Јас од секогаш сум се залагала за заеднички живот пред брак и пред веридба. Всушност ние таа вердба ја сфаќаме толку трагично и сериозно како да е незнам ти што, јас и Петко се веривме пред скоро цела година, и сум кажала 100 пати ќе кажам уште еднаш, ние веридбата ја сфаќаме како повисоко нив на кој ја донесовме нашата моногамна врска. Живеам со него уште пред да се вериме, и среќна сум поради тоа, му го научив карактерот и навиките 100% и тој моите, и знам дека сакам во иднина јас да имам семејство со него и да го поминам животот крај него. Сосема е поинаку кога се гледаш неколку часа во денот, неколку пати неделно, точно е дека ти си со него и заедно поминувате низ сите проблеми и добри случки, но сепак поинаку е кога сте 24/7 заедно. Кога се адаптирате еден на друг, и секако ти се адаптираш на новата средина. Доколку сакаш да си останеш кај родителите и да живееш кај нив, зошто тогаш воопшто си се верила? Бидете си и понатака во врска, па кога ќе бидете спремни да се одделите од мама и тато, направете си свадба и од денот на свадбата почнете на живеете заедно. Друго во заедничкиот живот најдобро се гледа дали и колку си „одговарате“ со партнерот, дали ви се поклопуваат карактерите. Вие може да имате и 10 годишна врска, и да функционирате феноменално, но кога живееш заедно е поинаку, најпрости работи може да искрснат (Зошто јадењето е со сол а не со вегета, зошто е и толку солено, зошто креветот го мести вака, а не онака, зошто оди во ВЦ да сере 40 минути а не 10, зошто јаде во дневна а не во трпезарија). Кога си во врска, ниту една од овие работи не ги приметуваш, доаѓаш кај него на гости, на секс, на кафе, на вечера, на крајот ти си спиеш во својот кревет тој во својот, па најпроста работа можеби и двајцата се ширите во кревет додека спиете и сакате комоција и што утре ќе имате спална соба со два кревети, само да не се шутирате и буткате од кревет? Мислам заедничкото живеење е многу повеќе од 10 дена поминати на одмор, тогаш се е ајно и бајно, прекраснотии, заљубени голубци, но кога ќе живееш заедно е сосема поинаку. Толку плачење по родителската куќа не сфаќам, и мене не ми беше лесно и сеедно што ќе живеам со Петко и неговите, и јас имам самохрана мајка и брат, со кои сум израснала и кои многу ги сакам и сме поврзани, но живот е, мораш да се навикнуваш, на крај краева родителската куќа не бега, ниту родителите, тие во секое време ќе бидат таму за вас. И уште нешто многу е полесно да раскинеш веридба и врска отколку развод на брак, и од емоционална, и од бирократска а богами и финансиска страна. Во врската или вердбата се зближувате само вие двајца и вашите најтесни семејства, родители и браќа и сестри, бракот е многу повеќе туку има чичковци, тетки, стрини и сл. Па ако после фамозната свадба спакуваш куферите и се вратиш дома 90% од роднините ќе ти дојдат на врата, да те прашаат зошто и како? Откако ќе раскинеш врска или веридба ќе речеш не сте еден за друг, а вака си се венчал си фрлил толку пари за свадба, за бовчи и сл. Згора на се ќе се мкнете и по судови, ќе фрлате пари по адвокати... Зошто сето тоа? Кога сте можеле па живеете некој период заедно и да видите дали и колку сте си компактибилни. Или во најлош случај, почнеш да живееш кај него веднаш после свадба, останеш трудна и имате дете, со тек на времето сфаќаш дека нешто помеќу вас не штима, дека не можете да функционирате и следи развод. И тука детето го влече најдебелиот крај, емотивно страда, само зошто вие не сте сакале 6 месеци или 1 година порано да си заминете од кај мама и тато и да видите како ќе ви иде заедно. И заради вашата љубов спрема росителската куќа некој ќе има потполно дисфункционално и разорено семејство.
Најубава, поради ова што го напиша јас заминав на заеднички живот со него. Не потпишав никакви документи. И навистина, во врската беше горе-долу бајно, ама кога зачекорив дома му, влегов во нов свет, кој не го познавав. Живеев во тага, нервоза, несреќа... Имам пишувано по темите, не сакам да се повторувам. И супер! Затоа што видов дека не сакам таков човек. Не сакам таков живот. Ако бев во брак, сега ќе си ги кубав косите и ќе трпев или ќе се влечкав по судови...
Не знам за други ама јас дефинитивно по веридбата кога ќе биде (Во иднина) нема никакви шанси да се преселам да живеам кај него. Малку ми е глупо да се преселам, па пред свадбата да дојдам дома,за да ме земат невеста. Но и тоа го има во одредени делови на Македонија и нив не можеме тоа да го смениме. Работата е што некој тоа го гледа, некој не. Моите братучетка кога се верија само вечерта појдоа да преспијат кај зетовите од проста причина што имаа гости(најблиска фамилија и пријатели) вечерта,ама утредента одма кај мама. Јас кажав за мене, нема да се преселам зошто после тоа јас нема да живеам заедно со неговите, може да појдам некогаш да преспијам, ама јас и тоа сега го правам. Неверена. Нема да живееме кај него, па најверојатно по веридбата би правеле планови и уредување за нашиот заеднички стан
потполно исто беше и кај мене, и ние не правевме класична веридба, туку само си дадовмо збор на вечера на која бевме собрани најблиските, и одма после тоа јас се преселив кај него, највеке заради тоа пто бевме од различни градови.Ние и пред тоа речиси живеевме заедно, ама мораше заради домашните да ја официјализираме врската со давање збор а тоа одењето кај вереникот после веридбата или не нормално е личен избор. и мене за разделбата со моите не ми беше многу тешко, а и гледав и со моите беше така, бидејки бев некако навикната, а и тие, 4 години на фах во друг град, па две години постојано бев кај моето сегашно маже, така да човек на се се навикнува... сигурно дека на почетокот ке ти биде тешко, но во никој случај немој така да се однесуваш, постојано да и се јавуваш, и да ја натажуваш мајката, со тоа и ти а нормално и таа ке се нервира само, и како што ти кажаа и други феминки, таа ке мисли дека многу тие неубаво во новиот дом.
мммммммм... Јас сум за преселба кај Него уште пред да направите веридба, па кога ќе видиш како ви оди, ако ви е убаво ќе си се вериш, па ќе им кажеш на твоите најблиски па ќе си направите заедничка журка, частење во Твојата и Неговата нова Дома или во ресторан..што и да е, па после ќе си мислите како ќе ја истерате свадбата. Мајка ти никогаш нема да престане да ти недостига, дури и кога ќе бидеш во брак со маж ти, затоа прифати ја состојбата, таа празнина нема да избледе (ова од мое искуство, и денес на моменти кога ќе помислам на неа ме боли еден дел од срцето), ама затоа мајка ти нон стоп може да доаѓа или ти да одиш да ја гледаш, да правите барем еднаш неделно заеднички работи, ручек, купување, кафенца итн итн. Мислам генерално кога веќе девојката ќе реши да се омажи со мажот и ќе си дадат збор, ми нема логика тоа враќање дома, земање на невеста од кај родителите, па нема да идам кај него до свадба, што ќе каже околината..... Тоа ми нема врска. Знам девојки што живееја верени со дечкото пред свадба, па пред да се мажат ги враќаат дома кај родителите да поседат неколку дена, па доаѓаат сватовите па ја зимаат демек по традиција Мене ова баш не ми е јасно, кога веќе живееле верени како сега..два пати ли ќе ја зимаат - еднаш за веридба, еднаш за свадба? Ама добро кој како си сака, јас не сум многу по традициите. Мислам премногу ми е комплицирано и избледено терање на некои стари адети. Мислам дека условиве на живеење и економски и социјални ќе сменат многу во начинот на правење на свадби.
Кај мене немаше официјална веридба, прво бевме во врска околу 3 месеци и бидејќи живеевме во различни градови сосема случајно испадна да живееме заедно, прво еден викенд седев кај него па после една недела и на крај да се преселам целосно кај него. После 1 година се венчавме и тоа испадна сосем непланирано, се разбира дека го сторивме затоа што сакавме и ете сега сме среќно венчани веќе 10 месеци. Јас сум во друга држава, сама, немам никого тука освен сопругот и на почеток не знаете колку ми беше тешко и мене за моите родители, сепак да си сам на туѓо место без никој да знаеш е навистина многу тешко. Јас веќе го пребродив тоа, но се случува некој ден да си заплачам бидејќи немам на кого да се искажам, и за среќна и за тажна вест, навистина е тешко, но секако љубовта е посилна од се, барем за мене
Бев кај него на госте додека ме побара за жена подоцна некое време си дојдовме направивме веридба и сега пак сум кај него. Мислам дека нема потреба да живееме оделно со вереникот бидејќи ако било и за тоа воопшто нема потреба од веридба ако секој си живее дома. Барем јас така мислам. Тешко ми е за дома ама знам дека не можам да си одам бидејќи сме далеку и на некој начин тоа ме прави посмирена. Скоро секој ден се слушаме се гледаме на скајп со моите и тоа е тоа. Значи не можам да сватам некои девојки кога ќе се верат сега а дури на свадбата ќе си одат кај вереникот ама секој има свое право па така нека прави како што му одговара.
Ние почнавме да живееме заедно по давањето збор, т.е. запознавање на моите и неговите. Всушност, моите инсистираа на тоа кога им кажав дека ќе се селам. Јас не чувствував никаква потреба за тоа, ама решив да им ја испочитувам желбата. Мене искрено мајка ми ме изненади затоа што посака да се вратам дома пред свадбата, да ме земеле од дома. Никогаш не сум ја доживувала како некој кому му се важни обичаите, ама никогаш. Ми рече ајде барем ти направи ми го меракот, кога одевме кај брат ти се најдовме пред црква, барем сега нека биде како што треба. За мене тоа и не беше како што треба, ама не сакав ни тогаш да и го кршам меракот, и се вратив. Како шугава бев тие два дена кај моите, како да не ми е таму местото. Ама сакав моите да бидат среќни, а и тој период имав многу други проблеми, па свадбата и обичаите ми беа најмала грижа. Откако решивме да живееме заедно до преселбата која се случи ден по давањето збор поминаа нешто помалку од два месеци (татко ми имаше здравствени проблеми, па затоа малку ја одложивме иницијативата), а во тој период едвај чекав да дојде моментот да почнам да живеам со него. И никогаш не зажалив што почнав да живеам со него тогаш, од сегашен аспект гледано би почнала и порано.
Пред веридба, одвак чекам да се всели мојот дечко во новиот стан и одма палам куферите и кај него се вселвам...чиста глупост ми е то со веридбата кога ќе посакаат двајца да живеат заедно тогаш нека се вселат. Веридбата , зборот , свадби ми се чист притисок. И оние уште малограѓански муабети не се живее заедно пред брак ми е најглупо од се!
Девојки,па како ви е убаво -така Немојте со глупи правила и адети.Кога станува збор за лична среќа-адети и правила не постојат. Јас еднаш месечно си одам дома,а во Скопје неколку години живееме заедно,па ми немаше смисла да земам куферите и да правам преселби.Што попрво за тој викенд што бев дома еднаш месечно,па не планирав да се замарам,зошто и така живеевме заедно.Од живеењето заедно нема ништо поубаво,баш ништо,плус сами седиме во стан а кај него со неговите кои буквално дишат во врат! Сум преспивала кај него додека бевме верени,си имав таму пижами и средства за лична хигиена ама преселбата дефинитивно ја направив-делумно ,сега после свадбата,е сега нема бегање. Преселбата е мн тешка за женската страна,барем кај мене беше така.Сега зависи во какво семејство сте живееле.Ако имало љубов,хармонија,поврзаност нормално дека ќе биде тешко.Ако не ,само ќе посакате да си отидете.
Јас си правам 2-3 дена таму па 2-3 дена дома па ми текнало цела недела таму , па 3 дена дома значи никој не ме знае каде сум. Официјално не сум преселена сепак дома си е дома и ако убаво ми е вака до свадба да си шеткам. Така да нема правила кој како си сака.
Сега сум дома,и искрено ме нервира шеткањето ваму таму.Место убаво да се одморам за викендот јас се нервирам за вакви глупости,е не ми се верува!!! Повеќе сум дома,бидејќи официјално тоа беше мојот став нели,ама кога сум кај него ужас! Не знам како би живеела таму утре .Ако појдам во кујна одма ќе се појави некој на врата демек што ќе правам да видат,ако чекаме гости зазвонат на звонче одма трк први да видат кој е,100 пати им рекол вереникот ама не се разбираат....ми се оди да земам стан под кирија и да бидам раат.Стварно сакам да бидам со него,во Ск.сме заедно,ама неможам нив да ги гледам искачаат од секоја најмала глувчешка дупка!!!! Плус сестра му иако мажена,си се понаша ко дома,доаѓаше дома за празнициве,и кога си отидоа гостите земала да раскрева и реков остави јас ќе си раскренам-она вели-ама да и помогнам на мама.Плус си се шета по собите како што сака,абе лудница е еден ден не се издржува! Јас направив благо од Скопје и однесов пола таму пола дома,ама кога доаѓаат гости само од ќерка им го сервира,а кога прашав каде е моето рече го изедовме,што се сомневам зошто беше многу и за еден ден не го изеле гарант ,го фрлила. Цел стан е полн со ствари од ќерка им,а за моите алишта и да сакам нема каде да ги ставам,зошто госпожата имала премногу гардероба па и се чува тука........ Разбирање со нив нема,џабе мојот качува притисок,ко да не им чуе за него,само ние ги јадеме нервозите......И кога ќе ме чујат дека искачам од кај нив-леле каде пак сега ,кај мајка ти ли?-Ми велат.Велам не -дома ќе си одам.......леле како ,па ова ти е дома сега!!!!!! Ете си се исповедав јас,може не во соодветната тема,ама нема да ви се верува кога ќе ви кажам дека се интелектуалци,студии уште на времето завршиле во странство,прошетани и цел живот на функции...ќе си пукнам,аман
Можеби не е на место прашањето ама да си прашам. Навистина ли некоја девојка кога ќе се вери со некој што учил за поп не треба да се пресели кај него и да спие со него се додека не прават свадба?
Ова како јас да сум го пишувала пред некое време. Истата ситуација, сестра му си се шеташе каде сака (ни влегуваше во спалната обавезно!), без малку свест или срам. Таа одвај ако направеше нешто благо, ама само нејзиното се служеше ( и се фалеа дека за се` ја бива), а моето мувлосуваше. Немаше каде немаше нејзини алишта, стари касети, книги....и никој не смееше да ги префати, дури еден ден ми префрлиле дел од нејзините работи во мојата спална ). Наводно таа не можела да земи се` со неа во новиот дом. По мене секојдневно наредуваше, дури и пред бившиот, а тој пола збор не и` врати назад за да ме одбрани. Јас стално се мачев да и` угодам, ама џабе. За роденден и` нарачав цел комплет бижутерија (скапи и како поквалитетни), а таа кога виде, рече, ова ако не е сребро или злато ќе оди во канта. Јас како да имам пари за злато да и` купувам бе , наместо да и` вратам, јас се впив на каучот од срам зошто беше бижутерија. А, кога ќе дојдев дома - одма - што бараш дома ти, ајде прибери се сега овде е твој дом! А, од друга страна правеа се` за да не се осетам како дома!!!! И уште ако се запишам, ќе ме читате до утре.... Жал ми е ова што ти се случува, ама и утеха дека не сум била само јас во ваква ситуација. Сепак најбитно ти е Ели да имаш подршка од партнерот. Без него си ништо таму! И јас ќе бидам золва еден ден, ама да и` го правам на некоја која го оставила семејството и дошла во нова куќа - НЕ! Со самото тоа му го уништувам и животот на брат ми!
Многу се секираш, НЕМОЈ Јас кога поавев порано свекрва ми не го ни мирисаше а камо ли да проба. Ама мене ми беше мерак и си правев и и носев после некое време проба едно нешто па друго и така... Сега после 2 и кусур години на ќерка и и вика земи од Цецилија рецепта ееептен убави и се, плус и на тетке стринке ме испофали за празнициве. Се во свое време па ти за тебе и за маж ти прави си не за неа. За золва ти, прифати дека тоа така ќе си биде засекогаш и точка. Ние кај свекрва ми имаме своја соба и золва ми и во нашата соба оставаше нејзини работи па што да и правам нека остава што сака нека прави. Кога пред некој ден после повеќегодишно трпение сама и текна и се си прибра. Да се чудиш Ако можеш да се иселиш, оди си ако не помалце нервози. Јас бев прва да збори против золви и свекрви ама си поминува времето и луѓето се менуваат. Искрено јас полека полека под кожа им се упикав. Сега чека ќерка им да си отиде па само ни даваат работи што ни ги купила за дома ситници. Сега знаеш почеток е сите сте си чудни, и они не се свои нити ти. Се ќе се среди еве јас ТИ ВЕТУВАМ.
Не знам како ќе биде, но и јас не сакам да се преселам по веридбата кај него. прво и вака и така секој ден сме заедно а и релативно блиску живееме, кога сакаме спиеме кај него кога сакаме кај мене...Ретко се дешава да не се видиме, само ако тој полага наредниот ден. И јас сум само со мајка, така да сакам да искориста до крај. Верувам дека и мене ќе ми биде тешко, но знам дека најголема поддршка ќе добијам од мама. Бидејќи таа е свесна низ што морам да поминам, а и вероватно најдобро знае како се осеќам.
seko so svoeto iskustvo jsa vednas se preseliv po veridbata so sega soprugot nikoj ne vliaese na mojata odluka sama si sakav iskrajno затоа што мисев ако останам дома ке ми биде уште потешко секогас ке размислувам дека одброани се ми деновите овде се ке се навракам и ке плачам и намсто да бидам срекна за запоцнатиот живот со тој сто најмногу го сакам јас ке плачам за она што го оставам па ако е така зашто ке стапам во брак може уште да ми биде дечко ако не сум спремна а и како и да пак ке мора да го напуштиш твојот дом за поубав и посрекен дом каде пак ке создаваш за вас каде и таму ке ја чуствувас топлината дека е твој дом кога е тој кој сакаш до тебе,плус побрзо ке помине времето подготовки за свадба запознавање на роднини наваму натаму а не на свадба да се чудиш кој се добро јас сум таква лицност сто до пред веридбата не сакав да идам кај неговите дома да седам со нив да се врзувам премнуго само неизбежно на слави или роденден на сопругот мој ги видував ,зошто за лубов ми треба маж ми не неговото семејство, е сега одлучиб да сеу со него после веридба и за дрго зошто сите од вас кој не сте живееле со маж ве кога сте биле во врска знаете друго е да сте во врска со некој па друго е да живеете е тогаа е оној тест дали сте подготвени да го сакате со сите предности и недостатоци, плус дали ти одговара ниеговото семејство ,е свекрвата додека да ја научам да тропне кога влегува жената си немасе гајле иако живееме на поебен спрат си отварсе врати кога сака како сака е во 8ч не викасе да станеме а ние... замисли и затоа е тоа предбрак бар за мене тест да видиш дали ке можеш да живееш под ист кров а и тие на твојте навики да се навикната,а ако неможесш боје на време отколку да стапиш во брак па се покаеш многу мој другарки кој останаа пред брак дома секој ден си плачеа зошто усте малце ни останува време дома а после брак плачеа зошто не е исто како дома неможат да се вклопат а една што беше пред брак кај него дома кога се верија за за 4месеци требаше да прават свадба ама таа ја раскина веридбата зошто неожеше да издржи кај него дома неговите родители беа посебна прича да скратам а најтрагичн што вереникот ги подрзувал неговите наместо неа ало па со кој семејство ти ек правиш и така од вас зависи не од обичаи или ова она
Ова е најдолгата реченица што сум ја прочитала (освен во романите на Достоевски) Девојко те молам користи точки затоа што се изморив читајки те! Фала многу и поздрав