И уште нешто, и ќе го одјавам моето гостување во темава со овој пост. Според моето скормно познавање, приемот на Македонија во НАТО беше загарантиран уште од Букурешт, 2008г. Услов беше да се најде клекуш кој ќе го смени името и ќе им удоволи на Грците, а за ЕУ... е тука ни св.Стево не нѝ помага ако не се воспостави функционална држава. Затоа јас не гледам никаква иднина, не дека гледав во останатиот кандидат, може сето тоа беа лажни ветувања, ама барем со мојот глас - јасно си прецизирав дека не сакам повеќе да ми ја доуништат државата и дека не се согласувам со владеењето на оваа влада и нивното мачкање очи. И тоа веќе беше последната капка надеж, знаеме каде нѝ е иднината нас младите
Сакале да прифатите или не,ама албанците се гласачко тело во државава. За било кој од Сдс и вмро да дојде на власт ќе мора да коалицира. Не само сдс. Вмро изгуби на парламентарните само зашто возвишуваше Македонија, македонски народ итн.
Тоа не беше дискриминација за нив како малцинство, тоа алудираше, според мене, на промената на името и двојазичноста. Тие беа претходно придобиени од Заев, по мое.
Не гласав и многу сум среќна за тоа. Моја нога повеќе не стапнува на гласање! Гласав со надеж за менување на режимот, а западнавме во уште поголем. Н И Ш Т О, ама баш ништо не тргна на поарно, само на полошо. И за кого да гласам. Понижење ќе ми е да го дадам гласот за било кој.
Па не знам, јас сѐ уште се сеќавам на протестите против тиранската платформа која имаше доста одзив, па ништо не смени. Па, што ќе нѝ е владетел кој не ја слуша волјата на народот? И можеби решението е некоја нова партија од млади, иновативни луѓе што немаат никаква допирна точка со овие. И ако мислиме да оправаме држава - на форум, тешко ќе нѐ биде.
Така де. Сдсм успешно оформи Влада, (со амин од други) што не беше случај со Вмро. Но вторите понесоа победа на парламентарните избори.
Знам за меѓународниот фактор и мешање отстрана. Ама, на крај испаѓа дека кога си на власт пак можеш да го усмериш нештово за корист на оние кои те донеле на власт. И сега, нормално за оние кои не гласале не следат дополнителни ингеренции, ама зошто секогаш да е така? Да се бркаме од работа и да се препукуваме кога опозицијата ќе си се смести на власт. Нешто мора да се промени.
Ова што го гледавме периодов беше најлошата изборна кампања во земјава. Страшно лоши кандидати, страшно лош Пи-Ар. Нит радувањево го разбирам, нит плачењето, нит ситењето. Ме ежи фактот дека Стево ни е претседател, Ќе ме ежеше и ако Гога победеше. Најинтересното во целиве избори беа промените кои ги гледавме кај албанскиве партии ако СДСМ и ВМРО не ги воскреснуваат Али &co ... ќе изгинат.
Истиот срам ќе беше кој и да победеше. Иста иднина ќе си имавме секако. Мене не ми е јасно како воппшто некој веќе се чувстцува горд и што гласал. Порано си велев, ајде може има сопствена Ќар, амс еве каде сме од таа сопствена ќар.
Хахаха не си рачунала тоа што бил министер И тоа на кое министерство беше знаеш? На одбрана. Многу добро... Ќе ни ја брани државата некој што претходно ни ја нападнал Туку чудна работа додека имаше 10 години љубов меѓу Грујо и Али Ахмети, тогаш не ви сметаа Албанците, сега оп им се распадна ,,бракот" па сега фрлате со дрва и камења по Албанците.
Не гласаш - значи се согласуваш со сето ова што го донесле последниве 2 години. Не се согласуваш, а седиш дома...тогаш немаш право да кажуваш дека истата иднина е, а не учествуваш во промена. Просто и едноставно. Истото се случи кога требаше да се излезе да се гласа дали се согласуваме со промена на име, па сите од бојкотирачите си останаа дома. За да кажат дека не се согласуваат. Ова паралела само за да се види што значи седењето дома и КОГА треба да се користи.
Гледам шеќерчево сеа многу ни ја брани држава ај те молам со муабетиве љубоб, брак не ти се на место, и вие ги кривевте дуи па сеа не можете без нив ни г*зот да си го избришете, ќути си таму вие го избравте талат за спикер и тоа на каков недемократски начин