Јас никогаш не сум преспала кај дечко, а верувам нема ни да ми се случи, незгодно би ми било од неговите првенствено. Може да останам до покасно да седам, ама после ќе си фатам такси и накај дома. А дечко кај мене да спие, тоа па уште помалку. Колку и да сум возрасна, срам би ме фатило пред татко ми прво, па после и пред мајка ми. Имам другарка што има подолга врска со дечко и, она на пример спие кај дечко и, ама порано ќе отидеше и ќе се заборави кај него по три дена. Тоа според мене не е во ред, иако неговите ја немаат начекано по гаќи или такво нешто, секогаш била пристојна пред/со нив, ама незгодно е бе тоа, ко земени да се се однесуваат. Ај на страна се тоа дека е неубаво пред неговите, ама така настапува и монотонија во врската, од што цело време се заедно по дома 24 часа, ќе им здосади и од што немаат што да прават ќе почнат да се караат и после зашто не им било убаво.
Кога девојката со која што се гледам прв пат дојде кај мене и имавме секс (исто за прв пат), очекуваше и да преспие но морав да и кажам да си оди зошто сабајлето имав обврски од рано. Не знам зошто но истото неверојатно ја изнервира, искрено помислив дека нема да сака пак да се видиме.
Преспав кај него уште на првиот дејт, хаха Сега речиси како да живеам кај него... Повише сум кај него од колку дома.. На почетокот имаше негодувања од страната на моите, после па им беше малку чудно на неговите... Сега е супер!!
Мене ми е глупаво и незгодно да преспивам кај дечко, прво имам дома куќа, родители, второ од неговите, имам срам, чуство, не пак да седам некој ден. ЗА тоа има време, затоа постои брак, а и толку нон топ 24сати да бидам со дечко не сакам, нормално и дечко, ама имам и други работи во животот, не е само тој.
Кај едниот зошто беше од друг град така се случија работите спиев само два пати кај него.И со авотбусот во 8 сум си одела. Додека со тој другиот што ми беше врската 5 години ниту еднаш,тој се срамеше да ме носи кај него дома од оправдани причини. Не е ни битно сега. Но кај мене немат спиено ни едниот ни другиот. Не сакам да преспивам ниту да преспиваат кај мене но еете се случи тоа пто велев никогаш се случи два пати, но немав автобус и така се случија работите. Слушајте си го срцето. Ич да не ви е гајле што ќе рекле соседите и онака само озборуваат.
Имам еднаш преспиено кај него, но само бидејќи сабајлето требаше во 6 да одиме за село па да не кружи со кола натам навам да ме зима мене, си останав таму и толку. Онака кога седиме кај него си седам до 2-3 и после такси си викам и си одам.
Тешка сум за преспивање кај некого Ако живее сам или ако живее во куќа каде што шансите се мали да налетам на некого при излегување (од типот ходникот не гледа право во дневна) тогаш може да размислам.. Но доколку директива налетам на некого, тогаш ноу ноу.. А кај мене (моментално кај моите), нема шанси. Освен во краен случај, кога се мора.. Во другото мое немам проблем да преспие..ама сега го рентам, така да пак нема шанси
Имам дечко веќе 4+ години. Моментално јас сум во Скопје студирам, и тој е во Скопје работи. Сам живее и тука одам кај него да преспијам за викенди најчесто. Инаку кога ќе си одиме дома (од ист град сме), никогаш не сум останала да спијам кај него. Мајка му и татко му живеат во куќа, а тоа живее во стан дома. Значи можам и дома кога си одиме да преспивам бидејќи неговите не живеат во станот, но никогаш не сум го направила тоа. Едноставно ми е срам од моите дома, и сметам дека не е правилно. Седеме заедно во станот да, ама секогаш си одам дома. Исто и тој кај мене дома нема никогаш дојдено, а и нема да дојде дури не се вериме хаха. Мислам дека младиве во „модерново“ време забегаа малце со принципите и моралните вредности.
Едно големо НЕ! Дур се венчаме не. Имам стан, ќе си спијам дома. Бев за тоа, ама од кога видов што прави сестрата на мојата најдобра пријателка, верувајте не е баш убаво. Родителите тука, браќа и сестри тука и да шетам по ѓаќи или пижами нема шанса..
Кога бев студентка на почетокот имав дечко од внатрешноста и со тешко срце моите одобруваа да останам 2-3 дена (траевме 2 години ). Подоцна кога имав уште посериозна врска, не сакав да се ставам во непријатни ситуации дома, ниту неговите дома па прв пат дури после 3-4 години почнав да преспивам кај него и тоа многу ретко. Моите родители се прилично либерте ама кај мене не преспиваа дечковци. Сметаа дека таа работа останува за во брак, па дури и на 30 години имав проблем со мајка ми зашто почнав многу набрзо да преспивам кај дечкото (сегашниов сопруг). Ништо не ми бранеле и во ништо не ми се мешале, ама за ова никогаш неможев да ги разберам.
Еднаш една бивша ме праша дали може да преспие кај мене. И реков: извини немам екстра перница. Ептен незгодна ситуација. Ама не бев до толку гад. И дадов број од ефтин мотел у близина. После тоа ептен нешто беше зафатена со учење, со работа, со погреби, со фарбање на колата, куќата, велосипедот итн. и се заборавивме. Еве ја нема уште да се јави. Жени.
Не знам зошто тоа преспивање го гледате како шетање по гаќи и пижами пред неговите ?? Кој го праи тоа ? Во тој случај не е преспивањето проблем туку вашата некултура. Имам преспивано 4-5 пати , идеме 5ипол години и не гледам ништо страшно во тоа да останам наместо да си одам во сред ноќ. Не секогаш затоа што нема секогаш можност, ама зошто да не кога може Ме знаат неговите, сосема разбрани луѓе се и не гледам зошто да се праи толкава драма од ова кај подолги врски
@EvAngelos епа штом ти си лечиш комплекси и ја праќаш во ЕВТИН мотел, да не мислиш дека ќе дојде да ти се заблагодари што си ја пратил на многу јако место со услуга на нивоУ? Ниту јас кај него, ниту тој кај мене. Не гледам причина и потреба доколку сте од ист град. Ја не би фатила дечко од друг град, ама никако да разберам како не ви е непријатно да спиете под ист покрив со неговите родители? Уште фали да се сретнете во ниедо доба на ноќта на врата од вецето.