Сите си имаме различни сфаќања некому му е неморално некому сосема океј дискутирав погоре нема осуда , секој со своја одлука
Никогаш до сега немам останато да преспијам кај него, незнам незгодно ми е од неговите плус и баба му со нив живее па и јас да им се тупнам. А згора на се, во иста соба се со брат му... Така да нема шанси никакви
No преспивање кај партнерот before marriage. А и дома со брат ми сме така воспитани,што ни имаат кажано ако веќе спиеш кај партнерот подобро ич не си иди дома.... Секој си има дом и покрив над главата,нема потреба од такви егзибиции... да напоменам дека братми има врска од 6 години па некогаш не му се десило тоа.
Јас многу сакам да преспијам кај дечко ми но нешто ми вика дека несмеам а и многу ми е срам од неговите родители а и моите не би го прифатиле тоа никогаш...така да ке си почекаме до свадбата
Девојки секој има различно мислење во врска со оваа тема пред се зависи од воспитувањето и карактерот на луѓето во врската а и од родителите секако. Во мојот случај , имам дечко и одиме веке 5 години а јас кај него почнав да преспивам уште од поодамна...Да ги наведам причините првите пати беше од љубопитство но пред да си одам гледав никој да не ме види, потоа бидејки патував кај него одалечени сме 11 км немав толкава финансиска можност да си доагам скоро секоја вечер со такси и да плакам по 300 денари. Сега веќе 5 години се доволен период да сум опуштена но сепак мене сеуште ми е страм кога ке излезам од неговата соба, и кога се тука неговите. Обично 2,3 пати неделно спиеме заедно. Иначе и моите родители ме сватија бидејки и тие истото го имаат преживеано за да не патува мајками живееле заедно пред да се свршат. Ова е се дозволено доколку врската е сериозна и се размислува за посериозни одлуки со личноста. Кога двајца се сакаат ништо не може да им застане на пат, љубовта е без граници
Стварно не ве сфаќам. Ко у 15ти век да живеете. Бог да чува. Не гледам што има неубаво и незгодно у тоа некој да преспие кај некого. И не е ствар на сериозна или несериозна врска. ЛЕле, побогу, како ли дефинирате нешто да е несериозно? Ако си со некој, тогаш зошто ли зошто си со него/неа ако немаш намери за нешто да биде големо? Ај да се ебеме е муабетот? Бог да чува! И да, нема ништо лошо и срамно тоа некој да преспие кај некого. Многу нормална појава. Ама под услов да им се каже: еј, вака, ние сме заедно, планираме ствари заедно, сме си најдобри другарчиња пред се, и тоа е тоа, нема што да биде непријатно у таква ситуација. Стопосто мора да сте од многу заостанати семејства ако ви праат проблем да преспивате едни кај други. Најискрено.
Благодариме на искреноста,и за навредата на нашите родители. Демек твоите се многу современи? Хаха. Секој различно размислува,и на секој човек не му се исти нешта нормални. Некој не гледа ништо лошо во преспивањето еден кај друг,на некој тоа му смета.
Порано имав еден обид, така да го кажам, да преспијам кај дечкото со кој не одев долго време. Бидејќи не спиевме туку така си лежевме си реков ајде ќе си одам ако не за да нема кавги дома и кај мене и кај него бидејќи неговите незнаеја. На излегување ме начека мајка му и ми рече дека нејзин ата куќа не е хотел Е, после ова не ми текна да спијам кај момче кај кој претходно не сум ги запознала неговите и врската не ни е сериозна
Еве ке зборам лично за мене.Значи одев со дечкото 2 и кусур години и демек сериозно беше планови па ова па она ама ете раскинав.И никогаш не се ослонив на тоа демек еве сериозно па ќе спијам кај него, пошто гаранција за сериозност денеска нема за ништо.Јас сум била таа што не сум сакала да преспивам едноставно би ми било незгодно да станам насабајле и да се сретнам со неговите, а и тој многу пати ми рекол остани и сум го одбивала значи без разлика колку идеме и колку е сериозно за некои работи си имам таков став и крај, што не значи дека родителите ми се заостанати значи фала богу можам да кажам дека имам другарски и опуштен однос со нив и за ова преспивањево не би ми правеле проблем него едноставно јас не сакам.А ти пошто вака многу современа можеш да кажеш тука твое мислење но не и да врегаш семејства.Од прилика од твојов пост јасно ми е колку си современа
Де бре, колку навреди ни упати. Па што е нормално да преспиваш кај човек кој го знаеш 2 дена? Што сите врски се сериозни, нема нешто само за секс како што кажуваш. Има девојки на кои им е непријатно да спијат по туѓи куќи и да изигруваат јаки женски, предвреме пораснати, тинејџери на 15 год ли треба да спијат кај ќе стигнат.
Не сум ни јас за преспивање кај дечкото.Не се десило а не сум ни помислила.Моите родители се такви што сеуште не сакаат дома да им носам дечко на кафе со нив да седи,а не преспивање и такви работи.И не само тоа и јас не сакам.
во две ипол години еднаш само годинава за нова година јас кај него... иако мајкаму ми има речено ако останам еднаш на спиење враќање после назад нема ама и не беше некое кизнај какво спиење кај 6 часот мислам дека беше сабајлето ме донесе дома...
Ние идевме 3ипол години и често си преспивавме де јас кај него, а и он кај мене некогаш.. Ама ете сега раскинавме и здравје во иднина со некој следен дечко не планирам до тој степен да се биде.
Дечко ми живее сам и можам да преспивам кога сакам. Тоа не го правам од почит кон моите, сеште сум под нивни кров и би било културно од мене да се вратам дома. А и живееме на 2 мин , така да нема зошто да останувам.
Мене ми се случи во саботата, ми се слоши а јас бев сама дома, и тој не сакаше да спиеме кај мене да не ми се слоши повеќе и ме однесе кај неговите, ми местеа кревет, чаеви, лекови во 2 саат по полноќ, мајка му и спавача свилена ми облече . Инаку си преспивам кај него, но кога е сам дома.
Ова не е преспивање, туку киснење како да немаш дом. Наведеново ми збори дека е муфтеџика и без осет. Си ушпарала битно на кирија/бензин/пат, ај ти. Камо ние толку ербап да бевме.
секој ден сум кај него,муабети редиме со мајкаму,добри пријателки сме.спијам кај него секогаш кога излегуваме!
Можам кога сакам да преспијам кај дечко ми. Ни некој ќе ме примети кај него, ни па некој ќе ме види. Меѓутоа ми се нема случено до сега. Прво татко ми не сака такви работи и јас го почитувам тоа, ама еве да речеме да јас пројавам желба можам да го убедам и нема да ми прави проблем од причина што смета дека сум возрасна личност, само изгледа јас не сум пројавила желба. Незнам зашто ама ете таква сум за тоа, неможам да спијам нигде на друго место освен во моето креветче, само во него можам целосно да се опуштам и стварно да се изнаспијам. Значи нигде, ни кај другарка, ни кај баба ми, ни кај тетка ми едноставно незнам зошто ама неможам. Спојлер Може звучи како да сум некоја лигла ама не е така, за се сум независна и не сум некоја татина маза само за ова сум таква. Сметам дека има време за се, ќе биде и тоа кога ќе спиеме заедно, несакам да брзаме.
Да деЧкото живее сам не би било проблем , го Германија не е реткост да девојката или деЧкото после неколку месеци врска си се пресели кај него/неа Кај нас во Мк е друг менталитет и со тоа и друго мислење имаме и ние околи таа тема