1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преспивање кај дечкото/девојката дома

Дискусија во 'Врски' започната од SuperGirl24, 11 април 2013.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Заради неодамна развиената дискусија за оваа проблематика во темата Снаи и свекрви решив да ја отворам темава и да ги разгледаме различните мислења.

    Некои од мислењата во таа тема можат да се префрлат во оваа тема и тука да дискутираме за овој "проблем" без притоа снаи и свекрви да се полни со офтопици.

    Нормално ако некој од администраторите смета дека темава е непотребна слободно може да ја избрише.

    Кој е вашиот став во врска со оваа проблематика? Дали ги поминувате ноките кај вашите партнери,или на крајот од вечерта секој си заминува дома? Дали сметате дека е во ред овој тренд на младите да остануваат да преспиваат во туги куки кај своите дечковци или девојки?
     
    На candygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    според мене ок е да преспие тој кај мене или јас кај него доколку сме во врска а за мувње па ти чејвнало остни е така не!јас сега сама живееам и има дечко тој кај мене спие кога ке посакаме и двјцата а јас кај него не мислам глупо е кога е полна куќата и ти сабјлечки стнувас одиш на пр во тоалет и се сречаваш со неговите мене глупо би ми било!
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  3. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    37
    како што рече candygirl** нормално ми е дечкоми да преспие кај мене..ама јас кај него не баш.
    башка он има помалку "обврски" иде до тоалет на брзина и пие кафе и тоа е утро за него..а за мене тоалет значи саат време средување, кафе и појадок...
     
    На candygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ?Секако дека би преспивала јас кај него но тој кај мене малку ми е глупаво :?: , одобрувам секако за девојките кои се во подолга врска (тоа и го прават ) сосем нормално е според мене , а за потребите на нас девојките пример повеќе време во купатило па чистење лице , вадење шминка ритуали што секоја девојка ги има ќе си ги скратиме малку побрзо секоја го може тоа :^)
    сосема е во ред овој тренд и го почитувам , не треба толку да сме полни со предрасуди (што ке каже Рајко -Стојка ) леле спие кај него не му е жена по баба ми знам таа велеше ете доаѓаше кај него не ја зема за жена тоа време помина !! и добро е што помина.... :|
    само уживање секако со вистинска личност . :) :)
     
    На sercee и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Јас овој проблем не го осетив баш бидејќи лошотилакот мој мил сам си беше во станот. Но сепак моето опуштање и останување кај него за преспивање тешко врвеше. Моите не дека ми забранувале ама јас од почит и срам си се враќав секогаш дома. Било да е во 3 после полноќ или 5 ранобудно.
    После година ипол се опуштив и некогаш преспивав кај него бидејќи бевме сами и на никој не пречевме. После некое време одлучивме и заедно да седиме. И сега си спиеме заедно постојано. Многу нормално. И ја имаме најголемата слобода и независност. Малку тешко беше на моите да им се објасни како не е ништо лошо да се има зеднички пред зивот со дечкото ама пак во ниту еден момент не ми се закануваа, ниту ми викаа и ме караа.
     
    На orevka, Doozy и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  6. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Големо НЕ од мене за преспивање еден кај друг.
    Многу сум против тоа иако пред 1 месец ми се деси да заспијам кај него но сепак во 6 сабајле скокнав од сон за да ме однесе дома сепак на крај.
    Сепак мислам дека ако ви е судено да спиете заедно имате време кога ќе се земете ќе си спиете.
    Плус тоа е големо непочитување кон родителите ваши ( се извинувам на некои феминки ако на нивните родители ова не им пречи), а и не треба да го занемариме мислењето на неговите родители за Вас откако ќе дознаат за тоа преспивање.
    А за тоа кога нема никој дома донекаде ми е ОК само еве лично јас ако кај дечко ми дома нема никој јас дома морам да ги излажам дека ќе спијам кај другарка па да појдам кај него.
     
    На Shnolkicka kiki, jasmin4e665, shy94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    donna.17 :) значи сепак ако нема никој дома ти ќе си спиеш кај него , тоа е во ред , не ме разбирај погрешно но имам другарка 25 години и 3 пати неделно си спие кај дечко и од причина што и двајцата си работат од утро до мрак и си го посветуваат тоа време на себе , јас не го оспорувам твоето мислење но мислам дека тоа со почитта кон родителите нема врска доволно си возрасна и ако си доволно време со дечкото ете ќе се случи некогаш да преспиеш :) :) нели мислиш дека поголемо непочитување е тоа што ќе ги лажеш дека ќе спиеш кај другарка па они да знаат дека си таму кај што не си ? :| но добро секој си има сфаќања . поздрав :hai: :hai:
     
    На piksooki, Lolo5, sparklie и 2 други им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не би преспала кај него дома никогаш , би ми било срам од неговите родители а и моите не би дозволиле , иако сум 23 години кога сум дома си почитувам ред , и за викенди доаѓам најкасно во 2 часот . Не дека има полициски час дојди во толку и толку . Туку нивен дом и јас ги почитувам нивните правила .
    Дури и моите да не се дома , јас не би отишла да спијам кај дечко ми , би ми било како непочитување на неговите , сабајле може и кафе да им сварам :^)

    Значи во долги врски немам ништо против , но не во куќа каде што живеат родителите тоа е веќе претерано зближување а и повозрасните различно ќе си го протолкуваат .

    А додека бевме студенти со дечкото , чат пат си преспиваме еден кај друг , ама тоа ни моите ни неговите не го знаеа :D Посебно дека некое време живеав сама и ми беше страв да спијам сама :lol:
     
    На donna.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Ketrin.Moon Јас сепак мислам дека има голема поврзаност со почитта кон родителите. Не ја обвинувам ни другарка ти ни никој друг што напиша дека спиеле кај дечковците и тоа му е сосем нормално. Јас кажав дека мене не ми е.
    И еве ти мој пример. Дечко ми вози камион и некогаш кога е на пат се десило и 2 недели да не си дојде дома. И откако ќе си дојде јас по некоја нечија логика би требало да се преселам кај него дома за да се видиме и да си посветиме време еден на друг. Нормално дека ќе појдам и дека ќе поседам до покасно, ме фаќало и 4 и 5 по полноќ, ама не сум си дозволила да останам на спиење кај него.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    Секако дека е во ред да се преспива кај дечко бидејки на тој начин остварувате поголема блискост можете на раат да имате секс, и да видите дали си одговарате на интимен план бидејки едно е секс на брзина а друго кога ке легнете на раат ке се раскомотите. Јас сум преспивала и кај дечковци и кај оние кои ми биле за една вечер. Секако на моите не сум им кажала туку сум им рекла дека ќе преспијам кај другарка. Додека за другата варијанта дечко кај девојка незнам моите се многу строги во тој поглед и јас не би можела да си замислам да во едната соба имам секс а во другата да бидат моите. Како што реков моите се многу патријалхално воспитани за нив не доага предвид ниту секс пред брак. Моите посебно мајками е убедена дека сеуште сум невина и често ми дели совети околу тој почеток на сексуалниот живот да не сум се плашела ова она.
     
    На Venera.13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    секако јас сметам дека не е погрешно ниту моето ниту твоето , за мене е во ред девојката да преспива кај него , но и да го одбегнува тоа бидејки си има такви принципи
    да се разбереме родителите се почитуваат со наши постапки и секогаш треба да се покаже почит
    но не секоја девојка што ќе остане кај дечкото до 5 наутро има можност да се враќа па нема кола ова она и слично , блискоста ја оставруваат некои на тој начин , можеби и јас ќе правам како тебе од проста причина полна куќа луѓе нема место ова она па и твојот начин ми се допаѓа , но нема ништо погрешно и да си преспијам чат пат :) :)
     
    На donna.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Јас и да сакам не можам.Сепак заради мојте пак...Бидејки врската ни е тајна.Се гледам секој ден и секогаш кога сум кај него најкасно седам до 1 по полнок.Фала богу не кај неговиот стан ...Ние си имаме посебна гарсонјера.Сум седела до касно ама да преспијам нееее.Здравје понатака ....
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Млади девојки не оправдувам на 16-17 да преспиваат кај дечковци. Еве јас имав дечко кој имал долга врска со девојка која е шмизла, и таа од 15-16 спиела кај него, он кај нејзе. Ама тоа им било дозволено затоа што мајак и си го тера бизнисот, а татко нема. Преспивала кај дечко за да извелеч корист, да и купи облека, да ја дотера, да ја нарани и напои што би рекле. И јас кога се фатив со него ми збореше дека веднаш сме требале да се зближиме, тој кај мене или јас кај него. Не оправдувам посебно толку млади да се опуштаат. Тие не се зрели, нити па знаат што сакаат од животот. Ако е посериозна врска, да. А мене дечко што многу малку го знам, само што сме се фатиле и ми кажува да да спијам кај него, не ми се допаѓа. Може ви е смешно, ама ми треба некој период да видам со кого си има работа.
     
    На SparkyAngel и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Сум преспивала само кога бил сам, а и ретко да одев кај него па да останеме дома, значи стриктно кога ќе е скрос сам, и исто тој кај мене. Врската ни беше динамична, постојано шетавме некаде. Не го сакам тоа седење дома или преспивање ако се дома родителите бидејќи ми изгледа безвезе, сепак никој не гарантира колку ќе одите, се е можно, и несакам утре да бидам 1+ која ја запознале неговите, преспивала кај нив и сл. Иако е честа појава тоа преспивање, јас по природа сум срамежлива за тие работи и пред се незгодно ќе ми е утрото сите да седнеме на кафе и да се сретнеме. Факт е дека сексот е нормален дел, меѓутоа тој ме познаваше доволно добро и знаеше дека не би преспала доколку не е сам. Имам другарки кои преспиваат кај партнерите, имам и другарка кај која предпива дечкои, и за нејзините е нормално тоа, ама кај мене јас не би си дозволила да преспијам, а не па да остане кај мене тој додека се моите дома. Се е навика и според можности и ситуација. Ние од стартот затеравме со искачанки и шетања, и со тек на време стана навика и рутина тој начин, па да останевме дома филм да гледаме додека има некој ќе беше изненада, а не па да преспивавме еден кај друг.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Кој со здрав разум пушта девојче од 15 тина години да преспива некаде ? Мислам мене тоа не ми личи нормално јас кога бев 15 години излегување до 11 часот беше премија :D
     
  16. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    А дали до 11 часот неможеш да го направиш тоа што би го направила доколку преспиеш?
    И дали тоа значи дека оние што не преспиват, а се растураат се по поштени за разлика од ние кои ќе преспијат и можеби ништо нема да направат туку само ке се гушкаат. Нели некако имаме искривена перцепција на раотите. Значи ако се еб*ш позади школи по коли и сл и се враќаш дома до 11 сл ок цура, а ако тоа го правиш во хигиенски услови и како треба си курва.
     
    На Lolo5, Tashaa, glosipgirl и 3 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.228
    Пол:
    Женски
    А дали тебе ти е во ред да е сексаш со дечкото во соба додека неговите се во дневна? Тоа е нечив дом а не бордел и треба да е се има почитување.
     
    На eloves, jasmin4e665, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Не мора на оваа проблематика да се гледа само од аспект на тоа дали девојката која останува на пренокување кај дечкото е неморална и уличарка или не е.

    Еве јас имав пример каде мојот дечко постојано ме викаше да пренокам кај него,но тој со неговиот брат делат иста соба.Ако останев јас таму да спијам ке требаше брат му да спие на фотеља у дневна бидејки друг простор немаат.Трособен стан во кој едната соба беше за бабичката Бог да ја прости, една соба за дечко ми и брат му ( која порано најверојатно била спална соба бидејки спиеја двајцата на брачен кревет) и во дневна на тросед кој се спушта спиеа неговите родители. И сега зарем јас по секоја цена требаше да останувам на спиење таму да имаме цела нок цили мили да правиме ,а брат му кој го тркала нека се кости на фотеља?

    За мене не би било проблем да е сам или јас да сум сама па да дојде да седи кај мене,но сепак кога во таа кука живеат и други луге мислам дека не може така себично да се гледа на работите. Зошто да плакам такси кога можам да останам таму? Зошто да имам секс на термин од 8-12 кога можам да имам цела нок. Сепак за мене не е во ред тоа.

    Се сомневам дека некој има мислење дека девојките кога остануваат кај дечковците се курви и носители на некои такви погрдни карактеристики, но сигурна сум дека тие родители на дечкото повеке почитуваат девојка која има осет и знае дека после се треба да си отиде дома и да си легне во својот кревет,отколку некоја која грубо кажано како безкукник останува да им спие дома.

    Јас дури и преку ден кога на кафе сум искочена моите знаат да ми се јават и да ми кажат-Ти бре дете имаш ли кука да си дојдеш дома ,или планираш цел ден да го поминеш по улици, а не па кажам -Отидов јас кај дечкото да спијам не ме чекајте дома.
     
    На Sarahhhhm, eloves, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  19. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Sardinija21 А зошто во двата твои коментари цело време го ставаш сексот како причина за преспивање и одење и седење дома било кај дечкото или девојката. Значи во право си кога кажа дека ако сака некој да има секс нема да бира ни место ни време, но не се согласувам со тоа дека тие што спијаат заедно, спијат за да имаат секс на раат, за да се опуштат или било што, а како што сфатив ти баш тоа го кажа и како пример се стави себеси дека си спиела кај дечковците и кај оние што си ги имала за една вечер.
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.228
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: ја погоди темата во срж!!
     
    На mimiiiii и tessie им се допаѓа ова.