1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преспивање кај дечкото/девојката дома

Дискусија во 'Врски' започната од SuperGirl24, 11 април 2013.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Епа јас не го реков тоа , и да не се повторувам по 100 пати . Не сум против имање секс како налагаат услови така . Нема потреба да се вселам кај дечко ми да спијам со ноќи таму да готвам чистам да се навикнат неговите на мене а после ако раскинеме па ништо . Или пак некој да ми префрла зошто вака или така сум правела .
    Кажав јас што сметам дека не е ок . И не посочив лично за никој кој што и како прави . Јас ви зборувам од мое искуство. Нема потреба од превртување на зборовите . Кој ме сватил ме сватил .

    И колку да се насмеме поздрав до Валерија .
     
    На Theodora и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.385
    Многу ми е мило што во последно време има квалитетни дискусии :tmi: :$

    Инаку да, градење на некои принципи и држење до истите е луксуз на денешницава кој не секој може да си го приушти.

    Оние во едната крајност се безосетни можеби, оние другите во спротивната со во можност за држење до своите ставови...а сите останати мора во таа златна средина да се трудат да наоѓаат решение.

    Да се има култура, почит и разбирање.
     
    На Lolo5, ilipili, Ketrin.Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Смејте се вие, ама Валерија си има место кај да има секс :!: отишла еднаш да преспие...и останала :D
    шалу се де :$

    Иначе не сум практикувала преспиванки (ниту полупреспиванки до рани утрински часови). Моја мама е, т.е. беше по строга по тоа прашање, сега малку е полиберте (тоа изгледа со годините доаѓа...моите де :) ). Не сум ни некој љубител на седенки со неговите/моите родители. Од кај кој знае на што ми е судена врската, па сега ќе се зближуваме фамилијарно. Кога сум одела на гости нит сум јадела, нит сум готвела, нема јас што да се мешам у туѓа кухиња.
    А за одењето по гости, може да снемаш и финансии, а надвор ладно...па каде? :)
     
    На Lolo5, MacenceEna и mimiiiii им се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Не можам да ви го сфатам и протолкувам делот со вознемирување, што ги вознемирувате ако на пример партнерот има своја соба која не ја дели со никој (во случаи кога собата ја дели со брат/сестра ај ќе речам греота е оној другиот да се кичми по фотељи или полски кревети) но тој/таа има своја соба, одиш културно влегуваш кажуваш „добар ден/добровечер“ затвараш врата и културно без вриштење во ниедно време, без тропање седиш, гледаш филм, се сексаш.
    Напротив сум била и во двете ситуации и како гостинка и како „домаќинка“ и тоа не кога мој партнер бил кај мене туку девојките на брат ми. Искрено воопшто не ми сметале, дури и кафе сум си пиела ако брат излезе инцидентно или на пример се бања, тие си седеле во своја соба јас во останатите простории. Никако не ми го рушеле мирот, освен можда ако ми се приоди во ВЦ па девојката да е таму, па побогу и мајка ми може да го зафати ВЦ. Неможноста да се шета по гаќи, голи, да се вика и кара, мене ми се банални примери, јас на пример гола и по гаќи се шетам само кога знам дека сум сама дома, зошто инаку сега ми е незгодно од родителите на Петко сега а претходно од брат ми.

    Јас кај претходните партнери не сум преспивала, не сум сакала, а ни мајка ми не дозволувала, додека кај Петко јас сакав и останував, убаво ми беше бе, да се исексам и да се гушкам и така да си спијам, и сега грешница сум?
    Нормално и мајка ми и брат ми мрчеа, одевме релативно кратко време, и неможев да и го доловам тој концепт на мајка ми, па затоа жената ми рече да го донесам и јас дома, да го види што чоек и да го упознае.
    Правев глупости кога во 5 си одев дома, а аларм имав во 8 па повторно одев кај него, и уствари што дека дремев во мојот кревет на 3 саати, што добивав, ништо давав само пари за такси и се развозував натака-навака.
    А делот со сексањето повторно не ви го сфаќам, да сме некое прогресивно опшество па да од 18-19 години имаме можност да се одвоиме од родителите и да живееме сами, па секој да може да се секса во свое катче можда и мене би ми било глупо да се сексам во куќата на неговите родителите, а кога живее заедно тоа е и негова куќа не на неговите.
    Стварно и мене не ми е јасно кај се сексате или каде сте се сексале, на полјана, во хотел, во кола, каде?
    Незгодно е да, ако си тро поголасен вака ко мене, а мајка му не спие до ниедно време па одејќи на мочање те слушнала како стенкаш, па сабајлето ти влегува со кафе ти се смешка и ти вика „нешто многу свежа си денес“ , зини земјо голтни ме беше, ама па од тогаш си пазам, не врескам толку, освен нели кога сме си сами.
    И уствари што има лошо во сексот, врска помеѓу 17-8-9 годишници а за постари да не правам муабет е логично да биде и од сексуална природа и тоа секој родител го знае, па колку год вие ги убедувате дека вчера до 3 заглавивте играјќи Не лути се човече. А и со 18 и повеќе години веќе си доволно возрасен за опшеството и светот да те третира како деловно способнаа персона способна да одлучува сама за себе па не ја сфаќам потребата од филуваните лаги и правење будала во здрав мозок.
    Мене ми е подобро да бидам отворена и како дете и родител, и многу понормално ми е да и купам кондоми на керка ми и да се секса под мојот кров, отколку да ја затуцувам и да не и дозволувам па да се секса по коли, паркови, ливади и сл.(тука не подразбирам егзибионистички секс, туку секс од немај каде).

    А за помагањето јас кажав, дека јас и тој ја средувавме неговата соба, прво зошто ми беше незгодно жената да влезе и да чисти додека јас седам, второ што е она или било кој друг должен да собира хаос позади мене.
     
    На Lolo5, eloves, x.Daisy.x и 14 други им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.322
    Пол:
    Женски
    И мене стварно не ми е јасно каде богати имате секс?Или чекате од време на време кога ќе биде сам случајно или ако отидете некаде сами?

    Јас имам врска од скоро 5 год и последниве две преспивам кај него од време на време.Моите не знаат за тоа, не дека тие не се свесни дека ние имаме односи , плус имаме одено заедно на одмори и слично ама едноставно преспивање не дозволуваат, такви сфаќања имаат.
    Мене ми е задоволство да спијам со него и искрено ми треба мир и неговата прегратка цела ноќ па затоа еве признавам ги лажам, си доаѓам ден порано од Ск и преспивам кај него.
    Неговите немаат против, всушност и мајка му беше таа која ми ја даде идеата зошто истото го правела кога таа била на факс, ама јас тоа не го злоупотребувам, секогаш се дечко ми ме најавува дека ќе дојдам и секогаш се однесувам пристојно и нормално не претерувам, тоа ми се случува во годината 10тина пати.
    За преспивање пример после излегување или кога сум отишла на гости не преспивам повторно поради моите, не ми рекле никогаш ништо ама јас едноставно не го можам тоа.И секако дека останувам до покасно, нормално нема само да се плеснам и да си одам, ама секогаш гледам да сум максимално тивка при излегување. :tmi:

    И тоа дека не е почитување да имате секс додека тие се во друга соба нема врска.Значи исто е дали ќе седите и ќе гледате гласен филм може повеќе ќе им пречите отколку да имате тивок секс, ама никој нема да сфати.И тие биле млади и знаат како е...такви се условите...и јас би сакала тој да има стан или јас па да преспиваме без да ги вознемируваме ама нема па се снаоѓаме.

    Меѓутоа тој кај мене никогаш не преспал, никогаш не дошол покасно и ретко кај мене да имаме секс...страв од моите, немам клуч на врата , нема кој знае каква приватност.Мада брат ми ког аимаше девојка, таа доаѓаше и сите знаевме што прават во соба и моите никогаш немаат префрлено за тоа, освен нели да напоменат дека само битно е да се штитиме.

    И секако во темава се битни и годините.Сигурно ти ако имаш 16 какви и да се околносите срамно е да преспиваш кај него, од која било гледна точка.
     
    На Lolo5, MacenceEna, karenin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    251.458
    Пол:
    Женски
    Мм често кога си легнуваме навечер знае да ми каже, Буцко се сеќаваш ли (како да било пред 100год.) кога те молев да останеш да преспиеш кај мене а ти си одеше?! Јас од старт кажувам дека не се работело за комфорт на останатите кај мм ниту за далечина на местата на живеење туку едноставно како што пиша и Лилит погоре колку и да звучи смешно моите родители беа против тоа. Бевме во врска 5 години, после неколку месеци од стартот бевме сами на одмор (да го исклучам моментот дека моите мислеле дека немаме секс) и не бев незрела средношколка туку возрасна девојка. НО бев зависна од нив и со нив живеев и не баш сакав да се расправам и објаснувам дека не се во право. Можеби мене преспивањето не ми било толку голема желба па и не сум инсистирала.
    Инаку за наградното прашање на Шкорпионка :lol: кај мм у соба најчесто :lol:. Неговата соба беше некако настрана од другите соби во куќата и веднаш до неа имаше тоалет па ни се погоди :$ Искрено мене не ми пречело тоа што биле и неговите родители во куќата. :$
     
    На Lolo5, MacenceEna, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    1209 , najubava2010 :) :) на место мислења , квалитетно ,нормално, вредно :hai:
    и јас се прашував како и МСскорпионка и еве девојките објаснија црно на бело
     
    На 1209 и MissDior им се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Ништо лично, ама кој спомна дека останувањето до 5 часот и потоа враќањето дома го поврзуваме со фактот дека сметаме дека нашите (неговите) родители незнаат што правиме ние таму? Или сметате дека се срамиме што водиме љубов со нашите партнери?
    Кој сака да има секс, кај сака нека има. Ако им одговара на некои да имаат во кола, нека имаат. Ако на некои им е ок да имаат секс во собата на дечкото, а неговите родители се во другата соба, и тоа е ОК. Јас ја имав таа среќа мојот да живее сам во стан и немав срам од неговите, ама како неискусен љубовник на почетокот мене ми беше срам. Си се срамам по природа. Признавам!
    Ама во МК немаат сите посебни станови, ниту имаат пари да одат по хотели или па имаат коли.
    Или што е разликата кога како венчани или како двојка имаме секс во полна куќа? Нели некогаш мора да се има? Тоа не е срамно нешто. НО сексот не е проблемот во оваа тема - преспивање кај партнерот.

    Јас не преспивав кај дечко ми, иако тој беше сам, бидејќи во тоа време јас си имав дом и мое катче коешто ми беше најубаво место за спиење. Мене на почетокот ми беше неудобно да спијам во туѓ кревет, неможев да заспијам и не се осеќав безбедно. Само паничев дека некој ќе влезе во станот на дечко ми и ќе не нападне. Фикс идеи цел куп!

    Почит имав кон моите затоа што иако имав 20 и нешто години живеев со нив и тие ме гледаа/финансираа. Тие се грижеа за мене и очекуваа да се враќам дома за спиење, добро доколку сум им кажала дека ќе спијам кај дечко ми си знаеа каде сум и не паничеа. Домот ми беше во ист град па немаше никаква потреба да задоволувам некои мои младечки каприци и да им барам на моите да ме пуштаат да спијам кај дечко ми.
    Тука беше и почитта кон дечко ми. Не сакав да сум му нападна и одма да му го пореметам неговиот самечки живот :D . Иако имавме сериозна врска ние тогаш сеуште се запознававме. Сеуште учевме еден за друг. И се со свое време се случи. Неможе никој така слободно и толку целосно да му се вмеша во животот на другиот. Па ремети :lol: бе. Е тука е моментот на воспитувањето, досаден си и тежок кога се мешаш ти во туѓ дом. Доколку преспивате кај партнерот, а тој живее со неговите вие им се мешате во нивниот животен биоритам. Вие дали сакате насабајле да гледате некој како ви се вртка, а сеуште не го познавате добро или најстрашно не го познавате било како? Гледате нов човек во куќа! Мистерија кој е и се прашувате што мајка бара тука.

    Врската се гради со време! Како емоциите си растат, така имаме и посилна желба да спиеме и да се гушкаме со партнерот. Верувам дека кај вас таа желба не била преголема па се одеднаш да сте искусиле и да го угушите партнерот и неговите најблиски од преголемата ваша љубов. А да и тоа сепак е Љубов!

    И доста со тие модерни сфаќања, така е некаде но колку финансиски и културно сме ние луѓето моќни да ги издржиме и примениме истите ставови тука во МК?! Или па сакате да одиме дотаму и да си седиме со татенцата наши и бидејќи ние сме толку слободни тој да не прашува - татина галенице вчера се сексавте ли, како беше, во која поза...? И вие нели дека сте толку модерни ќе профучите со лавина одговори..
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    ^^Каренин ај вака сега кажи ми дали и колку пати ти се има случено со партнерот да поминеш одредено време кое ете се завршило со тоа што сте се мушнале еден во друг, гушнати, уживате и двајцата, таа вечер или во тој момент и некој да ти понуди одмор на Малдиви не би станала, едноставно во тој момент сета совршеност на светов се собрала помеѓу вас двајца, и нормално колку повеќе време сте заедно, толку подолго таа состојба на нирвана ќе ви трае но... едниот мора да стане за да си оди :doh: .

    Не се ова модерни размислувања, ова се размислувања во кои не си преоптеретен со туѓите осуди, едноставно си уживаш во своите моменти, во својата интима и не си ја нарушуваш сопствената сатисфакција само заради тоа што другите ќе кажат.

    Останувањето да преспиеш кај партнер кој живее со родителите незначи дека мора да станеш во 7 и да се плеткаш низ кујна или ВЦ, и да им ја нарушуваш нивната семејна атмосфера. Денес 90% од родителите се вработени и рано наутро излегуваат а најчесто партнерот останува да преспие кога нема обврски наредниот ден. И да имаш обврски, ќе станеш и во ВЦ ќе се задржиш 10-15 минути, мочаш, миеш заби,лице, можда се тушираш и излегуваш, да се шминкаш, пеглаш и слично можеш и на страна (во соба) а со 15 минути поминати во ВЦ или 5 минути во кујна кафе да спремиш не верувам дека некому ќе му го упропастиш денот и пореметиш биоритамот.
    Мене ми било понезгодно кога другарка ќе ме викне на гости а дома им е хаос, кречат, прават ајвар и сл. а таа инсистира да останам, да го испијам кафето и не дозволува или не сака да помогнам, па јас ко попче си седам и гледам, отколку да преспијам кај партнерот и да се обидам да се адаптирам на нивниот начин на функционирање без притоа некому да се наметнувам или досаѓам.
    И блискоста помеѓу детето и родителот (без разлика мајка или татко) не е ништо смешно или срамно, јез да јас со мајка ми и не сум нешто блиска, но тоа е нејзина грешка таа погрешно се поставила па не се чуствувам толку слободна пред неа, додека имам другарки и другари кои со родителите на темата секс сосема културно разговараат, мене ни друагрка ми не ме прашува во кои пози сум имала секс и не гледам зошто и родителот би прашувал. Разговор за секс, заштита, превентива, совети и сл. не се ништо лошо, напротив баш би било добро и пожелно кога родителот ќе биде тој кој ќе го научи детето што е сексот, како оди процесот на репродукција, ќе го информира за СПБ и сето тоа со добра намера да го информира, а не ко овде што има милион прашања „ми сврши на стомак дали сум бремена?“.
     
    На eloves и Mishela им се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас бев погрешно протолкувана дека агитирам немање секс :D
    Јавна тајна било што прават моите браќа во нивните соби кога гледаат филм со девојка :D Ама станува напорно кога истата ќе си преспива нонстоп и ќе станува домаќинка и ќе се врти низ куќа . Како се вели сваког госта 3 дана доста .
    Многу лично се свати темата , и дека осудуваме ако некој преспие , се е тоа добро додека има некоја граница . Еве на моите родители им сметало тоа киснење .А јас како лоша золветина дискутирам за безосетните девојки , кои за жал не се ретки , играње куќа во свој дом или сами :D А не посочив дека некој тука е таков .
    А се што било умерено се прифаќало.

    Спомнав за таков случај дома да ви пренесам размислување на повеќето родители ,
    моите го седнаа брат ми и му рекоа - гледаме дека цело време сте заедно ,дали планирате да се земете во скоро време или не . Кога рече не ,тие му рекоа дека сакаат посетите и преспивањата да се намалат дека ова е семен дом , и ако не сакаат обврски и брак , ова е куќа не е хотел . На возрасни луѓе им сметаат такви зближувања и ако потоа се распадне врската на нив би им било најглупаво па затоа нема потреба да се вмешуваат и зближуваат толку . Барем моите и луѓето кои ги познавам се такви .

    А кога веќе не можеме еден без друг и мора секоја ноќ да преспиваме ќе се земеме или ќе живееме заедно сами .

    А од страна на родителите на девојката , па почит е кога живееш со некој и те очекува да се вратиш дома , мајка ми не заспива додека не си дојдам јас , па нема на стари години да и крадам од сонот ќе си дојдам во пристојно време . Можеби како тинејџерка не го разбирав тоа . Ние сме од ист град со дечкото , зошто да не спијам во мојот дом , моите знаат кога одам на викенд некаде со него или одмор . Ама би се бунеле ако одам и сметам на некого чисто оти ми се може , и да возрасните различно толкуваат некои работи . И може да се зачудите за какви работи би префрлиле вам ви изледаат нормални на нив не .

    И зборуваме за независност ,модерен живот , а сеуште живееме со родителите .
    Па ајде и сексуалниот живот ќе им го плескам во лице . Ќе речете условите не го дозволуваат тоа , па ако не го дозволуваат ќе се прилагодите на ситуација . Не можам јас да изигравам модерна жена а да живеам со родителите . Ќе си одам кога сакам дома нема што да полагам сметки , да тоа ќе можам да го правам кога ќе си обезбедам свое живеалиште а сега засега ќе бидам благодарна за тоа што ми пружиле.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    Зарем не е тоа притисок од страна на твоите родители кон брат ти мимииии, и само незнам како ти можеш да го оправдаш тој став? А колку што гледам го оправдуваш да го условуваат брат ти или земете се или нема спиење. Според мене тоа е притисок и методи од 19 век и за мене се тотално неприфатливи. Таквото однесување(преспивање) им сметало на старите! Па нормално кога тие влегле во некои средни години во кои можеби и сексот им здосадил но тоа не зачи дека и вам треба да ви го забранат. Мислам стварно неможам да сватам што особено и ти си млада да подржуваш таков став. И замисли идеш со децко 1-2 год и мајкати и тебе ке почне да ти труби, ајде земете се што чекате уште колку ќе се влечете итн. Дали ќе ја послушаш и подржиш мајкати и тогаш? И ке отидеш и ке му се тупнеш на дечкоти туку, така и ќе му речеш од денес сме во брак мајками така рече а она најдобро знае кога и за што е време. Мислам страшно е родителите да ви одредуаат за што и кога е време, а уште пострашно е што ти како млада особа го подржуваш тој став.
     
  12. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    Феминки јас ни ти имама секс кај дечко ми нити спијам кај него ке отидам на по едно кафе и толку клоцата во газ,ми здосади да се е*** во кола кичма ме фати :D ама тоа е што да правам
     
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Прочита или само колку да кажеш нешто . Такво седење не доликува на гостин , никој не ни спомна ни за секс ни за ништо :D Кој колку сака нека си има .
    Домот е за членовите на фамилијата јас не гледам ништо старомодно во тоа . Кој сака да се љубака 24 часа на ден и да си гукука , нека си се пресели да живее со девојка/ дечко, кај нас важат тие правила .
    А кој кога ќе се жени си е негов избор . Јас одам многу долго време со дечкото па не ме даваат од дома за мажачка :D и тука се шалам во такви животни одлуки не ми се мешаат .
    А јас да те прашам дали твојот дечко спие ,јаде кај тебе по цел ден дома ? :?:

    Мислам дека и малку претера па и сексот на моите родители го анализираше :D
    Не мешај баби жаби . Нормална врска меѓу млади и наметнување во нечиј дом
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    На почетокот од мојата врска си признавам дека ми беше најубаво. И дека буквално се топев во неговите прегратки. Јас не кажав дека не се случувало никогаш да останам кај него. Сум останувала баш највеќе во таквите моменти на заљубеност, страст и занес. Поготово кога знам дека Целиот стан е наш и на никој не пречиме. Ама тоа далеку дека било секогаш или почесто. Знам само дека јас не се чувствував убаво да спијам во туѓ кревет и ми требаше долг период да се прилагодам. Ова го кажувам од мое искуство.
    Уживањето во сексуалниот чин не го оспорувам. Никогаш не сум против здрав љубовен и сексуален однос на две единки. Јас баш сум најголем поборник за тоа. Сакам секс ама го сакам со човек кој го знам, кој е само мој, кој знам дека е чист и кој го љубам. Никогаш не сум не срамела да се бакнам со него пред никој. Блискоста со родителите е најважното нешто бидејќи нели тие не прават човек, на некој начин. Тие ни всадуваат морални карактеристики и карактерни особини. Јас доколку имам деца си кажувам дека ќе им купувам кондоми или ќе им давам пари за таа намена. И пред се отворено ќе зборувам со децата на тема секс и љубов. Не е ништо лошо тоа. Ама па непочитување додека сеуште се живее со родителите и невраќање дома за спиење без никаква најава поради тоа што ние сме над 18 години ми е крајно себично и неморално. Одлуката на зрел човек не е тоа да правиме што сакаме без никакво образложение. Одлуката на зрел човек е и чувството на осет, внимание, љубов и грижа кон оние кои ни пружат топол дом иако ние сме полнолетни. Никој не ни забранува да уживаме в љубовта и се што таа носи. Сепак нели родителот е нашата прва љубов и почит. Додека не создадеме нов дом тие се моето СЕ.
     
    На SuperGirl24 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    не преспивам кај дечкоми ама секогаш заспивам како бебе послем станвам си викам такси и бришам дома :) а нема во тоа ништо ни чудно ни неморално ни незнам што кој како сака така нека си прави како си има услови
     
  16. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...се е до тоа како се осеќате кога сте кај некого на подолго време, затоа што мора да знаеме дека таму не сме сами, односно дека треба да се вклопиме во средината во која ние сме страно тело...

    ...постојат многу толерантни родители но исто така и има многу нетолерантни кои дозволиле да нивното чедо има љубовен гостин на преспивање само заради тоа што биле принудени на тоа...


    ...лично, мастерот ако го тинтраат као шо е ред за еден таков импозантен мажјак, би преспал( мада тешко би спиел ако е до мене љубената и плус за инат би бил гласен ) али ако приметам дека ме намќорисуваат...нцки...
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Глупости бе.
    Па треба ли после треба ли темата свекрви/золви да се пишува нешто?
    :D
     
  18. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    Токму така тоа е нечив дом а не бордел, и затоа јас се сексам со нвниот син а не носам други мажи кај нив дома. Секако дека е ок да се сексам додека неговите седат или спијат во другата соба, јас не се сексам пред нив па да е срамота. Ако е така тогаш и кога ќе бидам во брак со него ќе биде срамота да се сексаме додека се они во другата соба.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.252
    Ова ми е многу глупо. Јас не би се нафатила вака ако не сме сами и на мира. Едно е врска, а друго брак. Се знае дека кога си во брак имаш редовен секс, озаконета заедица и треба да создаваш семејство. Девојка и жена не е исто. Може типецот секоја девојка ја носи и ја секса додека неговите гледаат тв. За мене тоа е намање осет. Еден бивши ме нудеше до кај него,ама во стабот и цимерот му викам “не си сам“, вика “па што ми е гајле за цимерот“. Сепак глупо е да се слушаат звуци и да се знае што се прави во друга соба.
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    можеби али не секогас,секоја веЧер не ми се допајга тоа.
    сто знам али лиЧно мене не ми се допајга ни јас ни тој кај мене :^)