1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преспивање кај дечкото/девојката дома

Дискусија во 'Врски' започната од SuperGirl24, 11 април 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Една многу драга и значајна за мене професорка на едно предавање рече: „Секогаш најпаметно е вистината да ја бараме некаде на средината.“

    Не е дека е забрането и дека девојката треба да добие 100 удари со камшик на плоштад ако инцидентно се случи да преспие кај дечкото. Ако не кисне без усул и мерка, ако се најави и слично. Доколку не претерува, се` останато се нијанси добиени од начинот на воспитување, животното искуство и тн. Не се едните добри или лоши. Некои се со поконзервативно и строго размислување од тој аспект. А штом се со такво размислување за дечковци, со такво размислување и воспитување се насочени и кога станува збор за друг вид на гости (пријатели, познаници и сл.)

    Други пак се послободни, понепосредни. Не значи дека едните или другите не чинат. Се` додека постои граница. Секој начин на воспитување е време посветено на сопственото дете и како таков си има свои предности и маани. Еве јас сум конзервативно воспитана. Не сум смеела да претнам од дома некаде без да се најавам или без да бидам поканета. За секојдневно и целодневно киснење ни кај роднини не станувало ни збор. За дечко муабет да не правиме, тоа веќе било петта брзина. :lol: Така ме воспитале. Тоа си има добра страна, покажуваш одреден вид на почит кон домаќинот, а можеби мааната е во тоа што доколку си воспитан да бидеш помалку слободен, може да резултираш во помалку снаодлива личност.

    Овие разлики во никој случај не би требало да не` водат до заклучок дека едните или другите не чинат. Уште помалку треба да предизвикуваат отпор, расправии, развивање на предрасуди. Едноставно сме различни. И се` додека постои граница и усул, тие различности се она што го прави светов убав и шаренолик.

    Офтопик: Навистина нема потреба од расправии и препукувања на темава. Ситуацијата кон која оди оваа тема ме потсетува на темите за религија-атеизам/невиност до брак, чување за принцот на бел коњ и тн кога повеќе ремет јадат оние кои се за тоа да не почнуваат со интимен живот (зборам за секс во општа форма, не навлегувам во посебни ситуации од типот на „само хименот да е цел“ ), а реметот го јадат од тие кои се декларираат како најмногу против предрасуди на такви основи.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ете токму она што го спомена Лилит, е најхумористичниот момент во темава, спиеле до 5 наутро кај дечкото, ама не преспивале :D ...

    Вака сите ќе ги зезнеш, на неговите родители устата ќе им е затворена, твоите мирни, а башка и соседите сигурно за пример на помалите девојчиња ве земаат за ,,како да спиеш до наутро, а да не преспиеш кај дечкото,,. Малку е и тажно што ја потценувате интелигенцијата на своите родители и тие на дечкото, дури онака машки држите до своите принципи.

    Може пак има обичајна разлика некаде низ градовите, па ако некој ти дошол пред полноќ на гости, преспал до раните утрински саати и си заминал, не се смета како преспивање :?: ?! Само внимавајте дури така им се шуњате на луѓето низ ходници, по темници, да не помислат дека им провалил некој, па да ве треснат со нешто...
     
    На SandStorm, eloves, CoverGirl10 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Ај отворете ги сега темите у секс и таму друга планета. Секс божици...Па се чудиш кај ги прават тие работи.
    И после швалерки...епа швалерки или тагнат на слика,наводно,душо ова од прославата за нова година од работа.

    Не,немам зборови... уште по дома да прашувате дали смеете да имате секс. Па како сте можеле пред брак...А утредента тек на ручек кога седнувате со вашите, кој знае кај гледате,леб со раце не фаќате...

    Абе ќутете друго,бељи ќе направите по патиштана,уште нерасонети зад волан.

    Циркуз сте девојки,циркуз. Ама и вие не сте виновни ако го разгледам нештото малку пошироко.
    Вас родителите,таткото не ве почитува,не пак дечковците и машки род. Веќе кога сте возрасни,секоја одлука треба да ви ја почитуваат и тука нема врска со вашата почит кон нив. А утре нема да сакате да ги погледнете кога ќе остарат.
    Ова го прават татковци Хогар страшникот,кои никојпат не биле емотивно достапни за своите ќерки,кои никојпат не им зборувале за машко-женски односи или пак не биле нежни со своите деца, ама затоа он ќе каже дека ќерка му никој не смее да ја пипне,ни пак дечко да му дојде по дома. Гррр..се ежам. Сум имала другарки чии татковци глуматале,јас дечко у куќава нејќам да видам... гледам од тоа негледање со какви завршуваат,до душа и со колку завршиле пред својата 22 година,не пак понатака... кога веќе е касно. Подобро биди човек, запознај го човекот со кого ќерката поминува време, да си знае и тој дека детето не е дрво без корен,дека има на кого да се потпре и ако видиш дека е човек на место, дај му ја слободата и довербата. Тоа не значи дека веднаш е сериозна врската ако детето ги запознае родителите со дечкото/девојката...туку на двете страни им е мирна главата. Не мора свечени ручеци на поезијата да правите и да пиете кафе. Подобро да знаеш и да знае дека имаш доверба во него и си тука за поддршка,него ли да се влечка со кој годе. Од такви суетни родители преку таквото. Детето како ќе си го фати патот по таа тема, во 5-6 одделение правило се воспитува,а не на 15 години,не на 18,а после тоа пак ич не треба да му се мешаш. Ако родителот изградил личност,која знае дека не е опајдура,не знам зошто би имал против нешто такво...освен ако ќерка му преспива по различни куќи секоја ноќ,а тоа е многу веројатно зошто господин татко никад не дозволил да го упознае со некој конкретен дечко и оваа,ем невоспитана, ем раскалашена,ем му води инает,ем не знае да се спрегне. Таквиот строг однос во 99 проценти од случаите вродува со контраефект. Бре,голем маж, а утре внуци ќе сака да чува или не,не,ќерка му е у негова сопственост и никој не смее да ја пипне. Извинете,ама тоа е извитоперено и глупо,ко само он да има ќерка на светов.

    Јас знам и пример за девојка која не може ни да се опушти да има односи зошто цело време се чувствува виновно дур се случува чинот,се плаши од татко и...И фала богу,нема ни дечко сега,ни пак сака...на 25 години... И вика една другарка,ама ти не мисли бе,што ти е гајле за татко ти,вика, не можам,тој цело време дома ни збореше со сестра ми, дечковци нејќам да сум видел пред мене да донесете,освен ако не треба да се мажите. И ај сега?!
    Такви родители им го зезнуваат и сексуалниот живот и воопшто им ги извртуваат разбирањата за машко-женските односи,па им ги зезнуваат и браковите на своите деца.

    Вели,тоа е нечиј дом? А што као неговите немаат секс под тој кров?! А оние што живеат у заедница после со свекор и свекрва,со прашање прават деца?! Ај да се неговите дома,ок,признавам,незгодно, ама неговите не се тука или живее сам,навива аларм за да си оди... *си пука во колено*

    Почит...која почит за бога милога. Ами љубов и разбирање меѓу вас и родителите?!
    Да се разбереме,зборуваме како возрасни,полнолетни и одговорни луѓе,тука не се предмет на дискусија некое малолетно девојченце.
     
    На SandStorm, Lolo5, eloves и 16 други им се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Одма секс бе :D ама кога бев 15 бакнувањето беше непозната тема :D
    Не знам дали јас сум чудна и старомодна ама не сум толку стара , па ние како деца не се сексавме , а моите водеа ред кога се прибирам дома а и ме воспитуваа како што треба ;)

    И впрочем тука не се работи за моралност , туку за почит кон туѓа куќа , каде нарушуваш нечиј комфор ги ставаш домаќините во непријатна ситуација за твој ќеф .
    Кај нас е проблемот што повеќето момци живеат со родителите . Според мене не е ок , така да се наметнуваш ајде инцидентно , ама да киснеш кај дечко и да нарушуваш мир и комодитет на неговото семејство не е ок нити културно .
    А ако си живее сам тоа е друга приказна :D
     
    На mila89 и karenin им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Како и да е до негде мислам дека и до родителите е.

    Одам на кафе кај другарка моја во зграда кај мене. Седнувам да ги видам нејзините сепак ме израснале наши деца сме цел живот заедно.Таа има помал брат ако не се лажам некои 19 год е детево. И така седнувам со мајче кафе да се напиеме,женава потресена цела.
    Викам мајко што е работа те гледам скиселена си од прееска.
    Вика син ми знаеш има девојка.Велам ок,знам. Вика абе девојкава секоја втора вечер доага и седи по цели ноки кај нас.Кај што ни е ограничен просторот (живеат во двособен стан 2ца родители и 3 деца од кои родителиве спијат во дневна 2те сестри посебна соба,братчето во посебна соба во која се влага преку дневна) сега и таа тука останува да седи. Навечер по неколку пати ни поминува низ соба,татково жив љут што така прави мене ми збори да сум ја средела ситуацијата.

    Така уз муабет побара совет некој од нас да види дали и ние така сме правеле или не.Викам искрено никогаш не сум била во ситуација таква,поготово ако знам дека во нечие домакинство има накрцано 10 души (кажав во поранешен пост дека имав таква ситуација со дечко ми) . Искрено според муабетот на мајкава, некако добив впечаток дека баш ради тоа не ја почитува посебно девојкава на дечкото. Настрана на тоа па пред нив и вина му носела на поклони па изгледа и си потпивнувале заедно,па тоа дополнително ја изнервира мајкава.

    Муабетот ми е јас на ова не гледам како проблематика со централен проблем -секс-. Исто така не сметам дека се сквернави домот ако во својата соба дечкото со девојката има полови односи. Далеку од тоа,сите родители се свесни и тие некогаш биле млади.
    Според мене друг е проблемот. Некои родители се постаромодни,поконзервативни.И тие нивните керки не ги пуштале да пренокуваат кај дечковците ради некои нивни морални причини,но и кај нив нејкат некој да останува. Прво што ме праша мајката на другаква е -Зарем на нејзините родители не им смета што девојчето им спие во туг кревет?
    Така да не мора да значи дека ако родителите на дечкото пред вас климаат глава и ви се смешкаат,дека позади ваш грб го одобруваат тоа.
    И не, не сметам дека е битно само дечкото да ме сака. Ако утре решам сериозна иднина да имам со него,покрај него и со таа фамилија и тоа семејство ке имам. Никој од нас не е посебна единка. Како што јас сакам кога мајка ми и татко ми кажат-А керко добро момче е дечково, се гледа дека е културен и воспитан, така сакам и неговите за мене да кажат. А не утре да слушнам муабет-Остај таа секој втор ден ми чмаеше дома и ми се препелкаше во кревет како безкукник некој.
     
    На Lolo5, eloves, karenin и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Баш за овој момент зборував .
    Нема потреба да се мешаат родителски однос татко-ќерка , и да се бараат длабоки корени кога е едноставна причината - немање осет и основна култура .
    И кај другарка да си нема да киснеш по цели ноќи и да вознемируваш некој .
    Не е ок да тероризираш некој . Кога си кај дечко си гостинка не домаќинка ..
    Јас во минатотo имав несудена снајка која сама стануваше и одеше во кујна да прави јадење за неа и брат ми , а на мајка ми косата и се креваше , се понуди таа да и направи што треба девојкава не сакаше . А мајка ми е табиет човек не сака никој во кујна да и се меша . Се знае на гостите каде е место .
    Вашите дечковци веројатно не се мотаат дома кај вас сред ноќ и не ги вознемируваат вашите па така не правете го тоа и на неговите .
     
    На Lolo5, Aniston, karenin и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Дали ќе отспие до 3,до 5 или ќе си се доспие до сабајле... ништо не е поразлично! Го нарушува наводниот комодитет на домот.
    Воопшто нека не се оди во тој случај! И после ќе рече ја почтувам куќата,абе ај?!

    А стварно,убаво прашаа, а кај имате секс тогаш? Или три пати годишно кога ќе се потрефи ете на несакајќи,а по темине читам,редовен секс имате? Да,да 5 пати неделно...

    Никогаш не сум била за врски иди ми-дојди ми, свечености и потресености. Да не се разбереме погрешно, ама... оди, се плеска и не преспива због заради почит...ХА!

    Велите нарушување на комфор на семејството. А чекајте малку, не го нарушувате со гледањето филм, со читањето поезии, со играњето карти? Па ако знам дека живеат у 30 квадрата,ич не одам ни на филм гледање,не па на други работи. Сигурно не збориме за двособен стан и плус тој ја дели собата со брат/сестра (на двоспратно креветче :D ) и не збориме за крајна безосетност. Значи настрана комфорот, неговите, дадилката, баба ми и дедо му. Не е муабетот за тоа,никој не е до толку нездрав да ги прави тие работи ако нема услови. Моето воспитување вели дека ни секс,ни па филм не е дозволиво нешто кај него/мене, ако условите се пола метар квадратен по човек у куќа и толку!.
    Значи сега испадна работава, демек воспитување и комодитетот...што никој не рече ништо за тоа,ама ај сега за да ја извадиме малце ситуацијава.

    Муабетот падна дека не преспиваат зошто почит по дома и неговите...ама јас гарантирам повеќе е за од дома,што ќе и речат нејзините...
    И да,има потреба да се мешаат подлабоки односи кога зборите нон сенси од типот, пак ќе се повторам ПОЧИТ према родителите по дома...
     
    На Lolo5, female.3, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    ^
    А па ако не направи никогаш ништо девојчето ќе се вика еве доаѓа во куќата, само седи, јас и правам за да јаде и потоа којзнае како ќе излезе работата, ќе си го подвие опашот и никому ништо.
    Затоа не треба да се генерализира, секој случај си е индивидуален и како што е спомнато погоре зависи од многу околности и многу услови кои треба да се поклопат за да некое однесување на девојката/дојденец во фамилијата биде прифатено или не прифатено.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Фини теории паднаа, да сме здрави и живи, ќе видиме како ќе испадне сето тоа во пракса.
     
    На Lolo5, Annath и mimiiiii им се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас имам двајца постари браќа и низ годините сум се нагледала секакви девојки( несудени снајки :lol: ) , и не зборувам од памет .
    Од такви кои со недели седат и шетаат по кујна и такви кои биле културни .
    И не се работело за почит кон нејзините кога со ноќи дремеле кај нас , туку за терање свој кеф .
    Јас имам осет да си разберам дека некаде сум гостинка , баш поради примерите кои моите браќа ги носеа дома.
    И не ја разбирам потребата на девојките да изигруваат домаќинки па чистат ,готват во куќа во која се гостинки . Што да се покажат дека се вредни снајки ?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Навистина е некако обид за прокриумчарување ветер во магла, да се повикуваме на воспитувањето и културата која ни ја дале родителите. Не ни може по еден единствен критериум да се оцени воспитувањето на единката. Сум се начитала сешто низ темиве, ете голем број тука на форумот ја поддржаа таа вљубената во братучед и‘ (затоа што имале случаеви на венчани братучеди со здраво потомство, аргументов еј :D ), голем број одобруваат брак со муслимани и да не набројувам натаму. И сега кој е тука по(не)воспитан?

    Секој родител прави што може да ги пренесе вредностите кои ги цени на своето потомство, ама возрасната единка и сама бира што од тоа ќе присвои, што треба да се модифицира. Јас луѓето кои се фалат на голема врата како највоспитани или како нивните деца се највоспитани ги земам со резерва. Според мене оној кој е навистина загрижен за потомството или за своите постапки, не само што се преиспитува постојано дали сите донесени одлуки му се исправни, туку признава некогаш и дека згрешил, а колкава треба да е арогантноста на единка која тврди дека таа и нејзините се највоспитаните?! Што да ви речам, семејствата се обично бројни, а од многу луѓе се‘ ќе се најде некој кој нема да биде по теркот т.н. црна овца на тоа семејство. Како во тој случај ќе го објаните потфрлувањето на тоа семејство во воспитувањето, баш сум живо заинтересирана?

    И бидете сигурни дека почитта на родителите на вашите дечковци, ако ви станат мажи во иднина, нема да биде условена само од тоа дали сте преспале кај него во текот на врската. Ехеј, уште колку многу фактори се тука во игра дали ќе се почитувате или не...
     
    На Annath и Moira им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Бракот со муслиман (или некоја друга религија) треба ли да се стави во исти ќош со инцест?
    А баш на темата либерте зборуваме.

    И преспивањето има многу помала врска со секс во голем број од случаевите.
    ЈАс сум строго територијална личност. Ја барам и ја почитувам истата во туѓ дом.

    НЕ е дали се има секс пред брак, туку фактот дека не можам да се замислам да го имам истиот со моите или неговите родители во соседната соба.
    НАчин на воспитување од нашите родители можеби или средината, возраста. Можеби и не е нешто наметнато, туку правила кои сами сме си ги создале и ќе ги бараме истите и од нашите деца.

    Да постои дволичност во многу од набројаните примери. Заврши работа до 05 сабајле....и после дома на спање за да не вознемируваш.
    Еми тоа тропање по вратите(нели треба и да се замиеш :tmi: ) е за мене поголемо вознемирување одколку да легнеш и да плуеш да спиеш.
    тука не се покажува некаква квази почит кон никого, туку се знае дека не е местото таму за преспивање и бега додека не се разденило и не ги види осудувачките погледи од неговите родители.

    А напрвотив има многу случаи каде и да остане да преспие, стварно не е ради секс работата(а и да е :^) ) и без проблем ќе го иsпие утринското кафе со неговите родители.
     
    На Lolo5, ilipili, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ќе се јави ли некој кој нема премногу лично да си го сфати прашањето и да одговори-Каде имате секс луѓе? Ете возрасни сте, имате долгогодишна врска со редовни сексуални односи ама не можете да замислите секс во куќата на вашите и неговите родители, тогаш каде?
     
    На SandStorm, Lolo5, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Токму тоа и ми е поентата, дека не се мери степенот на воспитување така лесно и така еднострано. Цело време се укажува на воспитување од страна на крајно конзервативни родители како најисправно. Мене лично би ми и ми прогледале низ прсти за преспивање, другите случаи кои ги наведов не би ми ги простиле. Само што сепак не ја истакнувам супериорноста на моето воспитување или на моите родители, а сите други дека не заслужуваат почит. Почитта е она што најтешко се стекнува, а најлесно губи.
     
    На Annath, ilipili, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Апстиненција мури. Не сфати до сега дека сите сме невини :rofl:
     
    На SandStorm, Lolo5, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Почит сигурно нема да добиете ако родителите на дечкото си велат - Добро ова девојче има ли куќа ?
    Сум го слушнала ова многу пати .
    Секој зборува од свој агол и свои искуства . Јас не зборувам за инциденти преспивања туку кога девојката го заменува домот на дечко и за свој .
    И да лицемерно е да седите кај некого до 5 а демек не сте преспале , подобро преспиј таму :D
    Кога има други станари во домот , треба почит за нивниот комфор , јас многу пати сум се осеќала непријатно во своја куќа .
    А дечкото ако живее сам тоа е друга приказна и ние кога бевме сами ,тогаш никој не вознемируваме .
    Ако кај другарка сметам дека е некултурно да седам повеќе од 2-3 саати тогаш исто важи и за семејната куќа на дечкото . Таму сум гостинка и така ме третираат , ако јадам или пијам кафе ќе се заблагодарам и фино лепо ќе си станам .
    За наградното прашање на Скорпионка -празен стан :lol: :tmi:
     
    На Lolo5, Tanjamm, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Кај ги има тие празни станови каде можеш да обавуваш секс редовно, од влада ги даваат или? :D
     
    На SandStorm, Lolo5, Deemy и 14 други им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не мораше да бидеш иронична , прашањето беше лично ама сепак ти одговорив , кога веќе си запнала . На еден од нас двајцата е :D
    И ова е веќе офтопик и потсмевање .
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ако де, Мими, смешно беше многу прашањето, мора да признаеш :D .

    Инаку ете предлог до Владата, да се направат станови за изнајмување на млади парови (бесплатно или за ептен симболичен надомест) да имаат секс на раат, може и наталитетот ќе порасне... Дали само мене кога ќе се спомене наталитет на Валерија ми текнува веднаш :D ?!
     
    На Lolo5, Annath, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^^
    Па така, убаво кажете си уште од старт -Ние си имаме сопствен празен стан и затоа толку цврсто сме против имање секс или преспивање во куќата на нашите родители.
    А другите дури не се обезбедите со стан, да не сте помислиле на секс.

    Не се потсмевам, воопшто, само упорно сакам да знам како во пракса се одвиваат работите кои теоретски изгледаат идеално.
     
    На SandStorm, Lolo5, Annath и 2 други им се допаѓа ова.