1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преспивање кај дечкото/девојката дома

Дискусија во 'Врски' започната од SuperGirl24, 11 април 2013.

  1. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Да преспијам кај него со цела куќа полно не ми се случило , што знам не ми штима некако а ист случај и тој кај мене како прво моите не би дозволиле а и на него не би му било згодно. Еднаш само ми се деси да преспијам кај него кога неговите и моите родители се погодија во ист временски период да одат на одмор . Не ме дознаа 8) Инаку преспивање кога сите се дома сеуште не можам да го сфатам , не велам дека не сакам да си заспиеме заедно ама има време и за тоа :)
     
  2. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Јас па не би се сложила со ова дека родителите на дечкото повеќе ќе почитуваат таква или онаква девојка, а на крај краеви и родителите нема што да се мешаат во одлуката на синот, да послуша совет од нив како нивно дете да, меѓутоа целосно да ги зема нивните одлуки и ставови како најмеродавни и беспрекорно правилни, не.
    Јас по мене знам и затоа го зборувам ова. Што дека не одев кај дечкото со кого имав претходно врска, што дека ниеднаш не преспав кај него? Нити нешто посебно ме ценеше, нити ме почитуваше поради некои мои особни на скромна девојка. Напротив. Е сега, не зборувам да се оди кај секој кој што ќе ви стане дечко и да се преспива во сите туѓи куќи, меѓутоа ако со тој кој што сте во врска и планирате да преминете на повисок степен на заедништво за одреден период, за мене е сосем оправдано повременото преспивање кај него (доколку домашните услови го дозволуваат тоа, нормално).
     
    На Venera.13, Ketrin.Moon и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.336
    Првите две години од врската со малиот мој беше на далечина.
    Се гледавме 1/2 годишно и сакавме да минеме што е повеќе време заедно па спиеше кај мене, во друга соба :tmi:
    Јас кај него прв пат спиев кога веќе бевме верени(беше касно и немав превоз до мојот град а он беше преуморен да ме носи, но и тогаш ептен ми беше непријатно).

    И предходно имав друга врска на далечина, исто две години, но од друг далечен град каде беше неопходно преспивање. :tmi:
    Кај него имав преспано само после пречек на нова година кога беше сам дома. Секогаш бев сместена кај другарка каде и он беше добредојден.

    Тинејџерки кои се со редовни, уствари и било какви преспивања кај дечковци би рекла толку е домашно воспитање. Кабаетот е во родителите.

    За веќе полнолетни, повеќе фактори играат улога.
    Пред се карактер на партнерите, односот со родителите на партнерот.
    Околности. Поедини ситуации кога е испуштен превоз, после долга домашна веселба на која и партнерот бил поканет.

    Дали се од различни градови, држави и дали партнерот има свое катче во домот кое дозволува и висок степен на интимност и слобода со партнерката.
    Интензитетот на сето тоа.

    Не осудувам, напротив сваќам поедини ситуации како што набројав иако мојот став го препознавте по примерите од лично искуство.

    Да се има усул, култура и да не се заборави дека таму си гостин.
     
    На eloves, Annath, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Ни јас не сум за преспивање кај дечкото... Иако бев молена повеќе пати да останам да спијам кај него, никогаш не прифатив. Непријатно ми е како ќе се појавам следното утро пред неговите родители.
    Инаку, ако поради одредени фактори, нема друго решение освен да се преспие кај дечкото/девојката, тогаш тоа го одобрувам.
     
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    ^danichap изгледа ти си се водела по муабетот- Љубав из далеко, лепша. (мала шала) :D :D

    Тена се сложувам со тебе дека едно преспивање не е мерило за тоа дали некоја личност е уличар или не. Всушност генерално не е мерило за никаква карактерна особина на една девојка.Но сепак сметам дека тоа е дел од култура и домашно воспитување.Можеби грешам со тоа мое размислување,можеби сум затуцана но сепак стојам на ставот дека најубаво е кога ке си легнеш во своето креветче. Без разлика дали си легнал во 12 или во 5 часот наутро. :)
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Во ред е СуперГрл, те разбирам зошто и јас до пред неколку месеци така правев како што зборуваш ти, а сум доволно возрасна, па ако не сум имала такви ставови и такво домашно воспитување сум можела да преспивам по многу домови до сега. Меѓутоа, ете сега со последната моја врска се опуштив (со сила, што се вели :) ). Не отидов првите 5 месеци кај него воопшто дома, се срамев како мало дете, кисневме во кола по цели ноќи, меѓутоа сега кога и јас и тој сме сигурни во тоа што го имаме и што го планираме во блиска иднина, се подопуштив по малку и уживам најискрено. А што е најважно ниту тој, а ниту јас не сме калибар на луѓе што ја носеле секоја или секого дома да преспиваат и не само за преспивање, туку воопшто и преку ден одење дома на кафе. Се погодивме и двајцата да сме си први гости во нашите домови :) и мене искрено да кажам тоа ми имаше голем удел за да дозволам да се зголеми блискоста помеѓу нас.

    А и мајка му ако не отидам еднаш барем неделно, почнува да прашува за мене, така да ете пример дека и покрај тоа што сум преспивала кај дечко ми, свекрвица моја идна пак ме цени и сака да ме гледа почесто кај нив :D .
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Јас до сега не сум останала на спиење кај дечкото ниту тој кај мене, а одиме долго време. Да, убаво е чуството кога си спиете заедно и сабајле кога се будиш до него ама сметам во услови кога не живееме сами тоа едноставно не е ок, пред се' заради почит спрема неговите/моите дома.

    Сме преспивале заедно само кога одиме на викенди некаде, и додека студирав во Скопје неколку пати има дојдено во стан кога бев сама, тоа е се и мислам дека така е исправно
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Кога се повозрасни и врската е посериозна е океј. Но, преспивање кај мувачи неможам да замислам. Друга работа, како што веќе спомнавте, е пресретнувањето со родителите. Во тој поглед не сум толку слободна, не би можела.

    На една Нова Година спиев кај дечко ми со кој одев 7-8 месеци. Кај него дома немаше никој, сабајлето дојде баба му, ама со неа воопшто не ми беше проблем бидејќи ја знаев. Моите не знаеја, мислеа ќе спијам кај другарка - нешто поради кое страшно се срамам и каам и нема да ми се повтори.
    Преспивањето не е толку страшно. Позафркнато е кога девојките одат по цели денови кај дечковците, скапуваат таму како задоени, па после кога ќе се скараат е страшно.
    Јас не би нарекла курва некоја што си спие кај дечко и. Сосем нормално ми е.

    Мојот бивши не сакав ни да го запознам со моите, а камоли да спие. Па Боже зачувај, 17 години имав, утре којзнае што ќе ми текне. А и не сакав уште од премногу млада толку да се зближувам.
    Кај нас досега доаѓал само еден дечко - на сестра ми, која е 9 години постара од мене и имаа долга врска од 3 години. Беше од друг град, дојде и седеше два дена. Ништо страшно. Ама едно е ова, едно е млади девојчиња да се понашаат ко возрасни бре.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    Мислам да не се правиме луди, зарем со цел памет мислиш дека млади луге во ист креет може само така да лежат? Да се на 60 години да но на 20 нема шанси да бидат во ист кревет без секс посебно ако не живеат постојано заедно туку тоа е за нив ексклузина прилика. Мислам млада сум сеуште и знам како одат тие работи.
     
  10. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Зарем двојките кои одат подолго 4-5 години и така натаму не би требало да практикуваат девојката да спие кај него гледам некои од девојките навеле (дали е океј неговите да седат , спијат во друга соба а ти со дечкото да имаш секс во неговата ) а каде би требало да имаме секс по паркови стадиони лифтови ? колата не е секогаш опција достапна ;) :tmi:
    има девојка која работи од утро до мрак исто и дечкото и сега она треба да оди кај него да заврши работа и да си отиде, која е разликата ако има секс додека неговите се во соба , и си отиде веднаш -или остане да преспие , и далечината има удел нема автобуси , па да не си оди сама со такси , пример дечкото нема кола , оправдувам сосема , не ја намалува вредноста на девојката воопшто. :x
    има примери полни куќи па девојките не можат да си дозволат да преспијат ,сексот немора секогаш да е фактор за преспивање :)
     
    На glosipgirl и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    @Sardinija кај некои не е главна причина сексот за да спијат кај партнерот. Се согласувам со Кетрин.
    Јас кај дечко ми спиев бидејќи немав каде, со другарките славевме на различни места и немаше со што да се вратам дома. А и да имаше превоз, зошто да давам 300 денари кога отидовме кај него во 6 сабајле, таму седев се на се 3 или 4 саати?

    Во се си има исклучоци и посебни случаи, не мора да генерализирате.
     
    На macula.93 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  12. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Лично да кажам за себе јас не би преспала дома кај него.Ми се има случено да заспијам но никогаш не ми се има случено да останам таму до сабајле.Се будам најкасно до кај 3 и си одам.Некогаш и си навивам аларм за да не се успијам :lol: . Значи премногу би ми било незгодно да останам и сабајлето цела да ме видат успана,бушава и во кревет со него :!: .Иако сме во подолга врска сега за сега не преспиваме еден кај друг,за понатака ќе видиме.договор куќа гради :D
     
    На macula.93 и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  13. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Преспивање кај дечко кој живее сам или со цимери - може !

    Ама кај некој кој живее со родители - НИКАКО ! Незгодно е... да спиеш кај странци е тоа, тие си се една фамилила и сепак спиењето и утрата се малку по интимна работа за една фамилија... Подобро стани оди си кришум во 5 сабајле, него да станеш во 8 со сите од неговата фамилија.. Ниту за девојка, ниту за машко тоа не е пријатно и културно. Замислете си да имате син/керка, вие сте веке во години, и сега утрото си пиете кафе по пижами и партнерот на вашето дете станува од сон... Не, не оди.
     
    На female.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски

    Значи јас не реков дека ако се заедно во кревет нема да имаат секс и слично, но овде темава гласи преспивање кај дечкото, а не преспивање кај дечкото со цел за раат секс . И пошо ти беше таа што го потенцираше сексот како причина за спиењето затоа баш тебе ти се обратив.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Под претпоставка дека имате по 20 и плус години и долги врски (па да речеме и не мора да се тие параметрите,секој си е посебен случај,ама да речеме еве полнолетни и сериозни)... Вие одите со дечковците на одмор?! Или постите пред да одите или правите веридба претходно? Или ви врзуваат појас за невиност?!

    И после ќе ми зборат за Балканот,затуцаноста, независните жени, сфаќањата, либералноста, среќата, слободата... Се се тоа нијанси и се се тоа спецификуми до кај некоја оди со редењето дечковци и одењето по одмори со нив. Ама...родителите да ви се морално мерило за имање секс со дечко и преспивање кај него и некоја си наводна почит према родителите? Нема врска со почитта према нив, туку стравот од нив. Ти си личност за себе бре, ти веќе кога полниш 18 години одговараш за себе си, што има врска тоа со родителите?

    Уморна сум, утре ќе пишам поопшироно,ама ова ми е смешно...ем жално.
    Да се калабалак фамилија 10 души, да се неговите дома, да се не знам веќе што... да сфатам,непријатно утро. Ама еј...оди, се плеска и си оди дома у 3 сабајле пошто почит према нејзините и неговите... Не драга моја, твојот секс нема врска со почитта према твоите,ами стравот и дур си го имала ти тој секс, убедена сум дека 10 пати си помислила на твоите и пред тоа...и кој знае колку енергија си потрошила во осмислување на приказната дека не си била кај него или си била кај него ама со друштво...
     
    На Lolo5, eloves, anuskaNESTLE и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Во врска сум две години и тој е единствениот кој сум го донела кај мене дома а,исто и јас единствената која ја носел дома кај него. Многу пати ми рекол да спијам но мене ми е срам од неговите мислам дека нема смисла да ме најдат кај нив дома кога ќе станат. Сепак не сум им снаа нели? Тој има спиено три пати кај мене еднаш кога мајка ми беше на болница,за нова година и кога си дојдовме од слава од едно село. И не значи дека ако спиеш заедно мораш да имаш секс,еве ние ни еднаш од тие три пати кај мене немавме секс па никому ништо. Убаво ти е кога заспиваш покрај него,тоа те исполнува. Сексот не е целта. Спиевме заедно на одмор,најнормално. Па таму си бевме сами,така ќе биде и на годинашниов одмор. Тоа е се. :)
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    101.499
    Пол:
    Женски
    Не мешајте полнолетни и оформени личности со тинејџери кои немаат домашна култура. Сум се затекнала на гости кај мој близок кога од соба излегувало 16 годишно девојче од кај синот нивни и се познаваше дека не играле монопол, мене ми беше срам, а можам да замислам неговите како се осетија.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Немора да значи дека ако спиеш кај него дома е поради секс (ако сакаш секс ќе си го направиш каде и да е и кога и да е. Сексот се прави и доживува :angel: ), има милион други причини. Од она што прочитав - прослави, пијанки, далечина на местото...па може и гледање на филм и заспивање или читање на слободна литература :)
    Јас лично немам преспивано кај дечковците али затоа дечко ми сегашен маж да и тоа неколку пати. Не дека спиевме ама ете после заглавување со многу алкохол и легендарен бурек кај мене дома (кога сум била сама) едноставно те фаќа дремка и ти се спиееее |-)
    Можеби така сум воспитувана ама пред се се` моите принципи и мојот изграден карактер. Јас на одмор и со дечко не одев :$ , не дека моите не ми дозволувале многу ќе знаеле со кој сум таму и што правам ама неумев да лажам.
    Кога ми се ,,заозбили,, врската со мм си отворив карти дома и првото зимување си кажав -јас одам со него на планина. Доволно му беше јасно на татко ми дека не си играм играчки и знам што правам.

    Не сум либерална во тој поглед на размислување и добро де не се омажив невина ама тоа сум јас.
    И детето така би сакала да го воспитувам, прво да бидам пријателка со него, се разбира и со татко му и сам да знае да носи некои одлуки. Негово право е дали ќе носи девојки дома или не а јас ако можам да овозможам услови и кондоми по фиоки :)

    Денес не е битно дали преспиваш или не кај дечкото/девојката туку побитно е дали тоа го правиш со вистинската личност (според мене)
     
    На eloves, female.3, glosipgirl и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со славица.Ако си дома кај него не мора секс да се има ееее па више па више. :)
    Срека што сме си на посебно и скоро и да немам нешто многу со неговите.Кога сум со него времето ни поминва лежејки еден покрај друг ама не правиме ништо :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право, навистина може да се заглави со читање на Нова Македонија, Вест, Дневник, Свет, Росица, Сканди... :rofl: и не мора да е за секс, може да е само гледање порнич и имитирање.
    А може и да го мрзи да вози до дома, да му се спие, па од кај девојката да отиде на работа, што до некаде држи вода.

    Тука си навистина во право :$ и според мене е така, а не со секој преспивање дома и носење женски уште на 16 години дома за секс (тука вината ја гледам во родителите)
     
    На slavica999, ilipili, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.