Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преселба кај вереникот после веридба-да или не???

Дискусија во 'Брак' започната од Iceberg, 17 ноември 2011.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Не сум човек кој се тера по обичаи и правила кога се работи за ова. Се веривме пред 3 години, немаше никакви церемонии. Ми купил прекрасно сребрено прстенче и кога бевме на екскурзија надвор од земјава, ме изненади и ми го даде. Прстенчето, заради моите мали прсти, доживеа трансформации и ми го упропастија, па за да не се ставаме во дополнителни непотребни трошоци, си носам многу едноставно заради симболика. Се преселив кај него после 8-9 месеци, а во меѓувреме останував за викенди (за да видиме како ќе ни оди). Мајка му е ретко тивка и мирна жена, но сепак, различни карактери и навики и се договоривме да живее со мајка и', а ние сами. Функционираме одлично, еднаш годишно потсредуваме некои покрупни работи по дома и живееме како да сме земени. И пред да почнеме да живееме заедно, не се сомневав дека ќе ни оди супер, бидејќи сме доста слични, но сум среќна што се преселив пред да се венчаме, со оглед на тоа што и по 3 години уште не сме регистрирани (по моја „вина“ :lol:), а и не гледам каде би брзале (што ќе беше ако чекавме на тој момент за да се преселам :rofl:). Планираме само интимна регистрација, со 10-15 најблиски луѓе и тоа ќе биде тоа. Не сакаме веселби, не сакаме трошоци, не сме по обичаи, едноставно практични луѓе сме. Битно дека се сложуваме, убаво ни е заедно и сме компатибилни за заеднички живот. :l:
     
    На crazylady, Asparagus, iloveyou29 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Веридбата јас ја сфаќам како проба да се види дали партнерите може да живеат во заедништво. За истата сметам дека не е потребна некоја помпезна објава. Доволно е да се известат родителите, и некои блиски пријатели.
     
    На crazylady, krEM4Eto, Ицолгудбејбе и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.836
    Јас не знаев дека уште има правила за дали да се живее со вереникот или не.
    Верував дека парот сам одлучува дали и кога ќе почне да живее заедно, без општествени норми кои им стојат за врат дека од тогаш може или не може да се заедно.
    Веридбата била договор дека младите ќе стапат во брак, и тоа договор помеѓу родителите. Веридбата била договор за свадба. Сега е причина за мини свадба, пробна. Не знам која е целта. Имаме давање збор, па веридба, па свадба, па уште и се двоумиме дали заедно да биле или не.

    Ако ја прашате баба ми, ќе ви каже дека живеењето кај момчето по верибата значело на време учење од свекрвата (снаата учи) како да готви и чисти по дома по нејзините правила. Ако снаата е некадарна, не ја земале, била недомаќинка. Исто за да избегнат да покажат црвен чаршав на чисти понеделник, младите живееле по веридбата и се правдале дека после „аирлијата“, а пред свадбата имале секс. Шо би рекла баба ми, колку е итра снаата.

    Години подоцна, ништо не е сменето, освен фактот дека младите имамт секс на прв состанок, а си ги тераат сите адети ко ништо да не се случило.

    Лично, јас си живеам со мојот партнер заедно од моментот кога сфатив дека 24 саати сме заедно, а на две места живееме и е сосема непотребано влечењето од еден до друг стан. Не ми требаше веридба, барање, прстења. Знаевме што сакаме, без за тоа да има помпезна најава со локалните свирачи и трошоци по дома, оти ете, решиле заедно да живеат и најпосле ќе имаат секс.
     
    На M&M, crazylady, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Како влегуваат во брак без да живеат заедно, не знам. Друго е кога си заедно со некој по цел ден и реално, како проба е. Таман да се види дали ќе може да се живее во заедница со свекорот и свекрвата, ако постоело како опција. или не доаѓа предвид.
    А треба да бидеш верена за да живееш со дечкото? Пошо еве, јас сум можеби верена, ама не знам. :D

    Има такви што ги знам, се верија за да можеле да живеат заедно. Според мене не треба никаква официјалност, лесно е: или сакаш да живееш заедно или не. Како што не значи ни дека ако живееш заедно одма се чека на веридба, па на свадба, па на деца и внуци. :D
     
    На Asparagus, vitamina, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Апсолутно нема потреба од такви работи. Ние се „веривме“ најмногу заради тоа нашите родители да немаат „проблем“, ако може така да се изразам, со остатокот од роднините (баба, дедо, нивни сестри и браќа, други потрадиционални нивни блиски роднини). Не е дека се плашиме од „етикетирање“ или што ја знам, ама ете, си постојат уште луѓе кои држат до некои традиции, а нам не ни се објаснува. Дедо ми, на пример, е ретко недокажан човек, тврдоглав, неразбран и да не редам уште епитети зашто ќе почнам да го навредувам, па заради ваква, за нас, „ситница“, нема да дозволам да и' ја вади душата на мајка ми. Еден вид компромис. Ете тоа, меѓу другото, беше поентата на нашата т.н. веридба (според мене, далеку од вистинска веридба со раскошни прстени, церемонии, терање обичаи и слично). Повеќе ми беше романтичен чин на искажување на веќе 100000 искажаната и покажаната љубов. Слично како кога ми купува букет цвеќе без никаков повод.

    Поента: нема потреба од веридби и свадби за да се започне заеднички живот, барем според мене. :)
    Штом постои љубов, доверба, разбирање, услови и желба - време е. Живееме во век каде нема веќе правила за ништо. ;)
     
    На Angelllla, Isabel, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    ^ добро да, ама ти си повозрасна од мене, јас сум се уште детиште.

    Ние па немаме такви проблеми, никој ништо не очекува од нас, освен среќно да ги завршам студиите и тој неговите додипломски. :D Така да, треба да се зеде и предвид возраста. :)
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Asiana

    Asiana Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Не гледам причина зошто да не живееме заедно. Јас веднаш после веридбата се преселив кај него и живееме заедно а сеуште не сме регистрирани. Свадба не планираме да правиме само регистрацијата со најблиските.
     
    На Golden Rose и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Сметам дека правење на една формална веридба со сите тракатанци и бабини зафати не е предуслов за двајца партнери да почнат да живејат во една своја заедница.

    За мене ова е сосема ненормално и многу ниско (ете карактер, таква сум) мразам да часкам и да ми се мотаат стринките тетките и вујните околу мене, се срамам едноставно од сите тие еуфории и бабините тракатанци и адети кои што треба да ги правам за да нели "отидам во нова куќа" и се удадам за човекот.

    Го разбирам и почитувам времето кога народот едноставно живеел и правел така, бидејки верувам дека тогаш партнерите живееле и се однесувале многу поразлично во една врска отколку сега.

    Сега и покрај сета приватност на располагање и долги години доживеани со некого ми е тотално безвезе "млада мома да земаме од дома" мислам незнам дали јас сум чудна или пак само Македонијава ни е чудна.. незнам.

    Јас сум највеќе за предусловот на еден брак партенерите најпрво да поживеат и доживеат свој дом и своја приватност, да согледаат дали би можеле да фунционираат заедно како целина, да ги согледаат сите фактори и фунционалности на една заедница, да искусат и поживеат будејки се еден до друг, за да сватат всушност дали си одговараат обострано за еден брак.

    Бракот не е шала, бракот не е лигавње в кревет и искажување на љубов, бракот е сериозен и клучен поим во нашиот живот, нова етапа со која треба да научеме да живееме и да фунционираме со нашиот најсакан.
    Всушност предусловот на заедничкото живеење е одразот на вашата брачна иднина, можеби ве бива за љубење и цимолење но не ве бива за другото, можеби не би можеле да си ги пронајдете и да соживувате со клучните обврски и особини на вас двајцата, можеби вашата компактибилност би ја немале и ред други фактори кои се клучот на двајца сопружници.

    Да така веридба ко веридба е формалноста за родителите (почитувањето на збор) , кој како милува нека прави.. нека живее, но сметам дека сепак дали вреридбата или посебно предусловот за заедница пред самата веридба е клучниот поим за бракот и за вашата понатаможна заедница.

    За оние кои се љубат и ја имаат "хемијата" во себе на било каков начин ќе си ги реализираат своите сонови и желби.
     
    На Glasna, Asparagus, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.200
    Пол:
    Женски
    Нема шанси после веридба кај него да се преселам. Одење на неколку дена да, ама преселба не!
     
  10. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Пошто сестра му и брат ми живеат во странство, па така еден јануарски ден сите на куп собрани,искористивме прилика да направиме веридба, најблиските кај мене дома,јас нему часовник тој мене прстен- такви ни беа желбите
    Уште вечерта си појдов кај него,можеби дека живее сам, и онака веќе подолг период викенди се селев кај него,па од финансиски аспект, да не фрлам пари за такси,вака беше најдобро,а и свадба имавме закажано во октомври,па сметавме дека така и ќе заштедиме пари
    скоро 4 години бевме во врска,а и јас 28 години ,не ми се седеше при мајка и татко:D
     
  11. Abril

    Abril Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Дефинитивнo НЕ зa преселбa.Oдење нa некoлку денa е вo ред.Иaкo е пoтешкo,еднaш вaму еднaш тaму aмa тaкa ќе се пoчуствувa пoимoт ВЕРЕНИ.
    Иaкo пoвеќетo девoјки денес излегувaaт невести oд куќaтa нa мaжoт,јaс ќе си oстaнaм oнaa сo "aдетите " и сoпствените принципи .
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Moja zelba bila da ziveam sama i izbranikot/decko isto.
    Ama toa bese pred vremeto i nikogas ne se sluci.
    Moeto dete go sovetuvam deka nema potreba od ziveenje zaedno.
    Najubavo e sekoj da si zivee vo svojot apartman, a da pominuvaat zaednicko vreme koga sakaat i kolku sakaat zaedno. Koga ke ti se zdosadi sepak sekoj vo svoj apartman.
    Toa e za mene eden ubav nezavisen zivot na eden mlad covek.
    Kaj toj sto prespiva ili se zabavuva ili me posetuva netreba da go veri ili sto ja znam kakvi obvrski.
    Jas sum za bez obvski, vo sekoja smisla na zborot. Koga sakas , kolku denovi sakas mini so partner/decko i pak dojdisi vo tvojot raj.
    Isto netreba da me prasa za nisto posto covek so napuneti 18god i po zakon e vozrasen.
    Akceptiram se, ne delam soveti, ostavam na deteto da resava.
    Greska si e greska, za sekogo razlicno. Najubavo si se uci od sopsvenite lekcii.
    Sekoe vreme nosi drugi promeni, negledam zasto mojte takanareceni "dobronamerni lekcii" ke ni pomognat na dvete.

    Jas mnogu sonuvav, ama nazalost sonovite ne mi se ostvarija. Na toa vreme da kazev doma ili vo drustvo sto bea mojte zelbi so sigurnost ke bev pogresno svatena ili etiketirana.
    Se omaziv od doma. Nemav moznosti ni eden den da ziveamm so mm (onaka da si ziveeme zaedno so celokuken inventar i obvrski eden kon drug).

    Poznavajjki gi mojte, nemase sansi da se ostvari nisto. Znam sto bi mi rekle.
    Ednas duri se zacudiv kako izreagira majka mi koga i kazav ( na toa vreme, pred25god) deka mojata prijatelka e majka vo vonbracna zaednica i resi da si go rodi deteto. Majka mi ripna od stolce ja ispobaci i i dade zeleno svetlo.
    Seuste mislam deka ne bese toa mojata majka, uste ne mi se veruva.

    Kako bi reagirala ako jas toa go napravev?
    Neveruvam na ovaa reakcija.

    Mojata majka e sega 70god. zena i koga ke se vidime planiram da ja prasam.
    Sakam da go znam nejzinoto mislenje po ova prasanje.

    Ednas si sedime taka jas so mojte bratucedki, sega veke mazeni so deca , majka mi i detevo i ja prasuvame mojava nekoj provokativni prasanja. Ona nesto ke kaze i nie aplauz, jeee, demek za razmisluvanjata. Ja gledam majka mi ne imitira ama so zadocnuvanje, sakam da kazam ni najmalku ne i bese do aplauzi i jeee, ama taka ne sledese. Kao igra emancipirana baba.:lol:
     
    Последна измена: 20 октомври 2016
  13. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Да сум за по веридба кај момчето и неговите чисто да се запознае подобро со нив и ако е поискусна да опипа што луѓе се и што ја очекува таму, зошто верени не се земени има време да се премисли. Постои и ваков пример со прилично позната пеачка од македонскава естрада што се покажа како успешен,по 2 години веренички живот со момчето и неговите си замина,потоа се омажи за друг и убаво живеат заедно со 2дечиња.:clap:
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  14. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    И јас така мислам да се опипа теренот прво. Јас не би се преселила оти практично живеам кај него, ама сепак убаво е да видиш како ќе функционираш долгорочно..
     
  15. ariana77

    ariana77 Нов член

    Се зачлени на:
    6 март 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интересира дали знае некоја дали има врска да се чека годината на некој починат па да се прави веридба и дали важи датумот кога ќе се прави годината или датумот кога е починат?????
     
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.043
    Допаѓања:
    21.678
    Пол:
    Женски
    Јас си дојдов после свадбата. Не ради нешто посебно. Едноставно така сакав.
     
  17. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Јас после веридбата отидов да живеам кај мажот ми, ако чекав свадба уште немаше да живееме заедно. Од веридбата помина 1 година и 6 месеци, свадба немаме напраено, ама се надевам ќе биде и тоа. Инаку се регистриравме пред 1 година односно 6 месеци по веридбата.
    Не ми е желбата како порано за голема свадба, поголема ми е желбата за широк бел фустан, да се видам како невеста.
     
    На Cinderfakinrella и slim123 им се допаѓа ова.