Која македонска партија, од 2001ва наваму победила без Албанскиот блок? Има таква? Сакале вие или неќеле, Албанците се дел од македонските државјани. Чекам да видам дали ќе издејствуваат наднационална партија.. ко шо се прпелавеа да направат за парламентарните.
Размислував дали да го напишам постов, но на крај сепак одлучив да го сторам тоа. Кога ќе се соберат плусовите и минусите од изминатата политичка кампања во однос на кандидатурата, ќе дојдеме до заклучок дека Силјановска дефинитивно беше во предност, и тоа со право. На страна од политичката позадина која ја имаа двајцата кандидати, Силјановска беше некој кој со сигурност имаше солиден говорен апарат, а впрочем и познававање на уставот на државата. Да не зборуваме колку е инзвонреден професор, речиси и да нема академски граѓанин кој се пожалил од неа во текот на студиите изминативе десет години. Од друга страна Стево, освен што играше на картата етнична ,,либералност" и соживот, не понуди ништо по конкретно. Сдсм поучени од минатите кандидатури, гордо ги следеше подвизите на нивните браќа од спротивниот табор. Ќе ветиш на етникумот брда и долини и ќе добиеш брда и долини, ама само за тебе лично. Мудро, we can't deny it. Значи не е битно само да учиш од туѓите грешки, туку и од туѓите победи. Користење на слични зборови и фрази во форма на сублиминални пораки е секогаш win - win комбинација, која ти дава предност во однос на манипулација при моќта на убедување. Минусите се следни.. Не беа ниту двајцата достојни за оваа позиција затоа што за да бидеш претседател на една држава е многу повеќе потребно од тоа да си вешт со зборови, и да го познаваш правниот поредок. Потребно е претходно искуство и сериозен ангажман. Потребно е да бидеш многу повеќе инфилтриран во збиднувањата во однос на политичката сцена и да докажеш дека ги заслужуваш довербата и титулата преку претходни дела. Нешто што се заборави и изостана од почетокот на оваа кампања, и е причина зошто од старт оваа кампања доживеа фијаско. Од двајцата не сведочевме посочувања на нивните досегашни дела, а знаете зошто? Затоа што ги немаат. Добивме само празни зборови, препукувања и обиди за придобивање на етничките заедници. Немаше ветување за борба за автономноста на државата, јасна стратегија за водење на надворешна политика предводена со вистинска желба, жар во нивните очи кој би бил апстрахиран од финансиските добра, а би бил исклучиво насочен кон интересите на граѓаните. Дефитинивно за две нијанси беше подобра Силјановска затоа што е стварно образован човек, жена со дигнитет, фина харизма, објективен, сталожен критичар кој и покрај бројните лапсуси бев уверена дека ќе се потруди да се избори за интересите на народот. Но, тоа сепак не ја направи идеална за оваа кандидатура.. Факт е дека ако бидеме во потполност реални, на сите ни е јасно дека Македонија нема достоен кандидат за претседателска функција. Исто како што нема ни за власт. Ова беше само една скапо платена шарада за која стварно, ама стварно немаме средства. Некои од вас спомнаа дека на следните редовни избори ќе губат сдсм, но јас не мислам така. Баш мислам дека сеуште имаат асови во ракав кои тек топрвин ќе ни ги сервираат на масата. Зошто како што кажав, будно ги следеа подвизите на опозицијата на чело со нашиот пастир и добро научија како да се спроведе тоталитарен режим на дело ама увиен во демократска панделка. Таквото знаење може со сигурност да им обезбеди макар уште еден мандат.
Не споредувам, само кажувам.. Ако те бива за професор, не значи дека те бива за политичар. Плус, зад неа е ВМРО.. После 'ќотекот' кој го добивме од нив за време на последното нивно владеење, и Далај Лама да го кандидираа, немаше да гласам за нивен кандидат.
Не се воопшто исти Ѓорѓе и Силјановска. Силјановска е некој што стварно е интелектуално надграден, умее да зборува аргументирано, јасно и конкретно. Фикусот ги немаше тие квалитети. Нема споредба.
И пред изборите а и сега се изначитав голем број на мислења за тоа како Гордана била душа, праведна, невмешана во ништо лошо и уште еден куп такви невистини. Ја знаете ли вие историјата на Гордана, драги фанови нејзини? Ако не ја знаевте, еве, ќе ви ја постирам тука: „-Во 1992г. како член на Либерална партија станува дел од Владата на Бранко Црвенковски. Во 1993г. ја злоупотребува службената положба и заедно со сопругот Благој Давков од Владата купуваат куќа од 134 м2 и плац од 545 м2 во најлуксузниот дел на Скопје за багателна цена(договор за купопродажба бр. 8460/1384) -Силјановска била член на Либерална Партија, во 1998г. станува дел од Демократска Алтернатива, а денес е кандидат на ВМРО ДПМНЕ. -Во 1994г. Силјановска повторно ја злоупотребува својата службена должност како министер без ресор и на својот сопруг Благој Давков му овозможува влез во бизнисот со фришоп преку кои дневно заработувале илјадници евра. -По изградба на ТЦ Мавровка во 90-тите, Силјановска со професорска плата успева да стане сопственик на 10 деловни објекти во склоп на трговскиот. Денес дуќаните на Силјановска само од кирии и носат месечен приход од над 5.000 евра -Во 2002г. сопругот на Силјановска Давкова, Благој Давков на сомнителен начин станува сопственик на земјоделска задруга „Доне Попов“. Тој успева за само 10.000 евра да стане сопственик на 100 хектари современи лозови плантажи, најмодерна ергела со стотина расни коњи, 1.000 говедски грла, 300 пчелни семејства, земјоделска механизација,у правна зграда со современа овчарска мандра, бензиска пумпа и други придружни објекти. По превеземањето на задругата, за 1 месец се случува огромна трагедија во бачилата кога 1.000 овци и 500 јагниња од германската расата “винтерберг” се оставени да умираат за храна. Задругата оди во стечај, а парите од распродажбата на огромниот имот завршуваат во џебот на Благој Давков. -Во 2011г. синот на Силјановска Давкова, Павле Давков со потпис и одобрување од страна на Никола Груевски станува дел од Управниот Одбор на „Злетовица“ во времетрање од 6 години. Токму во овој период кога Давков е член на УО на „Злетовица“ во претпријатието се случува најголемиот криминал во државата тежок 70.000.000 евра. Државата во тој период добива јапонски кредит во висина од 70.000.000 евра за изградба на ХС „Злетовица“, но наместо странски изведувач, во проектот по налог на Груевски, Управниот одбор каде членувал Давков заедно со тогашниот министер за земјоделство Ацо Спасеновски ја вметнува фирмата „Силекс неметали“ во сопственост на Ѕинго. Јапоците подоцна се повлекуваат од проектот, а над 100.000 граѓани од истокот беа оставени без чиста вода за пиење. Како награда од Груевски, на Давков во 2015г. му се продолжува мандатот во УО на „Злетовица“, а Спасеновски станува амбасадор во Украина. -Во 2016г. Гордана Силјановска Давкова по наредба на Груевски заедно со советникот на Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски изработуваат нацрт закон со кој се амнестираат сите функционери на ВМРО ДПМНЕ опфатени со бомбите. Оваа амнестија одекна силно во јавноста, а после протестите на #ШаренаРеволуција истата беше повлечена од страна на Иванов.“ Гордана уствари е перфектен кандидат за ВМРО ДПМНЕ, отсекогаш најголемите криминалци во партијата ги истакнуваат. И не сфаќам што ви е опсесијата со гласовите од албанците, нормално дека и тие ќе гласаат, гласачко тело се и порано двете партии пробуваа да ги привлечат. Ко и останатите малцинства. Добри беа додека гласаа за дпмне пред дпмне да почне со ултра националистичка политика. Излезете и гласајте и вие што бојкотирате штом ви сметаат нивните гласови.
Вајлд, било кој да биде претседател нема неговите одлуки да се сметаат за валидни. Можеме само да вагаме кој подобро се покажа за време на кампањата, кој има предност пред другиот во однос на интелектуални капацитети, а сѐ друго е споредно. Никој нема да го чуе гласот на Пендаровски. Тој ќе биде само марионета, алатка за пренос на туѓи одлуки. Истото што ќе беше и Силјановска впрочем. Ѓорѓе никогаш не остави впечаток. Ниту пред да се кандидира за претседател, ниту откако се кандидираше.
@Nigredo Odor во целата кампања на ВМРО многу ми сметаше што се служеа со многу невистинити изјави и буквално се убија од објавување на лажни вести. За време на изборната кампања беа активни неколку сервиси за проверка на информации и ако ги споредиш невистините во кампањите на двете партии ќе видиш дека разликата во пласирање лажни вести во медиумите е ЕНОРМНА. Тоа секако е и производ на олабавената слобода на медиумите (т.е. што буквално секој си објавува што сака), ама ми сметаше што Силјановска како сериозен кандидат ни еднаш не ги осуди и не се огради од тие лажни вести. Верувам, да се оградеше ќе добиеше поддршка од многу луѓе кои ги препознаа лагите пласирани во медиумите и би ценеле таква искреност, би ја срамниле со доблест. Вака, и најдобар оратор и најквалификувана да беше, ништо на светот немаше да ме убеди да гласам за политичар кој постојано зборува дека не сака валкана кампања, а не реагира на истата кога е во нејзина корист. Еве, за мене тој детал беше клучниот што ме натера да не ја ни гледам како сериозен кандидат. Затоа што целосно го прифати начинот на игра на ВМРО и целосно стана ВМРО. Стево не го коментирам, нема потреба, сите го знаеме...
Како всушност го доби Благој Давков (несудената ,,прва дама,,) Доне Попов во владение? http://maktel.mk/News.aspx?id=118253
Биди објективен така што сите овии "инсајдерски" информации кои ги сподели сега, ќе ги пишеш и за твојот фаворит.
Немам потреба да имам. Се гледа дека си апла сино ориентиран од твоите постови, нема тронка објективност.
Кога треба да изберам меѓу две зла, секогаш го избирам помалото затоа што ДПМНЕ е канцер кој треба да се уништи засекогаш. Не е тајна тоа, и никогаш не сум рекол дека не би гласал за никого или дека сум „неопределен“, ко ти и други членови на форумот неопределени а фанови на Силјановска
Во право си,Миленко Неделковски сега пред изборите ја постави емисијата каде што гостин е Ѓорѓе Иванов за време на неговата прва кандидатура и искрено се изненадив колку само е различен тој Иванов со овај Иванов кој сега го знаеме, тогаш бил човек со свој став за работите додека сега крајно заврши како потрчко на Груевски и Мијалков без право на свој глас и своја одлука!
Нема ништо веќе од Македонија , двојазичност , промена на име, уште се запнале за еу се надевам нема никогаш да не примат
Тоа не знам,доколку го променат името на партијата тогаш ќе ги ословуваме со тоа ново променето име сега за сега се СДСМ. Кој тоа нас не вреѓа,јас ниту сум изгласал ниту нешто сум променил а Македонија ќе си биде тука.