1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Претседателски избори 2019

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rakometar, 3 март 2019.

?

За кој од претседателските кандидати ќе гласате?

Анкетата е затворена на 7 мај 2019.
  1. Стево Пендаровски

    86 глас(а)
    27,7%
  2. Гордана Силјановска Давкова

    118 глас(а)
    38,1%
  3. Блерим Река

    6 глас(а)
    1,9%
  4. Немам одлучено

    40 глас(а)
    12,9%
  5. Бојкотирам

    60 глас(а)
    19,4%
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не се сенилни. :)

    Патем, Среќко Поповски имаше "Саботажа" за споредба на Иванов и Силјановска. Ако те занима, погледни. Знам дека не те. ;)
     
  2. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    2.576
    Пол:
    Женски
    А ти како невропсихијатар оцени дека е сенилна?
    Дури и кога би била, ќе биде дупло поинтелигентна и поподобна од Стево. Како што кажав дебатите си го кажаа своето, има уште две па ќе видиме.
     
    На AngIv, ocicka2014 и Sofronko им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Супер, да гласаш за неа на 21. Септември.
     
    На candy.cane и Animali им се допаѓа ова.
  4. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    2.576
    Пол:
    Женски
    Така е(y)Инаку ако не гласам очите да не ми ги види, па со сидрото сите да пловиме :rofl:
     
    На ocicka2014 и Sofronko им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    На страна што Заев е еден од нејнеинтелигентните политичари, и целиот е гаф, не видов дека темата е за него.
    Саботажата да не ја побара, или јок? :D
     
  6. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    2.576
    Пол:
    Женски
    Со се претседателскиот му кандидат се цели гафови.Но,како што кажав јас не го земам тоа за злодело, се прават грешки. Можеш да прикачиш линк од таа саботажа, како кој знае што е еден прилог.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Најди си ја, околу 60 саботажи има годинава, немам намера да ја барам. Имаш и анализи и статии од луѓе на кои им е работа да пратат претседателски кампањи.
    Никој не рече дека Пендаровски е јак кандидат. Само што ВМРО како намерно да не сакаат да победат. Било кој ќе можеше да го победи Пендаровски, оваа дворски шут изиграва. Срамови.
    Колку јаки жени знам што не сакаат ни да ја погледнат, што буквално им се гади од нејзината појава од кога почна кампањата.
    Да ја оправдаш нејзината кампања до сега и да избереш да гласаш за неа значи или да замижиш како прво на прљавата кампања која ја водат, како второ на глупостите кои ги изнакажа, или пак едноставно да не ти фаќа црпката.
    Партиски неопределен и нормален човек никогаш не би гласал за претседател за некој кој не може стресот и заморот од една кампања да го издржи, а не повеќе.
    Чао
     
    На Annath и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Само Гога и ќе научите и јога и само ВМРО-ДПМНЕ НА а никако ова новото СДСМ-ВМРО хахахахахаха медицински случаеви, душички напатени по комунизмот и другарот ТИТО:D
     
  9. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    2.576
    Пол:
    Женски
    Супер што се сложивме дека Пендаровски не е јак кандидат, ниту пак му е местото таму. Второ, кој тоа појаки жени ја исмевале? Најчевска? Хаххахаха.
    Можеби можело да има подобри кандидати, но од понудените три таа е најсветла точка од сите нив. За останатиов дел не коментирам веќе кажавме што имавме, да не се повторуваме.
     
    На AngIv и Sofronko им се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.573
    Не сум во план да гласам,а и не сум многу запознаена со кандидатите.Факт е дека кој и да дојде на власт ќе си краде и живее во луксуз,а ние пак во иста мизерија ќе живееме.Се додека има што да крадат нема да ги занима тоа што масовно младите заминуваат во странство.Нема да ги занима да покачат плати/пензии,подобро здраство,образование,многу повеќе културно-истражувачки центри,итн,итн.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не ја следам Најчевска. Зборам за јаки жени од мојата околина.
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Добро интервју на Река. И Гога дури звучи добро во интерјвуто на РСЕ.

    https://www.slobodnaevropa.mk/a/29876974.html
    Јас не би имала проблем да гласам на следни избори за Албанец кандидат. Не би сакала тоа ама да биде етноцентричен лик, не би сакала да доаѓа од партии како БЕСА, ДУИ.
     
    На deliza, JuLleE, makedon81 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека не ја познава, затоа и така збори, па што ако згрешила голема работа, тресла се гора родио се миш, се занимаваат со небитни работи.... Го подржувам твоето мислење
     
    На AngIv и tamche995 им се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    22.506
    Пол:
    Машки
    Денес случајно наидов на дебатата со кандидатите за претседател на тв, баш го начекав моментот кај шо Стево ја обвинува Гордана дека прави видео кампања со оцрнување на него и неговото име, и Гордана таква мртва озбилна „Немам јас таков спот, Ве молам г-не Стево, јас такво нешто не сум направила“.

    Заврши дебатата и после 5 минути дојде платена политичка реклама порачана од Гордана Силјановска Давкова со истото тоа видео за кое Стево збореше, одма после тоа дојде видеото од оние од УМС со фризерските салони и уше шо не таму.

    Мене стварно не ми е јасно како можат секоја година и двете најголеми партии да прават дебилни промотивни видеа, ама ВМРО убедливо води со дебилизмот, некреативноста и кринџ фразите. :D

    У кратки црти заклучокот ми беше:
    На почеток добро му одеше на Стево ама при крај се наапа од Горде и почна некултурно да и навлегува во секој збор шо мене ме иритира многу.

    Гордана е огромен хипокрит е и се прави луда за сите лоши работи од ДПМНЕ колку е можно повеќе. Ги обвинува СДСМ за сите работи коишто ВМРО ги сјеба у минатото. Води фејк феминизам у најголемата сексистичка партија у државава.

    Блерим ме изненади ептен позитивно, не очекував дека има квалитети заради моето недоволно истражување за него. Плус, многу е важно што не е од ДУИ.

    Ама од дебативе уште посигурен станувам дека Гордана никогаш не би ја гласал.
     
    Последна измена: 14 април 2019
    На candy.cane, buba4e89, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    22.506
    Пол:
    Машки
    Туку, читајќи ги последните страни во темава ми се јави само едно прашање, добро бе, колку треба еден човек да е ПОЛИТИЧКИ НЕПИСМЕН, после се' што се случи да каже дека Хорхе, Грујо и сите други од криминалното здружение биле најдобри, подобри од Стево и Блерим? За што се работи, испран мозок, сервилност на партија, корист од нив или едноставно неупатеност? (facepalm)
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па не ни треба да ја знам и да ја познавам. Зарем цела Македонија ја знае и познава? Повеќе тежина има мислењето на тие што не ја знаат отколку на тие што ја знаат. Пристрасност, does it ring a bell? Оти не гледате каков лицемер е, како во очи бе гледа и лаже?
    Имаше клипче со фри шоповите. "Точно дека мажот ми имал фри шопови, ама не сум му ги јас доделила" и трепка како луда. Боди ленгвиџ слабо читање? За нос си ве влечат како сакаат :)
     
    Последна измена: 15 април 2019
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    На овие избори нема да гласам.

    Ниту Стево,ниту Гордана се независни,а двете политички партии и структурите кои стојат зад нив се асоцијација за криминал,корупција,непотизам,селективна правда и продавање пуфки.

    Гордана не исплива на површина случајно.Охрид!Таа е дел од охридската група на современици и дејци кои секојдневно ги збогатуваа и продолжуваат да ги збогатуваат нашите животи...
    “Духовен” водач на таа група е проф.д-р.Љубе Трпески.Роден e во с.Велмеј Охридско. Министер со Гордето од 1992-1994, потпретседател на македонската Влада,гувернер на Народна Банка на Македонија…

    Останати охридски современици и дејци:D:

    Илија Илоски-Главен оперативен директор на КБ,а претходно и Генерален директор на Царинска Управа на Р.М. Роден во с.Велмеј Охрид.Каква коинциденција.Son of a gun!:D

    Трајко Славески-Министер за финансии...

    Зоран Ставрески- Министер за финансии...Here we go again...

    Горде 2...Гордана Јанкуловска-Министер за внатрешни работи…

    Оваа група сака да има и Претседател на Републиката.Каква брилијантна идеја!
    За зачувување на Уссс-тавниот поредок.:rofl:

    Од друга страна Стево не’ убедува дека како дипломиран правник тазе излезен од клупа,бил повеќе
    од адекватен да биде раководител на одделот за аналитика во МВР.

    Експерт за криминал со 0 денови работно искуство.

    Влегол во МВР бидејќи бил независен,а главно како резултат на масовната поддршка од граѓанскиот сектор.:rofl:

    Човек од безбедносните-контраразузнавачките служби кои во целиот Свет па и кај нас се синоним за нечисти зделки и криминал и комплетна неодговорност.Оваа булумента на власт уште “трага” по апашине кои избегаа во Грција,а Племиелот e на слобода и сигурен сум дека секојдневно ужива во унгарската кујна.Оливер е веќе при крај со Извештајот...Сигурен сум 102,5%...Има да блескаме...:rofl:
     
    На Tekkyi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    22.506
    Пол:
    Машки
    Да не се заборави мизеријата на „интелектуалките“ Ванковска и Силјановска. Hа ТВ убедуваа дека А1 не била мета на специјалците кои имале право да упаднат. Ќе се извини ли Силјановска што ја бранеше диктатурата на Груевски која ги згмечи А1, Шпиц, Време и Коха?

    https://twitter.com/Seir_mk/status/1118463837429227521
     
  19. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    A ќе се извини ли Велија Рамковски за криминалот што го правеше во целиот изминат период?? Ќе им се извини ли велија на новинарите што заради него ги снајде подебелиот крај??
     
    На ladyySi и makedon81 им се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    22.506
    Пол:
    Машки
    Убави ви се обидите за релативизирање, жално е шо не палат на луѓе ко мене. Жал ми е, дно сте.