Секогаш сум спиела кај дечко ми до 4 или 5 часот сабајле.Ама овој пат бидејќи заедно славевме стара нова и кога стигнавме кај него веднаш заспавме...Дури во 9 се разбудив,ама предходно осетив како некој влезе во собата.И потоа мајка му му ѕвона на тел,многу тивко збораше,и дечко ми само кажа ајде станувај се успавме.Јас со мајка му се имам,ништо и немам згрешено ама мислам дека му кажа како да станам да си одам не знам зашо така мислам...Многу глупо ми падна,ама се успав прв пат,не напраив кој знае што...Дечко ми ми кажа да си одам за да не ми се налутат од дома ама мислам дека мајка му така изреагира а не знам како да го прашам....Дали е глупо сега да продолжам да идам кај него или...Многу лошо се осеќам.
Не се замарај со неа. Може нема врска и само така ти изгледа. Ми се нема лично случено ама имам чуено за некои примери каде мајкиве на машкиве така негативно реагираат на носење женски по дома, преспивање и сл. Многу поштени се жените, најверојатно се срамат од комшиите да не речат дека синчето им е лесно оти носи женски дома Шала на страна ама мене тоа ми е чудно, можеби дека не сум навикната да си имам работа со некои такви негостопримливи намќори. Мене лично не ми е некако пријатно да преспијам кај дечко дома ако живее со неговите. Ако се некаде отидени или на одмор ок, во спротивно би гледала да избегнам таква ситуација. Ако живее сам е друга работа, тогаш нема проблем. Така баш поубаво ми е да преспијам после излегување на пример кај него отколку да се прибирам и да тропам по дома во ниедно време.
Преспива/ше кај мене и преспивав кај неа... т Ама сношти се степавме така да ништо сеа од спиењето.. секој по дома
Од ист град сме.. но преспивам кај него. Сега се почесто , после излегување ,свадба ,роденден и слично .во врска сме 7 години и уживаме да заспиваме заедно .
Преспивам често... Јас лично не гледам ништо страшно во тоа ако врската е сериозна и долга, зашто да не?! Можеби глупава компарација, но како преспивање кајј дечко е непристојно, а кај другарка не е проблем? ***И нема поубаво чувство. Кој пробал знае
Имам преспиено само кога неговите не биле дома, во спротивно не би преспала. Не сум личност што обожава да оди па дури и спие по туѓи куќи, кратко речено незгодно ми е па дури и 10 години да сме заедно.
Ниту преспивам кај него а ниту он преспива кај мене.Искрено ретко идам кај него дома, повеќе шетаме.. И на многу парови тоа им е чудно као зашо не идеш кај него па вака па така и јас се осеќам чудно во споредба со некои мои другарки ама така е засеа..
Немам ништо против дококу има услови. Големо да и за живеење заедно пред брак. Тогаш буквално дознаваш со кој си и каков е и што е.
Неам буквално преспиено, ама сме седеле кај мене или кај него до сабајле. Сите обиди за заспивање биле неуспешни А и поодамна бифш има преспиено кај мене.После журка се наоѓаме јас дамла бев, и кај мене пиевме и ај филм ќе глеаме Ни 1/3 филм не пројде јас паднав у кома.Го изгасил филмот, ме гушнал и заспал
Колку и да е било касно секогаш сум си одела дома.Мајка му често ме вика да останувам,но јас мислам не сум до тој степен иако 1ипол година како се знаеме. Од друга страна,ни моите дома не ми даваат да преспивам ни да преспива иако супер се слагаат.
Не практикувам преспивање кај него, ниту пак тој кај мене. Долго време сме заедно, но сепак ми е непријатно. Кога би живеел сам, секако.
Јас кај него не сум никогаш преспала и не ни сакам затоа што живее во студентски, ама затоа кога цимерката не е тука секогаш спие тука. Лани немав цимерка, па исто како тој да ми беше цимер.
За година и пол врска, прв пат преспав за Нова година кај него и ми беше малцку глупо ама дека ај Нова година и ок.. вториот пат баш и не преспав ама заминавме доцна негде кај 2 наутро си заминав дома во 5-6 а мајка му ко за бељата се слушнала па дури и ја отвори вратата од соба, а јас под јорган се криев... Често одам кај него зимава и тој кај мене бидејќи ладно ни е надвор, секогаш мајка му е дома некогаш и пиеме кафе заедно, муабетиме.. вака ништо ваљда не му спомнала или тој не ми кажува, ама не ми изгледа ко жената да има проблем со тоа. Он често преспива кај мене во стан (каде што сум сама) а кај мене дома со моите никогаш до сега не останал.