Преселба со деца во странство при развод

Дискусија во 'Брак' започната од Indianka, 1 декември 2024.

  1. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    3.944
    Пол:
    Женски
    Супер, реткост е, баш дека е Балкан, прво се со мајките, после очекуваат они да се подмирени, а децата, па на телефон нека седат. Мило ми е што слушам позитивни искуства. Последно вчера завчера и на вести кажаа дека разводите се во пораст. А баш поради тоа се разведуваат, дека не се грижат подеднакво и двајцата родители.
     
    На Anyshka, Mother of 2boys и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    8.854
    Пол:
    Женски
    Толку е тешко да разбереш дека не се зборува за тебе? Дека ти ако имаш искуство такво, другите имаат поинакво? Гледаш дека упорно проектираш, и после негираш. Не знам више како да ти посочам, не е само твојот пример, не постојат само лоши примери. Како сама со себе муабет да си правиш, врти сучи, на твојот развод го враќаш муабетот. И не, нема врска развод со изнесување дете надвор од граница, тоа го прават и тие што не се разведени, каде и да отидеш ти бараат папир за согласност на другиот родител, што е сосема логично.
     
  3. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    3.944
    Пол:
    Женски
    Каде е членката да каже за што се работи?
     
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    8.854
    Пол:
    Женски
    Како јас би знаела каде е членката? Очигледно ти треба некој да го валидира тоа што ти си го искусила, океј е, се надевам имаш некоја поддршка пошто некако си надвор од контекст и сама со себе. Со среќа :l:
     
  5. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    3.944
    Пол:
    Женски
    Се зафркавам, се најдобро
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.986
    Допаѓања:
    9.339
    Пол:
    Женски
    :rofl:
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.251
    Допаѓања:
    107.559
    Пол:
    Женски
    Мислам дека си преокупирана со моментот развод! Жено те малтретирал, си се спасила, така гледај на тоа а не да го мислиш. Заборави го и крај. Ако не се слага социјално е тука, ќе извадиш преку социјално и готово. Секој муабет ти е разводот и себесожалување. Да, тешко е, да не е баш наједноставн да бидеш сам родител и да поминеш низ ова, ама сама си го избрала човекот и сама мора да поиминеш низ тоа, колку год да звучи тоа лошо, нападно, сите сме сами одговорни за своите постапки. За неговите не си, да те малтретира тебе и дете, затоа со време си се тргнала и прослави го тој момент а не го мисли толку многу. Поминало, готово, не го мисли, труди се со детето да му објасниш како стои работата и толку. Како гледал деца, така гледал, кај пишува дека е твоето правилно, баш пред некој ден имаше една србинка која на оваа тема зборуваше на еден поткаст, вика Еднаш вика решив да имам ден за себе, се раскомотив, си нарачав вечера, се облеков комотно и гледав серии, направив третман на лице, набројува што се правела, а тата вика ги однесе децата на езеро некое, ниту понел со себе крем за лице, ниту храна, јаделе тоа што им дале луѓето, не понел резервна гардероба, дојдоа мокри, ама децата вика беа среќни, задоволни и ниеднаш не му реков Што си направил? И тоа е поентата, премногу се глорифицираме самите ние и нашето одгледување на децата, нашите начини, нив ги тргаме на страна и не ги вклучуваме, и затоа ни се дешава ова. Гледај ги во Америка, татковци врзуваат пунџи, како така, врзуваат, спремаат деца, мајката спие, зошто да не спие? Вика он секако оди во теретана, ќе ги џитне во градинка, дали се во тон облечени или не, не е важно, важно ќе ги однесе и тоа е за поздрав. Јас морав да го оставам големото само со татко му на негови 2 годинки, почина татко ми, морав да одам пред да почине да го видам, а само што се вратив дома почина и следниот ден пак назад. Една недела он бил сам со татко му, како се снашле, не знам, се снашле. Втор пат ги оставив сами кога отидов да раѓам, знаеш каков беше кога дојдоа по мене во болница, облечен ко да е надвор Сибир, па што дека, среќно било детето и тоа ми е најважно. Да не бегаме од темата, татковците итекако знаат да се грижат за децата, треба само да ги оставиме, можеш да му посочиш да не седи многу на телефон, да не легнува доцна, заради неговото здравје, а што јаделе и колку и како, не е важно зошто за 2 дена ќе си дојде дома и нема ништо да му биде 2 дена ако јаде само пица и мачкано лепче.
     
    На Anturium, tina2018 и zuto им се допаѓа ова.
  8. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    3.944
    Пол:
    Женски
    Оо посочено за телефонот секој ден, оставено да се грижи, ќе го прошета и ми го враќа за пола саат. Ама не е проблем детето, проблем беше што не се договараше со мене, сам си планираше. Фала ти, ми значи твојата поддршка. Еве го пуштам и не се нервирам. Толку, готово, крај. Бескрајно благодарна.