1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Претседателски избори 2019

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rakometar, 3 март 2019.

?

За кој од претседателските кандидати ќе гласате?

Анкетата е затворена на 7 мај 2019.
  1. Стево Пендаровски

    86 глас(а)
    27,7%
  2. Гордана Силјановска Давкова

    118 глас(а)
    38,1%
  3. Блерим Река

    6 глас(а)
    1,9%
  4. Немам одлучено

    40 глас(а)
    12,9%
  5. Бојкотирам

    60 глас(а)
    19,4%
  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Според кој критериум е сдсм помало зло, објасни?
    Како победата во Албанските општини е помало зло сега во моментов?

    Ако ги гласаш ради подвоениот либерализам и ветувања за правата и слободите, од старт да ти кажам дека од тоа нема ништо. Еден Павле што го имавме како ,,независен" член, чим влезе во собрание веднаш заборави на сешто кажал до сега и единствено се осврна кон сопствените интереси.

    Не сум јас про - вмро, тоа speak for yourself сино обоен боту.
    Моите гласови секогаш биле шарени, со поголема наклонетост последниве две години кон вмро, ама без излезеност да ги подржам.

    Ти од друга страна како штаБско дете не можеш да се пофалиш со независни квалитети. :D
     
    На AnnabelLee, Glossy-girl, Harper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    А каде, ако не ЕУ?
    Со кој ќе бидеме стратешки партнери? Со Монголија?
     
    На lovestoneddd и Bratot им се допаѓа ова.
  3. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Женски
    Да
     
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    13.742
    Пол:
    Машки
    Дали тоа што ја "нема" Македонија е причината само двојазичноста (што уште не е дефинирана како таква) и промената на името !?
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Блазе си ти на познавањето на глобалната политика... А Бога ми и логичките калкулации....
     
    На staycalm, Bratot и Irenaiki им се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    22.460
    Пол:
    Машки
    Споредбено со владеењето на ВМРО ДПМНЕ во 12те години додека беа на власт, СДСМ е и те како помало зло (барем сега за сега).

    Разочарувањето од СДСМ постои, не можам да го негирам, ветувањата за „затвор за криминалците“ не се ни 40% исполнети и сл. Ама нема да ги изедначувам со криминалното, уценувачко, националистичко, хомофобично владеење со страв, квалификација за било шо да биде членската од ДПМНЕ, прикривањето убиства, нарачувањето притвори и уште мал милион работи.

    А заканите што лично ги добивав од вмровци блиски со партијата и обидите да направат се' што можат за да не успеам во одредени работи заради тоа што ја имав „таа храброст“ да зборувам против нив никогаш нема да ги заборавам. Да напоменам, од СДСМ немам лична корист, нит ме вработиле мене, нит па моите, нит пари земам од нив па за да морам да ги бранам.

    Збори ми ти мене за тоа колку сум ја „партиски бот“, ку*ов ме боли искрено, фактот дека ДПМНЕ е најголемото зло што се случило на политичката сцена во државава нема да го смениш.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    стварно Одор... Како феминист, треба да ти е доволно законот за абортус што го направија комплексна процедура.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Како феминист, никогаш ништо не треба да е доволно :!:
    Чекај, да видиме какви закони "ќе ни зготват" уште во име на "европска Македонија". Оти така ми личи дека ќе биде, ќе протнуваат сѐ што посакаат со оправдување "ама ова Европа го бара".
     
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Мене искрено исто зло ми се и секоја партија што ќе дојде на власт ќе биде исто зло ко претходното. Еве јас ко неутрален не видов никакво фајде за обичната раја, увек популистички политики се водат тука пошо гзот им плаче за фотељичка а не за арното на народот.
     
    На Madonna и AnnabelLee им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Какви закони? Ко овие за името и јазиците?
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не. Немам јас ништо против ни името ни јазиците.
    Чекам да видиме што друго ќе ни зготват.
     
    На referentka и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Колку што знам, сакаме во ЕУ, а ЕУ има либерални закони...
    Мислиш дека ќе си фатат свој пат?
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Не го подржав законот за абортус, никогаш.
    Ме чуди твојата реплика, зошто и сама знаеш дека тогаш имав дури и постови преку кои сатирично ги исмевав таквите одлуки.

    Да се разбереме, тоа што повеќе ми се допаѓаат одредени потези во однос на надворешната политика предводена од вмро, не значи дека нема да ги искритикувам или ќе застанам во нивна одбрана кога носат било какви одлуки кои се вон наша граѓанска корист. Секогаш бев и останав објективен политички критичар.

    ,,Фалимдерит", и нарекување на народот со погрдни зборови, и агресивен ,,мачо" исфрустриран настап исто така нема никогаш да подржам.

    Треба да си ќорав за да не сфатиш дека единствената цел на нивното доаѓање беше за да се издејствуваат правата на малцинството Албанци. Ниту трошка од ветувањата не исполнија, ниту за нијанса не е подобро. Тоа се факти, останатото е продавање ветер и магла.

    @staycalm

    Си бил некогаш активен, си партиципирал за добивање на женските права?
    Учество на некоја трибина, иницијатива?
    Подобро молчи.
    Ги читав твоите преписки во однос на феминизмот, и ти си се само не феминист.
     
    На AnnabelLee, Glossy-girl, ocicka2014 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Оваа Гордана многу променлива е во ставовите.
    Беше дел од Професорскиот пленум и плукаше по ВМРО-ДПМНЕ кога беа на власт.
    А сега оп, се сврте откај ВМРО-ДПМНЕ како нивен претседателски кандидат.
    Па зарем човек да верува во такви превртливи луѓе?
    Важно Мицко мислеше дека ќе може да победи со тетка му. А ВМРО-ДПМНЕ доби толку гласови само благодарение на нејзе. Да имаа некој друг кандидат од внатре од партијата, ни пола од гласовите немаше да ги добијат.

    Ова што го напиша за нејзе, добро што го напиша, зашто сигурно многумина ова не го знаеја.
    И мислам дека ако се кандидираше без поддршка на ниедна партија, ќе победеше. Народот ќе ја гласаше како личност која ветува правда и правна држава, како професорка, како жена. Зашто на сите им е преку глава веќе од криминалите и режимот на ВМРО-ДПМНЕ, а и има многу разочарани од СДСМ.
    Ама очигледно и таа не била со чисто досие.
     
    На HardSex, Someonespecial, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Нема ни ЕУ исти закони во секоја држава. Многу зависи која држава ќе ја избереме за следење на законите.
    Очекувам покачување на границата на пензионирање, на пример, колку и да ветуваат дека нема да ја чепкаат.
    Очекувам и други закони донесени под притисок кои имаат логика ако се донесат во Белгија, ама не и во Македонија.
    Македонија е мала и сиромашна држава. Некои закони можат да изгледаат убаво на хартија, ама не и во реалност. Ќе бираме закони по Германија, Шведска или Романија?
     
    На Someonespecial, Lianna Anna, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Знам дека беше против законот, затоа и те прашав како можеш да им 'прогледаш низ прсти'.. А тоа е само дел од целата каша која ја направија.

    Единствена цел им беше (на неколкумина од врвот на партијата барем), да ја одработат ЕУ- стратегијата за Македонија. Правата за Албанците е само дел од тоа.. А и не ми смета законот за јазиците.

    Сенкир му текна на македонче да ги тера овие работи.
    Ни се популарни, ни се начин за добивање политички поени... напротив.

    Во право си за тоа..
    На хартија поубаво звучат, ама кај нас ако се имплементираат некои западно-европски закони, ќе ни се распадни државата ...

    Баш ме интересира на кај ќе оди, и која манџа ќе ни ја сервираат странчиштава.
    СДСМ (врвот) ги гледам само како продолжена рака на странска стратегија, и ништо друго
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Ко што е тргнато ние ќе станеме малцинство за одредено време. И нека си бараат права бе цуци и они се граѓани на мајка македоња не биди националист :!:
     
  18. elenaeli22

    elenaeli22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    380
    Толку ми е жалосно кога гледам како млади толку се занимаваат и се навлезени во политики, дебатираат, се караат, објавуваа свашта и сл.
    Никогаш не ме интересирала политика, ни партии, ни ништо. Ама шо претераа претераа. Едните ги видовме на власт многу години, другите дојдоа за брзо време не до раскинаја.
    Одамна се знае, со вакви политики, држава не бидува, ни ќе биди. ЕУ никогаш нема да влезиме, можи само да се лажиме.
    Испустија држава, здраство, образование, сите неписмени, на убави позици. Се додека вработуваат пак партиски и неквалитетен кадар, ќе тониме.
    ЗАтоа сите си заминуваат. Секој шо не писмен, да му ветува некој убаво работно време пред редица образовани кадри, ќе гласа, ќе трча по нив, ќе се лажи.
    Р. Мк или Северна каква и да е, одвај го чекам денот кога ќе си заминам од тука.Не можам повеќе ни да гледам ни да слушам политики и нивни потрчковци.
    И видовме на кој начин прецедател добивме, одамна е се јасно.
    :drunk:
     
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе пробам уште поедноставно.
    Не се согласуван ни со едните а со претходните па Ич.
    Башка сакам да гласам џа човек а не за партија, а двајцата кандидати не го исполнуваа мојот скромен капацитет.
    Јасно?
     
    На Someonespecial, Nigredo Odor, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Зошто? Граѓанска должност ни е да ги следиме политиките, кои после нам ни влијаат на животот.
    Само партиски луѓе и политичари треба да дебатираат политика?
     
    На Glossy-girl, Feminka22 и staycalm им се допаѓа ова.