Мојата прогноза од она што имам познавање за избори ( две кампањи веќе сум водела ) небитно за која , е дека Максим ќе падне со гласови на парламентарните. Сега се гласаше за човек. Парламентарните се сосема друг начин на гласање. Се избира партија,пратеници ,цела една идеологија е во прашање. Јас искрено на Максим партијата не ја ни знам како се вика ( сега овде прочитав ). Ке останат во игра ВМРО ,веројатно пак со ДУИ и евентуално Левица како партија ќе има далеку повеќе гласови од вчера.
Зборите за Максим бил ваков онаков, а Апасиев па што е. За разлика од него Максим барем не навредува и не пцуе. За никој не сум ама како што пиша членката погоре Максим е господин за разлика од Апасиев.
Сенилна е. Затоа пишав и претходно, вмро можеа и требаа да изберат подобар кандидат. Имаат супер жени во партија. Вчера на прес како изјави 'Ова се ѕвездените моменти... на новинарството'
Ај да не навредувам многу, инаку истото сакав да го пишам. Кога не ги знае градовите во државава, и не знае во кој град се наоѓа, што да очекуваме.
Па незнам како мислиш да победи Стево ?! Со кои бројки ? Кој ке му даде гласови ? 180.000 е разликата .
Во право сте ,се слагам ,ама па и претседателот кај нас нема некоја значајна улога освен што е командант на вооружените сили, именува двајца судии и членови во судскиот совет и дава некои помилувања
Абе се мешаш во политика ама врска немаш. Никола златен не падна туку победи во 2016 година на парламентарните избори со 37.98 %. Втори беа Сдсм со 36.72% Никола тогаш не можеше да состави влада зошто на Дуи им беше наредено да не коалицира со ВМРО.
Некој на твитер имаше пишано -"Само за да го казниме СДС, на локалните гласавме за Данела па Скопје доби најлош градоначалник некогаш" Да, не дека Шилегов го бива ама дај преку кур од народов што не гледа подалеку од ВМРО и СДС. Не знам дали некоја трета опција е подобра ама и да не испадне подобро, некако знаеш дека не е до народот, дал шанса. Вака ем нѐ серат и тие и тие, ем пак ги гласаме.
Не сум политички определена ниту некогаш ќе бидам, не ме интересира ниту една политичка партија, сите се исто. Али ако зборуваме за човек Гордана е далеку постабилна од Стево, претседател на држава изјавува дека и тој да не е претседател ќе се отсели? И уште многу негови бисери. Максим никогаш не би го гласала за претседател, а за парламентарните зошто да не?Вакновска иако е интелегентна личност многу радикално е настроена исто како и лидерот на Левица, кој се однесува како човек партија, за Стефчо не би коментирала, Сад го стават на црна листа ние за претседател ќе го гласаме. Да не ги изоставам од албанските партии Бујар не може човек од здравствена струка да биди министер за надворешни, многу е влезен во Дуи. Ако би требало да бирам меѓу него и Таравари, дефинитивно за Таравари, редно време е кормилото на албанците да го превземи некој друг, па да видиме они какво лице имат. Кога не знаеме сами меѓу себе да си помагаме секогаш ќе зависиме од нив за формирање влада, и тоа е нашата реалност. И на крај ние секогаш гласаме за партија, а не за човек, додека правиме така, никогаш нема да созрееме и да бидиме нормална држава. Одиме кон пропаст. Колку и да е сурово ова, реално е. Врти сучи они си се менват, а народот кој го гледа? Дали некој исполни некое ветување изминатите години? Ништо 0 напредок на државата