@FridaodaMk за да имаме асална држава, се ставаат луѓе што од корен ќе сечат проблеми. Кои немаат никаква допирна точка со партииве и цел живот сами се туркале напред. Дури тогаш ќе нѐ биде. Се надевам дека за 10 години од сега двете најголеми партии ќе ги снема целосно. Премногу гнило стана одвнатре.
Резултати годинава се истите од 2019, само што тогаш вчерашните второ пласираниот Стево, трето пласираниот Бујар и четврто пласираниот Максим беа заедно. Тоа е разликата. Доколку овие двајца му дадат поддршка на Стево, а бујар со сигурност ќе му даде, изборната трка е завршена.
Максим на Стево? Не знам која ти е та логика кога тој избега од Сдсм и за градоначалник беше сам, не со нив, така да тешко дека тој би му ги дал на Стево гласовите
Лелеле абе разберете Максим нема да ги даде гласовите на Сдсм. Сдсм не го подржа на локалните. Он очи не сака да му види на Обиџуко и остала банда овие сиротиве упорно дека ќе им ги даде. Иначе одете кај Тасевски актерот на фб 19 минути збори ама свака му част.
Има реални шанси, така впрочем сдсм владееше од 2016. Ама треба малку да ги подзамисли овој резултат од двојно водство, каде кај македонското гласачко тело подршката им е катастрофална. Моја прогноза е дека гласовите на Максим ќе се поделат, на Влен ќе се со слаб одзив, што заемно со оние на Бујар нема да биде доволно за Стево да победи
Максим е лут на СДСМ и остава можност за соработка со ВМРО-ДПМНЕ по повикот од Христијан. Бујар може да му изрази поддршка на Стево, но само ако Ахмети одобри. Бидејќи ДУИ уценува, за 2-те македонски страни нема да биде лесно да добијат поддршка за втор круг претседателски и за коалиција по парламентарните.
По што заклучи? На сите интервјуа до сега дава солидни одговори, нема направено ниту една грешка освен во имиња. Направила грешка, цела една грешка и тоа на претходните избори, нешто што може да му се случи секого. Знаеш што е лошо? Пендаровски да изјави дека тој што ќе се осмели да го допре името, народот веднаш ќе го тргне од фотелјата во која го сместил. Самиот го изјави ова, сам си го предвиде: ВРЕМЕПЛОВ: Што зборуваше Пендаровски за името - кој ќе го смени ќе мора да одговара | ВРЕМЕПЛОВ: Што зборуваше Пендаровски за името - кој ќе го смени ќе мора да одговара | By Press VestiFacebook | Facebook Следеше некое интервју? Ја следеше дебатата? Гордана заедно со уште два-тројца најспремни одговори даваа, без да мешаат работи. Кога османи почна да меша работи, таа и Ванковска му се ставија со одговори дека тропа зелени... како би знаел, доктор е, врска нема од дипломатија, политика и економија. Тотално беше неспремен и затоа постојано повторуваше едно па исто. Не дека на тие што го гласаа тоа им е важно, важно беше да биде албанец. Тоа што ги вози како сака (од зелени, во европска партија, следно којзнае што ќе биде) не ни разбираат.
прочитале еден наслов и тоа како папагали повторуваат цело време, а сигурна сум дека не погледнале ниедна дебата. да, жената има години неспорно е, ама дајте ајде и мене ми се случува да направам лапсус па тоа не ме прави сенилна на 30 години. не ми е јасно како ги заборавија сите изјави на Заев и колнења во деца и до 5то колено дека нема да го смени името...Пендаровски веќе го видовме 5 години, а Гордана е вистински интелектуалец и далеку посолиден кандидат од Пендаровски и остали
Па ни тогаш не добија, пак и тогаш ВМРО тепаше, ама знаеме како доби сдс коалиција за влада. Виша сила секогаш. За да се смени и име и се. Најаки ми се овие делулу што се дека Стево има шанси за победи.
Ова воопшто не ми е јасно зошто е така. Мене ми грешеле датум (не да грешеле, не знам како документи имам извадено) ама други го пополнувале. Постар човек имаше 2 датуми на раѓање зошто не знаеле како да го запишат. Што точно е случај кај нејзе и дали таа има нешто со тоа - не знам.
можеш шо сакаш да кажеш ама овие се каде каде поголеми насилници од диктаторот Груевски, не сакам ни да отварам уста за 27ми април и пресудите изречени тогаш! 200 години затвор им и изрекоа, поголема диктатура уште не паметам
А, бе, кој и да биде... Ќе биде кукла на своите. Не очекувајте многу од претседател со церемонијална улога. И сега изборот е меѓу подзаборавање и вербална агресија. Кој и да биде, да се молиме да не потпише нешто штетно во текот на мандатот. Тоа ме чуди. Ај, еднаш да речеш тој што запишувал некако згрешил. Ама, на 3 места, бе?
Пендаровски БЕШЕ добар кандидат, не повеќе. Евентуално може да биде добар дипломат зошто ја има школата на Трајковски (од која за жал ништо не извлече). Се покажа еден мандат и дури и тие од кои очекуваше повторно да го поддржат, не го направија тоа од причини погоре споменати, да не се повторуваме.
Ама ниту за Пендаровски, ниту за Гордана не сум, пред некој ден гостуваше во една емисија, многу лапсуси направи. Еве баш сега на вести даваа од вчера Мицковски каде имаше говор, буквално заспа Гордана, и како што пиша една членка, баш сега видов таа што стои до неа со рака позади ја буцна, за да се освести. Па утре кој знае каде ќе заспие. Киро го спомнаа прееска дека и тој бил стар, да ама не спиеше, инаку ни за него ни за Бранко, за никој не сум била, еднаш гласав и тоа двајца заокружив. И секој си има свое мислење, ако некој не е за Гордана, не значи дека е за Стево, народов нека се препукува, утре тие заедно на маса ќе бидат, исто како Бранко и Љубчо.
претседателот може игра церемонијална улога, ама и не е баш така, од денешна перспектива Хорхе кога ќе се сетам одбиваше да потпише укази на закони кои не беа добри, за разлика од него Пендаровски сега ги потпиша измените на кривичниот законик со што ги смени застарувањата за определени кривични дела и со тоа Пендаровски и партијата сега на власт направија огромна штета на државата! а знаете зошто? знаат дека ќе лежат, гледаат сопствениот г* да си го спасат
Не ракоплескаше на говорот на мицковски. Следев и после видов повторно, мисковски прогласи победа предвреме, а таа личеше дека се оградува од тоа и затоа немаше реакција. Пишувам и факти и како мислам. За кој си или не си, тоа е сосем твое, твој избор, нормално.