1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преспивање кај дечкото/девојката дома

Дискусија во 'Врски' започната од SuperGirl24, 11 април 2013.

  1. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...размислив длабоко, го повикав гласот на компромисот и сенката на моралот во мене и го формирав моето мислење околу темава, конечно...

    ...не е во ред да се носи фичфирич партнер- 6-8-(цирка) месеци во врска дома на преспивање, во ред е да се носи сериозен партнер над 8 месеци во стабилна врска...
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ама сте ја наполниле темава :geek:
    СДК дека не знам зошто на некои им е многу чудно непреспивањето, а на други преспивањето :^) Па анализи, анализи...до првиот човек ќе дојдеме. Фадер ишјус, мадер ишјус, комшии ишјус :|
    Гледам, повеќето што се за преспивање, веќе се во долги и сериозни врски. Прашањето е, дали во нова тазе врска, каде не знаете каква ви е иднината (па и да бидат неколку месеци во прашање) ќе одите да преспиете или ќе го викнете човекот кај вас дома?
    Јас дека сум заостаната сум, знам веќе :D туку ете сакам да знам до каде ви оди слободата. Индивидуално нели, без разлика на родители, комшии бла бла.
    Без осуди, колку да се знае. Другарка ми е спротивност на мене, кај нејзе дечко и редовно си преспиваше. Па ете, да се знае, дека заостаната сум само за себе :wasntme:
    Во врска со сексуалноста, не гледам причина зошто да го споделувам тоа со моите, неговите или блиски роднини. Доволно е да се разбираме со мајка ми за интимното здравје, за останатото лична моја интима. А таа знае дека може да има доверба во мене. (пак да напоменам, без осуда, кој како сака дома нека си зборува).
    Туку, на оваа тема едноставно гледам...само нашата вистина сакаме да биде единствена и прифатлива, се другото е или премногу модерно или премногу конзервативно :^)
     
    На Bibko, mimiiiii, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    ^ Кравче и јас сум заостаната како тебе,не си сама,без гајле ;)

    Во врска сме 3 години со момакот и досега ниту еднаш немам преспиено кај него или тој кај мене,неможам,не ми оди некако :^) се случувало и сам да е дома на 2 дена и јас немам останато,а тој кај мене па да не прајме муабет :D а бре сакам сама да се ширам и да се тегнам на мојот кревет :D сама :D
    немам против преспивање и против непреспивање кај дечкото,секој различно си размислува ;) и зошто бре уште сега да спијам кај него? :^) кога ќе се мажам таму ќе бидам...зато моето мислење е то,јас си уживам дома,тој дома и така :D
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ниту ги знам комшиите на дечко ми. Ниту пак моите for that matter. :D

    Ако врската ми е сериозна (е сериозна) не гледам апсолутно ништо лошо и погрешно во повремено преспивање кај дечкото.
    Додуша, он почесто преспива кај мене (уствари пардон, не преспива, глуми лудило како пола од женските тука, навива аларм во 02 по полноќ, зуе снуз на секои 6 минути, и така до кај 05 сабајле се мачиме и двајцата зашто сакаме да се гушкаме и да си спиеме заедно, и се искрадува во глуво доба, ама ете - не преспал човекот). :rofl:

    Така се тешат и мнозинството тука верувам, што мене лично ми е смешно.
    Или спијам или си одам дома.
    И колку трагично го сфаќате тоа - леле јас ќе станам и сабајле неговите ококорени, со обвинувачки погледи за неморал и направен срам врз креветот на нивното милениче... |( вауууу...

    Ако се толку заостанати, со такви чукнати фаќања, не ми ни требаат, ни он, ни никој таков.
    Кај мене никогаш никој не направил проблем (па некој друг да дозволам да ме осудува, пази немој) условите се тие, подобро ќе си седам во мојата соба, гледајќи филм, гушкајќи се, правејќи гревови, отколку во кола на сомнителен паркинг, во парк, сопче за еднократен престој или што ти знам таму...
     
    На SandStorm, 1209, Idonea и 20 други им се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Неможам да се изначудам колку глупави мислења прочитав боже господе ако некој преспие кај дечкото/девојката значи дека е распуштен,неморален не принипиелен?а тие што не преспиваат се многу поштени? поглупи милења амин...
     
    На orevka, Bibko, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    ^ Миме секој има различно мислење...различни луѓе-различни табиети :!: то е ;)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Ме потсети на едни времиња со муабетот навива саат во 2 и се искрадува во 5 демек преспал :lol: Ете таква беше една моја врска, цели 7 години си преспивавме еден кај друг, а незгодно ми беше само што секогаш излегував нашминкана и средена а се враќав дома без грам шминка на мене :lol: Моите и неговите не правеа проблеми за преспивањето, можда некогаш поради учењето што го запоставуваме, ама во главно не биле против, некако моите го прифатија како иден зет, а неговите мене за идна снаа, само што судбината имала поинакви планови за нас :smoke: Во секој случај, си се пронајдов во постот на Трендафилка :$
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам со вас...гледано од ваша гледна точка и од моја т.е.и јас така размислував/м...
    Ама утре кога моиве ќе почнат да преспиваат по туѓи куќи и да носат дома партнери,не знам како би се однесувала..
    Мене ме фаќа страв веќе,моето помина,ама нивното доаѓа...
    Како ма ќерка ми да ја пуштам да преспива кај дечкото...или девојче на син ми во другата соба си тера работа...
    [​IMG]
    Или можеби само прв пат ќе ми е непријатно?
    Ако постои до тогаш сајтов има да отворам нова тема-Како да се преживее во горенаведената ситуација !
    Ќе ми помогнете нели ако почнувам да експлодирам :wasntme:
     
    На Moira и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дечко ми досега не останал никогаш кај мене, доаѓал само кога сум сама дома....моите на одмор, ама не и не, до 1/3/4 ноќта ако треба ќе седи ама после си идел дома-едноставно не сака да остане.

    Јас имам останато кај него, иако се моите се противат (не било пристојно не било ова/она)
     
  10. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Мила а јас пак си размислувам утре кога и моите деца ќе преспиваат кај дечкото/девојката или пак ќе ги носат дома, јас ќе бидам некако посигурна. Да знам каде се, со кого се, мислам дека многу полесно ќе ми биде отколку да незнам каде се излезени па макар на 2-3 саати. Дека ќе измислам јас топла вода и ќе забранам да немаат односи на некоја разумна возраст на која сум имала и јас, тоа нема да се случи, ама би сакала бар да знам со кого излегува мојата ќерка, да има долга врска, исто и за синот, не значи ако е машко па пушти го нека боде кај стигне, нели? Не би сакала сега уште од прв ден да ми ги носат дома, но ако имаат сериозни врски зошто да не? Тоа што тие ќе го прават во соба е сосема нормално, не зборувам тоа да е на 15-16 години но пак си велам подобро да знам со кого е и каде е, отколку некаде по паркинзи, забави, дискотеки да се случува истото. Дајбоже само да се паметни да знаат самите да си постават граница како што сум знаела јас, тогаш би имала доверба во нив и би ги пуштала секаде, било на одмор, забава, преспивање некаде, но оди па знај и биди сигурен што прават кога ќе излезат од врата :smoke: Инаку, баш тие што беа притискани од дома, со ултиматуми во 12 да си дома, сега се најраспуштени. Демек постигнаа нешто нивните што не им дозволуваа дечковци да имаат и ги чуваа под стаклено звоно |(
     
    На LilMissBossy и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Зависи од возраста и тоа каква е врската.

    Не гледам ништо лошо девојка од 25години што иде подолго време со дечко и да преспие кај него, ама тинејџерки во врски од 5 месеци што преспиваат не ги разбирам. А уште помалку нивните по дома. Ако е дечкото сам, тоа е друг муабет, ама неговите дома, она уште неиспилена на 18години пие утринско кафе во пижами со неговите... :^)
    Јас сум преспивала само кога бил сам...кога биле неговите сум одбивала иако сме иделе 3ипол години, и зашто не сум тип што многу сака да муабети со свекрвата, а и зашто ми било непријатно пред се од моите, а после и од неговите.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и во некоја друга тема го кажав моето мислење за преспивањето.
    Јас и дечко ми сме од различни градови. Нормално дека кога одам таму, дали за Нова Година, 1 Мај, или онака да се видиме, спијам кај него. Тој живее во 3 собен стан и собата ја дели со сестра му. Кога одам јас таму на 3-4 дена, таа спие во дневната. И не дека не ми непријатно, ама такви се околностите и условите.
    А во Штип, каде што студираме и двајцата, тој седи со цимери, и за овие 4 години многу често останувам да спијам таму. Од дома ме знаат дека спијам кај него, и никогаш не ми рекле ништо. Го знаат дечко ми, ме познаваат и мене, и знаат дека сум на сигурно кога сум кај него. Подобро да преспијам отколку да се малтретирам по автобусите секојдневно.
    Тој поретко доаѓа кај мене. Ние имаме мал стан, само дневна и детската соба која ја делам со брат ми. Кога доаѓа дечко ми за викенд кај мене, не спиеме заедно. Или јас ќе си легнам во дневна на двоседот, или ќе си направам монтажен кревет во детската, и посебно ќе спиеме.
    Сега за сега, така се поставени работите кај нас во врска со преспивањето. :)
     
  13. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.786
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам. Ама не е крива таа на 18 години што така прави, туку нејзините родители што и дозволиле да го направи тоа (иако да речеме и дека може да излаже дека спие кај другарка) и неговите родители што си тераат кафе муабети со девојче кое првпат го гледаат ко божем син им за снаа ја донел и готова е работата. Разбирам да се запознаеш до родителите на дечкото/девојката (јас и од тоа бегав колку што можев, лично сум многу против непотребни фамилијарни дружења), ама тоа да биде во пристојно време, ќе си кажеш добар ден, како сте, што правите, седи подружи се со љубовта и стани оди си. Не е муабетот ноќта да ја поминеш таму, него зошто да се понашаш како снаа кога не си? Јас сум била сама дома, па доагал и преспивал, ама после неколку години врска, и кога сум била без моите дома. Со моите бил посебно поканет на неколку прилики, да дојде да си попраат муабет, кога веќе била озбилна работата. Ама тоа не значи дека треба утринско кафе да пие со нив. Ниту па јас би го правела тоа со неговите. Па и да треба еден ден под ист кров со неговите родители да живеам, ќе дојде ден кога ќе морам да пијам кафе со нив во една дневна. Ич не се брзам сега тоа да го правам.
     
    На mimiiiii, femina90 и Christina.A им се допаѓа ова.
  14. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...извинете вака ама морам нешто да приметам...

    ...на темава прочитав многу искази на успешни преспивачи кај дечковците дома, што ми дава до заклучок дека идните свекрви ке се толерантни кон снајките...( ура ура за свекрвите модерни !)...

    ...сакам уште нешто да дополнам во контекст на темава, а тоа е дека возраста на преспивачките не игра улога во кога е во прашање моралната етика( затоа што некој може да е несериозен и на 30 и кусур год возраст-ко на пример јас), но секако се слагам и стојам на погоренапишаното дека при прерана врска не треба да се преноќува...јер је ноч млада...
     
  15. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    6.907
    Пол:
    Женски
    Кај дечкото имам преспиено само еднаш во мојата две годишна врска...
    Незнам оти ама незгодно ми е од моите дома а и богами од неговите...Не слушаат цело време кај што урламе па уште да му спијам дома..
    Имам инаку другарки кои цело време се останати кај дечковците по само 3-4 месеци одење и стварно незнам кои модерни родители се тоа да му го дозволат тоа на нивните керки...Има време за такви работи,ко ке се земиме ке спијам кај него :)
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Каренин, па затоа и велиме цело време дека сакаме блискост со децата, почнувајќи од раѓање.
    Јас не знам какви ќе излезат моите на крај, се надевам ќе можат барем 90% од своето секојдневие и проблеми да ми кажуваат, ама ако се воспитувани да почитуваат зошто и ти (како родител) ги почитуваш - погоре набројаното нема да се случи, нели?
     
  17. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Добро а нели мислите дека киднувањето у 5/6/7/... додека неговите спијат е уште поголема непочит за неговите ?
    Исто ко да бегате. Наместо да си станете у најнормално време ке си се облечете ке си тркнете до вц и ке си влезете таму каде што се да се поздравите и да си заминете . А вака нормално и дека родителите ке се бунат дека не е нивната куќа нз што кога цела вечер правите шо правите и после ве снемува.

    И не е некој којзнае каков проблем за преспивање кај партнерот доколку таа врска ја сметате за сериозна, за нешто важно.

    Ама сепак верувам дека станува збор баш за Страво почит ко што имаше спомнато Лилит ама тоа е што е .. До вас е .
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    Ниту јас кај него ниту тој кај мене.Има време за се..Кога ќе се венчаме цел живот ќе спиеме еден до друг :lol:
     
  19. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Моето мислење за преспивање кај дечко дома НЕ...Тоа ми е закон од дома отсекогаш...
     
  20. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Се согласувам :)
    Па нели цел живот потоа ќе спијам кај него :lol:
     
    На t-sweet му/ѝ се допаѓа ова.