Немав пари у мене, требаше од банкомат да вадам, ама банкоматот е на 300 метри од кај мене, ладно беше не зезај кој ќе иде
Не значи ако не сакаш да преспиеш кај дечко одма светица. Не е работата за светица, туку секој си кажува свое мислење, свој став. И јас не би преспала, посебно од ист град , си имам куќа и родители.
Тука никој кај никого не преспива, а реалноста изобилува со примери кои го прават истото. Вие не сте реални луѓе или јас живеам во друга реалност... Има некој проблем, секако. Евангелос, немам коментар за твојот начин на однесување и изразување во случајов. ЕФТИН мотел. Мушкарчина.
Па среќа сепак била културна и со изговори те откачила. Мислим, околностите го прават своето, не знаеме ние овде каква е, ама според пишаново, комотно си заслужил штикла по чело и да те прати да се општиш где сунце не сија. Познавам доста ваква раја... проблемот им е што се мужи дури да дупнат, а после им фуфка отворено да кажат дека само тоа сакале, па настануваат недоразбирања. Невкусно, во секој случај. На темава, во блудниците сум, фрлајте камења. Втор ми е овој од друг град да е, па сме преспивале сегде, јбг... дури и кај другар негов, со неговите по дома. Така испадна, али голема куќа, родители хипици, најлабави на свет, јас поубаво во живот не сум си поминала. Битно е да се има осет и секогаш треба да се насети дали некому пречиме или не. Во мала куќа или стан, лично не би се осеќала пријатно да рушам мир. Ептен, ептен ако мора. Исто не би и на места каде знам дека би им било непријатно или не ме мирисаат баш. Посебно не да изигравам ко дома да сум... или не знам, по гаќи да ме виделе. Никој здраворазумен не шета така. За родителите не се секирајте. Знаат што правите со партнерот, па дали до 2 или 10 сабајле, не мења.
Секоја чест,дечко на место. Јас ни толку не би се трудела да и препорачувам мотел. Сама нека си најде. Се имам изјаснето предходно на темава, немам преспано кај никој ниту имам намера да преспивам. Ако е пишано да сме заедно, ќе го имаме цел живот да заспиваме и да се будиме еден покрај друг. До тогаш си го сакам комодитетот на мојот кревет па макар во него легнала и во 3 саат сабајле.
Не би спиела кај дечко дома никогаш, друго е да сум долга врска, и да знам дека ке биде, тогаш е во ред ама вака не..
И јас спаѓам во "светиците" после 6 годишна врска. Дечко ми е од тука, па не гледам причина да преспиваме еден кај друг. Кога сакам ќе отидам или ќе дојде во било кое време доколку има потреба за нешто. Прво ми е незгодно од неговите, работат во смени и уште јас да им се шуњам па чекај заби да мијам, чекај кафе да направам, чекај шминката ми останала.. Второ креветот е единечен а дечко ми како што спие немирно може во секој момент да ме истурка од кревет. Трето има време за заедничко спиење, допрва е цел живот пред нас (дај Боже). Да, сме преспивале кај друштво кога сме оделе во различни градови. Мада што сега и тоа гледаме да го избегнеме, да не правиме гужви и нелагодности за сите. Да сте од различни градови да разбирам викенд или неколку дена. А не по две, три недели. Имав ваков пример во фамилија па од таму како трауми да имам, исто како кај мене да преспивале.
ОК... Знаејќи колку е фин @EvAngelos - тешко ми е да поверувам дека така направил. Нека се изјасни дали беше на зезање кажано, затоа што стварно не верувам.. а сите го нападнаа
Македонска работа. Мал е да се одвои од дома, ама не е мал да фати девојка која на родителите ќе им ја носи во соседната соба.
И тоа само во еден правец. А плус 300 метри назад, тоа се 600 метри. Башка од кај да знам дека ќе ми ги врати парите што ќе и ги позајмам за преспивање у мотел? Со денешниве жени, никад не си на сигурно Абе затоа најдобро фати си женска бездомничка, бар нема да мора да ја испраќаш до дома
Преспивам и преспива. Сигурно нема да се шуњам по сумливи хотели ниту па во кола. Сам живее додуша ама не ми е проблем ако има потреба да се преспие кај неговите. Ниту пак на нив. Јас не живеам сама, ама тој нема проблем да дојде. Никој не се шета по долна облека, ниту се понаша несоодветно. Верувам дека постои такво нешто ама воглавно преспивањето не значи под дифолт "распуштеност". Брат ми кога се фати со сегашнава девојка, тој имаше 18, а таа 20. Идат 5 години. Од прв ден почна да ја носи дома и повеќе време поминуваше кај нас отколку кај неа дома. Сеа откако се преселивме во стан не доаѓа секој ден. Уште се деца и деца као деца се расправаат за глупости, буквално. Не ми смета тоа што таа доаѓа, туку тоа што таа редовно хистериша без осет за остали луѓе во близина, е тоа е некултура и нешто што јас никогаш не би си го дозволила во туѓа куќа. Еве неколку дена не е дојдена па тивко е. Иначе мислам цела зграда ја слуша. Уште и неам ништо речено не сакам да им се мешам, ма да тоа не е мешање.. ама еден ден ќе ми пукне филм, па ќе ги отерам заедно со брат ми у три лепе. Значи фина е, културна се со ред. Ама недај боже да е лута со брат ми.. хистеришање до немај каде. Или гледаат филмови по цела ноќ, па збори гласно.. се присмејува без осет дека има луѓе спијат, и дека глуво доба може и комшии да те слушаат. Мене тоа ми смета.
Изненадуваш со добар хумортаман си велам ајде глава на перница да си ставам, доста е читање, кога твојава изјава ме расониекстра перница НЕМАЛЛЛЛЛлл..абе иди бегајзафатена со погребишто работела бившата твоја баш ме занима, извини вака..офффффффф ќе пукнам Се си мислам дека уствари ти си се уплашил дека нема да те остави без сон, дека ке треба да работееееш, а тебе не ти текнуело