Зошто да одбирам помеѓу две зла, ова не се парламентарни избори. Заев пак останува премиер година и пол минимум, независно кој е претседател. Мене таа не ми се допаѓа, да гласам за неа ми е исто како да гласам за Стево, затоа не гласам за никој. Појавата и зрачи со комуњарство , игра на патриотска карта за да прелаже народ исто како што Стево продава прозападни приказни, после верувај им дека не се исти. За него барем е кристално јасно кој е и каква страна држи, додека нејзе како на левичарка името кое почна да го брани две недели пред референдумот и е речиси единствена заедничка точка со гласачите чија поддршка ја бара и на тоа ќе и се сведе цела кампања очигледно. Некој со отворено либерални ставови настапува како кандидат на демохристијанска партија (настрана тоа што збориме за министерка на сдс, претседателски кандидат на ВМРО ). Овие кај нас за толку прост го сметаат народот што престанаа да се обидуваат и маски да носат.
И уште една занимливост начув - сопругот на Силјановска наводно бил дел од тимот во кампањата на Пендаровски за претседателскиве. Па зарем е можно бе?
Уште не можам да верувам дека Силјановска вметнува феминизам у кампањата а е кандидат од ВМРО ДПМНЕ. Добро, до толку мисли дека има глуп народ?
Нели бе, боли колку е контрадикторна Зборува за право, вметнува феминизам и организира настан со „сатанистичката“ јога као за зближување со граѓаните - сето тоа како кандидат на криминална, демохристијанска, мизогинистичка и до неодамна најбогата партија во Европа. Ако навистина е идеалист и доблесна, ќе се кандидирала како независен кандидат. И така дури и многу од оние кои гласаат според партиска припадност, хардкор националистите не ја сакаат и прифаќаат, ја сметаат за шпион и соросоид, намераваат да бојкотираат. Не знам што ѝ е целта, зошто се мачи, погазува и прави карикатура од себеси, а колку што знам како професорка била коректна и почитувана. Мислам дека дебакл не ѝ бега. А за Заев со простачкиот хумор на митинзите што да се каже... Каде и да отворам профил на некој заинтересиран за политика, само глупости од кампањиве гледам. Избориве ко некоја лоша стенд-ап комедија се, во целост.
Ајде да се кладиме колку градови ќе помеша Силјановска додека трае кампањата? 2 до сега. Прво викаше редовоно јога вежбала, после кога се виде дека став нема никаков, вика "имам порано вежбано јога". Одлично. Лаже, суши. Да не навлегувам повеќе. За Пендаровски, се гледа колку му е незгодно на човечето кога се клупираат тие од партијата. Се гледа дека некогаш едвај чека да завршат со зборење и се чуди под кое дрво да се скрие
Истово го забележав, a додека се глупираше таа тетката шо го величеше типов еден момент се насмеа и се покри со раката да не видат. Ќумра
И кога оваа тетката уште не престанала да збори, Стево аплаудира Ќумрев, ептен неугодно му падна. И кога му пееја среќен роденден
Не го вика народот. Ги вика вмро-вците дека како стока ги шетаа лево десно. Па нив човек им умре на Плетвар пред митинг они го оставија на патот. А за Силјановска, па неа како кажа Јанкуловска во бомбите: ја дигавме од кревет за да не брани. Она и Ванковска, најиритатните ликови на политичката сцена. Хорхе 2!
За ниеден од горенаведениве... Треба да бојкотира народот.. ваква стока од кандидати одамна не се случило да се кандидираат за претседател Овие треба да се скријат во некоја дупка и да не се појавуваат во јавност додека се живи
Просто мн е Дафкова ќе победи и вмро-дпмне за брзо ќе се врати на власт... Заев и неговите ги донесоа грците на власт а не народот во Македонија за да го направат тоа што го направија, е сега си ја завршија работата и со тераат све на мајтап и баш ги боли и на крај не се способни за водење економија и напредок на државата а тоа ќе го бараат големите од запад и баш поради тоа ќе ја немаат подршката и од нив а од народот во Македонија посекако ја немаат
Де Даст, па пред само пет години истиот беше кандидиран. Јас вчера ја гледав дебатата во Топ-тема, соочување или што и да е. Река пола емисија чуваше рака во џеб. Гога во еден момент на Стево му рече „не бе“. Стево брливо однесување како и обично. Од посериозната страна, мене ми е недемократски што се понудени само двајца кандидати (без Албанецот).
Па не знам дали сум коментирала пред 5 години ама и тогаш и сега мислам дека Пендровски е мизерен .. Имам за нијанса повисоко мислење за фикусот него за овие сега што се кандидирани.. Така да не било толку дно дна како сега.. Барем не си ја продаде државата фикусот Од Стево е секако подобар. Да го сакаше народот, Стево ќе победеше и претходниот пат. Ама научен е сега да губи, нема да му е тешко
Вистина Стево му се обратил на народот ако изгуби да не му се појавуваат пред очи? А нешто ги вреѓал и цајканите. Шизофреник беше, шизофреник си остана. Кандидативе се кој од кој. Попрво за зетот на Кили би гласала.
Слушнавме како победуваше злосторничкото здружение во бомбите,слушнавме. Нека Ви се смешка психопатот сега од Будимпешта. А за Хорхе, човекот веројатно имаше улога во 27.04, полека.... Доста станови купување.... Стево е класа за сите нив. Сакав да не гласам, ама против злосторничкото здружение секогаш, секогаш