Да не беа Албанците да му помогнат на Грујо да избега преку Албанија, тој сега ќе си беше во затвор. Кој го спаси Трајко Вељановски од одземање на пратеничкиот имунитет, пак Албанците. Стара љубав још је волим, не беа малку 10 години заедно.
Камелиа ако е така, тогаш е за добро работата, ама не побарав да ми кажеш цел историјат за тоа како си гласала. Ако е така штом тврдиш, тоа е за почит и секој треба да гласа од чиста волја, а не корист. Напротив, мило ми е што го слушам ова.
Нејсе, ништо не можеш да скриеш и океј е да кажеш дека симпатијата ти е наклонета кон една страна и дека ти доаѓа излив на повраќање кога ќе ти ја спомнат другата, без да се правиме чесни и поштени, а не да криеме лицемерност. И ако не си гласала сега, сигурно имаш цел историјат, кој притоа не ме засега мене. Демократски се гласа, правото на гласање си е право на секоја индивидуа, у реду е.
Ти обвини дека "своите" ги гласаме, сите што сме гласале за Пендаровски. Или дека работа ни дале. Реално решенија во здравство вмро ни даде. Ама јас не мислам дека вмро ми направиле услуга. Добив работа со сопствен труд, решение заслужив. Не им должам на вмро ништо. Само во прво лице видов колку се способни гнасни работи, рекет и уцена да прават. Има многу неопределени кои гласаат како мислат, не сме малку, колку и да сакате да не претставите така. Зависно кој губи, одма ние сме "должници" на победникот А не сме
Ама што мешаш баби и жаби? Неповрзани муабети... Тогаш Зошто не објавија нитуедна бомба за дуи м? Срамота колку ни е безбедна државава еден грујо ви избега, да се праша човек ако затвореник пуштиш на слободен ден знак прашање дали ќе се врати или дали ќе го најдете, толку ги бива сдс
Зашто е политика во прашање купи-продај. Никој не е имун, не кај нас, никаде. За да дојдеш на власт ти треба гласачко тело, за да имаш гласачко тело треба да понудиш нешто нели Кај нас ниту една партија не е без дамка во зачувување на "македонизмот". Да не заборавиме кој се' е потписник на Рамковен
Не те обвинив тебе за победата, кажав КОИ се факторите. Секако да не беше власта во колација, немаше да победат. Ама сега тоа тема на муабет не е. Сите што гласаат, бидејќи седам во мал град и можам да расудувам само колку што ми е видното поле, гласаат само затоа што оп, се сменила власта и татичко и мамичка ги вработиле и се шетаат гордо. Непотизам секогаш ќе постои, ама како што се вработува во изобилие додека сдс се на власт - гледам со мои очи. Ќе ти ископаат и нова работна позиција, ќе ја отворат и создадат - иако не постои. Чест на исклучоци како тебе што немаат корист, а гласаат за тиранијава, не би да расправам што си видела во нив - тоа е твое лично право и јас го почитувам. Почитувам секој кој ќе си каже искрено.
Не смееме ни да дебатираме тука со нив одма е за нив тоа плачење и употребување зборови како "абе уште плачете тука", " ај исплачете се". Исто како и власта се, не им е битно нашето мислење на народот. Ова го употребуваат само оние што не се свесни колку ние Македонците може да бидеме силни ако се сплотиме. Но, полесно е некој да ја продаде државата на малцинсво, одколку да се покори да се здружи со друга македонска партија. Албанците се ништо во споредба со нас и по иселеници он нив има, доколку ние се држиме заедно ќе постигнеме се ама јбг. Ова е само предпоставка, а не факт Тогаш што давате премногу значење со славењево на победава? Што рипате толку како Америка да сте ја освоиле
Па секоја власт МОРА да коалицира со албанска партија. И вмро исто така. Кој и да е - исто така. Не знам за малиот град, ама за во овој град знам зошто нема да гласам за вмро. Овие избори гласав против
Ми персираш или ме ставаш во некој си кош со останатите ? Није ме ни дотакло, комплетна рамнодушност имав за време изборите, и после изборите, за победата на Пендаровски дознав од форумов, ако тоа е радост, ок радосна сум. Пс Радосна не сум, ама во голема мера задоволна сум од вемеровски солзи и квичења.
ВМРО на времето, на претседателските избори беа во предност 140.000 гласови, а овие 60.000 предност заедно со сѐ албанските гласови. Оваа бројка мене ми кажува многу. Таа влада беше во состојба да победи и без албански гласови.
Џабе се нервирате, немаше нешто што би можеле да постигнете преку гласање, на избориве судено им беше да завршат вака. Кога во државава претседател не станал владиниот кандидат? Стево е избран од повисоки инстанци, одамна е спреман за претседателска функција. Во Америка за Трамп 30 години наназад се ширеле гласини дека ќе стане претседател еден ден. Нема громови од ведро небо во политика. ВМРО да ја сакаа победата, ќе кандидираа вмровец, макар што и тогаш овие ќе ја украдеа. Честито преЦедник, комуњарчиња. Само не летајте во облаци, не знам дали ќе ви дозволат местенки на парламентарните в година, сепак ДПМНЕ очекува надокнада за се она што го одработи. А дуинг бизнис и останатите албански партии како и вие, прават тоа што ќе им се каже.
@Glossy-girl, еве и јас не гласав т.е. поништив ливче, што значи дека не сум задоволна ни од двајцата кандидати, мислам очигледно е Ти си задоволна од Силјановска и нејзината кампања, јас ни најмалку не сум. Сметам дека само непотребно се избрука, лицемерна беше во сѐ, фејк пародија на прогресивност. Исто има и различни причини за разочарување од владата кај луѓето. Мене воопшто не ме допира ни име, ни платформи, ништо од патриотски аспект - не ми се смени ништо во животот поради тоа ни мене, ни на никој што го знам. Разочарана сум од аспект на правда, социјални прашања, корупција, непотизам. А од друга страна единствена опција за „симнување“ на овие, стојат другите што истото го правеа 11 години плус со одбивна идеологија на конзервативизам и национализам. Така да, при ваква ситуација не планирам ни на парламентарни да заокружам некој број и воопшто не се срамам од негласањето, а не пак за изборов на претседател кој е само номинална фигура.
Не ти персирам. За квичењево и солзиве свака ви част на изразите. Да не можеш мислење да си кажеш одма според вас плаче некој и квичи...
Вака можеме до сабајле. И од вас не може мислење да даде човек, одма или се радува или е предавник и платеник. Ти си на ред.
Прво не можам да сватам зошто го користите терминот СДС кога партијата е СДСМ,со тоа нешто мислите мудреци изигравате као не се оние за Македонија и сл.,или битно да се умаловажува некој а тоа ќе да ни е во гените!? Друго и ако не сум партиска вжештена глава и не заземам страна така лесно бидејќи пред се не ги делам работите на црно/бело туку ги гледам сиво, мислам дека ни еден кандидат не беше на нивото да се гласа за претседател сите ми беа некако во категоријата на Ѓорѓе Иванов кој мора да признаеме лошо ја одработи работата т.е. работеше под контрола на Груевски и Мијалков и освен неговите испади ала "Разумен компромис" по ништо друго нема да го паметиме. И тоа што е најтрагично во се е што многу брзо се заборави диктаторското владеење на ВМРО и тоа што во десет години апсолутна власт ја упропастија државата пак сега читам СДСМ да ја опраеле за две години,маа дај бидете малку реални бидете свои на своето не оди тоа така т.е. не СДСМ и која друга партија да биде тешко дека за две години би ја опраиле работата,не не!
Не бе ај поарно ќе си ќутиме нека не еб*ваат политичарите само. Да не испадне дека некој плаче. Од исти причини што другите користат ЖМРО А боли а?
Тука збориме за претседател на држава тоа и е темата а не за влада или собрание, ќе те молам да не навлегуваш со разговориве на други теми
Моето недавање на глас на сегашниве избори е доказ дека ми е преку глава од неисполнети ветувања и лоша политика. Вашиот глас за противникот е доказ дека сакате уште.