Зошто ко така твојов омилен лик даде таква изјава? Зошто не се потруди некој да одговара пред него? Ова ми беше прашањето. По трет пат.
Фала и тебе, само што мице не кочи. А како би го направил тоа, кога името е сменето пред да стапи на должност?
Чим човек дава таква изјава на тв, пред цел народ, треба да стои позади кажаното. Еден претседател на држава не смее да има вакви гафови ко така.
Леле ама сте запнале "што направи Стево, па што направи Стево"-ете ништо не направи, ни тој, ни никој. Веќе сите се прочитана книга.
Максим на Сител и официјално изјави дека нема да биде во влада со Сдсм и Дуи . Е сега ова би значело коалиција Вмро и Знам а со ова најверојатно и коалицијата на Таравари Вреди. Ама јас лично не вееувам дека ДУИ така лесно ке отиде во опозиција. Научени се на тендери, партиски вработувања, на неред за да може црниот бизнис да им цвета, на вадење на криминалци од затвор. Не би ме чудело да почнат да ги пукаат овие на Таравари и да им се закануваат. Има цела дијаспора да ја довлечаат на гласање. Зашто така лесно нема да дадат власт, знаеме како дојдоа. Така и ке мора да си идат. За Парламентарните засега Максим ми остави најголем впечаток јас таму ќе го дадам најверојатно гласот ама ако Мицковски направи влада без ДУИ цел живот ке гласам за ВМРО.
И што ако падне ДУИ? Ќе дојдат Села и Тарвари, па и тие ако се заседат ќе бидат бетер и од Али. Се дур е македончето разединето вака ќе биде.
Па ако Максим и Мицко имаат 61 пратеник Села и Таравари нема сигурно да ги прашаат колку министерства сакате што да ви удовилиме и тако даље. Албанска партија мора да има во коалиција зошто и јас не знам ама ете морало.
Извини те измачив дур го најде ама фала ти. А кој беше Пендароски пред 2019 да го ,,задави жив тој што ќе го потпише". Стево до 2019 беше само носител на ИЕ1. А која влада и да беше тој договор ќе беше потпишан, само што СДСМ беа среќниците да се во тој момент несреќници.
Дај Боже. Не сум за дпне ама ич, ама се надевам али и села да паднат. Ако толку мора албанец во влада ќе ја земат дпа или некоја друга со 2/3 пратеници што нема да може да ги условува како што правеше до 2008 до денес.
Абе нека не дава изјави позади кои не може да застане. А не, "ќе ги фатам на патриотизам сега" филмови да прави. Луѓе памтат. Поготово вакви ко мене.
Апсолутно се сложувам, но не е до него, до сите е, нема политичар кое тоа го нема направено, особено од двава титани.
Максим ако направи коалиција или даде гласови на ВМРО, ќе му заврши политичката кариера уште непочната. Социјалдемократ е. Ги собра разочараните сдсмовци кои сигурно не би сакале овој да им коалицира со ВМРО. Имам роднини кои се заболени по СДСМ, годинава се изненадив кога рекоа дека ќе гласаат за Максим. Се сомневам дека ќе гласаат на следни избори за него ако овој коалицира со вмровци. За оние кои имаат слаба меморија, вака играше Тито Петковски во 2006та. Се одвои од СДСМ, формираше нова партија која ги собра разочараните од Бранко, НСДП (Нова социјалдемократска партија). Освои 7 пратенички места (околу 60 000 гласови). Направи коалиција со ВМРО, а многу брзо и излезе од таа влада. Партијата на Тито Петковски после тоа (а и денес) беше/е со рејтинг рамен на статистичка грешка.
Истото и јас го реков, џабе Максим што ќе рече. Максим и да рече гласајте за Гога, народот кој до вчера беше сдс нема тоа да го направи. А ако не сфаќа тој самиот дека со ова само губи поени не добива не знам. Со ова што го вика сигурно нема да ги натера гласачите на дпне да гласаат за него, тие ќе си гласаат за дпне, а останатите ќе си гласаат за сдс. На претседателските доби повеќе од што заслужи, на парламентарниве ќе ги изгуби можеби пола од гласачите завчера.
А еве некој да ме просветли што им значи тоа "Македонија повторно твоја", како? Ќе го вратат името, што? Да не се брзам за пасош тогаш. Македонија никогаш никој нема да ја врати.
Не. Во претходната кампања ги продаваа тие флоскули. Сега во оваа, тоа не се спомнува. Тоа е обичен популизам. За да се врати име, потребно е 2/3 мнозинство. Вмровци никад не би гласале за враќање на името пошто ќе го јадат од меѓународната заедница т.е стратешките партнери. Ќе шкртаат северна, ќе веат вергини, колку да го задржат гласачкото тело кои се пали на ,,Никогаш Северна, Само Македонија". Името е завршена приказна.
културата на македончињата им е најниско ниво?? ај те молам да не те цитирам олицетворие на културата види си го предходниот пост ,, онаа бабана што не знае за што се кандидира" мислам стварно си културен се гледа па се навреди дека те прашаа културно прашање што направи Стево? па не знаеше шо да кажеш и одговори дека со есдеес ние сме на патот кон ЕУ мене стварно не ми е јасно како има уште луѓе во државава шо веруваат дека ние ќе влеземе во ЕУ со било кои. абе дечки не чиниме ние како народ, цути корупција, криминал, поткуп, затоа ви се чинат сите исти. здравство нула, образование нула, судство.. да не коментирам, не влагаме ние во ЕУ ни со тие, ни со тие, додека не еволуираме, а не знам дали ние ќе дочекаме тоа да го видиме. п.с името е завршена работа, нема враќање, нека не ве лажат ( левица го имаа ова во нивната кампања )