Јас досега не сум отишла кај дечко ми, ниту преку ден а камоли да преспијам. Не можам едноставно, не сакам уште да ги запознавам неговите, а камоли па во пижами со нив да седам утрото кафе да пијам. Страшно непријатно би ми било, а верувам и ним. Сметам дека се уште е рано (одиме 8 месеци) , а и моиве знам дека нема да ми дозволат да спијам кај дечко. Тој да остане да спие кај мене би прифатиле ако се нема како, мама сакаше да го запознае ама тато може и да ми се налути. Еднаш се случи да го испушти автобусот, па си остана кај мене во студентски. Дечко ми е, сигурно нема да му речам не може да спиеш кај мене, јави се на другарки оти ми е срам што ќе рече некој од комшиите или оти моите нема да знаат. Оттогаш останува понекогаш, ретко - само кога останувам сама и не гледам ништо лошо во тоа. Се гледаме едвај еднаш неделно или на две недели, и убаво ни е кога ќе си преспие. И не, не значи дека за односи останува да преспие. Сепак во студентски е друго, а во куќата кај родителите дома е сосем трето. Неговите знаат, само му се јавуваат да го прашаат дали ќе си дојде дома. Не оправдувам спиење кај мувачи посебно па на 15 години. Исто и кај такви за една вечер. На што личи тоа?
Со sleepover-от започнавме после година од врската, или година и пол незнам точно. Малку ми беше чудно, знаеш неговите по дома, па преоптеретување демек којзнае што ќе мислат луѓево, божем прв пат слушаат за сексуални односи и сериозна врска на двајца возрасни . Со тек на време се навикнавме, се зафркаваме нарекувајќи ги ДОМИТЕ наши и такви ствари. * не кажувајте на свекрва ми, **несакам повеќе дома да си дојдам, таму си сакам, со него, засекогаш! и да, сосема ми е нормално вакво нешто, мислам зошто да не? ако веќе сте во сериозна врска нема потреба од глупости како, се срамам од неговите, што ли ќе речат, кога-тогаш мора да ги запознаеш луѓето, што побргу - тоа подобро.
Вие не ме сфативте ама ајде не е ни битно. Ајде еден дечко да кажеме во врска сте 2 години според вас во ред ли е тој да виси постојано кај вас или вие кај него, цел школски распуст да го поминете таму, тие луѓе фактички не ви се ништо утре може ќе се земете ама може и не. Што ако со тој дечко раскинете по 1 година најдете друг и него ли така ќе го водите дома на преспивање постојано? И третиот и четвртиот и така се по ред. Епа може вам тоа ви е во ред ама мене не ми е. Немате поима колку од страна изгледа непријатно. Не е срамота да смениш 2/3 па и 5 дечковци затоа што подобро на време да ги смениш отколку подоцна да се расправаш со разводи и судови, во ред е и 2 од тие 5 дечковци да ги запознаеш со твоите ама овде се зборува за преспивање. Пред се сум срамежлива и неможам да замислам да се разбудам неа друго место, одам во друго купатило и седнувам на трпеза со нив да јадам а тие луѓе фактички не ми се ништо. Луѓето сигурно нема ништо да речат ако се работи за еднаш или два пати ама како конкретно во случајот што спомнав ако постојано види распустот е 3 месеци и сигурно сите роднини, пријатели прашуваат се верија ли, ќе се земат ли и што треба да се каже НЕ а девојчето нонстоп виси. И ова не е заостанато мислење или од турско ропство јас си кажав што мислам а вие сите и немора да се согласите со мене ама барем не се бунете кога незнаете од каде сум нема потреба ни да правите претпоставки дека сум од места кои се надвор од цивилизацијата. Ако вам ви е нормално 17 годишно девојче кое го водела бившиот на преспивање, другиот бивши му висела цел распуст ниту верени, ниту во брак значи зборам за 3 месеци таму спиење, јадење, бањање (раскинаа сега) и сега се мава со некој сосема трет за кој глава сечам дека и него ќе го донесе по 1 месец дома. Е ако вам ви е нормално мене не ми е. И не сум јас заостаната туку вие сте изгледа многу напредни. На форумот има и повозрасни членови па нека си кажат и тие свое мислење околу ова дали ви дозволиле нивните 17 ќерки да му висат некому цел распуст ниту верени ниту ништо. И се согласувам дека денес никој не влегува невина во брак но тоа не значи дека пред брак треба да се ... со кого ќе стигне и да го носи дома на спиење или таа да виси таму.
Еловес па ќе се заљубиш и ќе имаш озбилна врска па ќе видиш дека не е ништо страшно како што опишуваш од претпоставки и верувај дека нема да ти биде ни срам ни ништо туку тие луѓе ќе ги чувствуваш и како свои блиски. Значи зборам за сериозни долги врски. А дали на 17 или на 25 години го правеле тоа па и не е многу битно. Тоа што тебе од страна ти изгледа непристојно, некултурно и незнам колку неморално на нив им е многу нормално и си уживаат во слободата која им ја пружиле родителите и им дозволиле да си спијат заедно дома наместо да се пикаат по некакви сомнителни хостели и грмушки. А ако раскинеме и после со друг истото го правиме па да сме здрави и живи луѓе сме, се дешава, никој не ти гарантира па дека ќе бидеш козјнае колку среќна и засекогаш заедно со сопругот ако влезеш невина во брак и предтоа ниту еднаш не сте преспале еден крај друг. Едноставно врската се гради и на таков начин, се зближувате или раздалечувате со тоа преспивање едни кај други. Со тоа верење па што сте запнале лееееле што ќе кажеле роднините ако таа спиеле кај него, а не биле верени. Па од таквите си патиме, што не си ја гледаат ќерката што прави по колине на Водно, а за внуката од трета братучедка одма знаат да кажат. Која гаранција и кое одобрение ви е веридбата, демек после кажани два збора „се веривме„ се ти е дозволено, тогаш е ок да спиеш и да праиш се, тогаш нема да ти биде срам и непријатно?
Има разлика од спиење и спиење кај дечко. Според мене кога е тоа со осет е во ред. Кога се случува не многу често. Ете им се случило да заседнат, сакале да спијат заедно, не се од ист град, имале посебна вечер и за мене најбитно, условите кај дечкото да го дозволуваат тоа. Јас на пример можам кога сакам да преспијам кај дечко ми и никој од домашните да не го дознае тоа. Можам и слободно утрото во тоалет да си влезам, можам слободно со дечко ми да си доручкуваме и со никого да не се сретнам. Кога се има такви услови зошто ако сакаат да не спијат заедно? Ама да гледаш дека просторот е мал и со сила да форсираш да преспиваш кај него мене ми е некултурно. Не осудувам никого, и јас имам сериозна врска (иако не сум преспала кај дечко ми никогаш) и се согласувам со мимс за муабетот дека кога имаш сериозна врска поинаку ги гледаш работите и тие луѓе не ги чувствуваш како ништо да не ти се. И eloves тука се збори за веќе зрели личности над 20 и кусур години, а не деца од 17 години. Кај деца не ни оправдувам сериозна врска, а не пак преспивање еден кај друг. Не заради што ќе каже комшијата туку заради тоа што се деца. А тоа што ќе каже тетка, вујна, комшика мене лично не ме интересира. А и всушност што има да знае тетка му на дечко ми дека јас сум преспала кај него? Вие ако сте на прагот да влезете во фамилија во која сите приватни работи се изнесени на маса и точно и детално се знае кој, кога станал, колку спиел, колку време седел и сето тоа се прекажува на сите поблиски и подалечни роднини тогаш треба да си се преиспитате себеси прво, а потоа и убаво да размислите дали сакате да се официјализирате со тие луѓе. Она што јас лично не го оправдувам е 24/7 кај дечко без чувство за осет, небитно која возраст се. Секој треба да си го знае местото. Плус, има луѓе кои не сакаат цело време трета личност да им се мота по дома. Секакви карактери. Има девојки кои навистина забораваат дека имаат дом, а очигледно и родителите нивни забораваат дека имаат ќерки. Кај дечко спие, јаде, седи цел ден, секој втор ден, а иронијата да е поголема, сите се туткаат во две соби, кај за домашните одвај има место, па и таа секој ден таму. Срамота е. Мислам, тоа е некултура пред се', а мене лично и ми личи на апла наметнување, во стил аман земи ме за жена. Да не може да прдне човек на раат. Кој, каде оди, таа таму шлапната. Премногу, премногу одвратно ми е тоа и многу мразам такви карактери. Без осет. Цел ден таму. Па уште не влезена во таа куќа, ќе почне и домашните обврски да ги превзема. Готви, пере, пегла, чисти... Се внесуваат девојкиве, немаат попаметна работа.
Мене пак ова не ми е јасно... Прво викаш кај имаат секс тие парови што не одат еден кај друг, зарем се буткаат по ливади и шуми, не ти е разбирливо... Ама затоа ти имаш долга врска и никогаш не си преспала кај дечко ти. Сеа излегува дека сама се намести со прашањето дали и ти имаш секс по ливади Ама тоа не е темава, само сакав да кажам контрадикторна си Во врска со последниот твој пост посебно последниот пасус тотално се согласувам. Имам една познаничка, оди со братучед ми, во комшии ми е, девојчето нема ни 17 години, ако ви се верува повеќе е кај дечко и отколку дома. Станува од спиење и доаѓа на доручек кај дечко и. Овој станува од спиење и оди да доручкува со нејзините дома За преспивање и да не правам муабет... А почна да доаѓа кај братучед ми, после неполн месец врска. Насабјле станува татко му за на работа да оди, они се враќаат од излагање, се затекнуваат на врата, она си се поздрави и си влезе да спие. Си се понаша како да си е дома, мие садови, готви, му ги пегла на братучед ми алиштата, му ги пере патиките Мене вака од страна грдо ми изгледа, и од таа причина мислам дека нема да си дозволам такво нешто А што е најтрагично, на братучед ми мајка му и баба му постојано се жалат дека немаат мира од неа, дека цело време им се влечка дома, немаат ни простор ни приватност... Али тука ги кривам и родителите на девојкава. Ако она нема осет, треба они како родители да ја насочат да и објаснат. Они се понашаат како да немаат ќерка... Мене искрено не ми се допаѓа вакво нешто. Ако врската е посериозна ок, ама како бе месец дена одам со некој и да му се тупнам дома и да појадувам со неговите? За да бидам толку блиска со неговите, треба повеќе време да помине, барем според мене. Колку можеш ти за месец дена некого да го прочиташ каков е и што е? Зарем секоја врска што ќе ја почнуваш, кај секој така ќе одиш? Имаше така една со мене што учеше, абе секој можен дечко што го имаше од седмо одделение до сега, абе секој го носеше дома на ручек со нејзините, преспиваа кај неа она кај нив. И со сите одеше дали по три месеци. Кога ќе ја видиш така секој пат со различен не знаш ни дали и е овој дечко сеа, или па другар / братучед, не знаеш ни како да изреагираш Ако е сериозна врската одобрувам, ама ако зборуваме за врска од максимум два месеца против сум. Треба за се да се има осет... Наречете ме и примитивна и како сакате, мое мислење си е ова
Морам да преспијам кај дечко ми па за да имам секс? Секс може да се има секаде каде што дозволуваат условите и во БИЛО КОЕ ВРЕМЕ ОД ДЕНОТ. Не морам да преспијам кај него па да имам секс. Очигледно не си сексуално активна, па работиве не ти се јасни баш. Без навреда, ако грешам, се извинувам. Извадокот од мојот пост е сосема во друга контација напишан и за сосема трета работа, а не за преспивање. Многу добро си ги паметам постовите и конкретно тој пост е напишан за оние кои велат дека не сакаат воопшто да одат на гости кај дечко и не сакаат ни да стапнат таму. Е за тие е напишан мојот пост, а не за оние кои велат дека не преспиваат кај него. Требало цел пост да ми го цитираш, а не дел.
Епа да де, и тие што не одат кај дечковците, можат исто како тебе да имаат секс секаде каде што дозволуваат условите и во било кое време од денот...
јас имам врска веќе 4 години и речиси скоро 3 години одам кај дечко ми ама скришум ама не останував да преспијам, а 2 години веќе и преспивам по 3 до 4 вечери и тој преспива кај мене ама 2 вечери во година и се познавам со неговите и тој со моите и не е проблем, ама да бидам со некој 2 месеци па макар и 6 месеци во врска а да преспијам кај него или пак тој кај мене нема шанси не ми се допаѓа таа работа
А тоа нивното "секаде" каде е поточно? Во природа? На ливади? Во кола? Во хотели? На паркинзи? На Водно? Значи пак се враќаме на моето. Не би јас да се мешам за тоа кој, каде има секс ама ете ме наведе да влезам подетално, зашто мојот пост ми го изврте во сосема друга конотација.
Различни луге различни ставови и сваќања. јас кај дечко ми си спијам па макар он сабајлето бил на работа,ке си се наспијам ке си сварам кафе ке напраам ручек .... мислам нишо страшно моите ме знаат кај сум неговите нормално ме знаат како нивна керка сум.повеке сум таму одколку дома.нема нишо страшно да преспиваш кај дечкоти доколку се сакате и имате сериозна врска а не врска само за сексање.и он понекогаш ама мн поретко си преспива кај мене,па не сме мали деца а и израснавме заедно .
Имам долга врска стабила али досега немам преспиено кај него некако ми е непотребо има време кога ке спиеме заедно можеби сум старомодна али тоа ми е ту мач
Безвеза ми е честото преспивање кај дечко, или кај девојка.Па колку и да е озбилна врската, а денешната младина го прави тоа иако и не се во баш сериозна врска, некако ми е незгодно. Прво како ќе се појавиш пред родителите негови во пижами и разбушавена коса, и како ќе доручкуваш со нив, а не сте сеуште официјално во брак.Или како би можеле да имате секс, знаејки дека од соседната соба некој ве слуша?Ќе бидете опуштени? Најидиотски ми е кога девојката го носи дома момчето пред родителите нејзини дома.Или пак кога не се тука, и замислете доаѓаат ненадејно и оп..Имавме во комшии една, врти сучи оп дечкото дома.Се муваа, лапаа, драпаа во зградата кај што живее,сите ја гледавме.А на татко и нејзин срам му беше од дома да излезе, сите го зафркаваа за зетот. Сеа ако веже живеете сами, и повеќе прифатливо е, ама кога живееш со родители, никако.Во колку и сериозна врска да сум , никако не би преспала кај него дома, ако живее со неговите.
Иам спиено кај него, има спиено и тој кај мене, после 3 и пол години врска почнавме да преспиваме еден кај друг, така налагаат условите. И никој не се буни од домашните, никој не реагира, не глеа ништо чудно. Коа сме више преку ден цело време заедно, што мења едно спиење. И не се кријам, не преметкам очи, не барам глупи изговори ако некој дојде уште сабајле на гости и го начека кај нас да викам сега само шо дојде, си кажувам тука спиеше и крај.
заедно сме повеќе од година ипол сум преспивала кај него кога неговите биле напат, и исто он кај мене.. зошто да не?!
Сум преспала 1 , 2 пати за сегашниве 4 години и тоа кога немало никој во куќата, по непријатно би ми било од моите дома да кажам дека ке спијам таму отколку од неговите . Инаку за на гости таму сум секогаш кога сум слободна.
Неодамна се запознав со неговите и бев кај него, па со оглед на тоа што сме од различен град мораше кај него да спијам. Пред тоа кога разговаравме со него на таа тема му кажував дека ми е незгодно да преспијам таму на што тој се лутеше и велеше дека не треба да ми биде. И навистина, никој немаше проблем со тоа и се почувствував прифатено.
Преспиваме еден кај друг од причина затоа што сме од различни градови, тој останувал и по 3-4 дена а јас повеќе од два не можам, непријатно ми е.
Искрено, јас не сум ни размислувала на оваа тема. Кај едниот бивши немаше шанси тоа да се случи, небитно од која причина, а вториот беше од друг град така што секако дека преноќував таму. Значи, ако сте од друг град тоа е сосема нормално па и треба така да биде, сигурно нема да се враќаш дома вечерта по поминати само 5-6 часа со него. А ако сме од ист град мислам дека сепак не би одела да преноќувам кај него, можеби ако сме верени.