Максим доби толку гласови затоа што е пристапен човек. Повеќето политичари знаеме дека не се. Во селото од каде потекнува мајка ми се останати само старци и тоа малку, тампон им правел, за водоснабдување нешто им помагал, ако падне едно снеже од пола сантиметар, машини пушта да го чистат снегот итн. Дури претседателката од месната заедница од тоа село ми рече дека 4 години, кога и да го барале, кревал телефон, кога и да му пишала, враќал, што можел помогнал, а што не бива им велел „луѓе барајте чаре“. Жената кажа дека 4 години ниту еднаш не покажал дрскост, ароганација или да ја навреди и затоа си доби гласови. Но, тоа не е доволно, мора да направи сериозна програма ако сака да оди повисоко во политиката.
А што да ти одговорам да речам многу чесен е кога не е?ти одговорив така зошто има многу полоши а се на врвот Јас не сум за никој гласав за него од едноставна причина , од понудените него го избрав Тој не беше ниту имаше шанса да стигне до 2круг, се знаеше кои секогаш одат или СДСМ или ВМРО трет никогаш немало
Имаш нешто друго да кажеш или само Максим ќе го величаш? Намали доживљај не сте интересни веќе, да не го знаеме па ај да поверувавме во бајкиве!
Нема шанса Дпмне да освојат 61 пратеник до кај 52 пратеника им е максимумот иако веројатно ќе коалицираат со албанската опозиција владата сепак нема да зависи од албанска партија пошто Максим со оваа бројка на освоени гласови ќе добие 10 пратеници а можно е и повеќе ако втор круг накачи додатно бројка на разочарани северџани
Луѓе каков Максим ,партијата не ја знаеме како се вика. Едно е претседателски, се гласа за човек. Сосема друго е парламентарни.
Чесност од политичар тешко дека ќе се најди, дај му на човек моќ и ќе го видиш неговото право лице. Е сега секогаш се оди на помалото зло, кое нареден пат можи и да биди поголемо зло, оти моќта го расипува човек
Зад Максим стои силна позадинска структура што агитира и работи на прешелтување на разочарани гласачи од Сдс кај него со цел да не преминат во Левица или Дпмне скроз е наивно да се верува дека поради харизма или некаква програма успеа Максо за 4 месеци да убеди 80 000 луѓе да гласаат за него. Слична улога имаше Тито Петковски со НСДП кога после предавствата на Бучковски огромен број разочарани гласачи се прешелтоваја кај него коалицираја со Дпмне па после пак се вратија во Сдс. ЗНАМ се само тројански коњ на Сдс ништо повеќе.
Па тоа. Се се тоа иста идеологија , исти карактеристики на луѓе,само различно паковање. И Бошковски на времето проба да го направи истото ,кога имаше голем прилив на разочарани вмровци ,па заврши кај што заврши. Како советник на Заев. Мислам шо да ти кажам.....
Aко пример за успешност е мажачка на 25 години и внуци на 40 години, незнам што да кажам. Ова повеќе ми е пример за луѓе кои поима немаат што да прават со животот. Или се сиромашни до небеса. Оние албанци со кои се дружам јас, не ни помислуваат да бидат дедовци на 40 години, Напротив на 40 години веќе го имаат сериозно прошетано светот и запознаено разни култури. Се разбира не се оние албанци од Чаир, Топанско, Тетово. Тие се повеќе палестинци и неможе да се очекува многу од таа околина. Има исклучоци но реалноста е таа. Но да не заборавиме дека таму седат и македонци кои се исти, па ако не и бетер од албанците.
Па ние ништо не правиме. Тоа е проблемот. Мене на пример не ми смета албанец премиер но ако стварно е некој докажан и способен човек. Ми сметаше што Талат кој е терорист и пукал во 2001 година да го стават за премиер. Но како што гледам мнозинството македонци не се бунат. Штом ова пројде без да се чуе глас, а камоли пак некој протест. Сега може било што да ни направат. Такви сме си ние. Немаме интерес, ниту волја за борба. Ниту пак ја разбираме политиката. Овие што излегуваат и викаат вмро по митинзи и пред штабови се далеку од патриоти. Тие луѓе 99% одат за да добијат работа. Да се оди денес и да се дреме пред штаб за работа. Е тоа е поим за неспособност.
Тоа е нивниот начин на живот, споро се менува. Многу поголем проблем е што Македонецот на 40 години е до нигде никаде со животот. Нема денар во џеб, не па да купува станови, да гради куќи. И нормално дека тие се шират со територии на тој начин. Ако ти немаш пари да купиш, тој има и ќе купи кај сака во државата.
Нормално дека само молчиме, тоа од секогаш било така. А еве ги гледаме тие што се бунеја за 27ми април, не знам која годишнина ќе им биде в затвор. Ако на Македонец не им е гајле за Македонците, тешко дека на еден Албанец ќе му е гајле. И нема нормален/способен човек в политика, дури кога ќе дојдат на власт им се гледа вистинското лице. И јас сакам некој способен, но тоа дефинитивно не се ни ВМРО ни СДСМ
За претседател нормално дека Стево е поспособен, бабата не знае ни за што се кандидира ни кој и е против кандидат.
иако никогаш немам гласано за него, го потврдувам истото. Мобилниот му стои на фб страницата може да го барате ќе ви се јави, од лично искуство зборувам. И без очи да ви види колку може се труди да помогне. Децата колку пати само сум ги сретнала по автобуси, скроз приземни луѓе. Си има харизма човекот, ама нема толкав капацитет за големи работи. Инаку го делам мислењето дека е тројански коњ кој игра на карта на партиотизмот што е нетипично за неговата социјалдемократска идеологија.
Ама зошто на сите македончињата културата ни е на најниско ниво? Ако некој ме се согласува со вашето мислење веднаш напаѓате и си се исмејувате. Па не сме во времето на Југославија ап да владее едноумие. Ти можеби сметаш дека Гордана е подобра и сметај си, никој нема право да ти го смени мислењето, но остави ги и другите да си се искажат и да немаат сите исто мислење. Сметам дека Стево како личност подобро се снајде и ќе се снајде во улогата од Гордана која завчера на пресот беше како што тука некој рече на друга фрекфенција.
Никој не те нападна, едноставно те прашаја што направи Стево за Македонија? Еве не следам политика, па не ни знам што направил можиш слободно да одговориш, што напредок има последниве години државава кога тој е претседател?
А па баш дека ги знаеме сдсм и вмро што лајна се не треба за нив да гласаме. Свесно гласаме за такви. Само тие две партии како да се па мора да нив да се гласа.
Јас не мислам дека Гордана е поспособна. Нејзиното допрва ќе се коментира. Јас те прашав што корисно направи Стево за да кажеш дека е поспособен. Ако мене ме прашуваш, ние имаме способни луѓе, но тие не работат во влада. Тие во влада, секоја чест, според виденото способноста за уништување на државата, крадење и местење тендери е во немерливо ниво.