Ако резултатите се претворат во мандати за парламентарните избори, а Македонија е една изборна единица: Стево – 25 пратеника Гордана – 50 пратеника Стевчо – 1 пратрник Бујар – 17 пратеника Билјана – 5 пратеника Арбен –11 пратеника Максим – 11 пратеника
Како? Што може да е полошо од тоа што се случи на онкологија? Или во болницата во Тетово? Епа затоа што имаш народ кој за манипулација со лекови за најстрашни болести си седеше дома и си уживкаше, а за избори прв е да се истепа за Гордана или за Стево, затоа сме тука кај што сме. И не се залажувајте дека едните се подобри од другите, затоа што пропастот на Македонија го играат заедно и многу добро уиграно. Кога треба да си гласаат покачување на плати си се договараат и одма најдуваат заеднички јазик. Ама затоа кога треба да се обезбеди подобар живот за мене и тебе, е тогаш има вредности, традиции, курци и палци.
Не знам на комуњариве што толку им смета Гоцка, десна рака на Бранко на времето. Сите се исти. До еден. Може им смета што не е нивни кандидат. Не знам друго ни што да речам, ни што да мислам. Никаква надеж немам за подобро утре во оваа држава. Само ептен ми е мило што народот колку-толку подотвори очи, па Максим доби повеќе гласови од очекувано. Реално треба освежување. Да не' краде и некој друг, не само овие едни исти.
По кој основ ќе стане Џафери претседател ако нема излезност од 40%? Што туку плашите народ и дигате паники со лаги? Дали сте асални? Ако нема излезност или не се изгласа претседател со потребното мнозинство тогаш целиот изборен процес се повторува од почеток. Се изначитав глупости.
Јас не ни гласав, така да гајле ми е кој е, сите се исти, ни за Стево не сум, ни за сдсм, ни за ВМРО, за никој. Гоцка 70 годишна држава ќе водела, само фигура ќе си биде, ништо повеќе. И секој си има право на глас за кого ќе гласа, и дали ќе го искористи својот глас, не мора сите да се согласиме. Грујовизмот многу поштени, не крадеа, ако треба освежување, не треба ни сдсм ни ВМРО да се, туку некоја трета партија. Па и ВМРО многу испокрадоа, и СДСМ, сега некој трет треба, доста се наполнија.
Абе јас од стално сум била на ставот и ќе бидам дека секој што ќе дојде на власт, ќе краде. Тоа да ни е јасно. Ама, дај му на народот, среди ја државава (здравство, образование, корупции) па кради, ама со усул. Кога народот ќе е задоволен од животот, работата, државата, нема ни да те примети дека крадеш. Нема да му е гајле. Волку е просто и едноставно.
Не ти смета и не те лути што синоќа во твоја држава славеа извикувајќи УЧК ? Не те боли дека се на најјако пуштени последните години? Не знаат една реченица да сврзат на Македонски, во државата од каде леб јадат а се збори за ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА - СОЖИВОТ. Никогаш немало толку пукања сред бел ден, убијства, дрога и безредие у буквална смисла на зборот. Никаква разрешница, никаква одговорност. Не викам дека вмро се цвеќе за мирисање али овие што претераа претераа.
Сосема се согласувам. Едно не ми е јасно само, со кој памет е жена на 70 год кандидат за претседстел, толку јасно се гледа дека не ја држи ни концентрација, нит енергија, апсолутно ништо. Синоќа баш на прес случајно фатив кога збореше Мицкоски, Силјановска буквално се навалуваше те на една, те на друга страна, па мижеше. Ве молам видете. Жената не ја негирам уопште во тоа дека можа има знаење меѓутоа истрошена е и тоа јасно се гледа на секој нејзин настап. Зошто бре луѓе се држите како слепи за партиите!? Како и давате поддршка за претедател истрошена и изнемоштена..
Затоа и прашав до колку години е дозволено да се кандидира некој за претседател, изгледа не ме разбраа, а и јас не се изразив добро, прашањето ми беше до која возраст. Пред некој ден гостуваше во една емисија, многу лапсуси направи. Кога ја видов вчера покрај Мицко, се пресмеав, како го гледаше...
Нема старосна граница. Треба сама да е повеќе од 40+ години, да е државјанин на Македонија, да живеел 10 години во последните 15 години во Македонија, да не е избран два пати претходно и да има собрано 10.000 потписи од избирачите или 30 потписи од пратеници.
Се додека се гласа под вакви околности со ваков изборен циклус и со овие изборни единици, албанскиот блок особено ДУИ ќе држи уште многу и нашите партии ќе бидат зависни од нив. Не може ВМРО сега а ниту СДСМ или некоја друга партија во Македонија да собери 61 пратеник за да формира самостојно влада, бидејќи во 6ка, 5ка, 2ка па и 1 преовладуваат и доминираат албанските гласови, од таму извираат сите пратеници и гласови на ДУИ и овие другиве. Во овие изборни единици речиси нашите партии немаат ни 5% од пратениците, сите 95% од пратениците наши се изгласани од централна, источна и југо-источна Македонија каде доминатно е македонското население, а албанските од западна Македонија т.е и Битола преку Струга па се до Куманово каде што се тие, 5ка, 6ка, 2ка и 1. И ВМРО и СДСМ до сега имале максиум 45 до 48 пратеници и за да се формира влада пак си зависен од албанскиот блок во случајов ДУИ зошто тие се машинеријата таму. Намерно е направен ваков изборниот процес и кога се спомна за една изборна единица беа против зошто нема да имаат пратеници како сега што вадат од 6ка, 5ка и 2ка. Исто важи и за претседател во сообрание да се бира. ДУИ е тој кој ја раководи оваа држава а СДСМ последниве години им го овозможи тоа, се само да бидат на власт. Додуша и ВМРО го правеше истото. Убо си кажа и Крешник Бектеши сношти дека ДУИ е единствената партија во пораст на гласачко тело итоа млади гласачи и дека по 8 Мај ВМРО или пак СДСМ ај, пак ќе тропа на нивната врата или да гугла на мапс кај се наоѓа Мала Речица, цинично го кажа и така ќе биде. Мицковски го спомна Таравари знаејќи дека пак е зависен од албанскиот блок бидејќи ако освојат 13 а ќе освојат и 48 од ВМРО има шанси да се формира влада, сакаш неќиш пак со нив. Иначе и Таравари нее ништо поразличен, последниот ден пред изборите го помина во Косово на консултации кај Албин Курти, како и секогаш. И условот за влада секако е уставни измени дали ќе бде Таравари или Ахмети, па се друго останато шо ќе се договорат нашиве за продавање. Бектеши прогнозираше 23 пратеници ДУИ ќе има а Таравари 8. Нашава држава е заробена од ДУИ со благослов на главниот судија вчера на натпреварот, калето. А нашиве се марионети зошто сме протекторат на калето.
сите што сте се фатиле за годините да ве потсетам само дека Киро Глигоров стана претседател на 74 години
Јас не знам зашто толкав аминозитет кон тоа Албанец да биде престедател на Македонијава.. па луѓе видете ги како се ефикасни. Се што сакаа си добија. Очигледно си ја знаат работава. Па може под нивна капа и ќе не биде. Нека се полни сметките на луѓето, нека има работа, просперитет, средено здравство, социјала, образование па ако сака нека биде и марсовец на власт.