеат верени, а тек па што има случаи неверени заедно што си живеат и после може да се дешава на секоја пожестока кавга куферите да се спремаат, ццц! Е колку ми е глупо и несовремено тоа. Е тоа е за срам, а не да останеш кај родителите кај кои си бил цел живот дотогаш. Кај саканиот ќе бидеш дај Боже цел живот, тоа не ти бега, туку кај родителите дали ќе бидеш?
    Ај ако не на 20 години да се преселам ја кај дечко ми, паааа на 22-23 да се вериме, пааааа на 25-26 да се земеме а јас од 20ка сум отишла да живеам кај него и самиот факт што не живеам со моите од старт ми ја почнува болката прерано! Што дека ќе се земеме по 6 години карикирам, кога јас за моите од дома сум отцепена уште од старт? Зошто такво мачење, кога можеме да си имаме убав живот тој со неговите, јас со моите, потоа веридба, па свадба, па да си живееме заедно?!
    Стварно не ги сфаќам таквите девојки што трчаат кај дечковците уште верени, а тек па тие уште што ни верени ни ништо се преселиле и си живеат со дечкото. Само едно ќе кажам, се губи убавината на веридбата и бракот со овие преселби и глупости, се губи смислата на обичаите на свадба што се прават со земање на невестата од дома, пример. Да се враќа кај нејзините само за да ја земат е фарса! ФАРСА луѓе, не е тоа-тоа, никогаш нема ни да биде! Вистински ли ќе се тие солзи, кога таа одамна ги напуштила нејзините?! Јас се што знам се фала Богу нормални случаи по веридба си даваат збор, планираат свадба истата ја прават и со сите адети и обичаи невестата се сели кај младоженецот. За веридба тој оди кај неа дома, ја запросува си даваат збор еден на друг, може да прослават во некој ресторан или кафана и слично потоа и тоа. Е тоа е како што треба да биде, ем зачувана традицијата, ем на современ начин. А не вака примитивно! Што ќе кажеле луѓето... еве јас ќе кажам ако толку на некои им е битно дека како можат тие девојки уште во врска да се селат кај дечко, а после ако раскинат?! Срам да им е! Ќе речам како можат верени да одат, ако раскинат веридба?! Срам да им е ептен! И да останат заедно, ќе речам како можат да ги остават родителите уште неверени, неземени и да отидат кај некој дечко кој колку и да го сакаат за се си има ред?! Срам да им е, стварно! Е јас од Скопје така ќе речам, а не па во некое село таму уууууууф... како не е само најголем ризик тоа кој не се презема само не знам, а 100% веројатност никогаш се нема :)
     
    На mynameislove и chiccush02 им се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Баш ме утеши!!!
    Јас пред да се преселам кај бившиот, тагував, паднав во депресија, не излегував од дома.
    Си мислев како сите жени се силни, а јас најголемиот слабак!
    Ама не било така.
    Не е лесно да ја напуштиш родната куќа, каде си се родила, пораснала и живеела.
    Меѓу најмилите. - Со кои и да се скараш, утре пак се прегрнуваш.
    А, во новата куќа - нови правила, нови луѓе, се` е ново.
    Јас бев примена како натрапник.
    Од кога стапнав со ногата таму ми почнаа сите проблеми (пред тоа беа злато).

    Некогаш доаѓав дома на 3-4 дена (сепак живеев вонбрачно), и свекрвата одма ми се јавуваше: комшивките 3 пати дојдоа денеска, тебе те бараа (Демек мене ме барале??? Ма немој!!! :fubar: ), ајде почнаа муабети да вадат, враќај се ваму!!!
    А, јас од инает уште 3 дена останував. :lol:
    И кога ќе се вратев почнуваше да ми оди на нерви со нејзините бескрајни провокации. Па, си мислев: Добро, ма, ти за ова ме бараше??? :tmi:

    Ели, јас имав 3 врсти на другарки:
    -едните по вршачката самоиницијативно заминаа кај вереникот, сакаа побрзо да си заминат од дома, ама денес кукаат дека не е како домче.
    -другите беа подбрани од страна на свекрвите.
    -и некои останаа дома до свадбата.

    Иначе вистина е така за помалите места, ама таков е менталитетот. :devil:
     
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Јас немам уште искуство во овие "води" но мислам дека не е толку тешко како што опишувате. Јас бидејки сум од мал град, знам дека кога ке посакам тогаш може да одам и да ги видам и да останам колку сакам. Мислам дека кога ке дојде време нема да ми биде многу тешко што нема да живеам веке тука. :wasntme: Ама сепак ке видиме, можеби ке бидам бетер од Енца. :)
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Сите блиски познанички после веридбата си останаа дома.
    Не гледам искрено поента да се замине со вереникот во неговиот дом и да се квачи таму.
    Па после за свадбата се враќа момава дома на ден-два, па ја земаат со некои невидени глупави церемонии, тоа само кај нас го гледам и се чудам, зашто ми е понижувачко, непотребно и идиотско.

    А инаку, остатокот од коментарите кои ги прочитав, колку тешко им паднало на некои девојки да се одвојат од родителскиот дом, искрено (и зборувам за себе) ми се несвојствени и јас дефинитивно не би реагирала така.
    Мене дома ми е навистина прекрасно и како велат - само дома си е дома, ама не можам да дочекам да се отселам и да си создадам заеднички нов дом со дечко ми.
    Сосем надраснат ми е животот со родителите и апсолутно прекипено ми е, а мислам дека и тие го делат истото чувство.

    Некако имам чувство дека таа фамозна веридба ќе се случи откако ќе заживееме заедно.
    А немам страв од туѓа куќа и туѓи луѓе - просто, зашто нема никогаш да живеам со свекор и свекрва.
    Тука сме двајцата едногласни.
     
    На Veki4kaa, aprokovic и verica81 им се допаѓа ова.
  11. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    кај цел живот ке живеам со него па и после веридба одма не не ,али не се прашвам само ја за жал,се прашва и он,така да можно е после веридба одма али ја не сум за :)
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ние дадовме збор за да живееме заедно. Инаку не знам како би функционирале работите да беше она класична веридба. А другиве што ги знам после веридба одат кај момчето да живеат, за тоа и правеле веридба.(според нив). А мене некако ми е се исто дали после веридба ќе се оди кај него или не, нема значење тоа кога секако ќе живеат заедно.
    А за одделувањето од дома ни најамлку не ми падна тешко. Ма какво цмиздрење, едвај чекав да си отидам и да си живееме заедно. На почетокот малку ми фалеа моите, ама некако се природно ми дојде.
     
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Чекај малку сега......Сакаш да кажеш дека би стапила во брак со некој што мислиш дека го познаваш, базирано на врска од х-години поминати заедно, но :!: заедничко поминато време еднакво приближно на нула?! :^) Таман работа на секоја кавга да се пакуваат куфери-тоа е показател дека и двајцата се недоделкани и неспремни за нешто сериозно. Се знае како се решаваат кавгите и проблемите-со разговор, со разбирање, а не со бегање. :?: Сосема е една работата кога сте двајцата по дома, се гледате неколку часа на неколку дена-нормално дека ќе си недостигате и ќе се сакате, и ќе бидете најзаљубени на свет. Многу е поинаква ситуацијата кога си под ист покрив, кога се будиш и заспиваш покрај него, делите трошоци за храна, плаќате заеднички сметки за струја, парно итн итн....Да не зборувам дека во таа ситуација настанува тотално разоткривање на вистинските особини на партнерот, и со тоа сознанието дали тие двајца можат да функционираат заедно или не. Љубовта не е доволна за да го поминеш остатокот од животот со еден човек. Нема друг начин некого да запознаеш освен на овој начин. Многу подобро ќе поднесам ако живеам одредено време со дечкото кој си го сакам најмногу на свет, арно ама после излегуваат одредени работи кои не функционираат-и ако ептен не го бива врската ја раскинувам. И тоа не е толку трагично колку што е трагичен не дај Боже разводот со човек со кој си поминал многу години, и кој, одеднаш (види мајката!), не бил баш таков каков што сме го замислувале и мислеле дека е! :!: Па уште ако биднало детенце во меѓувреме.... :(

    Ај да се вратам на темата.....Се уште немам лично искуство со веридби и други официјализирања на врската, од лично искуство на мои блиски знам дека дури после свадбата си отишле од дома. Може се случило на една вечер да преспијат кај вереникот, ама на тоа останувало. А тоа дека важи правило дека ете морало веднаш после веридбата да се пресели некој од дома.....тоа се сфаќања кои мене лично не ми се допаѓаат, и не планирам да ги почитувам. Ако некоја сака да се пресели кај него после веридбата-ок, но никој нема право да обрзе некого на такво нешто. Едноставно, како ќе си се договорат двајцата, така нека биде, нема потреба да се слушаат луѓето што ќе кажеле и дали било срамота, и дали на некој тоа ќе му се допадне. |(
     
    На maculencence му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Се што сакав да кажам, кажав и мислам дека бев доволно јасна. Ти грешно си ме разбрала во делот кај што сакав да постигнам една поента, но ти си ја сфатила ко да сакам да речам да се земе со некој што не го ни знае, нема врска, и јас самата не би го сторила тоа, мислам во да речеме подолга врска сум, друга е поентата препрочитај ми го постот кога ќе имаш време пак :)
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас живеев со маж ми пред да се вериме.
    Јас мислам тебе самото навикнување на новата средина ти одзема толку енергија, па плус она што се нервираш дека мајка ти е сама, сакаш да си покрај неа во исто време, и некако полесно ти се чини е опцијата да поседиш со неа до летото. Ама што ако поседиш со неа, и летото дојде и тек тогаш треба наново да се навикнуваш да делиш простор со момчето во место што не ти се осеќа како твоето дома. Нели е подобро да се навикнеш и ти на него и на неговата куќа 24/7, и тој на твоето присуство 24/7 покрај него.

    Имаш ли некоја добра другарка на која можеш да ги довериш чувствата? Наместо да и плачеш на мајка ти секој ден. Оти како што ти кажа slavica999 мајка ти може и ќе си помисли дека не си среќна со твојот избор, и ќе ја боли многу повеќе од што тебе те боли за неа. Твојот вереник те поддржува оти гледа дека тешко се снаоѓаш, и ти ја дава опцијата да одиш при мајка ти, ама не му е сеедно па затоа бара да делиш времето поминато во едната и во другата куќа. Нема да те спречи да одиш кај мајка ти, ама стави се на негово место, како се тој чувствува кога ти уште сега „бегаш„ од неговото друштво.

    Маани традиции и сите ние како би советувале. Постапи си како ти и вереникот мислите дека е најдобро. Ќе си разговарате и ќе се договорите. Па ако излезе и Скопје да е, за подобар живот, не е крај на светот да му се сневиди, до Штип саат време е. Јас по еден саат патувам за работа секој ден, пет дена во неделата, и тоа саат во еден правец(да ти дадам перспектива).

    Голема промена во животот е, да. Но пред да прашаш дали треба да се вратиш при мајка ти за до свадбата, јас би те советувала да се прашаш себе си дали ја сакаш таа свадба воопшто? Секој има право на избор и право на менување на одлука.
     
    На Iceberg му/ѝ се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Sorry, my bad ;) :tmi:
    Не сум те прочитала добро, затоа ми беше чуден муабетот, сега е јасно ;)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    После даден збор, размена на злато итн итн, некој вид на кратка веридба, јас си ги собрав парталите и заминав кај мм. Никој не ми створи притисок за такво нешто туку беше моја т.е наша заедничка одлука од пусти мерак што побрзо да почнеме да се будиме зедно а и заради некои други работи околу средувањето на домот. Свадбата беше неколку месеци покасно...
    И не гледам тука причина да се смета тоа за примитивно, и не ми беше грижа дали после на денот на свадбата ќе се изгуби смисолот на земањето на невестата од домот, ниту пак за било какви други глупи традиции и обичаи...Да се прашав само јас немаше ни свадба да има, тие работи воопшто не ми значат... Направивме како што нас ни одговара, а така мислам дека треба да направи и секој...Без страв од некакви етикетирања дека ако заминеш кај него си заостаната а ако не современа... :|
    А за плачење и јас пуштив некоја солза, иако мислев дека нема но ете не било сеедно...Но во случајот на девојкава мислам дека е грижа на совест во прашање, некоја вина што не била до мајка си секогаш кога требало и сега кога и сама е во ранлива состојба (сите сме по малку разнежнети, раздразливи на почеток) и треба свој човек...Мое мислење е да си го поминеш времето до свадба со мајка ти и тоа квалитетно, за да можеш после полесно да почнеш на некој начин нов живот, иако и после свадба таа ќе биде вклучена во твојот живот, твоја одлука е колку...
     
    На Espadrila, babybelle, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Slavica-јас не и плачам на мајка ми по телефон,туку пишав дека и се јавувам и дека јас скришум сама плачам.Имелда-погрешно си ме сфатила-тоа го пишав за мајка ми така вели,не јас.....

    Ве прочитав сите и видов различни размислувања.Некои се чудат на таквиот адет ама ете во поамлите места е така-иако не секаде нели,си зависи од човек.Не знам сеуште што да направам,ми бучи главата од размилсувања,а знам дека во моментов мајка ми ми е најпотребна......не ги знам убаво родителите на вереникот,и иако тој не е мамино синче,се плашам да не направат некој проблем-во смисла да му зборуваат на него против мене ако заминам,иако ја имам неговата подршка...се најдов во ситуација која сама си ја направив,од готово вересија.....Претешко ми е ,и да Скорпионка,може и до тоа е...јас потсвесно се оддалечував од мајка ми и сега се каам премногу,и се мразам себеси,а секогаш љубовта кон неа е била таа,но не можев да ја гледам во болка.Себична сум била знам,и сега тоа ми излегува низ нос.Убаво си работев во еден бутик ама сакајќи да избегам од тагата заминав во Ск и за скоро истите пари работев,место да останам со неа ;( Не можам да опишам колку ми е тешко,го сакам него и среќна сум,а од др страна ми се кине срцето,душата,ма се ,буквално се....Си велам дека неможам да се дорадувам како што треба,зошто откако после подолг перипд се вљубив заслужив да сум среќна.....
    А незнам,ете велите дека немало да ви биде жал за дома.....ќе ви биде тоа сигурно.Ви кажувам дека јас едвај чекав да си тргнам со него во новата дома,а со едно влегување почна да ми се темни и да ми се полни душава со болка......Тоа изби само од себе.И подруго е кога си со двајца родители-барем така мислам,зошто секогаш мислата ти останува кај родителот-ако е сам,а вака знаеш дека се двајца,си се крепат,си мислат еден на друг и тебе ти останува да го прифатиш тоа.........поздрав и сеуште незнам што и како,ќе полудам ;(
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    За мене веридба, давање збор, немаат ама баш никакво значење. На кого, за кого тој збор? За пред луѓето? Мене ако ми кажал , а и јас ако му верувам што има врска другото. Може да се видиме со домашните, да си ги кажеме плановите и тоа е тоа.
    Инаку во однос на темата за преселбата, јас сметам дека двајцата(идни) брачни другари треба да живеат извесен период заедно, пред се да си ги видат своите навики, на кој што му пречи, па да видат дали може или неможе да се привикнат на сето тоа, па со време да прават промени на планот за престојната свадба.
    Јас веќе неколку години не живеам со моите, сега кога одам кај нив се осеќам како на гости да одам, а со партнер би почнала да живеам така што пред да го реализираме тој план би им го соопштиле на нашите по дома и толку, па кој како сака нека си сфати, веридби, зборови ,чуда.
    А за пред свадба, па да веројатно да ме прашаат мене и не би си одела дома, па да доаѓаат по невеста и сл... ,само тоа сигурно ќе биде некоја желба на родителите па затоа и не сакам да коментирам :x :tmi:
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сега скоро една колешка се вери со момчето-и зивее кај него(и бремена е веке) 3 месец :!:
    лично сметам дека треба по веридбата девојката да си остане дома, па кога ке дојде време за мазачка , да ја земат од дома, а не да си играат нати ја па дај ми ја :fubar:
    иако јас како што сум ептен приврзана за дома, кога ке ми дојде денот незнам како ке се разделам, и од дома, и од моите, од се по ред и редослед :worried: :emo: