Па не можеш да знаеш колку и како се посветува на децата, тоа ќе се дознае ако пише мајката, јас не си погодувам пишам од тоа шо е веќе кажано, дека ќе има повеќе помош да е таму во странство. Секој втор викенд или колку и да му следува, не знам за разводи, а секој друг ден се со неа, значи и може тоа таткото за цел инает да не и ги дава шо не значи дека се грижи за нив, туку законски дека може да оди на таа карта.
Секој втор викенд или колку и да му следува??? Тука е проблемот. Што на татковците (најчесто) им следува(/ат трошки), дури и кога се работи за најгрижливите и посветени татковци, а мајката ("владетелот") е секогаш незадоволна од сечија постапка на таткото. Како и да вртиш, таа никогаш нема да е задоволна од грижата на таткото и најчесто таа е таа која тера инает и се одмаздува преку децата. Мислејќи дека им правите добро на децата, многу ги оштетувате и тоа во најкревкиот период на градење на карактерот и емоционалната стабилност со тоа што сметате дека еден родител им е доволен на децата.
Нема права таткото во нашата држава од лично искуство ти кажувам, ептен со исклучоци ако мајката не е спретна може тогаш таткото да се смета дека постои. Во врска со темата треба да даде согласност на нотар дека дозволува децата да дојдат со тебе во странство до тогаш подобро би ти било да не одиш за џабе оти службено ќе ти ги вратат децата тука а може и да ти ги одземат. Ако е разумен родител, и ако му покажеш дека си снајдена таму со смештај градинка и дека условите се подобри од овде за децата да имаат подобра иднина би требало да е идиот да не даде согласност. Жално е кога поради детско однесување на партнерите страдаат најневините во ситуацијата а тоа се децата.
Исто и на тебе, не се татковците само за на хартија, туку колку вистина се посветил на децата,не само да постои како татко туку да биде тука за нив колку шо може повеќе да се вложи да биде присутен. Така да кога не знаеме доволно е тоа шо го коментираме. Ти имаш друг став јас друг. Знам дека законски не смее, но колку е законот праведен за двете страни не знам. Јас би сакала дури и двајцата да се посветат за децата, во никој случај дете не треба да е само со еден родител, но некогаш едниот родител и како да го нема ама заради законот тоа е што е.
Јас ништо не претпоствив, одговорив на прашањето "како да одам у странство со децата" , а одговорот е никако без согласност. Ти упорно коментираш дека едниот родител како да го нема, законот не е праведен, татковци на хартија, колку вистински се посветил на децата? Гледаше у карти и знаеш со сигурност дека таткото е проблем? Или ти имаш некаков проблем со фигурата "татко" па сега во секоја ситуација мора таткото да е вештер, а мајката злато.
Јас пак не прочитав дека таткото е добар и се грижи и децата многу го сакаат и како да одам? Јас на тоа би рекла седи тука гледај за децата кога се среќни со тато и мама ако се разведени или оди сама во странство и решен ти е животот. Но рече дека повеќе ќе има помош таму во странство него ли тука.Повторно прочитај како е пишано.
Ама ние тоа не можеме да го знаеме. Помош во превод може да значи, има кој да мисли за све, да не морам јас да се мачам. Жена што при развод размислува да си ги носи децата у странство и очекува да биде по нејзин ќеиф, сигурно нема да го фали мажот со кој е во развод.
Мислам дека не ве праша жената дали чинело во државава, дали било во ред да се двојат децава од таткото.Таа сама си е свесна дека на децата ќе им фали татко им, сите моменти поминати заедно. Но сепак одлучила да не си го прави животот пекол овде , и од двете зла го избрала помалото според мене. Затоа не солете памет да не си одела , да не се разведувале. Како жени на чешма сте значи. Дали воопшто знаете колку чаши се прелиле досега за таа да се одлучи за развод? Таа најубаво си знае. Бара да и кажете од правен аспект како е изводливо да си ги земе децата, ако знаете пишете!
Аии со извидници, не те мрзеше да ги ставаш сегде? Се надевам дека си најмајка, жената постави нормално прашање, ете и кажавте дека не смее да ги носи надвор и крај. Луѓето, општо, не се разумни туку себични, не се културни, ова е се уште Балкан, а осветољубива никогаш не сум била. Ако он бил неспособен за брак, не требало да се жени, ме еднаш, не двапати. Тоа и нему му го реков. Секако, детето го користи за да ми се освети, му кажува дека сум лоша и никој не ме сакал. Да можев, би фатила усвет, да, само заради него.
Кои се тие најгрижливи и најпосветени татковци, да видам да не верувам. Ни мојот татко бил ни мојот маж. Не знае да го избања детето, не знае супа да му направи, му става телефон на маса за да јаде. Тоа е грижа? Па не па да го заспие, да стане навечер за у вц, да го разбуди, барани, облече. Ма дај. А тек па за у школо.
Кој ја советуваше да не се разведува, каде? Од правен аспект не е изводливо никако да си ги земе децата без согласност од сопругот во развод. Не може ниту граница да премине сама за да оди на одмор без папир потпишан од сопругот, без разлика дали е сегашен или бивш. Значи тоа се трите опции: отуѓување, договор или да остане тука. Или да му смести клечка на бившиот за да изгуби родителско право, па тогаш раат нек си шета кај сака.
Еве ги, мојот татко и мојот маж, иако е бивш. Тоа што тебе не ти се погодило, значи сите се исти како твоите? Зашто уште зборуваш за себе и проектираш ситуации кај другите луѓе, што ти е целта??
Не те коментирав тебе. Не проектирам, ја разбирам жената зашто тоа прашува. Зашто луѓето се разведуваат? Од што им се погодило? Свашта.
Проектираш, како не. Единствената причина за развод е мажот, сигурна си? Никој не го спомна разводот, ниту одлуката за развод, туку фактот дека деца нема изнесување без согласност или без договор. Ти би му потпишала на маж ти да ги носи децата усвет?
Ги има, и покрај тоа што ти си ја немала таа среќа да ги запознаеш. И таткото на нашите деца не е од најгрижливите, морам да признаам, ама се труди колку знае и умее и има целосно ПРАВО И ОДГОВОРНОСТ да се грижи за нив колку и јас.
Мојот сопруг прави се ова и повеќе. Едино малото не заспива со него зошто ги игра сите на мал прст и не може да го успијат а јас сум строгата дома и затоа само со мене заспива. Инаку вчера додека пиев кафе со кумата детето он го избања, им мие заби, им спрема јадење, ги шета, ги игра, ги облака, ги соблака, ги анимира, учи со нив, истото го прави и кумот и верувам истото ќе го прави и зетот и сите кои ги знам околу мене. Веројатно имам таква да речеме здрава околина. А татко ми никогаш ништо од ова не правел. Во една ситуација одевме на екскурзија, мене мајка ми ме спреми а татко ми купи се што е потребно за едно девојченце чив татко работеше кај него како чистач, за мене не му текна едно сокче да купи, а камоли повеќе. Додека не сфатите дека разведувате брак не родителство, нема напредок. Тешко е за децата оди ела цело време, ама факт е дека децата треба и мора да ги гледаат двајцата родители подеднакво, се разбира доколку таткото (ова под услов мајката да е таа со која живеат, во спротивно мајката) е човек кој е разумен и нормален.
Mojot maz e. I gi banja, i im gotvi, i stanuva noke, i gi zaspiva, bukvalno se od koga se rodedni sekoj den. Ako ti neznaes za takov ne znaci deka ne postojat.
Мојот не ми потпиша ни пасош да му извадам за на море. Љубоморен? Себичен? Не знам за жената, ама да, ќе треба да побара дозвола од Социјално.
И јас мислев дека е нормален, ама сега не дава пасош, кажува на дете од 3 год дека мајка му е лоша и никој не ја сака. Да бил нормален ќе сум седела со него, таму ме малтретираше мене, сега го малтретира детето. И ја би фатила усвет.