Форумџика на годината

Претседателски избори 2024

Дискусија во 'Политика и настани' започната од FriendOfDorothy, 23 март 2024.

?

За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори во вториот круг?

  1. Гордана Сиљановска-Давкова (ВМРО-ДПМНЕ)

    95 глас(а)
    58,3%
  2. Стево Пендаровски (СДСМ)

    27 глас(а)
    16,6%
  3. Сè уште се немам одлучено

    14 глас(а)
    8,6%
  4. Нема да излезам на гласање

    27 глас(а)
    16,6%
  1. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    18.634
    Пол:
    Машки
    Тоа што оправдуваш вакви насилства и насилници барај си го испраниот мозок кај себе.
    Толку имам да кажам за ова.
    Абе очигледно е дека ја одбраа старава за да имаат личност која ќе можат да ја држат под контрола да им исполнува желби, не сакаат пак да се зафркнат како со Данела.

    А вака Гога Бајден која не знај ни кај пошла, ни кај дошла им е идеална личност за да ја шетаат по тавани.

    974.jpg
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  2. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Машки
    Ги потпиша сите укази на законите додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт!
    Од втора го потпиша указот за Договорот со Бугарија.
    Никогаш не го потпиша указот на Договорот со Грција и на Законот за употреба на јазиците.
    Не ги потпиша сите укази на законите на кои пишуваше „Северна“.
     
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    И Хорхе беше професор па што?
    Фикус.
    Не знаеше да одговори што е компромис.
    Ама сега муабетот не е ниту Хорхе ниту Зајко, нив ги нема, сега за овие збориме што се сега, за Хорхе пишав затоа што пишале за Гордана била професорка, и ако е професорка државава ќе цвета.
    Баш сакам да видам што ќе направат за народот и државата.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека истото го помислив и јас, како да немало друг кандидат па оваа.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.397
    Допаѓања:
    20.131
    Пол:
    Женски
    А што направија тие од 27 Април за да добијат толку големи казни? Ја скубнале Шеќерка? Колкави казни добија тие од Дурмо, Тетовската болница, онкологија и многу други во кој загинаа толку многу граѓани? Таму кабелот е крив не може затвор да лежи.
     
    На dea.18, Mnik, Bitter-Sweet и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.934
    Допаѓања:
    6.619
    дечко, јас насилство не подржувам, ама дека тоа беше акт на тероризам дај ве молам, Македонија не е првата држава кај што народот влегол во собрание, па нигде не било карактеризирано тоа како тероризам. исто така дел од тие насилници кои што учествуваа во топлата не беа осудени за ништо. зошто? затоа што тргуваа со Заев, за да го извлечат г*от, прв оној вратата што ја отвори! додека од мои сознанија можам да ти кажам дека настрдаа луѓе кои што само се нашле таму, во државава толку криминалци се шетаат, ама овие 200 години затвор набере убиле 5 пратеника. да не се повторуваме умреа луѓе во болницата, запален автобус итн итн нема одговорност, ,,кабелот е крив де"
     
    На Mnik, Feniksgirl, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.772
    Допаѓања:
    135.273
    Пол:
    Женски
    Луѓе, иако е церемонијален, за претседател треба човек со добра меморија, речник и однесување. Ако нешто од ова ти фали, не можеш да бидеш добар претседател. Ќе потпишуваш сè што ќе ти речат, а не си свесен или не ти е гајле за штетите од одлуката. И после ќе те памтат како лош претседател.
     
    На Ahoy, Tanjamm, KuklickaSk и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.364
    Допаѓања:
    135.956
    Пол:
    Женски
    Ако сакавте да казнувате политичари немаше да да има излезност наа изборите. Ќе се бојкотираа или неважечки ливчињата и крај. ама кога македонче размислувало со своја глава? Јас отидов, ишкртав ливче. Крај. Никој не чини, ни еден ни друг ни трет.
     
    На LiquidLuna, bertold и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.397
    Допаѓања:
    20.131
    Пол:
    Женски
    Како што Зајко и Чурка беа министри ( смешки во од) така и Гордана ќе биде преседател. Тие двајца црепови водеа држава и скоро 2 милиони народ будала го правеа.
     
    На Bitter-Sweet, Feniksgirl и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  10. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.353
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Машки
    Максим може да каже што сака, но сите кои ги знам што ми кажаа дека гласале за Максим до претходните избори гласаа за СДСМ, Максим не може да убеди никого од неговите гласачи што се огромни анти вмровчиња да гласаат за Гога.

    Пак ќе кажам, граѓаните одлучуваат не Максим.
     
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.772
    Допаѓања:
    135.273
    Пол:
    Женски
    Па, ко народ и сме будали оти не ги мењаме.
     
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    78.222
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со @JuLleE
    Не постои трета опција кај нас.
    Патот по кој оди Македонија води кон амбис.
    За тоа имам пишувано уште 2016та пред изборите.
    Бројките никако не одат во наша корист, иселувањето си го зеде својот дел.
    А иселувањето почна за време на вмро.

    Јас лично сум изненадена од албанските гласови.
    Мал процент на излезеност во албанските средини, а сепак зедоа 205 000 гласови.
    Ако добро ме држи меморијата, 2016та имаа 220 000 гласови. Баш ќе пророварам по моите постови и ќе се цитирам.
    Сите знаеме како владееше вмро за тие 11 години, какви беа платите, а какви цените на продуктите.
    Во последните 4 години цените на храна секаде пораснаа, се отворија две војни, корона кризата го направи своето на светско ниво, па поштедете ме дека 1000 денари вределе повеќе порано.

    Факт е дека истокот е празен, дека на истокот нема фабрики, не се произведува на нивите како порано, дека младите ги нема. Младите се во странство. Погледнете видеа од локалните телевизии за Струмица, Радовиш, Кочани, Делчево, Берово, Пехчево, Каменица, Крива Паланка...
    А тек за 20 години од сега сликата ќе биде многу пожална. Ма какви 20, за 10.
    До 2035тата ќе биде уште пострашно.
    Еве почнале албанците да купуваат станови и куќи на истокот.
    Ќе се населат, ќе почнат и од другите изборни единици да земаат пратеници.
    На времето имаа 12 пратеници, па 20, еве сега се околу 30, за 10 години ќе стигнат до 40.
    А ние можеме слободно да се обвинуваме меѓу себе, да ја обвинуваме македонската дијаспора, секогаш друг кривец да бараме, сме се пишеле бугари, вакви сме биле, онакви сме биле.
    Еве сега дијаспората не гласаше, пак не чини и тоа.
    Кај нас 33 години ништо не чини, тонеме постојано и за деценија две ќе пропаднеме како држава.
     
    На Ahoy, butterfly6223, Mnik и 13 други им се допаѓа ова.
  13. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.353
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Машки
    Како што реков, Гога нема да е претседател туку претставник на претседателот. Претседател ќе си е Мицко. Ко што тој ќе свири, така Гога ќе игра.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.397
    Допаѓања:
    20.131
    Пол:
    Женски
    Исто како Стево што беше.
     
    На Mnik, Feniksgirl и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  15. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.353
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Машки
    Стево и Заев никогаш не биле ,,же". Стево знаеше да им рече не и на Заев и на Таче.
     
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    78.222
    Пол:
    Женски
    Претседателски избори 2024та
    Излезени 881 375 (валда неважечки се околу 20 000, нема на официјалната страна колку точно гласале, да речеме 900 000)
    Вкупен одзив 48,38%
    Македонски гласови 676 894
    Албански 204 481

    Маф ни е работата

    Заев не беше на инаугурацијата на Стево.
    Уште тогаш пукна тиквата.
    Се е политички договор на олигархија.
    Клекнати се на колена далеку поголеми и побогати држави од Македонија.
    Џабе влеземе.
     
    На Ahoy, Mnik, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    18.634
    Пол:
    Машки
    Да, исто како што Грујо му свиреше на Џорџ Ивановски.
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.353
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Машки
    Потполно се сложувам, само ние народот сме слепи и не гледаме. Штом некој вика дека Стево бил послушник на Заев, тоа е показател дека нема појма од политика и следи само од избори на избори.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Машки
    Медуза и лгбт јунајтед ќе честитаат ли победа на Гога за две недели со статус ПрВа ЖеНа ПрЕТсЕДаТеЛкА????
    И хаштаг #ЗаТебеБевме
    Хехе

    Сеа малку посериознo, шо ли мислеа Левица со Ванковска не ми е јасно. Онака антипатична жена била отсекогаш у смисла шо збори како се изразува. Гога е Ангела Меркел за неа.Боље Апасиев да се кандидираше никој не може да ме убеди дека она копилето Максим ќе имаше повеќе гласови.
    Сеа нека им е чесѕито со 3 4 пратеници максимум.

    Се ќе се сврти у полза на ВМРО, тој шо ќе заокружи Гога на ливче тешко дека за Левица би заокружил. Од друга страна да видиме дали Стево ќе оди на празни митинзи и колку од овие 180 илјади ќе сд прелеат кај Максим
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.357
    Вчера на прес изјави:

    Горда сум, горда на сите вас. Мислам дека ова се ѕвездените моменти (молк) на новинарството.

    На новинарството?!?

    Во ред е. Се знаеше дека ќе победи и потоп напраи вмро. Сосема заслужено ќе изгубат и на парламентарните сдс зошто забегаа последниве години и зошто и они меѓу сите киксови со Таче за премиер, кој е докажано коруптивен направија огромна грешка.

    Но, тоа не значи дека вмро се добри. Вмро има гласачко тело од илјадници лица кои грујо ги вработи на кои коза да им стаиш кандидат ќе ја гласаат.

    Гордана Давкова, за жал, не е добар кандидат за претседател.
    И уште повеќе ми е криво зошто и тие малку жени кои доаѓаат до функција во држвава се никакви, па нежмаме лице ни да се бориме за поголема вклученост на жените во политиката.

    А за Максим.. со потпретседател на новата партија Весна Бендевска. Двајца кои буквално цел живот се на државна цицка, и тоа на функција. Ги заболе за народот и двајцата. Весна посебно.

    Наивно е сите што веруваме дека нешто ќе се смени додека нема вистински независна 3 опција. Они ќе се менуваат, ќе се пцујат во јавност, во приватен живот заедно јадат, пијат и се договараат да пројдат неказнето и двете страни
     
    На Freckles., Ahoy, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.