Со седење дома Македонија ќе ја вратиш? Со Џафери претседател или "некој" избран во собрание?Да ставиме крај на ова зло, и распродавање на националните интереси. Претседателот има право да склучува и раскинува меѓународни договори. Да се стави крај на комисииве за ревизија на историјата со Бугарија и Грција.
Проф. Јога (која и обично делува како особа отворена за секаква соработка и компромиси) се изјасни дека Преспанскиот договор ќе го почитува. Исто така, на неколку дена пред изборите ја чув како јавно се огради од програмата на ВМРО. Што има да гласаме за неа? Кој ни гарантира што може таа да ни приреди утре, за една или за две години, здравје, доколку стане претседател (а нема да стане), од каде знаеш дека нема да промени страна штом не ги прифаќа партиските ставови? Идеално е вториот круг да пропадне и да се одржат нови избори на кои ВМРО ќе настапи со друг кандидат. Ама реално и не се толку битни претседателските, гледам вие многу се напнувате кој ќе ја зафати фотелјата на Иванов. Јас ги чекам парламентарните.
Se e dogovor, Goga za da obezbedi 40% izleznost i takva e izbrana(od strancive, kako i Mickoski) namern nedorechena. Pa da go pustea Gjorcev so 3 govori ko od shala 400k ke izvadese vcera. I govorive na site im se neubedlivi, go znaat ishodot odnapred u vtor krug I pravat se za da izgleda demokratski, ama se gleda deka e glumenje
Тие кои викаат дека 90% од вмровците излегле а од сдс не излегле во голема заблуда се, само од мојата фамилија што е 4 не излегоа а ќе излезат во втор круг и ќе гласет за Горданче..... И за крај ова му е последно на сдс што е на власт во иднина побрзо Левица ќе дојде на власт него сдс.... Гордана ќе биде
Ти сериозно мислиш дека некој ќе си направи политичко самоубиство да раскинува договори, да прави ревизии? У најблагата варијанта импичмент ќе крка. А ова стравот дека Џафери ќе бил претседател, он и така си потпишува закони китка му венее. И да не се избере сеа ќе мора да распишат пак избори за два месеци најкасно.
На скоро сите избори до сега, албанците имаа просек 220 000 гласови. Факт е дека сите тие работат како единка за нивно добро, и малтене секогаш гласаат за оној од кој што ќе добијат корист. Нема кај нив себичњаци како кај нас, ќе бојкотирале да казнеле некој. Шо не бојкотираше за време на груевизмот мме. Река зеде 80 000. Сдсм максимум 20 000 дали имаше во албанските средини, кај што излезноста е многу мала. Значи располагаат со бројка од барем 100ка. Факт е дека чекаат да ги фатат сдс во заседа. Која е цената, не знам. Вмро ги истрчаа со 50:50 резултат. А факт е дека со бојкот на Вмро, ништо од бизнисот. Очигледно сите политичари ни се превоспитани. Прв знак беше Гордана, а не Влатко за кандидат кај Вмро. Зошто, ни вие вмровците не знаете. Мицко ја греши со референдумот, го изиграа со консултативен. Сигурно е шамаран од западњаците. Сега друга песна пее. Сдсм одамна игра западно оро. Сдсм немаат капацитет, ама сепак беа некаква опозиција па станаа власт. Ама друг им ги држи конците. Прво, Зајко не е толку моќен, веќе 4 години сѐ што кажува да исполни. И пратеници најдоа во 5 до 12 за да изгласаат Северна. Едни од најзакоравените вмровци гласаа за промени. На 5ти мај, ќе си гласаат ко попчиња сите, со цензус близу 50%. Вмровците со надеж Гога да тепа (дал је могуче), сдс идат на сигурно на 500ка. Ним им е договорено од големиот батко. Затоа беа со насмевки 6ка до 6ка. Нема тие што да му ја мислат, друг им измислил. После Мицко и Јанушев ќе цмиздрат дека било нерегуларно, местено или не знам што. Ама Пендаровски веќе ќе биде на пат за Водно, да царува со оваа вукојебина во наредните 5 години.
Јас сите ги гласав. Се испотрошија луѓето, греота. Да бидам искрена? Река највеќе ми се допаѓаше од сите. Не го гласав од причина што уште не знам дали сме зрели за претседател Албанец. Пред да ми се нафрлите, не сум националист ама ич, туку мислам дека менталитетот на целиот Балкан е таков каков што е и дека се можни злоупотреби, и од Македонците и од Албанците. Сега дури и ми е малку криво зошто не го гласав, гледам добил гласови и низ други делови на Македонија. Многу аргументирано и зрело дискутираше, бар од тоа јас што видов. Пендаровски препотентен на сите интервјуа што го гледав, некако... пун себе. Мразам такви луѓе. Баба Јога... шо и' требаше ова, каде стигна, тропна нешто. А и некако, не се гледам во тоа она што го проповеда. Не знам дали некој спомнал, ама излезеност немаше и затоа што луѓето се така, поприлично многу иселени. Можам да набројам најмалку 10-20 луѓе што гласаа за СДСМ во 2017, а сега веќе не се во државава.
Апсолутно. И јас колку такви знам попис ни треба, инаку со сила ќе се вади излезеност на било кои наредни избори. Тие што бараат бојкот го знаат тоа, доволно е само сосема мал дел од населението да ги поддржи за да изгледа успешен бојкотот. Инаку, друго не кажав вчера. Најмала излезеност во албанските општини, ама баш во тие општини Силјановска речиси и да нема гласови. Ако се мобилизираат ќе го донесат Стево до победа. Од друга страна, на Силјановска и е јасно дека груевистите се "Бојкотирам", па ќе им се обратела директно, ќе контактирала со нив да не бојкотираат. Ама заборавила дека таа не е Груевски
Секако дека сум сериозна. Меѓународни договори вклучува само Претседателот, што не е случај со Преспанскиот и Бугарскиот. И Уставен суд може да ги поништи( секако ако не беше корумпиран). П.С:Ако може некој да ми одговори што знае историја: - со преспанскиот договор се откажавме од т.н. Хеленска античка историја - со договорот со Бугарија се согласивме да ни се "заеднички". Дали ова значи дека ќе имаме иста историја со бугарите и ќе сме бугари, или ќе сме измислени 1944?
Вториот круг нема да помине над 40% излезеност. И дај боже да е така. Бојкотирав прв круг, а ќе бојкотирам и втор и сите следни избори.
Ништо нема да смени било кој да дојде,отиде државата во неповрат,со излагање на гласање им даваш легимитет дека си за Северна Македонија.
Ниту еден претседател, ниту идна влада, нема да се осмели да го поништи договорот. Секоја нивна изјава за спротивното, е лага, собирање политички поени, а на истово, очигледно и народот се помалку паѓа. Па, не знам во што веруваат оние малку кои останаа. На бабата, ни на крај памет не и било да го укине Преспанскиот договор. Тоа било надлежност на Уставен суд, (што е и право) ама истиов бил корумпиран па затоа не го укинал. Ништо, што веќе не ни е познато. А ако биде таа претседател и се смени власт, судот нема веќе да е корумпиран? Ќе биде, ќе сврти како сончоглед кон новата власт. И договорот пак никој нема да го укине. Не знам на што се надевате. Толку е.
Не верувам. Кој ќе поништи? Сдсм што ги донесе или Вмро чии пратеници гласаа за уставни измени? Па после као исклучени од партија, па изјави ако имала партијата од нив потреба ќе ги вратела назад. Ете Иванов не потпиша, а што друго направи за да го поништи договорот? Исто ќе биде и со Гога, иако не верувам дека таа би била претседател. Кој нешто воопшто направил? Се работи само за празни исценирани говори. Сите иницијативи до Уставен се одбиени. И да се смени власт исто ќе биде. Не оспорувам дека правно работите не се како што треба, но голема политика е во прашање, а нам ниту половина од реалната слика не ни се прикажува. Ќе остане се така како што е. Уценети ни се партиите. Со трета опција не знам како би било, но од истава сме далеку светлосни години.
Јас не знам која корист би имале од Силјановска ако стане претседател, буквално би било исто сценарио како Иванов. Ќе враќа закони кои ќе се изгласаат во собрание и пак ќе ги изгласаат тие и ќе излезат во службен весник и ништо. Вака, и онака претседателот видовме дека никој не го ферма додека не направи глупост, нека е барем некој што нема инат да тера. Пендаровски не ми е по ќејф исто, слаб кандидат е, плус ич не сакам да сме во сценарио кај што владата и претседателот работат заедно и прават што им ним одговора. Ама неќам ни претседател што само инает ќе води. Така да... Не знам... Нити гласав, нити имам последните 5 години на било што гласано. Ни сакала подобра опција од овие двајца, ама нема.
Значи Грците се во право кога бараа договор врз основа на тоа што Македонија има територијални претензии кон Грција? Стварно сме имале, а?