Друго е да се договориш да живеете заедно, да делите едно домаќинство, со подеднакви одговорности и финансиски вложувања кој колку може. Ова е без осет. А имам роднина (подалечен братучед) кој живее во Германија со неговите и еднаш бев кај нив на гости и тој ми кажуваше дека баш кај нас се кисне и се досаѓа по туѓи куќи. Кај Германци така да те научат дека киснеш без осет, знаат и да не ти отворат врата следен пат (од негово искуство со девојка). Живеење заедно е едно, немање никакви обзири и молзење е друго. Башка, таму не се ни финансиски зависни од родителите уште од средно школо (сите му се чудат на братучед ми што живее со неговите), така што не може да се споредуваат тие две ситуации.
Заедно сме 2 години, но немам преспиено кај него дома и не планирам во блиска иднина. Многу ретко и одам кај него или тој кај мене, едноставно неможам да одам кај него и да седам со мајка му и да пиеме кафе, како што прават некои мои другарки
за оваа тема баш се имам изнаслушано мислења јас не сум спела кај дечко иако се случило да останам до кај 4 наутро... ама не сум спиела сум преспала само 2-3 сати не се важи мајка ми ете не сака вакви работи имам две другарки кои седат во различни градови и што да прават? за едната ќе речам и јас дека малку е неубаво зошто апла без осет е секоја 2 ден е тука на поседок а и не живеат многу далеку за 20 мин со кола е дома... ама нема врска нејзино право... е за другата ја оправдувам потполно... да кажам прво што рече татко и. веќе оделе 1 година и тој одел кај неа само на кафе и потоа излегувале... татко и ја прашал каде спие кога е дојден, дали има роднини тука? а тој нема ништо тука и спиел во хотел. тогаш татко и му рекол од сега кога идеш ќе спиеш кај нас нема да даваш пари по хотели... почна и таа да оди таму со спиење и тој тука. е сега што беше муабетот.. значи татко и размислуваше од друг агол... значи точно е тоа што ќе речат комшиите ама што ќе речат и другите што ја гледаат по хотели со дечко и. татко и рече подобро нека зборуваат дека дечко и спие кај незе отколку дека ја гледаат по хотели. и браво за него сепак ако сме во ист град па и не го прифаќам тоа преспивање кај мене кај тебе. читав погоре нели било незгодно да си одиш во ниедна доба... да незгодно е ама па да станиш и да пијаш кафе, да поручаш со неговите па тоа ми е апла...
си преспива бре секој ден што му е гајле,а јас да одам кај него да преспивам или да спиам нема шани барем сега за сега ,ми се има десено само еднаш да задремами толку ,а тој кај мене секој ден ,а и зависи кога како ке се разбуди некогаш во 4ри наутро ,некогаш во 2 и се така
не ми се допаѓаат ваквите преспивања кај партнерот,без оглед на тоа дали е долга врска,сериозна или не..првенствено би било непочитување спрема родителите,а и некултурно спрема неговите..си има моменти за заедничко преспивање..
значи вака јас сум мала и уште сум немала дечко,али ако ми предложи да спијам кај него јас би прифатила подуслов да не бидеме сами...
Да, преспивам. И тој кај мене. Пред се, затоа што не сме од исто место и друго, кога излегуваме сигурно дека нема во 2 или 3 ноќеска да се враќам со такси или да го мачам да ме носи. Не се знаеме малку, скоро 5 години сме заедно, го знаат моите, ме знаат неговите. А што ќе речат комшиите, ме боли
Точно така!!!! Многу е непријатно :/ ми се случило да преспијам, но гледам да биде тоа најретко што може, току заради оваа причина
Ние често после излегување одиме кај него, седиме, се мазиме.. Секогаш практикувам да не останам до касно, местам аларми за да си заминам порано, но еднаш се случи многу спонтано и двајцата да заспиеме, кога се будам, гледам надвор сонце арно што беше 5 часот па успеав да си одам дома без да ме сетат моите кога се вратив Инаку, јас сум така воспитана што ми е срам да останам да спијам кај него и кога би ми дозволиле моите.. ете од некоја почит кон неговите, не сакам да ме чека татко му од сабајле за да излезам од вц
Не! Ниту јас кај него, ниту тој кај мене. Доаѓа кај мене, одам кај него. Седиме што седиме и секој домче на спиење. Како прво мене ми е срам од неговите да одам секој ден кај него и одам најмногу 3 пати во месецот, па камоли пак да останувам на спиење. А одиме веќе скоро 5 години. Да живеевме во различни градови ќе беше во ред, бидејќи кога би одела на гости секако дека нема кај комшиите да спијам. Но вака живеејќи во мало градче како нашето не е проблем да си одам дома, бидејќи не мора да плаќам ни такси а ниту пак да се изморам одејќи... Не дека ги осудувам девојките кои си преспиваат кај дечковците, но едноставно не ми се допаѓа тоа. Како бе станувате наутро и се однесувате како да сте дома? Можеби си варите кафенце, си правите доручек? А и кое мислење до стекнуваат за вас неговите родители? Што мислат тие за сето тоа? Но секој со свој памет... На кој како му одговара така нека си прави...
Јас никогаш немам останато подоцна од 2 саат. И тоа, до 2 ама неговите да ме тераат. На пример да се замуабетиме нешто сите заедно, да стане интересно и под тој услов. Вака, под своја волја - никогаш. Најдоцна се имам прибрано во 1, ама притоа внимавам на пример да не биде ден како недела кога сите знаеме дека се бањаат, спремаат за на работа, легнуваат порано и сл. туку некој друг ден од неделата, иако преферирам викенд. Не сме ни којзнае колку долго заедно, година ипол, но знам дека никогаш нема ни да применувам преспивање кај него. Ете, тоа е вид на принцип, став и не се менува така лесно. Домашно воспитание исто има добра улога. Би ми било многу непријатно и срам. Исто ко да сум отишла не на преспивање, туку да го чувам и гледам него како спие, зошто јас сигурно око нема да склопам од што ќе ми биде незгодно . Затоа, едно големо не.
Не сум го практикувал а некако не ми се ни допаѓа тоа .Премногу очигледно е кога демек само за преспивање :geek: и такви изговори дека ова или она навистина не палат.А во нашиов ни главен град за 15м си со кола од 1 крај до друг крај така да изговор и пречка превоз-от не го гледам . Никој дома не прави нешто посебно па да се срами од личноста што ја сака но не би ја ставил во ситуација непријана пред моите домашни .Си имаме некој свои утрински ритуали (понекогаш лоши навики, тоа јас го велам ).... Почитувам донекаде само заедничко живеење на партнери , се друго како идими дојдими се тестови што кога тогаш нема да ги положиш .Во првата прилика се ке ти биде во лице кажано ШТО нечини и човек ке полуди од мака . Така да дружба си е дружба служба си е служба ..
Јас на кафе дома кај него не одам, а не пак да преспијам Мое лично мислење е дека јас немам што да барам кај него дома и да терам кафиња по дома со неговите, ниту пак тој со моите, а уште помалку да преспиваме еден кај друг кога и двајцата живееме со родители. Едноставно така размислуваме и двајцата и така ни одговара. Прв пат кај него дома влегов по пет години врска и тоа бидејќи купија нов стан, па бев чест да им направам. А што се однесува за спиењето заедно, на располагање е станот на баба му. Таму си се среќаваме. Баба му е од тие модерните, а и често си знае на први да си ја земе пензијата и да си појде некаде на гости и месец дена да не се појави. Закон е бабичката. Пред да оди некаде се јавува кај дечко ми и му вика: Јас одам, станот ви е празен, дојдите! А тој кај мене има идено во станот во кој не живеат моите. Тие живеат во Скопје, а овој стан ни е во друг град, па си знаеме некогаш на викенд да појдеме. А за тоа како реагираа моите прв пат кога не спиев дома (20-тина години имав тогаш)...Па ситуацијата беше ваква: Седиме во станот од баба му, ни текна да преспиеме таму, јас му пишав на татко ми (тој е така полабав, мајка ми по бурно реагира) дека нема да дојдам вечер дома да не ме чекаат, а повратната порака беше „ОК“ (легенда е татко ми нема што) . Сабајлето се јавува мајка ми и вика: Кај си? А јас па мртва ладна и викам сакаш да ти кажам или сакаш да те излажам. Се насмевна таа бидејќи јасно и беше каде сме преспале.
Да живее сам не би било проблем ама се додека живее со родителите ни под разно! Јас не одам кај него ни преку ден кога се неговите дома а да не бореме за спиење.
Ваквите преспивања воопшто не ми се допаѓаат.Ниту практикувам сега такво нешто,ниту во иднина. Не одам кај него дома на кафе денски и кога е сам,а камоли на спиење да останувам.
Баш прееска ме тераше да останам кај него.. ама неможев, незгодно ми е од мајка му. Ај тоа што останувам до 4-5 саат по полнок е едно, ама сабајле сите на појадок заедно.. глупаво ми е.