Верувај малце.. И блиски личности се нема да ме лажат сигурно. Океј можда секој со својата судбина али сепак криво ми е што јас не сум успеала да се ослободам за толку краток период..Нормално и самодовербата паѓа... А преиспитувањето ми се појави со анскиозноста кај мене.. Не дека сум до тој степен да паѓам во депресија ако на некој не му се допадне нешто што сум направила али сепак мозокот си работи..
bidi malku egoist i ne misli na toa sto zasluzuvas sto ne,koj te luti i sto bi,misli samo za sebe,malku relax,skandinavski malku ,relaksirano i ladno na se
Уф, и те како имам проблем со овертинкинг. Најмногу анализирам нечии постапки, зошто се случува вака а не така, не дај боже кога некоја личност се однесува надвор од нормалното... Овертинкинг лесно води до чувства на анксиозност. Колку пати и физичка болка сум осеќала ради ова. Не можам да го стишам умот, не можам да престанам да анализирам, стомакот почнува да ме боли, рацете ми се ладат, осеќам како мала вртоглавица. Обично тие што сме HSP (highly sensitive person) сме повеќе склони на ова, бидејќи сакаме да е сѐ по план и под конец, така да паничиме кога нештата не одат така. Исто мислам дека е поврзано и со мала самодоверба и некои trust issues од минатото. Некогаш некој ти дал до знаење дека твоето овертинкинг е со право и сега во секоја наредна личност се сомневаш дека ќе те зафркни исто. Но, не се сите исти тоа е факт, само кога не размислуваме најрационално тешко е да се фокусираш на тоа. Мада мислам дека голем дел од ова е поврзано со неможноста да се добијат некои информации (во моментот) и на тоа следуваат assumptions што водат до овертинкинг. Треба едноставно да си најдеме distraction и да се фокусираме на она врз кое имаме контрола, а тоа не го вклучува однесувањето на другите. Или едноставно да се разговара за проблемот, така што понекогаш другата личност може да дава reassurance а ние да се обидеме да не анализираме веднаш и мислиме на лошо. Во повеќето случаи можам да кажам дека сѐ испаднало океј, се работело за нешто што нема врска со мене. И тогаш сум ваква: Stay strong overthinkers, we're gonna be okay.
Можда и грешам, ама мислам дека понатаму во животот пак ќе осетат анкциозност, само ќе знаат подобро и полесно да ја пребродрат. Пример ја веќе ретко јако ја осеќам анкциозноста, ама знае повремено да ме здрма. Не можеш да знае кој колку и како ја осеќа анкциозноста, дали е искомбинирана со нешто друго, и слично, па за да се споредуваш со туѓи случаеви. А и не можеш да ставиш рок колку време ќе ти треба за да научиш да се изборуваш со неа.
Не ме плаши дека ќе ја имам цел живот Јас порано никогаш не сум се плашела од нешто и затоа мислам дека може ова да помине скроз… Не ми е јасно сега што е со мене и зашто реагирам на некои ситуации како што реагирам и настапува тука овертинкинг… Али се почна од состојбава
Изгледа ја имаме истата болест . Јас искрено не знам дали сум личност со овертинкинг или не. Не рачунам тука размислување на разно разни теми и дискусии, тие работи не спаѓаат во овертинкинг колку што знам.Веројатно сум, но не ми е преизразено. На пример доколку имам некој настан или ситуација која ја правам првпат или ми предизвикува анксиозност, да, знам да премислувам многу, секој детал, што како ќе биде. Е сега не до степен да не спијам навечер(сонот за ништо не го жртвувам)туку во деновите кои претходат ми стои во глава и ми создава нелагодност. Сакам да имам план, иако најчесто не го следам, ама ми дава комфорт помислата дека не ми е сѐ оставено на случајноста. За луѓе, исто така знам да размислувам многу, во смисла ако некој направи нешто необично во нашиот однос ќе размислувам зошто. Иако мислам дека ова е нормално, секој човек кој е близок( без разлика дали романтично или платонски) со друг човек веројатно треба да го допре промената на односот, не сме роботи нели. И најчесто кога сум имала такво лошо чувство во врска со туѓото однесување кон мене, најчесто сум испаѓала во право и не било само непотребна анксиозност. Така да, да, овертинкинг во некои ситуации е неопходен, сепак сме интелигентни битија кои имаат свест и когнитивни способности со причина. За одлуки одлуки не се премислувам многу, најчесто импулсивно ги носам, е тука многу ме напнуваат луѓе кои не знаат да пресечат и носење одлука и за најмала секојдневна работа ја мислат со недели. Е на пример знам да вклучам овертинкинг кога запознавам нови луѓе кои ми е битно да ги знам, па дали сум им оставила добар впечаток, да не сум кажала нешто погрешно и такви работи. Друго не знам што спаѓа во овертинкинг, ќе допишам за други ситуации ако ми текне.
Природно сум overthinker поради тоа што истовремено сум и перфекционист кога станува збор за работна дисциплина, и во едукативни простории а и надвор од тоа. Двете ме убиваат колку и да ме подобруваат во вештините. Сама се тренирам и ментално и емоционално кога да мислам многу а кога не. Ментално се истренирав се да држам под моја контрола. Кога треба - размислувам, кога не, мозокот го праќам на пасење. Секако има откачени денови али ретко е тоа. Боли ме курац мајндсет, бејсикли.
Оваа слика ме опишува мене. Сега кога ќе си го направам најлошото сценарио, само си викам никогаш не ти се има случено тоа што го замислуваш, секогаш испаѓа добро на крајот.
Еии тема скроена за мене. Еве ме Кој ме бараше? Колку што сум overthinker толку сум и принципиелна, првото повеќе ме надвладува. Кога ќе се залетам со мислите длабоко буквално се исклучувам од реалноста. Физички сум присутна,психички не. Ама кога ќе се “разбудам” сум будна доста време. Најјако ми е кога не можам да се договорам со “мислите”. Инаку, многу би сакала да не сум. Сакам да се опуштам, да се препуштам на времето и секогаш кога ќе си речам така “опушти се,уживај” се повеќе и повеќе се стегам и размислувам. Нема лек за жал, едноставно се навикнуваш на тоа. Ти си таа и тоа е тоа. А кога ми се поклопува со принципиелноста тогаш ми е “Боже помози” страшен хаос ми се случува.
Можеби не испаѓа лошо секогаш, ама дури поминуваш низ тоа не е воопшто лесно. Мислам дека повторно имам овертинкинг за нешто од денес. И секогаш има можност да испадне лошо...
Претерано размислување имав кога бев тинејџер, можеби (не)свесно бидејќи патев од депресија и анксиозност како резултат на моето семејство, токсичноста итн, за секоја одлука размислував по сто пати, па макар и да е напраено делото, цело време се заглавував во минатото... Влијае и на самодовербата да бидам искрен. Сега моментално како пораснав, така да речам станав посилен и сум подиректен и поодлучен и не ми е криво толку многу и да направам грешка.
Се прашувам, кој аспект ти се допаѓа? Пошто ова шо го кажваш е многу интересно и искрено стварно ме интересира аспект на некој кој ужива во овертинкинг. Пошто генерално под овертинкинг јас мислам кога навлегвам подлабоко и подлабоко во нешто и полека почнува да станва бизарно и апсурдно и после веќе нема назад. Бизарното и апсурдното ми влијае на расположението, станва деструктивно. То е моја причина оти го неќам. Башка и сакам некој тивок момент if I'm honest. И зошто моето искуство е вакво, ме интересира како се одвива искуство спротивно на моето. Ќе ми биди мило доколку ми одговориш. Ако неќиш, биди здрав и жив.
Ја коа ќе видам пропелер у ѕид за воздух и утикачите за да се пушти/исклучи, мислам на сомелени прсти..многу језиво Не би се доближила до такво нешто
Навлегувам во конструктивни мисли. Се замислувам со саати за некоја работа, проект и секој детал го мислам. Што може да отиде лошо, што може добро, што ако соговорникот каже вака или така. Како ќе се облечам, што сакам да постигнам со појавата и облеката, body language го програмирам со саати како ќе се движам и какви експресии се тоа до најситни детали за да постигнам некоја цел или да завршам важна работа. Мислам како супермоќ ми доаѓа. Не одам надоле со мислите у депресија, само пробувам во реалниот живот да ги заобиколат сите црни сценарија и многу по внимателно и организирано живеам. Би можело да се каже дека ми се допаѓа од аспект како да имам моќ да предвидам многу работи со овертинкинг
https://open.spotify.com/episode/3g...i=eyXg5o5pQj2_sCceZyFdPg&utm_source=copy-link Се согласувам со епизодава.