1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преспивање кај дечкото/девојката дома

Дискусија во 'Врски' започната од SuperGirl24, 11 април 2013.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Што убаво си ги вртите работите :D И мора да се етикира и карикира .
    Не знам што е тешко да се разбере дека некои луѓе си ја ценат многу приватноста во домот. Времето за гости се знае .
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Мими ако ми веруваш буквално ко мајка ми и татко ми да ги опишуваш.Порано често знаев кога ке си дојдам дома после град околку 3 часот (бидејки до толку имав излез) да ја затекнам мајка ми во соба кај мене како наводно игра карти на компјутер ,а вушност мене ме чека да види дали ке се вратам жива и здрава дома. Стално и се смеев за тоа и и викам аман ма жено како ти се играат карти до ниедно време,но тогаш не сфакав поентата на нејзиното седење кај мене во соба. Таа вушност се грижела кога ке дојдам дома и во каква состојба нормално ке дојдам дома.Ете летоска прв пат во живот на 25 год после град ради определени причини после диско дојдов дома со дупната и раскрвавена глава. Татко ми жив се изеде зошто не сум го разбудила да му кажам што се десило,туку сум кутела и во болка сум седела цела нок до утрото додека не станаа они и не ме видоа.Често знаел на шала да ми каже -Знаеш ти дека мајка ти без тебе неможе да заспие. :D Нормално на тоа сум гледала со смеење ,дури и со осуда зошто толку ме тероризираат и не ми даваат слобода да праавам што сакам.Ама ете родители се се грижат кај им е дететото и што му се дешава во животот.Дури пред некое време и се смеев на мајка ми ,утрото кога после град во 7 саат пред да оди на работа специјално влезе кај мене во соба да провери дали сум се вратила воопшто нокта дома. Ја осетив но не и реков ништо.Тек кога станав од спиење и се јавив и уз смеа и реков-Добро ма мамо зарем сабајле со цел памет влезе да провериш дали сум дома? Нормално мртва ладна ми одговори-Фала богу дека ке влезам да видам,дете си ми те мислам.

    Сум носела дома дечковци (двајца до сега) моите сакале да ги уопзнаат.Со едниот за прв пат требаше сама да одам на одмор и тоа со дечко па татко ми посака да го упознае да види со кого си имам работа. Културно фино дојде на гости,седна со моите ,испи чаша пиво со татко ми и после тоа си искочивме.Доагал кај мене и после тоа на рандом седенка и на моите не им пречело (никогаш не сум имала секс со него кај мене додека моите биле дома) ,сме гледале филмови ,сме играле карти и на крајот од вечерта си заминувал дома.
    И моите исто ко на Мими стално коа станувало збор за дечковци ми викале-Керко не е ова бордел,па кој стигне да влага тука.Ете иако идев долго со него после некое време раскинавме.Зарем после него секој дечко што ке го имам треба да го носам дома,и да ми лежи во кревет и да ми седи со моите. Па не секој е достоен да седне на маса со мајка ми и татко ми !!

    Во поглед на сексот како што кажав ,не го гледам како сквернавење на домот.Сум имала и кај мене секс ама :!: кога моите не биле дома или биле на работа.Па и тоа не е сигурна територија затоа што неколку пати татко ми се има вратено порано од работа и не има фатено на сец,па сум приметила дека иако е свесен дека сум возрасна и дека тоа е природен прцес,не му било сеедно што под негов покрив се дешавале такви работи и ми праел кисели фаци.Ама ајде ке кажеш едно дете има па и девојче ,па може го разгалува .Нормално со моите секогаш сум имала отворен муабет на тема секс,чак татко ми сам ми кажал -Дете ако ти треба пари за презервативи слободно кажи ке ти дадам 100ка +,боље да се спречи него да се лечи.Никогаш не се праел наудрен со помислата керками за брак се чува Пресвета Богородица е.

    Да одговорам на актуленоното прашање на Скорпионка. За воља на вистината ми се дешавало најчесто со погоре споменатиов дечко да имам секс во кола. :tmi: Не можам да кажам дека има посебно уживање бидејки постојано си под стрес од околни пазачи,но јас не сакав кај него дома бидејки делеше соба со сестра му па ми беше незгодно да ја реметам и ја бркам од сопствена кука. Со последниов ,кај него дома се дешава свечениот чин бидејки има сопствена соба која не ја дели со никој ,а и срека неговите често одат во викендица па сме сами.Се дешавало и они да се дома и ова најискрено го кажувам стварно ми било незгодно ,бидејки имало ситуации кога лугето станувале до вц да одат и не слушале нас цили-мили (знаете на што мислам) :tmi:
    Имало моменти кога не сум сакала да станам од кревет и да се поместам од неговата прегратка,но ете сум станувала и сум си заминувала дома. Едноставно мене така ме воспитале моите ,кај и да си на крај дома да си дојдеш. Не сум правела муабет дали би ми дозволиле да преспијам кај дечкото,но мислам дека би биле категорични по тоа прашање. Не вика не,убаво е да ја поминеш цела вечер со него,но има време кога да го правам тоа.Ако дај боже се земеме цел живот ке го имаме да се будиме заедно.Сега за сега си стојам на ставот дека и покрај се ,на крајот на вечерта (која патем никогаш не била подолга од 3 часот по полнок) секогаш ке си доагам дома и ке си спијам во својот кревет.

    Искрено мислам дека малце ја забегавме темата.Не ми беше поставена со намера да слушнам мислења кој каде има секс и дали е во ред да се сексате додека родителите се во соседната соба, туку дали сметате дека е во ред тоа целонокно останување во туг дом без оглед на причините (секс,филм,книга, нељутисе човече).
    Нормално тука ги изземаме оние инцидентни ситуации. :)
     
    На eloves, Bibko, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Смисла за хумор? Можда тоа е проблемот,а не приватноста на домот. Малку смисла за хумор и опуштеност,не ќе да е на одмет.
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.984
    Допаѓања:
    233.277
    Читам два дена, претходно кај свекрвите и снаите, а сега овде и се чудам од каде никнаа волку поштени девојки? :D
    Ве има навистина или јас губам контакт со реалноста :^) .
    Каде бре ќе имате секс, ако не во куќата на дечко ви или девојката? Каде?
    Јас со дечко ми одев 6 години, заедно живееме додека студиравме, но кога бевме дома не преспивав кај него од причина што моите колку и да се либерални и модерни, сепак имаат некои граници кои јас ги почитував. А и не ми преставуваше проблем со оглед на тоа што живееме во мал град. Но се има случувано да преспијам кај него. Исто и тој кај мене, моите не беа дома, ама секогаш беа известени дека тој преспива кај мене.

    Јас често одев кај него, и тој кај мене. Моите сакаа да го запознаат подобро. Секој родител го интересира со кого неговото дете се гледа. И никој не се почуствува, ниту јас, ниту пак тој, ниту пак нашите дека се наметнуваме. Никој од нас не очекуваше или пак бараше да се земеме бидејќи спиеме заедно и киснеме еден кај друг. Напротив, се беше наша одлука. А секс си имавме кај него во соба постојано. Сигурно нема да се тркалам во кола на некој паркинг.

    Се чудам, пак ќе кажам од каде излегоа овие помодарства. Ако сте сериозни и јас сум, па размислувам да инвистирам во објекти кои ќе служат за парови кои сакаат да имаат секс :D .
    Во врска со чистењето, се случуваше да ја раскренам неговата соба, но не и да ја чистам цела куќа. Дечко ми не ми дозволуваше, а и впрочем бев гостинка, пиев едно кафе или кога јадев кај него, ќе извалкав една чинија. Не оставав неред зад мене, па да беа потребни часови за да се исчисти по мене.
    Тоа не ме прави некултурна и невоспитана, напротив, дома и готвам и чистам, и перам. Абе се правам :D. Но дома, не на гости.
     
    На Annath, Moira, Mikako и 3 други им се допаѓа ова.
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    зошто да не доколку одите.. е сега има случаи каде што не сакаат родителите од причина што (доколку е мал град) ќе излезеле муабети,па ако раскинат за џабе сето тоа , секој си имал куќа... а должколку е од друг град може за оној што не е од тој град (пример девојката) и да раскинат кој би знаел таа каде и со кој е била каде престојувала - можеби е била под стан ,можеби на гости...а во мал град и тоа од ист да сте би пукнале муабети и тоа какви ;)
    сепак љубовта си го прави своето (и родителите хах и она што ке кажат луѓето)
     
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Јас се префрлив на оваа тема како афтер парти на претходната кај свекрви и снаи а таму не беше муабетот само за преспивање па затоа, а и не може да биде само за преспивање оти тоа си влече и други работи.
    Најмногу ме иритира тоа што уште сега ве гледам, очигледно така научени од дома, да секоја секунда мир и комоција си ја цените максимално, и девојката на братот/синот ја гледате како натрапник, некултурна, без домашно воспитување ако ете преспала па и се дрзнала во ве-це да влези и да се задржи таму подолго време. Или малку почесто доаѓа на гости. Веројатно некој ја поканил, и тој некој тогаш е ист како неа штом и дозволува такво нешто. Или синот/братот не е таков, тој би ја носел по ресторани и сл. ама оваа аждаја со сила иди, дома па дома сака.
    И кога се нема почитување од неговата фамилија кон неговата избраничка заради овие работи, утре ако дојде како снаа бетер ќе биде. Се' ќе ве нервира кај неа, и вашиот целосен мир ќе замине во неповрат и ќе се молите да заминат некаде под ќирија за да вашиот живот си продолжи по старо.
    Обично се вели -подруго ќе биди ако е снаа. Нема да биде подруго.
    Уште од старт се гледа колку е човек спремен да прави компромиси и колку почитува одлуки на своите деца без да притиска на нив. Пак ќе кажам, не зборуваме за дечишта.
     
    На eloves, Annath, ljubam и 11 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    На темава немам некое одредено мислење, на кој како му чини така нека си прави, негово си е. Работава испаѓа ко онаа комшискана, ау види ја онаа се враќа сабајлево сигурно па спиела кај нејзинион. Што има врска тоа, едноставно мислам дека не е наше да ставаме етикета на некој поради ваква работа.
    Мене ми се има случено еднаш да заспијам кај еден бивши, ама ептен бевме напиени и не успеав да се вратам дома. Мајка му другиот ден не будеше. Е сега дека умрев од срам, да. Не ме имаше видено жената и тоа во какво светло ме виде.
    Мм живееше со цимери, таму немаше место за преспивање освен ако не се погодеше сите дома да си одат за викенд, ама тоа почнавме да го практикуваме доста понатаму во врската, откако почувствувавме дека сме во таа фаза. Он кај мене никогаш нема преспиено од причина што куќата ни е некако мала, собите гледаат во дневна, ептен се слуша, па сигурно нема да им приредувам такво нешто на моите.
    Како и да е, на кој како му чини. Една другарка секоја вечер се заедно, спијат или кај него или кај неа, едноставно така се осеќаат и така им одговара, убаво им е, имаат услови и тоа е тоа. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Јас пак никако не оправдувам, девојката се секса со него во едната соба, а преку еден ѕид родителите гледат ТВ или спијат ! Друго е, седнале поручекта на кафенце и карти во неговата соба, па кај 10 11 часот си одат, кога сите се будни и се е океј, а друго е лигавење до никое време !

    А ако дечкото е сам дома, тогаш, ради почит за домашните, е убаво да се прибереш пред зори. Нема смисла, да те гледат соседите како се вракаш во 12 часот поручекта, и да си прават филмови каде и со кој си била... Не заради нив, нека си мислат што сакат, што ке помислат домашните... Кога си одиш во 3 часот, приказната е - ех, се журкала, си дошла.. А веке другиот ден - ке се прашат малку подруги прашања... Ниеден родител не пие нафта, уште на 15 се плескат веке, ама се прават дека не знаат, не ни размислуваат на тоа, и не е во ред да ги тераме да мислат на тоа каде сме преспиле и зошто.. Јас си зборувам од лично искуство, и немам никаков страв од татко ми (мојот најдобар другар) туку имам почит.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    ^ Па тоа би им го нарушило комфорот,не прочита претходно,затоа што за тоа се фатија?! Јас лично не би отишла на карти играње каде што нема простор,не па да преспивам и да деранжирам цела фамилија. Никој не вели да оди да дреме у 30 квадрати со сите на куп. Исто ги реметиш како кога би спиела таму. Еднакво е,присуството ти е таму, не можат да се раскомотат.

    А што ќе речат комшиите на 20 и кусур години, повеќе збори за нив,а не за девојката која се враќа на пладне или попладне или предвечерие и не знам веќе кога. А и од каде знае од каде се враќаш ако си доаѓаш во 12 часот попладне? Можеби си била некаде рано излезена. Ако вие правите така, изигравате матичари и коментирате,не значи дека цело маало вас ве набљудува што правите или дека сте во центарот на случувањата во малото.
    И пак се фативте за почитта. Ај малку замислете се која форма ја има почитта. Страв е тоа и точка, страв ви е со кои очи ќе ве гледа, да не си мисли нешто. Па мислете тогаш на таа почит и кога се плескате,не бидете бар лицемерни. Стравопочит можеби? Да! Страв ви е да не ве отфрли демек леле каков какан чин сте правеле со дечкото,леле,леле... Ај не сме мали деца, признајте си барем себе си. Да не се разбереме погрешно, немам дечко за да зборувам од таа гледна точка во моментов, ама ако речам јас останувам таму или одам на одмор со него,вие го знаете, знаете дека ме сака, ме почитува, го познавате дека е добра личност, ЧУМУ ДИСКУСИЈАТА БРЕ??? Што има да прашуваат?! Ова постои само тука на балканов,затоа имаме најнеспособна младина која зависи од сопствените родители,особено па во Скопје и големите скопјани кои кукаат од провинцијата како им земала се живо и диво,а они начукале по 25 години и уште се цицалчиња. Море луѓе,учете се да си преземате одговорност за себе. И ова е дел од тоа,се е исповрзано со зрелоста и сите тие измешани односи,не се трудете да ги двоите едно од друго,кога се е поврзано.
    Си имате проблем и точка.

    Не зборуваме за тесен простор, родители во другата соба како што опиша Рејн со состојбата кај неа и незгоден распоред. Зборуваме за постоечки услови и прашањето дали воопшто да се преспие во тој случај ако настанале услови...ете сте се опијаниле,сте се успале, далеку било, немало превоз итн итн што веќе се наброја ко причина. Кога си возрасна личност и знаеш што правиш со себе и својот живот, знаеш која е таа личност до тебе, твоите родители знаат дека не си во опасност...Што тогаш?!

    Не бе,уште ми е смешно она со алармот...уште. :D
    Темава е еднаква на полу-невина...еднаква! :D

    Смешно е... сите тие наивни детски финти со аларми,откако две третини од ноќта ја преспала таму. Абе ај...
     
    На SandStorm, Annath, ljubam и 8 други им се допаѓа ова.
  10. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Боже боже, што читам, свети домови, бордели ау...
    Ако одиме по таа логика, и неговите не треба да се сексаат, бидејќи децата им се дома бре, што ако се во брак?!
    Јас имам дечко од друг град, и заедно сме околу 3 години.
    До сега, се случило да преспијам 3-4 пати, само заради некои прослави како Нова година, нивни родендени, матурата негова и слично, бидејќи немам со што да се вратам навечер нели.
    Неговите ми викале да преспијам, т.е мајка му, со татко му си имаме така подалечен, но коректен однос, а и да мислат за мене дека сум невоспитана, искрено нема да ми биде гајле.Прво, јас сум со нивниот син во врска, а не со нив.Ако тој ме знае мене како воспитана и прибрана, и му одговарам таква каква што сум, нема тие што да се трескаат од земја.Во случај да потпадне под нивно влијание дека сум невоспитана или неодговорна или не знам што, тогаш поубаво за мене, ќе се откачам од човек што нема свој став и мислење.
    Моите секако дека мрчеа, татко ми поготово, вриеше, па така за последните 2 пати и не ни знаеше дека сум таму.Мајка ми, била троа полиберална на мои години, знае што е како е, па иако со тешко срце, сепак ме пушташе.
    Дека не си рецитираме поезија, фала Богу дека сфатиле до сега, и не искоментирале ништо во врска со тоа, а и моите сфатиле одамна сигурно.
    Многу јасно дека не треба 15-16 годишни да преспиваат, ама 17-18 со оправдани причини мислам дека е во ред.
    Не сме во 19 век па да се правиме мајки Терези, да глумиме невиност пред неговите, а богами и пред другите, мислам дека тоа дури и ве прави „сомнителни“ кај неговите родители. :D
    Тие што мислат дека преспивањето е голем грев, нека си седат и нека спијат дома сами, со чиста совест и загарантирано место во рајот, а ние другите ќе уживаме во прегратките на дечковците и ќе уживаме дека сме млади, не грижејќи се за туѓите осуди. :D
     
    На Annath, thelittle17, ljubam и 5 други им се допаѓа ова.
  11. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.462
    Оф Боже, стигнавте дури и до тема што ќе каже комшијата...
    Но едно не ми јасно...ако неговите родители ве прифатат вас како негова девојка, како нивно дете, (па дури ве гледаат и како потенцијална снаа) не гледам зашто би им го нарушувале редот и комфорот во куќата со вашето преспивање кога во (блиска) иднина вие би станале дел од нивното семејство..зборувам само за сериозни врски. Ништо нема да им биде нарушено на неговите родители освен сабајлето да направат уште едно кафе плус.
    Додека пак преспивањето кај дечкото од страна на незрела личност која едвај го познава партнерот ми е крајно неприфатливо...ми дава до знаење дека нејзините дома воопшто не се грижат каде побогу ќерка им ја поминува ноќта и која на број е куќата во моментот каде што спие.
    И како крајна опција,е спиењето кај дечко кој живее сам (во која се наоѓам и јас и притоа сме во една стабилна и сериозна врска која трае неколку години и има потенцијал да прерасне во нешто повеќе. )која потполно ја оправдувам. Сепак имате повеќе шанси да видите како би функционирале во брак, но ајде да не забегувам тоа е веќе друга тема.
    Инаку да, не гледам ништо лошо во тоа да бидете со дечкото во соба и да правите дрти тингс, додека неговите се во соседната...па побогу каде инаку би имале секс и тука воопшто не станува збори за почитта спрема нивниот дом.
     
    На Annath, thelittle17, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Комплетно можам да поддржам со примери 3 во 1 :D Пред да се вериме со мм, шеткања навака натака, среќа голема куќа, посебни влезови со заеднички скали, немавме некој проблем околу преспивање. Ќе посочам оти претходно кога излегувавме неофицијално, мајка ми прва беше известена со кој и каде се движам, а од неа добив совет памет во глава и толку. Колку и да била конзервативна, секогаш рациото и бил пред секој збор. Го запознаа, видоа ме почитува и сака, сериозен е и на место, па после една заеднича вечера мајка ми се смешка и се поздравува со мене а јас цела прашалници дури ја укапирав :lol: Она сама си знаеше и си кажа дури прави иди ми дојди ми бар го заеме, се знаеме одобруваме терај како ти е воља, чуму очи мачкање при толку очигледно? Среќа посебен спрат има мм па немавме проблеми од типот тиснење и незгодно.
    Следно, мм се врати странство, а јас со него кај него во стан-мераци, сами, млади. Би некоја работа моравме кај свеки со свекорот да сме месец два,со план за веридба, спалните залепени една до една абре мува да летне да се чуе. И сега? Да си заминев од принцип да не ги реметиме во хотел? Ха мало морген. Среќа во несреќа свекор ми хрчи како на појачало подобар изолир :rofl: :$ НЕзгодно да, ама се морало :P Младост убост бре
    Кога се сака се се може. Никогаш нит пререкле ништо а баш е птворена без страм и перде да имаше било што ќе кажеше. И сега мајака ми да не ме пушта или татко ми немажена да седам со мм кој како ќе речел? Пре иди види како ќе иде, ако не иде со време мрш чао молим лепо од колку изигрување светици и смушнивање во ниедно доба. Ако си пичвајз биди мајку му до крај.
    Најарно е да се игра со отворени карти и да не се мачкаат очи. Можеш по дома да кажеш со другарки излегувам , а ти очи да си копаш во некој жбун. И кај сега тука почит? Ха, никој не реметите, кутри животинки. Туку ајде, секој со својот ум како си ја наредил така ќе си најде. Едно е сепак дечко и девојка друго верени или маж и жена. Понекогаш условите се оскудни , ама мора да се преживее. Па како бре по Богу порано раѓале деца со по 10 души браќа/сестри/девери/јатрви/свекри/свекрви под ист покрив наџичкани во една соба?Или кај магарињата во штала се криеле и по капини коа береле? МА дај, почит ова она. Да нема мачкање очи тоа е подебилно, кога се си е стокмено, нема потреба ни од мн зборување секој ќе си знае кај му е местото и што и како е ред.
     
    На WarriorAngel, Annath, ljubam и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    И мене на темата за полуневината ми текна :D , уште ми доаѓа смеење кога ќе се сетам на таа тема и после толку време...

    И друго да ви споменам, сте се фатиле за реакцијата на околината ако раскинете, ако ви е вас споменот на таа личност чист, а ете се јавиле околности поради кои не сте останале заедно, ниеден зајадлив коментар или прекорен поглед, не може да го промени тоа.

    И жени бе, утре некоја од тие бескуќнички и какви не изрази се употребија, ќе ви е снаа за брат можеби и нема на раат да престојувате во куќата на родителите, бидејќи може да игра на карта ,,памти, па врати,, исто со таа нетрпеливост и на страна да сте, цело семејство ќе го оттурнете од себе, па потоа славете си со сопругот како утови сами различни веселби, во неограничена и непореметена комоција.

    И секогаш се сеќавам на примерот кој ни го кажуваше една постара колешка како во трособен стан 13 души живееле, ама во голема меѓусебна слога. Некои и во куќа од не знам колкава квадратура - тесно им е... Знаете, полошо за мене од дом на кој му е нарушена ,,светоста,, (Св. Дом :D ) со гости е постојано празен дом, чиј праг скоро никој освен домашните не го пречекорил.
     
    На Hipster, Annath, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ах бре жени,жени.Ние сме во скоро 6 годишна врска и дека сме од различни градој нема смисла да плаќаме хотели,сооби,па имало немало место и да одиме по другари,другарки да спиеме па не примиле не не примиле на спиење се решивме на тој чекор.И моите знаат и неговите,на крај краева ако спијам некаде кај другарка,другар не им реметам и нив ред и мир? :^) Чичко ми иако е малку конзервативен тип кажа ако веќе те сака и почитува тебе и сигрна си дека тоа е така зошто да се мачите да плаќа соби или да бара другари да спие на толкава куќа да си иди кај нас па и ти кај нив.На почетокот не спиевме во исти соби кога идеше тој кај мене,но сега немаме никакво проблем и околу тоа.И да тие мастило пијат па и моите и неговите,синкир не знаат што се тоа односи и дека двајца млади,здрави возрасни и зрели луѓе ќе лежат еден до друг и ќе се галат само,аха да сигурно.
    Па и накрај краева јас сум со него и одам да спијам кај мојот потенцијален иден животен сопатник и јас кај него,да се разбериме никој не гарантира дека тоа така ќе биде и не е важно што мислат комшиите,пријателите,роднините.Моите знаат каде сум и со кого сум ,нема тука ојдов,спиев ама не правме ништо,се си е отворено на маса и не ме ни прашуваат што праевме само секогаш велат со памет во глава.
    Неговите се либерални и никогаш ништо не рекле околу тоа прашање ,сепак и двајцата сме совесни и се трудиме да не сметаме никому во нашата интимност :$ .На крај краева јас или тој не се гледаме само за секс нормално и наутро кога ќе станиме не се гледаме со неговите или моите со страм и не правиме ништо што укажува на непочитување. Е сега бидејќи такви се околностите кај нас не зборуваме за спиење секоја вечер туку ако не секоја,тогаш секоја втора недела.
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Значи во целост се сложувам се девојките над мене, значи нормално е во животот на една девојка да постои дечко, бивши љубови, нормално и сосема природно и очекувано е и истата да е сексуално активна, да преспива кај партнерот и тој кај неа, многу работи се нормални и потребно е ние како млади, интелигентни, образовани, културни персони да ги оправдуваме сите овие работи, потребно е нашиот ум да е со отворени хоризонти зошто нели убавината на светот е во слободата, разликите и можностите.

    Не ја сфаќам тангираноста на комшиите во муабетов ама ич, побогу кажав што глупости правев јас (во 5 се прибирам се надевам дека тогаш некоја комшика не ме снимаше, и излегувам во 8 пак одам кај него но комшиите кои ќе ме сретна гарант си мислеа на факултет одам) и што е тука битно, што тие мислат, мислам кому треба тоа да му е битно, мене зарем, па зарем треба да се занимавам со размислувањата на луѓе кои очигедно во недостаток на попаметни размисли, времето го трошат размислувајќи за мене, што правам, јадам, каде побогу спијам?
    Тоа се размислувања, зборови муабети кои апсолутно не ме интересираат, мене ми е нормално да е сексуално активен и пар кој има состаноци во пауза за појадок, па и оној „културен, морален и обзирен“ пар кој го прокламирате. А каде истите се сексаат е потполно небитно, имањето секс во соседна соба не е ништо грешно и навредливо како ни какано и безобрано, па претходно беше речено како тогаш на родителите не им е срам да се сексаат додека нивните деца се во соседна соба. Али добро, можеби вашите родители не се сексаат, ниту се сексале, вас штркот ве донел.

    Такоџе во целост ја поддржувам и теоријата за страво-почитта која ја произнесе Лилит и мислам дека одлично ја долови суштина што потполно е непотребно и јас да продолжам да смарам окулу тоа.
     
    На WarriorAngel, Moira, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  16. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.462
    Ќе пишам еден пример од колега на дечко ми...просто ме интересира какви осудувања и размислувања ќе паднат. Значи, колегава има едно месечна врска со девојка од сосема другиот крај на градот, работи кај што живее тој и спие кај него после работа. Ви зборува ли ова за нејзиниот морал и почитта спрема неговиот дом и неговите родители?!
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Иако сме во долга врска, сме биле безброј пати на одмори, викенди и разни бегства од градов, сепак не ми се случило да преспијам кај него. Остануваме до подоцна, безразлика дали ќе гледаме филм, ќе си правиме муабети или нешто сосема друго, ама за спиење си се враќам дома.

    Немам почувствувано дека рушам нечиј комфор ако останеме кај него подоцна, а и од страна на неговите немам добиено впечаток дека им пречам. Куќата е доволно голема, а и плански е така направена да собите на дечко ми и сестра му се со посебен ходник. Се наоѓаат на сосема другиот крај од дневната и спалната на неговите. До душа, спроти нас е собата на сестра му, ама не се пожалила дека и пречиме. За користење на вецето исто не е проблем, затоа што имаат две – едно домашно и едно гостинско.
    Дечко ми многу пати ќе ми рече: Ај бе остани на спиење. А јас ќе почнам: Абе немам пижами, ниту четкичка за заби, а и кутичето и течноста за леќите не ја носам со мене :wasntme:

    За тоа што ќе кажат комшиите, апсолутно не ми е ни гајле. Немам што ним да им давам објаснувања каде сум била и кога си се враќам дома.
     
  18. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...предлагам да ја преимениме темава во...

    ...секс со преспивање на туѓ терен...( додека родителите "пијат нафта во спалната нивна" )
     
    На simoncelicius и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Не гледам потреба некој некого да осудува во ситуацијава, после две прочитани реченици за личности кои воопшто не ги познавам, можам да донесам лабав заклучок дека се работи за оформени особи кои очигледно меѓусебно почуствувале силно изразена хемија и ете се потрудиле да си овозможат повеќе време заедно.
    Негледам ништо не морално во преспивањето, па макар и живееле во иста населба, а дали преспивањето ќе се случи после 2 недели или 2 години пред се зависи од интензитетот и динамиката со која се развива врската односно блискоста помеѓу парнерите, јас одев со бивишиот повеќе од една година и никогаш не ја почуствував хемијата и блискоста која со Петко ја почуствував многу брзо, можеби и после првата недела.
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ако тие си одлуЧиле дека така е најдобро јас не гледам никаква приЧина за двајца млади возрасни млади да не го прават тоа без разлика колку време се во врска. Ако тие се сигурни во тоанема приЧина за ние или било кој да ги ос будува. Сепак многу не го разбираат тоа, но не е битно тоа туку она за кое ние мислиме декka е правилно и за кое сме се одлучиле.