Си помислив зошто ВМРО не ја кандидираше Ѓулистана Марковска? Мене таа жена ми е прекрасна. Културна, секој збор на место, речита.
Јас не можам да се доначудам како Албанциве ги гласаат дуи. Еден куп народ им изгина, што од онкологија, во болницата во Тетово, со Беса автобусот. Огромен број на човечки жртви, буквално никој не одговара толку народ што изгина. Сите другари Албанци што ми се, сите ги презираат дуи од дното на душата. Некои не гласаа, некои си гласаа за Таравари. Како напраија олку гласови да ми е да знам. И зошто не гласаат за друга партија албанска, не дека другиов нема да брка албански агенди. Не сме само ние загрев.
Јас да сум албанец ќе гласам за ДУИ доживотно. Струја не плаќаш. Вода не плаќаш. Данок не плаќаш. Градиш без дозвола. Се вработуваш на високи позиции со две мозочни клетки. Отвараш продавница, врвот е парагонче да добиеш. Закони не важат. Работиш на црно без проблем. Зошто па да не гласаат за ДУИ.
Ова е цитат од друго мислење, отвори го линкот и разгледај си ги опциите. Така лажеа и на претходните избори, се изнервира народот и ете ти двајца пратеници од Левица во парламент. Да се изнервираат уште малку и ете ти уште по двајца од други 5 партии и полека се создава солидна опозиција која нема да доаѓа само за гласање на деструктивни закони донесени без расправа и со европско знаме. Пари, пропаганда, лош национализам, пари, мафија, голема албанија, пари. А не ни очекувам нешто поразлични од вакви “Сите оние кои се мислите дали да гласате седете дома нека има Ордата 30 пратеници“ не е многу тешко да ги убедиш кога немаат никакво друго чувство освен „учк нацинализам“. А и најверојатно има полнење на кутии. Излезеност до 15х по 15-20% и гледаш излезеност во 18:30 над 50%.
Види јас уште 100 пати би гласала за него, одколку за манекенот и заспанана. Ама тоа сум јас. Од него бар сеуште не сме виделе некое големо зло. Кажав поназад, ќе кажам и сега - нема кој нема да краде на функција "лидер на државата". Ама среди ни ја државава, па кради. Што ќе остане за тебе земај слободно.
Јер рака што дава не се суши. Па шо има врска од буџет што дава де, дотолку послатко. Кој си вработил гласачи, ќе си има. Кој си купил, исто така.
Болдираново ти е најточно нешто што имаш пишано. Мене во животов повеќе ми е најдена другарка Албанка, отколку прв братучед, па и брат. Затоа живеат како што живеат. Алал да им е. На сплотеноста најмногу им љубоморам. Наш во странство ќе гледа да те доутепа, они еден не оставаат тука. И да остане, пуштаат пари, прават бизниси. По Албанскиве населби во моја околина, само Албанки им ги чистат куќите и одржуваат на овие што не се тука, а 90% не се. Колку пати жени Македонки прашуваат за чистење, овие им викаат немаме која куќа да ти ја понудиме, сите се зафатени. И затоа се они до кај што се, а ние... Па еве гледаме до каде сме.
Јас многу убаво ја памтам и Шарената револуција и колкава штета направија. Ама за тоа никој колку што знам не одговараше? Работев тука во близина во тој период и во еден кафич овие што протестираа фрлија со бекатонка и на една жена глава и расцепија. Правеа неред по улици, туркање, превртување канти, контејнери, ѓубре еден куп после нив. Понебезбедно во Скопје тој ден и таа вечер дур си отидов дома, никогаш не сум се осеќала. Па дури ни на тој "страшен" 27ми Април.
Ќе видиме дали допрва ќе се коментира нејзиното зошто не верувам дека ќе победи, ама Стево убедливо е најдобар и најспособните претседател од последните тројца. Се разбира дека не можам да го споредам со Глигоров и Трајковски ама од Црвенковски и Иванов, Стево е два чекора напред. За време на неговиот мандат седнавме на иста маса со една огромна Америка, Франција, Британија и Германија, Стево работеше за народот а не за СДСМ, колку пати се искара со Заев што дури мислев и дека нема да го кандидираат за втор мандат.
Не ви го следам баш муабетот, ама ако го споредувате упадот во собрание со шарената револуција ич не е за споредба. Упадот во собрание е напад кон државна институција и е сосема различно од насилни протести по улици. Просто неспоредливо е. Симпл.
Упорно ми го избегнуваш прашањето. Веројатно ни самата немаш што да одговориш. Што поточно Стево направи за народот? Што е тоа што го работеше? Дај ми нешто материјал да визуелизирам.
As I said, за време на неговиот мандат седнавме на иста маса со Америка, Франција, Британија и Германија, одиме на патот кон најсилната економска заедница во светот ЕУ, работеше за народот, а не за партијата, позначајно му беше што ќе рече народот од што Заев. Пендаровски не е на ниво, туку на три четири нивоа повисоко од претходникот Хорхе. Иначе не сум женско, те молам обраќај ми се во машки род.
Неспоредливо, да, ама и едново и другово содржеа насилство. Што ти се криви луѓето што седат и пијат кафе? Па 100 пати по оправдано е да земеш да им се истуриш на овие што те газат цел живот, отколку на жена или град или небитно што друго што ама баш ништо не ти згрешиле. Што ако таа жена дента умреше? Што ако имаше многу посериозна повреда, а бидејќи улиците беа затворени неможеше да дојде Амбулантно возило, да ја однесе во болница? Ни сторител ќе најдеа, ни ништо. За мене е многу побитен животот на некоја жена ни крива ни должна, отколку изгребаната глава на Заев. За ова што го прават и малку им е.
За време на своето владеење Стево рече дека нејќеле во ЕЕА не биле заинтересирани. Гуглај ЕЕА. Браво за сработеното. И за седењето на масата. И за одењето на патот.
Те прашав и пред некој ден, ќе те прашам и денес. Како ќе го оправдаш манекенот што вети дека - Ќе мора да одговара пред него, тој што ќе се обиде да го смени името? Волку просто и едноставно ветување, за нели еден способен претседател, а толку тешко за исполнување. Ах бе. Тоа ти е. Мене лично ако било кој човек ми вети нешто и притоа не го исполни, односно уште полошо ме излаже, грам доверба ќе немам во него повеќе.
Бугарија е дел од ЕУ. Погледни само како оди емиграцијата кај Бугарите. Ние не сме нешто поразлични од нив, можеби и бетер. Мислиш дека луѓето емигрираат затоа што им е убаво во родната земја? Те молам избриши си ги своите инфантилни желби. Македонија прво нема да влезе во ЕУ, можеби за 30+ години, а второ и да влезе, мислиш дека платата ќе ти биде европска? Мислиш дека институциите ќе ти работат по европски насоки? Мислиш ли дека нешто ќе се смени? Останавте двајца без тројца да ве стрижат уште со соништата за начин и квалитет на живот по западот. Ама ние сме исток, со јужни примеси. Види уште еднаш на мапа кај сме.
Па лесно е да си се збори по пустина. Зошто Хорхе не не седна на маса? А дека прави се за да одиме по патот на ЕУ, ќе грешите душа ако речете не. Единствен кривец за кочењето на Македонија е Мицко. Никој не може да ме разубеди дека дпне не е најголемото зло за Македонија.
Не сум го видел прашањето зошто ме нападнавте средата вечерта, се осеќав ко да сум Југославија па не смеам да има поинакво мислење. Името е сменето за време на Хорхе. Стево стапи на должност на 12 мај 2019.