Претседателски избори 2019

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rakometar, 3 март 2019.

?

За кој од претседателските кандидати ќе гласате?

Анкетата е затворена на 7 мај 2019.
  1. Стево Пендаровски

    86 глас(а)
    27,7%
  2. Гордана Силјановска Давкова

    118 глас(а)
    38,1%
  3. Блерим Река

    6 глас(а)
    1,9%
  4. Немам одлучено

    40 глас(а)
    12,9%
  5. Бојкотирам

    60 глас(а)
    19,4%
  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Имам право исто како и секој.

    Ти ја разбирам нервозата само ќе ти кажам, на погрешно место ја манифестираш.
     
    На Someonespecial, DAngel и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  2. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Не е нервоза, те уверувам.
    Сметам дека народот не знае кога да го дигне гласот, кога да го стивне. И мислам дека тоа е причина за оваа наша состојба.
     
    На Sofronko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    :rofl::rofl::rofl::drunk::drunk::drunk:
    Вие штo ги брaните и се рaдувaте зa aлбaнците ќе видиме кoј ќе се рaдувa нa крaјoт oни или вие, aмa сегa вaжнo сте другaрчињa прoгресивни.:l:
     
    На Madonna, zuto, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.
  4. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Министер нема ингеренции? Wow.
     
    На oblace1, cresa-jagoda и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  5. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Сметам дека не само што народот се разочара од претходната влада, што во никој случај не беше безгрешна, сметам дека не е задоволна и од оваа.
    Со самото тоа што останува со револтот кон она што било некогаш - замижува пред покатастрофални грешки од оваа сегашна влада.
    Затоа не оправдувам негласање. Кога на сето ова ќе се додадат гласовите од албанската партија на оние што не го оствариле гласот, администрацијата која што секогаш е на страната на власта - го добиваме конечниот резултат.
    А, и бројките кои претходно достигнуваа и до 534.000 гласови на претседателски избори и предност од околу 140.000 во прилог на противникот на Стево, пред 5г. - може да се заклучи колку е ова неубедлива победа, а и нѐ насочува кон фактот - колку е иселена државава.
     
    На ocicka2014, TeddyGrey, makedon81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Посебни! Претседател на држава, претседател на собрание и премиер е исто со министер м? Имаат исти надлежности? Дали министерот ја претставува државичката наша, ги заштитува интересите на државата исто како погоренаведените? Оди подобро отвори книга и прочитај, просветли се па раскажи ни, не тропај глупости те молам за да не ти се смеат :)
     
    Последна измена: 6 мај 2019
  7. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
    На Стевота ќе му дадат да сврти некое крукче со мерцедесот на Грујота..Или че го продаваат :(
     
    На Madonna, Shmizla94, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    З ќе се вози :)
     
    На Shmizla94, makedon81 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Не гласаш - значи апсолутно не ги сакаш ни ВМРО ни СДСМ на власт. ;)
    Менување страни само затоа што "едните уфлекаа, ај сега ќе гласам за другите" е најголемо ниво на апатија што може да го постигнеш. Ништо нема да се смени така. Само ќе си се менуваат едните со другите. Сите среќни и задоволни, само ти со прстот во уста. Тогаш дури ништо нема да се смени во државата. Нема ни да мора да работат затоа што ќе знаат дека еден мандат ќе паузираат, а следниот одма пак ќе им дојде.

    Референдумот е друго. Имаш избор. Поддржуваш промена на име на државата или не. Да/не е прашањето. Нема потреба на избори да биде да/не (сакате СДСМ или ВМРО на власт) слободно може да биде "не ги сакам ни едните ни другите". Како што кажав, погрешен мотив за бојкот е "ќе бојкотираме додека ВМРО не победи". Сосема оправдан е "ќе бојкотирам затоа што не ве сакам ни едните ни другите".
     
    На galapce, Цвет88, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Премногу значење давате на титулата претседател, за нашата држава зборам. Претседателот е најслабата алка во нашиот политички систем, секогаш игра по дадени правила.
    Парламентарна држава сме, а не претседателска. Да беше обратно, ќе ве разберев, вака само џабе рипате.
     
    На Madonna, MonMon, makedon81 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ги сакам тие што го менуваат гласот како што ќе дувне ветрот, ама ако си неутрален и ако секогаш си либерален во гласањето, без да се држиш до строги убедувања за некоја партија, зошто не му кажеш на народот дека си незадоволен и од оваа влада?
    Ти кажав, нема ништо и да се смени ако се седи дома и се игра како што ќе им текне нив.
    Ако си седите дома - значи таман ви е. Ако ви е таман, седете. А, не после да кажувате дека ја сјебале државава или дека секоја алтернатива за нешто да се смени е апсурдна.
     
    На Shmizla94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Лол.
    Како да им покажеш на сдсм дека не си задоволен, со тоа што ќе гласаш за нивните противници кои се уште поголемо зло?
    Се читате ли ?
     
    На oblace1 и staycalm им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.790
    Допаѓања:
    274.591
    А што па толку се потресовте фалимендерит ако рекол?

    Сите националисти, не е важно кои, си имате сериозни проблеми.
    Ама навистина.

    Ајт на "браникот" и бранете, светов се движи кон глобализација, они 300 000 нецели ќе се тепаат за етнички чисти држави.

    Па една па држава што сме, богата и успешна, секој да ни подзавиди.

    Не оти Стево ми е драг, ама го гласав оти нејќам античките лопови ни да намирисаат власт во скоро време.
    Нека си прочистат редови малку, НГ и негови послушници нека испратат, нека се реформираат внатрешно прво и нека сфатат дека им пројде времето за античко онанисување, па да правиме муабет пак да добијат власт.
     
    На Amellie13, Feminka22, MonMon и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Ха, ха, ха.
    Вака кога зборувате само се гледа кој каков припадник си е.
    Не, за мене нема поголем предавник и лицемер од оној кој се прави националист, а потоа го променува сето она што сме биле.
    Поминаа 2 години, ќе поминат уште 2, нека бидат и 3... ќе видиме која е користа и кој направил поголемо зло.
    Убаво е да си ги браните своите, во ред е.

    Со сето ова, сметам дека гласате само ако ве натопорат на работа или ако добиете нешто за возврат. И само си ја гледате својата корист од политичкиве партии, а тие не се ни агенција за вработување, ни пак ќе видите поголем стандард и поголеми плати.
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Напротив. Ништо нема да се смени ако само ги тргнеме СДСМ и ги донесеме ВМРО на власт. Апсолутно ништо.
    Седење дома е буквално највисоко ниво на револт кон власта кој што можеш да го искажеш во двопартиската шема во која сме заглавени.
    Во моите 8 години со право на глас сум излегла да гласам точно два пати (од кои само еднаш со важечки глас затоа што верував во кандидатот). Планирам така и да продолжам, сѐ додека не излезе добра трета опција. Ако тоа значи никогаш да не ни гласам,so be it. Сигурно нема да го дадам гласот на ВМРО затоа што СДСМ се покакале. Тоа апсолутно никогаш нема да се случи.

    П.С. Не барам работа. Факултетот и ме вработил и ме плаќа. Сум си мислела на време за тоа.
     
    На Annath, Someonespecial и LollySky им се допаѓа ова.
  16. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Исто е и сега.
     
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Јас првиот круг не излегов да гласам. Бојкотирав, затоа што сум разочарана од СДСМ за кои очекував дека ќе научат нешто од грешките на претходните наместо само да дојдат до фотелја и да продолжат со истото. Вториот круг излегов, затоа што ако СДСМ не ми е по ќеф, ВМРО-ДПМНЕ кое одбива да се реформира, ми е уште помалку. Не е начин да се гласа против. СДСМ си добија силна порака со губењето на многу гласови од локалните избори, па сега на нив останува да сфатат и научат од грешките.
    Е да, јас сум од тие неопределените, што умеат да казнат а не само слепо да поддржуваат. Мојот глас не е здраво за готово, треба да се заслужи.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Во право си, што то кажувам. Нека поминат години, ма нека поминат колку сакаат, таман да видиме бенефитот од промената на името.
    Сами да видиме кој е поголемо зло, може, и тоа е добра опција.

    Бај д веј поштуем, ќе си бараш работа со која нема да чекаш да ти овене дипломата, јер... "сине, ти велев бирај поперспективен факс"
    Ама не можеме сите да бидеме програмери, доктори...

    Не знам, само нека е нѝ е со лесно, па ќе видиме. :)
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.790
    Допаѓања:
    274.591
    Сјајно девојче, за други не знам, за мене ќе ти кажам: со 0% помош од вмро се вработив. Гласав за нив оти сакав. И за Хорхе два пати гласав. Престанав да сакам и престанав да гласам за нив. На локални поништив ливчиња. На референдум гласав "за". Сега за Пендаровски гласав.

    Гласам по мое лично убедување. Татко ми гласаше за Силјановска, мајка ми не гласаше, дм не гласа никогаш. Изгледа ние знаеме што значи сопствен разум и расудување, како и почит кон туѓиот разум и расудување.

    Земете пример понекогаш, ќе ви биде поубаво.
     
    На Someonespecial, Mishela, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    И пак не се читаш пред да постираш.
    Јас погоре пишав дека немам гласано за никој, ти велиш ги бранам своите.
    Ти имаш гласано, зборувај ми повеќе за бранење на свои. ;)

    Лицемерни едни.
     
    На theowndemon и CameliaMiller им се допаѓа ова.