Ама, ако те фатат... Подобро ќе беше да бевме сложни сите. И никој да не оди на гласање. Ама, не сме.
Шо да ме фатат? Мое право нели е? Ееее, ова никад нема да се деси. Сложност и Македонци не идат у иста реченица.
Не знам дали е дозволено или не, но за да го направиш неважачко, можеш и да заокружиш неколку кандидати.
Па шкртале луѓе знам, дури и си цртале цртежи. Еве може нејќам за никој ама сепак сакам да излезам. Иначе не е дозволено ни криминал ни корупција ни остали срања ама е сепак дозволено кај нас. Може и ова ама поинтересно е со цртежите сепак.
Ако имаш време да си црташ можеш да застанеш и портрет да нацрташ ама се освен кругче околу една бројка е неважечко. Не е незаконски, не е криминал, но е невалидно. И како би те фатиле коа гласањето е тајно, зад параван гласаш Инаку ако сум дома ќе излезам да гласам колку да го искористам правото на глас, вероватно ќе го прешкртам ливчето, јер сите ми се исто ср**е.
Дали разбираш што значи не одење на гласање и како функционира? Албанците се здружени, нас и така се ни земаа, уште да не излеземе на гласање, тамн албанциве ќе ги има у поголем процент на изгласани. Нека ропнат прајм министер шипо за стално, кој го осакати македонскиот народ во војната во 2001.
Во 2008 година, излезноста е околу 58% на парламентарни избори. Значи излегле околу 1 000 000 гласачи. ВМРО-ДПМНЕ тогаш освојуваат 63 пратеници. За формирање влада се потребни 61 пратеник. Знаеш со кого коалицираат? Со ДУИ. Истата таа гарнитура го става Талат Џафери како министер за одбрана. Во 2014 година излезноста е уште поголема (63%), 1 120 000 гласачи. Повторно победуваат ВМРО-ДПМНЕ со 61 пратеник. Пак си коалицираат со ДУИ. Си имаа некое нивно измислено правило, победник со победник. Хашките случаи беа амнестирани по наредба на Груевски во договор со Али Ахмети во тие години кога си коалицираа. Во 2016, излезноста е рекордни 66%, над 1 200 000 гласачи. Тогаш СДСМ си направија влада со ДУИ, пред тоа плукаа по вмровците ради ова. Талат Џафери стана Претседател на собрание. Поентата ми е дека и со огромна излезност на македонски гласачи, македонските партии си коалицираат со ДУИ. Сосема ја сфаќам незаинтересираноста на луѓето за изборите, јас лично не излегувам неколку изборни циклуси на гласање. Не тераат да излеземе да гласаме пошто не заплашуваат со тоа дека УЧК ќе владее со државава, луѓе излегуваат масовно да гласаат, они пак коалицираат со УЧК и покрај тоа што освојуваат над 61 пратеник. A aко не се ДУИ коалициони партнери, ќе бидат БЕСА, Алијанса, Алтернатива.
За да се исполни желбата и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Првите да има редовни избори, вторите да има избори во ист ден. Се одржувале парламентарни избори во среда.
Не знам ни јас. Вака од дискусии некои сметаат дека е намерно за да нема голема излезност као. Вториот круг па е точно 2 дена после Велигден. Не верувам дека некој што си бил пример дома, лупам Берово, се вратил во Скопје и во среда да трча да гласа. Освен ако не се тепа за некое работно место.
Референдумот за промена на името масовоно го бојкотиравме и што испадна, заборавивте? Во Македонија сме. Вие дур не излегувате и дур не ви е гајле за избори (а токму изборите се шансата за промени) на некој друг му правите услуга да си оствари што зацртал и на крај и држава ќе изгубиме. Да сме биле сложни за негласање. Ај Албанците убедете ги да не гласаат.
Од тоа - гајле ми е, не излагам, до вака е ситуацијата. ЌЕ ИЗЛЕЗАМ, КЕ ГЛАСАМ ЗА НЕКОГО ИЛИ ЌЕ ГО УНИШТАМ ЛИФЧЕТО АКО СМЕТАМ ДЕКА НЕМА ВРЕДНИ КАНДИДАТИ. Зошто дозволувате некој да го зло-употреби Вашето лифче, да го даде Вашиот глас место Вас ?
Па еве ќе ти објаснам иако мене ми е сеедно, само да не го сфатите сите моето мислење погрешно... На пример сите купуваат само и само Дивела макарони и шпагети со години како да се чипирани како да е само таа врста на макарони во светот, ја прават Даути Комерц корпорација, Даути Комерц не можат да постигнат од Дивела Макароните... Ама и смета што државата се Албанизира, ама Дивелата не ја менуваат по никој основ без разлика што Даути Комерц е националистичка фирма и се заканува со стари чизми од Учк... На Албанските фирми и дистрибутери им ги даваат парите и ги развиваат свесно или несвесно ги прават милионери ама јас мислам свесно... На Македонските фирми кои се дистрибутери на Макарони не ги купуваат ова е само пример за Дивелата има уште еден куп примери ама не е моја работа ниту ме интересира само коментирам случајно а демек мн се загрижени за Албанизација а по различни Макарони не пробале од Дивела ниту ќе пробаат ниту ќе дознаат колку подобри на квалитет од тие има и тие не се ништо посебно...
Имам разговарано со постручни лица околу ова. Може да се направи некаква злоупотреба во порурални средини. Во градовиве има комисија, многу странски набљудувачи, нема шанси да се деси такво нешто.
Треба да се додаде уште една опција во анкетата: ќе гласам на парламентарните избори, а нема да гласам на претседателските избори.