Јас сум за не. Ние се веривме, јас сум дома кај моите родители, чекаме да се средат некои работи, да реновираме па здравје после тоа свадба. Убаво ни е вака, кога сакам одам таму, за викенд кога сме слободни или преку недела преспивам и тоа е тоа. Нема поубаво од кај мама и тато, па затоа додека имам време да поуживам уште малку
Јас сум за живеење заедно пред свадба, па и би се преселила кај идниот маж после веридбата, од проста причина што сакам да знам како би функционирале заедно, во заедница, секој со обврски. Па токму и со свекрва да би живеела. Ако не оди заедничкиот живот, подобро пред да потпишам во матично да прекинам, отколку да трчам по развод после. Зошто факт е дека заедничкиот живот не е исто со 10 дена поминати на одмор, каде имаш пари во џеб, небо и секс.
Доколку би имале свој сопствен стан би сакала да живееме заедно некој период пред брак за да видам како би функционирале .Едно е кога со некого се гледаш по 4-5 саати на ден или 10 дена на одмор,а сосема друго кога сте 24 саати заедно.Тука излегуваат на површина многу особини кои што вака и не можат да се приметат.Како што кажа некој и погоре подобро да прекинам на време,одколку понатаму животот да ми се претвори во пекол.Е ако би немале сопствен стан не би отишла после веридбата да живеам со неговите.Ова можеби зошто сум ептен против живот со свекор и свекрва,а и ми нема смисла сто пати да одам натаму наваму.Ќе дојде да ме земе на денот на свадбата и остатокот се знае
Ние немавме сопствен стан па отидовме под кирија да живееме за да видиме како функционираме. И да ти кажам искрено, од катастрофална врска што имавме додека живеевме одвоено, сега имаме феноменален брак, буквално, како да сме други луѓе И јас сум против живеење со свекор и свекрва, така да поентата ми е дури и да немаш сопствен стан, треба да се оди под кирија за да имаш јасна слика за работите.
Ние и двајцата под студиравме во Ск.ама не живеевме отсекогаш под кирија.Врската ни стана подобра откако одлучивме да живееме заедно.Онака по телефон имаше кавги,па сега ќе излеземе,па не сега,па зашто си закаснал итн,а и ограничено ни беше гледањето заедно нели Е потоа ретко да имало кавги,функционираме прекрасно,мед и млеко Сите ситници за кои сме правеле големи кавги не ни постојат,или сега не ги приметуваме. Во Скопје пример не се сели девојката кај дечкото.И јас не сакав отпочеток,што ако така требало,но после бракот сфатив дека всушност така е подобро.Да се навикнеш на некои работи,на свекор и свекрва а и тие на тебе. Најлесно е да кажеш-не со свекор и свекрва,ама времево е такво што ретко кој може да си дозволи сам.Под кирија сум во Ск под кирија ли и таму? Иако кај нас нема да биде за долго со нив
Да дефинитивно а зошто да не дали сега дали по 4 месеци исто се фаќа! Веднаш по веридбата си останав кај него, живеев со свекор и свекрва скоро 1 и пол година па и нее лошо да имаш малку помош додека се навикниш на живот кој е многу поразличен од тој што си го живеела па добредојдена е и помошта кога ќе ти се роди бебчето здравје боже ,а сега си живееме одвоено и ни е уште поубаво.
Ние планираме да се вериме негде во март,а можи и порано да ме изненади па по некое време како што иди редот и свадба нели.Јас не сакам да се преселам кај него пред да направиме свадба.Би одела на викенд чисто онака да видам како ќе биди бидејќи ќе треба да одам во неговиот град и да видам што е и како е ,па потоа ќе ги испитаме целосно благодетите на бракот .Сепак цел живот понатаму ќе бидам надвор од дома барем уште тој период да си сум домче сакам.
Преселба кај вереникот?!? Јас сум за строго НЕ ! Прво и основно ако се преселиш таму, ќе се враќаш дома само за свадба? Па нели веќе е избран новиот дом, преселена си. Мое мислење е дека секоја веридба треба да се прави кај девојката. Зетот доаѓа со неговите, ја бара девојката за жена, прославуваат и си одат. Па потоа на свадбата си ја зема дома. Сепак веридбата не е свадба, туку само ајде да речам едно ветување дека ќе стапат во брак. Зошто да оди да ја бара за жена, па да ја носи дома, па пред свадба таа пак да се враќа само за една вечер да преспие за да има пак од кај да ја земи зетот?! Искрено тоа ми е многу глупаво. Нека си оди некогаш таа да спие таму, но не одма да се пресели. Мислам дека веридбата треба да си ја прави страната од невестата а не од зетот. Ако на веридба ја зема дома, тогаш мислам дека нема потреба од свадба, веќе си ја зел Можеби за некои грешам, не знам, но сепак за мене останувам на ова мислење Позз до сите
најдобро не со самото пристигање на новата снаа почнува стресо за младата,затоа собче под кирија колку покрив над глава,а со неговите родители ништо од чиста култура поради него мала почит,нормално ако заслужиле ако не баталете ги
Многу паметно си направила! Мислам дека најголемата грешка ми беше што послушав и се преселив набргу по веридбата. Најпаметно, барем според моето искуство!
Се самоцитирам и еве веќе една недела сум кај него откако се веривме ,но се договоривме континуирано до свадбата малку тука,малку таму да си седиме , според мене ем се навикнуваме еден на друг и на заедничкиот живот п и и со него,а и со неговите и сега за сега немам некои поплаки .
Никако до свадба, можеби сум малку конзервативна и старомодна но мислам дека до свада никако селење кај него особено ако живее со родителите. Во тој период на двоење од сопствениот дом посебно сме чувствителни а знаеме свекрвите дека секогаш ќе најдат ричина за да не извадат од кожа, се нешто им смета и може бракот да пукне пред и воопшт да се појавите пред матичар. И како ќе ја викате таа жена кога не сте венчани. Ако почнете да ја викате тетке тогаш покасно ќе ви биде тешко да почнете да ја викате мамо.
Јас мислам дека нема врска од големината на местото, Скопје, Струмица, Ресен се е исто, зависи од карактерите на луѓето. Моето искуство ќе го споделам со вас, и јас сум од помало местенце, вереникот мој има куќа 7 км од градот и живее со неговите заедно. Јас после веридбава си патувам, 2 дена таму, 2 дена кај мене дома и супер ни е. Неговите ептен убаво ме прифатија и јас исто така, многу ми е природно се, иако сум ќерка единица и мислев дека ќе ми биде екстремно тешко делењево а јас ни солза не пуштив . Сепак не сакам и нема целосно да се преселам се до свадбата, а после и стан си средуваме па таму самички ќе си живееме. Сите вариери ви се во главата, тоа дека ви е тешко и не можете да прифатите промени сепак се дел и од карактер не оспорувам, но со тек на време ќе ви биде ок, само на почеток издржете и бидете храбри женски . И секако, најважна е подршката од вереникот / сопругот...
SummerGirl ме интересира како се снаоѓате, т.е и двајцата сте вработени и успевате убаво да го истерате месецот или како...? Прашувам затоа што и ние сакаме да одиме под кирија, но иако двајцата работиме се плашиме како ке излезиме на крај со сето тоа, плаќање кирија, сметки и слично. Поздрав!
Ние почнавме да живееме заедно уште пред веридбата, зошто дечко ми имаше стан и заедно си се преселивме...па си направивме веридба и сега уште свадбата Ако немавме услови да почнеме да живееме заедно пред веридбата, веројатно ќе се преселев веднаш потоа...незнам зошто би чекала да си бидеме нон стоп заедно па дури и да е тоа живеење заедно со неговите...