Кај прочита дека ѝ викам да не оди, читате ли нешто или само ви се сонуваат работи? Жената не смее, законски, само така да се разбуди сабајле и да реши дека сака да оди некаде сосе деца без согласност на мажот, толку. Дали ѝ се допаѓа тоа, дали било кој од нас се сложува со тоа, не е важно. Децата имаат двајца родители кои немаат избор освен да се договорат. Јас моите деца ги оставив во "странство" за да одам во друго "странство" и да заработувам. Тоа не е опција за неа? Или да заработува мора само таткото? Ако толку се грижи за децата и нивната иднина, може да засуче ракави и да им ја обезбеди, штом се натегаат и не кадатни за компромис.
Каков компромис по развод? Да имало компромис ќе сме биле уште во брак. Знам дека не може да ги земе, твојот коментар беше дека неумесно било нејзиното прашање. Зашто неумесно, сака да се и формира. Ако тој бил толку кафарен, ќе обезбедел за децата или двајцата ќе оделе во странство. Ама нејќел.
Аман со тоа странство. Човек што е кадарен може секаде да се снајде. Знаеме ние кој го издржува семејството? Знаеме кој носи плата дома, кој плаќа кирии, сметки, кредити, имот, било што? Мора да живее у странство за да биде "снајден"? И не се збори тука за мојот или твојот развод, туку за нешто сосем друго, а тоа е отуѓување деца.
Не знаеме се само тоа шо пиша, колку шо пиша, но кажа дека овде никој не и помага, јас тоа го сфаќам она ги гледа децата, кај неа се, мал е тој терет, па не е се за парите шо ќе ги дават мажињава со две деца сама мајка да ги гледа, а при тоа цела нејзина фамилија е во странство, а можат да и помогнат.
Ако се, жената си праша. А ти го потврди моето мислење дека за странство викаш аман з адруги, ама з асебе ако. Па и ти и децата сте биле во странство. Зашто не останавте тука тогаш. И нема потреба да е објаснуваме, само кажав дека жената си праша нормално прашање. Сфатила дека не може да оди и крај. Што понатаму.
Моите деца се родени во странство, татко им е странец, не ни зборувале мкедонски и јас да ги земам да ги влечкам со мене само зашто мене ми се сака да живеам со мајка ми и татко ми, а не се сакам со маж ми? Сериозно ова ме прашуваш? Прашањето не е нормално, одговорот е дека е кривично дело, самото тоа треба да ти биде знак дека не е океј прашањето. И да повторам темата не сум јас, моите деца и мојот развод.
Да те потсетам дека ти провоцираш со прашања ( кои не се тема на муабет), многу цинично и тоа, "зашто не останавте тука тогаш", па кога ќе добиеш одговор, уште поцинично ќе возвратиш. Ама ете, нек си стои.
Овде ќе ги гледаат двајцата родители, како и досега, без разлика што се разделени. Пак се вртиме во круг со таа помош од баби и дедовци која очигледно е субјективна. Ако бабата и дедото по татко помагаат, таткото е несовесен, негрижлив и неспособен. Ако бабата и дедото по мајка чуваат дете, тоа е во ред, па дури и приоритет, пред самиот родител - татко.
Може не помагаат, не знаеме какви му се односите. Може ни таткото не е толку вклучен. Жената си знае најдобро ко ќе пише нешто поконкретно ќе знаеме.
И да не помагаат, родителите се тие кои ги гледаат децата, тоа е приоритетот. Општо зборувам јас, за сфаќањава наши околу грижата за децата. Колку нема објективност према мајката и таткото како родители.
Па како инаку ќе биде жена, мајка, краљица, беспрекорен, безгрешен и најпожртвуван родител ако не се унижува другиот? Никако.
Колку смее татко да ги гледа децата кога се разведени а цел терет е на мајката.?Таа сама пиша дека нејзините можат многу да помогнат, може затоа шо не го добива истото од страна на маж му и неговата фамилија, и е сама тука со децата.
Па е мајка и кралица и се дури си ги гледа децата со цела енергија во оваа држава, останува за нив само тука а има многу шанси да имаат подобар живот и не бега од одговорноста, но е врзана тука.
Ќе искочи на крај децата сироти во шупа живеат, на семафори просат, па мора да се спасуваат и глеј чудо, единтвениот спас е странство. Нема родители што хранат фамилии во Македонија, што бараат алтернативи, што работат три работи, не, нема. Ич бе не смее, само краљица кога ќе каже и нејзината фамилија, деца се лична сопственост, маж е само донор на сперма, каков татко какви бакрачи. Зашто прашуваш такви прашања Како дојде до овој заклучок? Ти ова пишуваш само со друг профил, или си погодуваш? Во странството што толку ви е мерак да го зборите, за клевети вакви се оди на суд и се плаќаат солени казни.
Од една страна цел терет бил на мајката, од друга не ги даваат децата таткото да се грижи оти не се грижел ИСТО колку неа и нејзината фамилија И јас сум жена, ама овде не можам да ги разберам жените. Среќен 8-ми Март, by the way.
Сериозна ли си со муабетов?! Немало компромис, оти сте биле разведени?! Значи, војна!!!! Шо ќе праам муабет со тој, сум се развела веќе, сега ќе војуваме. Разбира се, преку детето!!! Јас сум најмајка, знам се и можам и смеам се, таткото освен за алиментација, за ништо друго нема право да се меша!!!! Не дај боже да сака да ги гледа децата или пак САЧУВАЈ БОЖЕ да сака да ги земе во странство!!!! Па, тоа голема ќе биде!!! Ама затоа, краЉицата треба да се советува да си ги земе децата во странство (божем лична своина се) и ич да не и е гајле!!! На децата им требаат двајца родители. Разумни, ако може Културни Неосветољубиви итн...