Јас имав преспијано кај него дома 2 3 пати..ме знаеја и моите и неговите домашни...ама имав/имам прекрасни односи со неговите..сегашни мои свекор свекрва а и покрај тоа ние си седевме на друг спрат и доколку сакав можеа и да не дознаат... но немаше потреба од тоа
Не сум преспала никогаш кај него, ни тој кај мене. Секој си има свој табиет и различен однос со партнерите. Он кај мене не ни доаѓа, несакам да носам дечко кај мене, кај моите, а не па да преспие.
Јас сум во многу долга врска, но такво нешто се случило само неколку пати, т.е. еднаш јас кај него кога беше сам и тој неколку пати кај мене, бидејќи јас почесто останувам сама. Не сакам ако се неговите дома да преспивам кај него затоа што го сметам тоа за непотребно, ем да им сметам на луѓето ем не сакам да оставам таков впечаток бидејќи и онака не ми се допаѓа таа навика. Не сакам да сум на терет на никого, а и дечко ми го дели истото мислење за преспивањето кај мене и затоа и тој никогаш не ме терал, и да е касно ако инсистирам (а инсистирам) ме враќа дома. Цел живот ќе спиеме заедно, мора ли уште сега да ни преоѓа тоа во секојдневие, а и родителите да ги ставаме во лоша ситуација? Колку и да се модерни и гостопримливи, на секој му е терет уште еден плус (туѓ) човек дома, секој со различни навики и потреби. Општо по природа не сум наметлива личност, за било што. Сум останувала и по цел ден, ама спиење е друго.
Досега ни јас сум спиела кај него нити тој кај мене... Мислам дека сеуште е рано иако тој ме вика да останам... Има време и за тоа
Немам приспивано ниту јас кај него, ниту тој кај мене. Мислам дека тоа нема ни да се случи, се додека не се венчаме. Незгодно ми е од неговите, како и од моите. Малку сум конзервативна по ова прашање.
Преспиваме еден кај друг, дури јас кај него и по неколку дена од причина што сме од различни градови,не баш блиску.. и така
иако сме во долга врска немаме преспивано еден кај друг... само после една свадба така мал одмор кај него.. но тоа беше бидејки свадбата беше преку ден и многу ми се спиеше бев станата од 4 часот и веќе неможев да издржам ... незгодно ми е од домашниве поради тоа...
немам спиено кај него ни тој кај мене скоро 2 години сме во врска ама ете мене ми е срам да одам кај него на спиење а тој да дојде кај мене нема каде да го легнам
Многу време сум во врска со дечко ми ..кај него имам преспиено нелколку пати и тоа само ако треба рано сабајлето да одиме некаде ако не без разлика колку е часот ме враќа дома..он кај мене речиси и не ни доаѓа а не па да спие..едноставно не сакам да има толку слобода не се знае никогаш утре што може да се случи и според мене се знае врска како функционира а како брак..значи откога ќе стави прстен на рака може да зборуваме и за други работи до тогаш вака ќе биде и сега за сега ниту на него ниту на мене ми пречи а и веќе сме си навикнати на таков начин на функционирње...сепак мислам дека не треба мн да се опуштате во врската зашто набрзо ќе ви здосади...така мислам јас ...може грешам ама тоа е мое мислење..
Кај него дома или сепак не? Значи вака одиме 5ипол месеци си одиме по дома онака се излегваме воа вона хаха како шо си оди ама значи вака мајка ми на 8ми март ке оди венеција за 8ми март и тојј ми рече демек дур не дојш кај мене на спиење нема да дојдам јас никогаш кај тебе ама не да одам на спиење онакаа да имаме односни туку да седием до сабајле онакаа интересно да ни е.Дали мислите да одам или сепак не да не е срамота од неговите дома или незнам кажетеми ве молам иначе нова сум тука... лове јеах
Кај него дома или сепак не? Според мене, тој на некој начин те уценува и искрено не мислам дека само сака да седите и интересно да си правите, туку дека дечкото си има и некои други планови, посебно ако до сега сеуште не сте имале односи. Ако ти не си спремна на тој чекор кажи му јасно дека ти треба време. А сега дали е срамота од неговите или не, зависи каква ви е врската и каков е твојот однос со неговите.
Кај него дома или сепак не? Сигурно не мислел баш како закана дека мораш да дојдеш инаку нема да дојде веќе кај тебе, туку го кажал претпоставувам онака уз муабет за да те убеди. Ако сакаш да одиш да преспиеш оди, и да не сте имале односи не мора да се случи ништо што не сакаш, фала богу. Да сакал само за односи баш ќе сакал тој кај тебе да дојде додека мајка ти е на пат. Но зависи и колку години имаш, по муабетов ми делува како скришно од мајка ти да ќе одиш.
Е јас ова баш не го одобрувам. Мислам според мене во ред е еедна вечер да преспие ама не заедно, одвоено во посебни кревети, во посебно соби, и тоа ако врската е долга и секако имате повеке од 18 години. Ама псотојано тој да доаѓа да спие кај вас и со вас тоа не го одобрувам од причина што имам сретнато ваков случај. Моја многу блиска комшика 17 години имаше одеше спиеше кај дечкото тој доаѓаше тука цел летен распуст си го помина кај него постојано беа заедно и по 7/8 месеци од врската раскинаа. И ете сега цела наслеба зборува за тоа и и се смеат мајка и и татко и не можат да излезат со крената глава затоа самата на себе си поставив правило спиење кај дечкото дома или тој кај мене НЕ. Може една вечер немал каде да остане, од друг град е, немал рпевоз тоа веќе е ок, а онака постојано не!
Во долга врска е нормално,и јас сум спиела кај дечкото и тој кај мене.Не можам да ги сфатам тие што имаат врска од некои 5-6 месеци и го прават тоа(освен за зрели,повозрасни личности),нема потреба од брзање.
Јас немам спиено кај дечко ми иако имаме многу долга врска. Првенствено поради тоа што живее со неговите и незгодно ми е и од нив и од моите. Уште некоја година ќе дојде време ќе спиеме заедно цел живот се надевам
Во врска сум скоро 7месеци,дечко ми има 33,а јас 26год.Не сум баш за преспивање еден кај друг,поради многу причини.Пред се убаво е кажано од неколку феминки нема потреба едноставно освен секако ако партнерите се од различни градови.Во овие 7месеци само два пати сум била кај него,за именден и за роденденот на мајка му.Додека тој ниту еднаш .Што поголема близина дозволуваш,толку повеќе знаат за тебе и ќе си дадат за право да се мешаат во проблемите што настанале меѓу мене и него(ова од претходно искуство го кажувам).
Јас преспивам не од што сакам, туку од што морам Во месецот по еден викенд ми се случува. Две ноќевања најмногу три имам преспиено. Заедно сме 2 години и сеуште ми е незгодно од неговите. Врска на далечина и тоа ти е. Да бевме од ист град немаше да си дозволам да преспиваме еден кај друг.