пред веридбата да-НО само ако е тој под стан или живее сам во некој стан или можеме да отидеме под кирија... На самата веридба - ок По веридбата-да или ќе се одлучиме што и како
Моја најголема грешка беше што се преселив,башка затоа што он беше во странство заминат и јас таму бев сама со неговите.
Јас сум за... А и најголем дел го практикуваат тоа , па кога веке сте верени зошто да не сте заедно ? Јас ионака сум си почесто таму а камоли после веридбата
Ако тој живее во заедница со неговите...НИКАКО! Ако сте си сами во свој дом или под кирија, тогаш ДА!
Јас и онака сум повеке таму отколку дома така да после веридбата ке одам кај него. А и дома.. Пола пола хахха
Многу за! Па ако и живеете заедно со неговите, уште од старт ќе знаете дали можете да пребродите се. Врска и брак не е исто, а периодот од веридба до свадба е супер период за адаптација. Јас се преселив кај него од веридбата, живеевме со неговите. И ич не се жалам. Таа година се научивме на се, како да делиме обврски, како да функционираме 24/7 заедно, како да водиме домакинство со планирање на заеднички буџет...
после веридбата и јас си живеам пак со моите.. додуша одам и кај него и он идат,останвиме на спиење и све тоа,ама сепак секој подома си живејт
Jас лично не би отишла пред свадбата, малце глупо е сега да живеам со нив некое време, по 6 месеци(пример) се враќам дома ден пред свадбата за утре да ме земат, абе ај...
Епа затоа се верив, за да живеам заедно. Бевме верени 3-4 месеци. Пред свадбата цела недела си бев дома, а пред да се вратам дома, и тој беше некој период кај нас. пробно
после веридбата си останав дома само таа вечер ја преспав таму и толку дури после свадбата се преселив кај него
Секогаш си велам дека нема да правам веридба, директно свадба, но доколку поради некои х причини правам, би си останала дома. Како што и погоре спомна некоја феминка, ќе доаѓаат после по мене, па ќе ме внесува в раце, а јас веќе таму корења сум пуштила...
Некако ми изглеа како најдобро да се остане дома и после веридбата, но од една причина можеби е подобро и да се остане кај него, за да видите како ќе ви оди заедничкиот живот, да се осигурате дека го можете тоа и после да стапите во брак. Дека во случај да не испадне се како што сте планирале, после веридба полесно се става крај, отколку после свадба Така да, можеби само од овој аспект е добро да се проба заедно да се живее после веридба......А ако се биде во ред https://www.youtube.com/watch?v=Zmkvk-7rXi0
А мора ли да сте верени за да живеете заедно?? Инаку јас не би одела да живеам кај него после веридба. Ако живееме посебно и да не правиме свадби со обичаи земање невести и остало да, инаку ми е жива глупост.
Па немора, али овде темата е, преселба кај вереникот после веридбата и затоа се дискутира стрикно за тој случај, иначе далеку од тоа дека веридбата е само причина за заеднички живот
На кој како му е арно, така нека си прави. Не е страшно ни едното, ни другото. Секако кога ќе се во брак ќе си живеат заедно. Ама ако колку-толку преспиваш кај него полесно ќе се навикнеш на тамошниот живот и на преселбата, тешко е наеднаш да се преселиш некаде преку ноќ. Така барем си мислам.
Што стана со тебе Силвер?како се реши проблемот. Ако добро се сеќавам ти имаше сличен случај. Нели живееше со момчето и мајка му, па после настанаа проблеми. Не се сеќавам дали бевте верени или нешто пред веридба. Како си сега? Инаку да не бидам оф темата. нема ништо лошо во преселба кај вереникот после веридба. Јас сум таа Живееме заедно уште пред да се вериме, па сега и верени сме. Само јас би корегирала преселба СО вереникот, не КАЈ вереникот. Затоа што не отидов да живеам со неговите, туку се издвоивме сами. И да овој период на прилагодување беше малку тежок, малку чуден, ама ептен потребен. И тоа ние бевме во десетгодишна врска, ама не било исто.
Јас после веридбата(ако може да се нарече така)ќе одам да живеам кај дечко ми.Имаме услови за сами да живееме,ми треба време да се навикнам,не сум тип кој лесно се прилагодува,ке биде тешко.Подобро сега него после свадбата.