Никогаш не гласав за сдс. Знаев уште тогаш што ќе следува со нив на власт, ама многумина премногу им веруваа и еве сме сега на ова дереџе.
вмро ја претераа и многу долго време беа на власт, што секако не е добро за ниту едно демократско опшество, сега на сдс му се случува истото што и на вмро пред 7 години и тоа е нормално и така треба да биде. идеално би било сега вмро да коалицира со Максим и со Таравари бидејќи мора да има албанска партија допаѓало нас или не, да ги тргнеме овие две зла. од сдс ќе се спасиме, него треба целта да ни биде како од оној Ахмети да се спасиме, тие се најголемото зло
Колку сакате гласајте, сега Американскиот амбасадор ќе им даде список на тоа што треба да се одработи, и кој ќе има г'з ќе добие мандат...
За ваков народ "Што има везе ако излезете да гласате, будали сте итн..." Малце му е све што му се случува нас ни треба режим Северна Кореја исто како нив да бидеме. Не знам како не разбирате дека треба да се излезе на гласање не мора за Стево и Гордана да гласате. Македонскиот народ мора да излезе зошто и тоа малце достоинство што ни остана како народ ќе го немаме. Ако сакате голема Албанија и преседател кој наместо официјалниот јазик на државата ќе зборува со друг, седете. Нигде во светот го нема тоа, само овде во циркусов во кој главен играч е народот.
This! Имам на ѕид стикерче од едни избори ако памти некој, виолетово стикерче со кукла/марионета. Од 2008 или така нешто. Пишува нешто гласај не биди марионета или нешто така. Уште стои стикерчето позади на шкаф кај мене, истото стикерче ама избледено стои и на ѕид на институтите на медицински (ако некој сака, слободно може да провери и да се увери). This isn't about the "стикерче". Ништо се нема сменето исто како стикерчето. Жал ми е стварно, ама ако веќе сме Титаник, барем тие што имаат шанса нека не бидат оркестарот.
Очајно, поразително е што и на овие избори после сите извршени предавства од двете најголеми партии народот пак оди по линија на помал отпор да го избира помалото зло од двете партии лекцијата не е научена и пак народот ќе добие стап по грбот овај пат од Жмицко и така до недоглед. Запрепастувачки е што и Максим освои дупло повеќе гласови од Левица со партија пред 4 месеци формирана а беше дел од предавничката гарнитура на Сдс и промената на името ама добро него го гласаја углавном разочарани северџани така да јасно ми е од каде му се гласовите. Левица беше единствена опција што нуди нешто ново различно од вообичаената евроатлантска мантра и народот не ги препознава и затоа ќе биде повторно казнет.
абе на кого збориш, не излегуваат да гласаат и после се не им чини, изговор- нема избор. има избор, не се само вмро и сдсм, дајте глас за некој друг, ќе добијат и други пратеници во собрание, дајте дуи да ги тргнеме
И во времето на сдс и во времето на вмро имало албанци и секогаш ќе има, кој сака нека е на власт исто ќе биде, нема да зависи од нив туку кој е спремен за преговори и кој ќе прифати се. Да зависеше само од нив добро ќе беше туку им диригираат други и кој ќе го прифати диктираното тој ќе биде, па гласајте колку сакате.
Вклучувајќи и тоа дека со дуи треба да прават коалиција , сето друго е продавање на пуфки пред народот
Максим е господин за разлика од сите политичари!! Апасиев не понуди ништо конкретно за да се истакне од толпата туку во сеќавање ми остана поклонувањето во албанија на енвер хоџа Сиљановска ќе биде преседател ,вмро ќе биде на власт со дуи и тоа што ќе им свирнат одозгора тоа ќе прават
Апасиев беше на добар пат, ама кампања шо ја водеше му беше катастрофа, се искара со пола партија, вреѓаше се живо што стигна и си го покажа вистинското лице, исти како сите само гледа личен интерес, а особено грешка му беше шо водеше кампања против опозицијата и се тоа му се тресна од земја
Максим и Дуи ги зедоа на душа Пендаровски. Ако се соберат гласовите на сите тројца, разликата ќе беше можда десетина илјади, ако не и победа на Пендаровски. Така беше 2019.
Од едната страна, баба која подзаборава каде се родила. Од другата страна, закоравен чичко кој го смета народот што не го гласа за стока. Се препирате со денови, а не ви текна да дадете шанса на трета опција.
Пендаровски победи 2019 та само затоа што дуи го подржаа и тоа е повеќе од јасно. после вчерашните избори, јасно е какво е расположението во државава, а тоа е против сдс! ги забораваш гласовите и на Ванковска, епа не може сите да се слеат кај Пендаровски во втор круг, особено шо мислам дека на Максим нема да се слеат кај Пендаровски
Проблемот кај нас македонците е што стално имаме некоја црвена линија од која не отстапуваме, ама више ко ќе ни речат така од сдсм или дпне, линијата се поместува. Прво беше незамисливо албанец министер не знам точно за што беше Талат, ајде се преќуте си стана министер (дали беше за одбрана или за надворешни работи не знам точно), после ни беше незамисливо албанец претседател на собрание, но ете стана и тоа, ни беше незамисливо премиер албанец, но ете по некое чудо си стана и тоа. Ако се одбере претседател албанец и тоа ќе си го преќутиме ние македончињава. Сега за претседател сакам да победи Стево ама не ми играа некоја улога, јас сакам в година на локалните Кичево да го вратиме на македонците и да го ослободиме од дуи. Во Кичево за државен празник, прво се реди албанско, до него македонско, во ноември на една бандера се редат по 5/6 знамиња албански, на кружни, на плоштад врзуваат од бандера на бандера на главната улица на булеварот ослободување. Според пописот, Кичево има под 50% албанци. Разликата албанци и македонци е помала од 1 посто. Законот вели дека не смее да се вее пред општина знаме на било која етничка заедница ако нејзинот учинок е помал од 50%. Дуи пак направија заврзлами и не го тргнаа знамето. Имам уште многу за кажување но ајде в година во друга тема за локалните. Иначе Таци премиерот е прославен благодарение на Вмро, да не беше вмро можда и затвор ќе лежеше. Ванковска односно Левица 2019 ја поддржаа Гордана. А јас не викам кој со кого ќе оди, кажувам за победата на Стево 2019. А иначе сите албански општини освен Дебар и Струга гласаа за Река. Дуи беше поразен 2019. Стево победи прв круг и без гласовите на ДУИ, Втор круг е више јасно дека Река го подржа Пендаровски
дуи никогаш не биле поразени, они се со сите на власт и со тие и со тие. колку што ме држи сеќавањето првиот круг беше мала разлика меѓу Пендаровски и Сиљаноска, а за вториот круг дуи и сдс јавно излегоа со заеднички кандидат- Пендаровски, разликата колку шо ме држи сеќавање беше околу 100.000 гласа во втор круг, шо ќе видиш горе-доле сега ги доби Бујар. што се однесува до Река, нормално дека го гласаа албанците, затоа што беше единствен кандидат Албанец, такви се они националисти!
Се дури мнозинството гласачи ( читај 90 % ) го даваат својот глас за лична корист (тендерче, работа и слично) и се дури има ботови по форумиве и секаде по социјалниве мрежи пратени од штаб зошто нешто им ветиле за на крај да го кркаат и да те убедуваат да гласаш за истите а и самите тие не сакаат, ќе си тапкаме во место.
Максим наречете го северџан и што и да е, за Апасиев е господин. Максим досега не употребил пцовка, навредливи зборови како Апасиев. Но, Максим треба да држи ниво ако сака да оди напред, а не да се трка со такви како Апасиев и да навредува. Предлози, идеи сега се очекуваат од Максим и конзистентност. Јас на парламентарни ќе гласам за ЗНАМ(тие имаат најмалку гревови од сите други што се тешки криминалци), затоа што реално не сакам под прозор да ми дојдат и оние предавниците од ВМРО и да се дерат. Знаете колку се никакви? На едни избори кога победија, на еден сосед од СДСМ со часови му фрлаа петарди во двор за мајтап. Тешки сељачишта се и тие. Простаци. СДСМ се мрзи невидени.